Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.
ФОРУМ

636 Comments
-
РЕСИ AI агентот е доста корисна алатка за сите кои се имаат прашања поврзани со родова еднаквост и социјална инклузија. По неколку тестови можам да потврдам дека ботот е специјализиран да обезбеди комплетни информации, практични насоки и квалитетни ресурси за промоција на еднаквост меѓу половите. Форматот на одговорите е доста добар да го задржи вниманието на корисникот.
-
Иницијативата за вкрстување на родовите студии со вештачката интелигенција претставува значаен чекор напред за развојот на овие науки. Платформата aigender.net има одличен концепт, модерен дизајн и корисни алатки кои ја користат вештачката интелигенција за подобро претставување на концептот на родова еднаквост. Користењето на AI агентот е корисно за поставување на општи и едукативни прашања, при што одговорите се детално објаснети и често содржат практични совети и примери. Ваквите алатки претставуваат вреден придонес за образованието и треба сè почесто да се применуваат за едукација на помладата популација.
-
Сметам дека сиот овој проект е корисен за понатамошен развиток и за полесно совладување општо на повеќето студии, но како и се друго и ова може да биде злоупотребено од страна на разни индивидуалци, мое лично мислење е дека сеуште не сме ние на тоа ниво дојдени до тоа да користиме вакви алатки кои веќе го менуваат начинот на функционирење, барем повеќето од нас.
-
Аi техниката често може да има негативна репрезентација и да биде искористена на погрешен начин. Затоа сметам дека оваа страна покажува како Ai може да биде корисен,посебно веб страницата Со вештачка интелегенција(Ai)против дезинформации во областа на родова еднаквост. Сметам дека е интересен начин да разговараме со Аi агенти за здобивање вистинска слика на што навистина е дезинформација,како изгледа неетички говор односно да имаме при рака етички аналитичар. Оваа веб страна истото така е корисна за да не информира на,според мене, најдискутабилни и најважни теми како родова еднаквост,феминизам,… И има опција за ВИ четкнига која е навистина потребна и корисна.
-
Платформата многу ми се допадна, а особено позитивен впечатокми остави агентот РЕСИ кој ги обработува темите за родова еднаквост и инклузија. Ми се допаѓа начинот на кој преку интерактивен пристап се поттикнува свесност и размислување за овие теми. Сметам дека вакви платформи се важни бидејќи на едноставен и модерен начин ги поврзуваат технологијата и општествената одговорност.
-
Го тестирав INFOTRAK, му испратив пдф фајл за Политика за родова еднаквост од ХЕРА, ми направи детална анализа, дополителни истражувања и потврди дека информациите се веродостојни и добро обработени. Исто така му напишав дека невработеноста во МК е 10 000 (што е неточна информација) за да проверам како ќе ми врати, ми одговори дека ова е дезинформација, повторна направи детална анализа, ми потврди зошто не е точна оваа информација, ми го даде точниот одговор, со стапки, со бројки и реална состојба во МК. Ми се допаѓа како ботот брзо и прецизно ми помогна да ги проверам податоците. Вакви алатки се навистина корисни за брза проверка и разбирање на многу теми.
-
Ја тестирав страницата ИнфоТрак и искрено, многу ме изненади позитивно. Станува збор за AI агент за проверка на факти кој навистина функционира одлично. Пробав да внесам неколку тврдења , и ИнфоТрак веднаш направи детална анализа — објасни зошто некои информации се неточни и наведе проверени извори. Ми се допаѓа што интерфејсот е едноставен, модерен и лесен за користење, па дури и без техничко знаење можеш брзо да се снајдеш. Како студентка, мислам дека оваа алатка е навистина корисна, особено кога треба да провериме факти за семинарски, проекти или само кога сакаме да знаеме дали некоја вест е вистинита.
-
Искрено, сметам дека вештачката интелигенција е доста корисна, многу пати ми помогнала да си дообјаснам работи или полесно да учам во областа на економијата, па затоа сметам дека е добар додаток во учењето и за студентите од филозофски факултет , особено кога треба подобро да се разбере некоја тема што не секогаш се обработува доволно на предавања, а може да подлежи на многу дезинформации од интернет.
-
Вештачката интелигенција денеска е буквално насекаде и не може да ја избегнеме. Ми се допаѓа како оваа страница ја користи за нешто навистина корисно дава одговори за родова еднаквост и повеќе може да не запозна со ЛГБТКИ+ заедницата. Го истестирав и AI агентот, убаво ми одговори — јасно, корисно и брзо. Ми остави добар впечаток!
