Веб страницата “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“, е поддржана од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска во рамки на проектот за медиумска писменост “Младите размислуваат”. Ботовите се продуцирани од страна на Институтот за родови студии. Главната цел е да се користи вештачката интелигенција за борба против дезинформациите, особено во областа на родовата еднаквост.

На страницата, корисниците можат да разговараат со AI агенти кои се специјализирани во различни области:

  • Етички Аналитичар: анализира мисинформации, дезинформации и малинформации со цел да идентификува неетички говор и говор на омраза.
  • Родов Едукатор: информира за родовата еднаквост, феминизмот и ЛГБТКИ+ прашања.
  • ВИ четкнига: промовира АИ писменост како алатка за борба против информацискиот неред.

Страницата има блог, е-ресурси, форум и AI Playground.

9 Comments

  1. Оваа веб-страна е сосема едноставна за користење и супер ни претставува колкава улога игра вештачката интелигенција во борбата против дезинформациите поврзани со родовата еднаквост и како може да помогне со тоа. Вклучени се AI-алатки кои се достапни за комуникација со корисниците, кои детално одговара на било какви прашања. Оваа карактеристика ми се допаѓа особено бидејќи на практичен начин корисниците можат да комуницираат со AI-алатките со што се зголемува интерактивноста и квалитетот на информации. Доколку би имало пократки и суштински одговори, би било полесно за разбирање. Сепак страницата има потенцијал да стане голем едукативен центар и заслужува поголема публика.

  2. Оваа веб-страна е сосема едноставна за користење и супер ни претставува колкава улога игра вештачката интелигенција во борбата против дезинформациите поврзани со родовата еднаквост и како може да помогне со тоа. Вклучени се AI-алатки кои се достапни за комуникација со корисниците, кои детално одговара на било какви прашања. Оваа карактеристика ми се допаѓа особено бидејќи на практичен начин корисниците можат да комуницираат со AI-алатките со што се зголемува интерактивноста и квалитетот на информации. Доколку би имало пократки и суштински одговори, би било полесно за разбирање. Сепак страницата има потенцијал да стане голем едукативен центар и заслужува поголема публика.

  3. Веб сајтот „Со Вештачка интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“, е навистина интересен, затоа што содржи четири агенти кои помагаат да научиш нешто плус. Интересно е тоа што секој агент е специјализиран за одредена работа.
    Многу корисна алтка, и интересна, особено ми се допаѓа тоа што дава линкови до изворите од кои ги наоѓа информациите, доколку сакаш да нучиш нешто повеќе.
    Многу интересна тема за истражување ми беше, двојните стандарди при ористење на социјалните мрежи на жените и мажите.
    Многу детален начин на објаснување и поттикнува размислување, оваа алатка.

  4. Вештачката интелигенција може да се користи како моќен алат во борбата против дезинформациите, но клучно е да се применува со јасна цел и внимателност. Важно е да се осигура дека алгоритмите се објективни и не се користат за ширење на нови форми на пристрасност. Ако се применува правилно, AI може да не само да препознава и исправи лажни информации, туку и да создаде простор за подобро разбирање на родовата еднаквост, што е од суштинско значење за градење на фер и инклузивно општество.

  5. Јас мислам дека темата „Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“ е многу актуелна и значајна. Вештачката интелигенција има огромен потенцијал да помогне во откривањето и спречувањето на дезинформации кои шират стереотипи и нееднаквости, особено во медиумите и на социјалните мрежи. Иако оваа технологија може да обезбеди брзи и ефикасни решенија, важно е да се имаат на ум предизвиците како пристрасноста во алгоритмите и заштитата на приватноста на податоците.

  6. Јас како студент на додипломски студии и млад човек сметам дека темата”Со вештачката интелегиенција против дезинформации во областа на родовата еднаквост” е многу значајна.
    Во денешно време се шират многу лажни информации,особено на социјалните мрежи па затоа е потребно да имаме нешто ќе ни помогне во нивно препознавање и спречување.Вештачката интелегенција би можела да помогне само доколку е правилно насочена и програмирана.
    Исто така сметам дека вештачката интелегенција може да им помогне на луѓето да разликуват што е реално и вистинско, а што не.

  7. Ако нешто може да се истакне како најголема препрека во областа на вештачката интелигенција токму би било ширењето на дезинформации. Со помош на алатките и особено интересната алатка genderai која е наменета за студентите која работи доста брзо и ефикасно може да допринесе до намалувањето на говорот на омраза, поттикнување на родовата еднаквост и соодветно информирање во областа на родовите учења кои претходно не биле достапни за сите. Иако одговорите од ботот се долги и информативни, во мое скромно мислење може да се користи поконцизен, поскратен и малку жаргонски говор за да се опфати поголем степен на публика за да може да се почувствуваат многумина поприфатени во однос на прашањата што би ги имале.

  8. На доста едноставен и разбирлив начин, оваа веб страница успева да ја пренесе идејата за користење на ВИ против ширењето на дезинформациите поврзани за родовата еднаквост. Најголем впечаток ми остави тоа што успева да ја истакне улогата на различни AI алатки како што се Етичкиот Аналитичар и Родовиот Едукатор, кои го прават текстот многу поразбирлив и го прави интересен за секоја публика. Би била од огромна корист доколку би биле изложени конкретни примери за тоа како овие алатки би се користеле во практика како со цел да се постигне поголема заинтересираност и поголема доверба кај пошироката публика.

  9. Темата „Со Вештачка интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“ ми беше особено интересна бидејќи нуди модерен и иновативен пристап за справување со дезинформации, додека истовремено ја истакнува важноста на родовата еднаквост преку употреба на напредна технологија. Веб-страницата и трите AI агенти се едноставни за користење, со јасен и практичен дизајн кој овозможува лесна и директна комуникација со агентите уште од почетната страница.
    Посебна предност е тоа што агентите поддржуваат повеќе јазици, што ја прави платформата подостапна за поширока публика. Иако нивната функција главно е текстуална, тие овозможуваат и прикачување слики и документи, што ја зголемува нивната примена. Единствен аспект што би можел да се подобри е стилот на комуникација, одговорите се доста формални, па со малку понеформалени и попријателски одговори, корисничкото искуство би било уште подобро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Chat Icon
Translate »