Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.

AIАгент за проверка на текстови

Leave a Reply to Анастасија Трајковска Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

566 Comments

  1. При истражувањето на платформата, моето внимание особено го привлече алатката GenderAI. Оваа компонента остави силен позитивен впечаток кај мене, пред сè поради начинот на кој овозможува лесно и структурирано искористување на можностите што ги нуди платформата. GenderAI претставува исклучително значаен ресурс, кој успешно ги спојува вештачката интелигенција и едукативниот пристап во борбата против дезинформациите со кои се соочив при тестирањето на четботот. Неговата вредност е особено изразена во контекст на теми поврзани со родовата еднаквост и човековите права. Една од главните предности на овој модул е неговиот софистициран алгоритам, способен прецизно да идентификува потенцијално дезинформативни или манипулативни содржини, притоа давајќи одговори кои се издржани со аргументи и чија точност е проверена. Ваквата технологија активно придонесува кон развивање на критичко размислување кај корисниците и го стимулира квалитетот на јавната дебата за чувствителни општествени прашања како што се ЛГБТКИ+ правата и феминизмот. Особено е импресивна интерактивноста на алатката, која ја прави многу пристапна и едноставна за користење за широка публика, без разлика на претходното познавање на тематиката. Несомнено, GenderAI означува значаен чекор напред кон градење поинформирано и посвесно општество, каде верификацијата на информациите и поттикнувањето на критичкиот поглед се во преден план. Овој проект поседува огромен потенцијал да стане двигател на позитивни општествени промени и заслужува посилна поддршка за понатамошен развој.

  2. AI агентот РЕСИ ми остави многу позитивен впечаток. Многу ми се допадна како ја обработува темата за родова еднаквост и социјална инклузија – објаснува јасно, нуди добри примери и предлага дополнителни прашања за размислување. Се чувствува дека е направен со цел да помогне, не само да одговара. Многу е корисно што има вакви алатки насочени кон создавање подобро општество.

  3. Темата „Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“ многу ми се допадна затоа што на лесен и разбирлив начин покажува како вештачката интелигенција може да помогне во борбата против дезинформации за родова еднаквост. Алатките се лесни за користење, достапни на повеќе јазици и дизајнот е едноставен. Предност е што можат да се прикачат слики или документи. Јас ги тестирав алатките и ми се допаѓа начинот на кој ми враќа детално објаснет одговор.

  4. Ја разгледав платформата и можам да кажам дека таа се стреми да ги искористи можностите на AI за унапредување на родовата еднаквост. Нуди различни ресурси, блогови и информации за ефективна примена на AI. Развива AI ботови кои помагаат во различни аспекти на родовата еднаквост. Исто така сметам дека со понатамошно подобрување на корисничкото искуство и редовно ажурирање на содржината платформата има потенцијал да стане водечки ресурс во оваа област. Исто така и со додавањето на повеќе различни јазични опции би ја направило платформата подостапна за пошироката публика.

  5. Преку оваа платформа согледав многу можности и открив многу информации кои би ми биле потребни во понатамошната иднина. Вештачката интелегенција како модерна технологија во нашиот живот ни е се поважна затоа што ни помага да работиме побрзо, поедноставно и поефикасно. Ако ја користиме правилно и одговорно, може да го направи животот подобар. Самата замисла за да се креира оваа платформа е одлична, бидејќи ни нуди алатки кои се напредни и етички одговорни кои се вредни за овој модерен свет.

  6. По истражуваньето на платформата Al Gender, можам да кажам дека ми остави многу позитивен впечаток. Ми се допага иновативниот пристап што користи вештачка интелигенциа за обработка на важни родови теми, како и лесната и интуитивна употреба.Вештачката интелигенциа станува сe
    поприсутна во образованието, a Al Gender e одличен пример за тоа како технологиата може да се искористи за подигнуванье на свеста, унапредуванье на знаеньето ипромовиранье на родова еднаквост.