Исто така мислам дека вакви страници ни требаат многу повеќе, не само за овие теми, туку и за други области на пример како економија. Одличен пример како технологијата може да се искористи паметно. -
AI агентите на оваа платформа се лесни за користење и имаат широка примена особено за студентите што многу ми се допаѓа, а притоа даваат добри ресурси за родовите прашања. Во однос на подобрување, не можев да најдам информации од каде влечат податоци, преводот/македонскиот тон може да се подобри и не е јасно како се чуваат разговорите. Во принцип основата е одлична и овие сугестии се само препораки за да се подобри целото искуство за корисникот при нивната употреба, меѓутоа и покрај тоа, основата е одлична и платформата е супер осмислена. Голем поздрав до нејзините творци :))
-
Платформата е одлична иницијатива која успешно ја спојува технологијата и општествената свест. Дизајнот е модерен, интуитивен и визуелно пријатен, што овозможува лесна навигација и пристап до содржините. Платформата се одликува со инклузивен пристап – користи јасен и разбирлив јазик што го поттикнува почитувањето на различностите и еднаквоста меѓу сите корисници. Информациите за родова еднаквост се лесно достапни, што ја прави платформата корисен извор за секој што сака да се информира или едуцира на оваа тема. Во целина, проектот претставува позитивен пример за тоа како вештачката интелигенција може да се користи за општествена промена.
-
Според мене идејата е навистина оригинална и инспиративна, особено затоа што овозможува да се размислува за општествени прашања преку технологија. AI агентите се интересни и даваат добри одговори, а форумот изгледа како место каде може да се дискутира слободно. Сè е едноставно за користење и визуелно пријатно. Иако сè уште има простор за подобрување, генерално остави позитивен впечаток кај мене.
-
Многу ми се допаѓа платформата бидејќи на еден модерен и разбирлив начин ја претставува врската меѓу вештачката интелигенција и родовата еднаквост. Содржините се интересни и инспиративни, а начинот на кој се прикажани агентите го прави искуството интерактивно и пријатно. Верувам дека вакви алатки ќе помогнат младите полесно да се запознаат со оваа тема и да размислуваат покреативно.
-
Платформата ми се допаѓа, посебно начинот на кој ја спојува технологијата со темите за еднаквост и инклузија.
Делот со AI Писменост ми остави впечаток, особено текстот за етичките дилеми во вештачката интелигенција.
Се надевам дека платформата ќе продолжи да се развива и да инспирира уште повеќе млади да размислуваат креативно. -
Ova e mnogu ,mnogu dobro ,mislam deka za sekoj predmet treba da si ima Al asistent,bidejki ne site ucime se na pamet,posebno nie sto sme povozrasni zapisani na fakultet , patem i vonredni studenti ni treba vakvo nesto.
Maestalno… -
Веб-страницата посветена на вештачката интелигенција нуди јасни и корисни информации за тоа како функционира оваа технологија и нејзината примена во различни области. Дизајнот е модерен и лесен за користење, а текстовите се разбирливи и добро структурирани. Страницата успешно ја поттикнува љубопитноста и интересот кон иднината на технологијата.
-
Најголем впечаток ми остави страницата „Со вештачка интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“. Сметам дека оваа веб-страница опфаќа многу важни теми поврзани со современото општество и улогата на вештачката интелигенција во него. Особено значајно е што страницата има едукативен карактер, поттикнувајќи не да размислиме како одговорно да ја користиме вештачката интелигенција и како самата технологија може да помогне во борбата против дезинформации, стереотипи и нееднаквост. Вакви платформи се навистина неопходни за да се подигне јавната свест за родовата еднаквост и да се покаже како технологијата може да се искористи за позитивни и општествено корисни цели.
-
Платформата е навистина интересна и корисна иницијатива. Ми се допаѓа што преку вештачка интелигенција се поттикнува свесност за родова еднаквост и критичко размислување. АИ агентите се едноставни за користење и даваат јасни одговори. Во целина, одличен проект кој покажува како технологијата може да се користи за општествена промена.
-
Многу ми се допаѓа концептот на платформата. Интересно е што АИ агентите се користат за теми поврзани со родова еднаквост, нешто што ретко се среќава. Одговорите се културни и информативни, а интерфејсот лесен за користење.
