Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.
AI Агент за блогот и коментарите. AIАгент за проверка на текстови
Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.
AI Агент за блогот и коментарите. AIАгент за проверка на текстови
RESI е иновативна платформа што успешно ја спојува вештачката интелигенција со едукацијата за родова еднаквост, нудејќи јасни, брзи и етички одговори на македонски јазик. Корисна е за студенти и истражувачи, особено при пишување и анализа на академски текстови. Освен информативна, платформата поттикнува критичко размислување и е достапна 24/7, со што претставува значаен ресурс за борба против дезинформации и зајакнување на дигиталната писменост. Иако има простор за мали подобрувања, RESI веќе е пример како технологијата може да служи на општествена корист.
Ботовите дефинитивно ги надминаа моите очекувања. Првиот бот што го тестирав беше Chatbot Cyber. На почетокот бев скептична и му поставував општи прашања за сајбер насилството. Додека разговарав со ботот, забележав дека разговорот тече природно, а не само прашање-одговор. Особено ме импресионираше тоа што ботот умееше да се повикува на своите претходни одговори, градејќи континуитет во комуникацијата. Дополнително, ме воодушеви фактот што ботот можеше да се повикува на конкретни членови од законот. Кога го прашав кои закони би се однесувале на креирање лажни профили за кибер насилство, добив детално објаснување со релевантни законски одредби.Вториот бот што го тестирав беше IRS Етички Аналитичар AI. Повторно морам да ја пофалам континуираноста во разговорот. Дискутиравме на повеќе теми, а кога побарав конкретни примери за дискриминација и говор на омраза, ботот не само што ми даде релевантни примери, туку и јасни, едукативни совети за тоа како да се справам со таквите ситуации. Дополнително, му поставив прашања за начините на справување со последиците што може да произлезат од говорот на омраза, особено во однос на намалената самодоверба. Одговорите што ги добив беа детални и практични, со совети што можат навистина да се применат во секојдневниот живот.
Платформата позитивно ме изненади. Посебно ми се допадна што содржината е прилагодена на македонски јазик и е лесно достапна.AI агентот работи ефикасно, нуди јасни и прецизни одговори, а истовремено поттикнува критичко размислување за родовите прашања. Би било интересно да се види дополнително проширување на функциите за интеракција, но и сега платформата е од голема помош за сите што се интересираат за оваа тема и бараат релевантни ресурси и насоки. Вакви иницијативи се неопходни за унапредување на свеста и образованието во Македонија.
Според мене и двата AI бота се солидни во тоа што го прават, но мислам дека можат да имат поширок домен на одговори и да одгвораат на повеќе прашања напишани во самиот чет. Некогаш не се многу брзи и респонсивни ама скоро секогаш добиваш резултат. Можат да се вметанат повеќе функционалности и кај двата агенти и да се прошири големина на податоците (data) со која работи.
Користење на AI агентот е корисно искуство. Одговорите се добро објаснети и со тон на почит. Особено ми се допадна што може да даде практечни совети и примери. Вакви алатки треба се почесто да се применуваат во образованиео
РЕСИ.АИ е моќна и иновативна платформа која преку AI агенти ефективно ја промовира родовата еднаквост и социјалната инклузија. Ботот нуди јасни и релевантни информации на едноставен начин, што ја прави платформата корисна за широка публика. Може да се подобри со модернизација на дизајнот, но во целост е вреден ресурс за едукација и подигање свест.
Leave a Reply