  7. Страната е навистина интересна и иновативна и нуди доста можности. Најпрво, дизајнот е добар и убав на изглед и дозволува лесна навигација низ самата страна. Понатаму, самата тема на страната, односно Вештачка интелегенција и Родова еднаквост е не само интересна, туку и многу важна во нашето секојдневие. Страната располага со објави кои се од научен карактер кои може да се најдат на почетната страна и опишуваат проекти спроведени од Институтот за родови студии кои вреди да се прочитаат. Ми се допаѓа што страната располага со блог за дискусија меѓу корисниците. Исто така, АИ-ботот е интересен додаток на самата страна и може да биде од голема помош. Делот за АИ-писменост е од големо значење бидејќи објаснува како и до кој степен да користиме вештачка интелегенција. Се на се, страната е комплетна и е навистина добра!

  8. Ова платформа обработува важни теми на многу иновативен начин. Дизајнот на самата страна е прилично добар, лесен за навигирање и убаво изгледа. AI-ботот е исто така убав додаток на самата страна и може навистина да помогне. Ми се допаѓа и тоа што има опција секој да се вклучи во дискусија преку користење на блогот на страната.

  9. Ја разгледав платформата и кои можности ги нуди истата.. Има доста обем на информации кои би биле корисни за понатамошни дискусии во однос на родовата поделба која е доста важна и сензитивна тема и ми се допаѓа што се повеќе е вклучена и вештачката интелегенција бидејќи во ова современо општество доста и сме опкружени со неа но исто така сум пријатно изненадена со фактот дека факултетот се стреми кон негово надогадување и следење на трендовите. Од друга страна ми се допаѓа што сите семинарските трудови направени од студентите се објавуваат тука и се дава можност и пристап сите да ги прочитаме и да ги согледаме размислувањата на другите студенти од различни аспекти. Мислам дека за оваа платформа треба да има поголема промоција со што освен студентите да имаат можност и други лица од различни возрасти и занимања да можат да се служат со истата.

  10. Рецензија за AI ботот РЕСИ

    Страната за AI водичот РЕСИ, како и целата платформа е доста лесна за навигација.
    На самата страна јасно е што треба да се направи, односно за што е наменета таа страна.

    Позитивни работи кои ги забележав за страната (UI/UX):

    1. Самото поле за пишување со AI ботот РЕСИ е доста интуитивно.
    2. Имаме можност да прикачиме одредена слика.
    3. Можеме да прикачиме и датотека.
    4. Имаме можност за пристап до претходни разговори (Chat history), нов разговор (New chat), дури и споделба на разговорот.

    Сега неколку забелешки што можам да ги дадам се во врска со UI/UX:

    1. Линкот за претходна страна може да биде во повеќе впечатлива боја во однос на позадината (темно син линк, на темна позадина).
    2. Полето за пишување (ChatBox) може да биде поголемо од тоа што е сега, бидејќи јасно е дека на оваа страница сме со причина да пишуваме.
    3. Исто така малку фрустрирачки е тоа што кога имаме повеќе текст во полето за пишување и кога сакаме да се спуштиме надолу, се случува да се спушти
    и целата страна, покривајќи го (ChatBox) – от. Сличен е ефектот и во обратна насока.

    Секако овие што ги набројав се мои мали забелешки кои ги забележав додека ја користев страната.
    Текстот кој AI ботот РЕСИ ни го врајќа како одговор е доста јасен и разбирлив за секого и можеме доста да добро да се запознаеме со тематиката за која е наменет.
    Се друго во врска со AI ботот РЕСИ е супер, како и со самата страна е супер!

  11. Сметам дека платформата е навистина добра и нуди добри информации на AI ботови за едукација во област на родова еднаквост. Информациите се добро организирани, релевантни и достапни за сите што би ги интересирало.
    Го тестирав ботот AI Родов едукатор https://ai-16284.chipp.ai/w/chat/?chatSessionId=8ca5ff60-7adf-454a-baf5-be0e1826fbc6 и ме изненади неговата функционалност. Ми се допадна тоа што има понудени прашања како што се „Што е родова еднаквост“ и „Што е феминизам“, и тоа што одговара јасно и концизно, што помага за полесно информирање и учење. Исто така го тестирав и ботот https://progender.aigender.net/ кој е исто така добар, но сепак повеќе ми се допадна AI Родов едукатор.
    Дополнително, блог секцијата на платформата има одлични содржини кои се лесни за разбирање и интересни за читање. Интерфејсот е интуитивен, а почетната страница е визуелно добро организирана. Во целина, проектот е одличен.