-
Најголем впечаток ми остави „РЕСИ“ кој „чекор по чекор“ ги води корисниците низ процеси за промоција на родова еднаквост и социјална инклузија. Агентите се интересно осмислени и е добар спој на новите достапни технологии и оваа општествено круцијална тема. Би било добро корисниците да имаме јасен преглед на тоа како се заштитуваат нашите податоци (може преку Terms and conditions, Privacy policies страни или одговори од ботовите). Кога поставив прашање за кои безбедносните протоколи ги користи платформата, добив генерички одговори, како на пример „платформата може да користи” или „Еве некои од најчесто користените практики за безбедност на податоците на вакви платформи“. Генерално, оваа платформа заедно со ботовите е една многу иновативна идеја и носи значајни придонеси.
-
Платформата ми се допаѓа премногу, бидејќи е склоп на повеќе АИ ботови, односно АИ агенти задолжени за обработка на повеќе теми, и повеќе начини на комуникација. Од АИ ботови кои даваат насоки чекор по чекор, до оние кои даваат брзи и кратки одговори, навистина станува збор за платформа која може да помогне многу, од студенти, па се до луѓе кои професионално изготвуваат различни видови на семинарски, проекти, тези, истражувања и слично. Давајќи одговори кои се целосно објаснети, може да придонесе многу за луѓето, како брз начин на информирање или пак задлабочено учење на нови работи. Посебно ми се допаѓа тоа што некои од ботовите, како што е AI РЕСИ, не се ограничуваат само на давање факти, туку и анализираат подлабоки аспекти на темите, како економски, психолошки и општествени фактори кои влијаат врз родовата еднаквост или застапеноста на жените во IT секторот, темата на која јас конкретно зборував со ботовите. Така, можеме да добиеме поцелосна и појасна слика за целата ситуација. Освен тоа ботовите умеат да те поттикнат и на критичко размислување, поставувајќи прашања и давајќи насоки кои те наведуваат на подлабока анализа и подетално истражување. Ми остави особено позитивен впечаток и AI Разговори за РЕСИ, кој не само што информира, туку и мотивира. Во разговорите, ботот не зборува само за родови прашања, туку и за пошироки теми, теми како инклузија, самодоверба, напредување во кариерата и личен развој, што дефинитивно може да помогне на било која малку демотивирана личност. Тој има пријателски, охрабрувачки тон и често додава коментари кои ја прават интеракцијата посекојдневна, попријатна, но и поинтересна, што е одлично за студенти или луѓе кои учат нови теми и им треба поддршка. Во платформата ми се допадна и тоа што содржи и ботови насочени кон борба против дезинформации, кои учат како да можеме да препознаеме неточни информации и како да користиме само проверени извори. Таквите функции се навистина корисни, особено во време кога брзото ширење на лажни вести може да влијае на животите на луѓето, навистина премногу. Покрај тоа, постои и АИ ботот за родова еднаквост и ЛГБТКИ+ права и според мене тој е еден од највпечатливите и не само што е информативен, туку и охрабрувачки. Ги нагласува вредностите на инклузијата, безбедноста и менталната поддршка, а дава и практични совети за тоа како младите и активистите можат да се вклучат во кампањи и активности за еднаквост.
Во целина, оваа платформа е повеќе од обичен склоп на АИ алатки, таа нуди едукативен и мотивациски систем кој ги поврзува технологијата, знаењето, но и човековиот развој на позитивен и пред се природен начин. -
Пред се имам позитивно мислење за идејата позади оваа платформа и што истата доаѓа од факултет којшто не е толку поврзан со технологијата, но сепак значењето и влијанието на вештачката интелигенција е добро сфатено, Дизајнот на страницата е едноставен и лесен за користење, на блог делот му е потребно подобро естетско уредување и би можел да биде поинтерактивен, но има многу добра содржина. Ботовите се исто така добри и од корист, но одговорите на некои прашања им се генерализирани, можат да се унапредат. Веб страницата е импресивна и се надевам дека и понатаму многу ќе се унапреди.
-
Почитувана колешке
Најчеста забелешка е дизајнот на веб страните. Ве молам ако може линкови да ни дадете да видиме пример за добра веб страна, или да се јави некој јунак да ни помигне. Што се однесува до одговорите на ботовите би сакале на ни укажете на кои тоа прашања и какви одговори сте добиле што не ве задоволуваат. Само со ефикасна повратна информација можеме да ги поправиме работите.