  12. Проектот е корисна алатка за едукација на оваа тема. Еден од најзначајните аспекти што често се занемарува е влијанието на AI врз родовата еднаквост. Ми се допадна што е направено на начин што не бара да си експерт за технологија за да разбереш за што станува збор. Се гледа дека целта на проектот е луѓето да бидат информирани и да ги натера да размислат малку подлабоко за AI, како и за влијанието на AI врз родовата еднаквост.
    Особено ми се допадна блогот “РЕСИ (Родова Еднаквост и Социјална Инклузија)”. Сметам дека не се обрнува доволно внимание на оваа тема, па затоа овој блог ми се допадна зошто одлично ја доловува содржината. Го испробав виртуелниот асистент и моето мислење е тоа дека е брз, дава решенија и препораки, а целта му е да даде поддршка за создавање инкузивно општество. Дизајниран е чекор-по-чекор, па некој што не е толку добар со технологија, би се снашол веднаш. Општо, проектот, има лесна навигација, интерфејсот е добро организиран и визуелно привлечен.

  13. Вештачката интелегенција ( Аl) против дезинформации во областа на родовата еднаквост “ ми остави најдлабок впечаток од вкупно трите веб страни каде дознав многу повеќе работи,проширувајќи го своето знаење. Сметам дека ова е многу корисно во овој период каде станува се потешко да се идентификуваат пристрасност или дезинформации во вестите кои ги читаме. Со помош на оваа платформа ќе се елиминираат неточните информации и ќе се продлабочи знаењето на родовата еднаквост.

  14. Етичкиот аналитичар на АИ обезбедува веродостојни, едукативни и практично применливи информации. Одговорите се структурирани, јазикот е прилагоден за широка публика, а примерите и алатките се особено корисни. Овој бот е одлична алатка за едукација, медиумска писменост и развивање критичко размислување кај јавноста.

  15. Сметам дека платформата нуди релевантни и добро организирани информации и претставува значаен чекор напред во примена на AI ботови за едукација во областа на родовата еднаквост. Особено ми се допаѓа што платформата ги насочува младите и студентите кон правилна и одговорна употреба на вештачката интелигенција, наместо нејзина злоупотреба.
    Веднаш ме заинтересираа AI ботовите, па решив да го испробам ботот https://ai-16284.chipp.ai/w/chat/?chatSessionId=45e8fadc-5889-4580-a2c2-7e8fca3b315b. Го тестирав и овозможува поставување прашања поврзани со родовата еднаквост, феминизмот и ЛГБТКИ+ теми. Ботот нуди прецизни и јасни одговори, а доколку сакаме подетално да дознаеме или истражиме повеќе, дополнително нуди линкови кои водат до релевантни и корисни извори на информации. Сметам дека ваквиот пристап е од голема корист за сите кои истражуваат во овие области – ботот нуди прецизни и лесно разбирливи одговори, што го прави процесот на учење поедноставен, побрз и поефикасен.
    Исто така, особено ми беше интересен делот со блоговите – таму се објавени навистина квалитетни и информативни текстови, тие се одлични за зголемување на свеста во областа на родовата еднаквост и можат да бидат корисни за различни целни групи.
    Почетната страница е јасно и прегледно организирана, што овозможува лесна ориентација. Сепак, имам мала забелешка – при кликнување на некој од линковите во горното мени кои водат кон страницата https://aigender.net/index.php/category/blog/, навигацијата помеѓу објавите може да се уреди подобро, за полесно и побрзо пронаоѓање на содржините.
    Во целина, проектот е исклучително вреден за поддршка и сметам дека повеќе студенти треба да бидат информирани за него, бидејќи има значителен потенцијал за насочување и поддршка при реализација на научни истражувања.