-
-
Многу ми се допадна платформата, бидејќи на многу интересен и интерактивен начин ја комбинира родовата еднаквост со AИ со што ја прави темата подостапна за сите корисници. Има голем избор на аи агенти кои се корисни и добро одговараат на поставените прашања.
Едно нешто што може да се подобри е поголема прегледност на страните со цел да биде полесна навигацијата и да има побрз пристап до агентите. -
Платформата platforma.aigender.net е одлична алатка за промоција на родова еднаквост преку вештачка интелигенција. Лесна е за користење и нуди многу корисни информации и едукативни ресурси. Дизајнот е модерен, а форумот овозможува достапност до корисни алатки и поддршка за активистите
-
Веб страницата е модерна, интересна и лесна за користење. Богата со содржини и ресурси како од наши така и од странски извори. Алатките кои ги нуди се доста корисни и овозможуваат полесно совладување на задачите, како и побрз и иновативен начин на учење. Потребно е да се продолжи со постојано надоградување и собирање информации од што е можно поголем број извори, како би можел АИроботот да ни дава најнови и релевантни информации. Веќе ја имам во мојот bookmark и со сигурност можам да кажам дека ќе ја употребувам.
-
Ја пробав страницата progender.aigender.net и можам да кажам дека идејата зад неа е навистина интересна.Страницата изгледа модерно и има уникатен визуелен идентитет што ѝ дава технолошки, речиси футуристички изглед. Чат-полето е јасно истакнато во центарот и добро се чита, а темниот контраст прави текстот да биде прегледен и пријатен за очи.
Сепак, позадинскиот шаблон со пикселите малку одвлекува внимание и визуелно ја оптоварува страницата. Би било подобро ако е поблага или со помал контраст. Исто така, горниот дел со менито изгледа малку тесно и би било поубаво ако е визуелно поистакнат или со повеќе простор меѓу елементите.
Во целина, дизајнот изгледа оригинално и современо, но со неколку визуелни измени може да стане уште поелегантен и попријатен за користење. -
Платформата овозможува иновативен пристап кон темите за родова еднаквост, интегрирајќи едукативна содржина со интуитивни интерактивни алатки. Одговорите се јасни, етички и логички структуирани, поттикнувајќи критичко размислување, додека информациите остануваат достапни и прилагодени на различните нивоа на знаење кај студентите.
-
Како студен кој премногу го интресира вештачката интелигенција бев импресионирана од тоа дека овој однапред претрениран модел може да дава одговори со информации базирани само од соодветни страници а, истовремено е толку добро претрениран што може да одговара на многу јазици.
Покрај тоа што го прашав неколку прашања за тоа како функционира и кои модели стојат зад неговото работење, нормално му поставив прашања и од статиите за кој е специјализиран. Најинтересни ми беа информациите дека историјата многу напредува благодарение на машинското учење како и фактот дека жените ја прифаќаат вештачката интелигенција со поголема вознемиреност од мажите. Како претставник на понежниот пол бев изненадена од оваа информација.Сепак ја поздравувам идејата да се направи посебен AI агент на конкретна специфицирана област и како прво искуство со ваков агент навистина ми остави совршени впечатоци.
-
Мене лично многу ми се допадна платформата AI Gender, свежа идеја што паметно ја користи AI технологијата. Агентите се интересни и реално помагаат, особено РЕСИ кој има одличен пристап. Би било убаво да има малку појасна навигација, ама генерално проектот е супер и вреди да се поддржи. Вакви иницијативи покажуваат колку технологијата може да има позитивна улога во општеството. Се надевам дека платформата ќе продолжи да се развива и да инспирира уште повеќе млади да размислуваат креативно.
-
Платформата ми се допаѓа, посебно начинот на кој ја спојува технологијата со темите за еднаквост и инклузија.
Делот со AI Писменост ми остави впечаток, особено текстот за етичките дилеми во вештачката интелигенција.
Го испробав и АИ агентот за разговори и мислам дека е корисен, разбирлив и знае како да води дискусија.
Единствено би било убаво ако изгледот на платформата е малку поунифициран и пореспонзивен, но генерално проектот ми изгледа квалитетно изработен.
Leave a Reply to Венеса Величковска Cancel reply