  16. Платформата за вештачка интелигенција и родова еднаквост е значајна и покажува како технологијата може да се користи за унапредување на етичката свесност и спречување на негативни појави во дигиталниот простор. Замислата за креирање на оваа платформа е одлична, нудејќи алатки кои не само што се технички напредни, туку и етички одговорни, што ја прави особено вредна за модерниот дигитален свет.
    Тестирајќи ја платформата, забележав дека таа нуди интуитивно и визуелно јасно корисничко искуство, овозможувајќи лесна навигација и интеракција. Со ефикасна и креативна интеграција на вештачка интелигенција, платформата се фокусира на решавање на чувствителни теми како што е говорот на омраза и создава безбедна и едукативна дигитална средина.
    При користење на Етичкиот Аналитичар AI, забележав дека ботот покажува висок степен на етичка свесност во начинот на кој одговара кога станува збор за чувствителни теми, како што е говорот на омраза. Најпрво, обезбедува јасно и прецизно објаснување на прашањето, без да промовира штетна содржина.
    Откако го поставив прашањето „Кои се формите на говор на омраза?“, ботот даде детално објаснување. Потоа, кога побарав конкретни примери, заклучив дека ботот успева да понуди реалистички и релевантни примери за секоја форма на говор на омраза и истовремено спречува ширење на непримарна содржина. Овој пристап овозможува информативност и заштита на корисниците од несакана или штетна содржина, што е особено важно за создавање безбедна и едукативна дигитална средина.
    Во одговорот на ботот на прашањето „Како да се справам со говор на омраза?“, се прикажува внимателен и детален пристап кој ги опфаќа сите аспекти на овој глобален проблем. Ботот нуди поддршка во справување со оваа појава. Неговите одговори, освен што нудат насоки како практично да го спречиме говорот на омраза, истовремено ја промовираат и важноста на едукацијата како клучна алатка за превенција на овие негативни појави.
    Користењето на оваа технологија во училиштата може да помогне во подигнување на свеста за неетички говори и говори на омраза кај децата уште од најмлади години, со цел спречување на истите, како и развој на позитивни комуникациски вештини.
    Би било уште покорисно доколку времето на реакција на ботот е побрза, со што корисничкото искуство би се унапредило и би се добил уште подинамичен тек на комуникацијата.

  17. Оваа платформа претставува важен и иновативен чекор кон справување со современите предизвици поврзани со родовата нееднаквост во дигиталниот простор. Проектот, успешно го обединува постигнатиот технолошки напредок (ВИ) со социјалната одговорност и ангажман.
    Посебно се издвојува пристапот кон развој на AI-ботови, кои се јасно ориентирани кон едукација, информирање и заштита од дигитални злоупотреби.
    Од аспект на корисничко искуство, веб-страницата е прегледна и визуелно уредна, со достапни ресурси и интуитивна навигација. Моето тестирање на AI-ботот https://progender.aigender.net/ покажа прецизни и граматички точни одговори, особено на македонски и англиски јазик. Сепак, при обид за комуникација на други јазици (пр. турски , италијански), добив одговор дека ботот моментално поддржува само македонски и англиски, што укажува на потенцијал за проширување на јазичната достапност во иднина. Друга забелешка би била дека за одредени прашања, наместо директен одговор, ботот освен самиот одговор води и кон пребарување – што може да биде пречка за корисници кои очекуваат поефикасен одговор.
    Вклученоста на студентите и младите во развојот и тестирањето на алатките е уште една клучна предност на овој проект. Овој ангажман гради генерација чувствителна на темите од родова еднаквост и медиумска писменост.
    Заклучно, оваа платформа е новитет во нашата држава која нуди квалитетна содржина и функционални алатки. Со понатамошно проширување на функционалностите и споделување конкретни примери од практична примена, проектот има потенцијал да стане пример за добри практики и би бил од голема корист за заштита на родовата еднаквост и борба против дезинформациите.

  18. Технологијата и вештачката интелигенција го менува животот во многу случаи кон подобро,но понекогаш и кон полошо. Не треба да се плашиме дека вештачката интелигенција (ВИ) би можела целосно да го замени човекот, бидејќи таа може да биде само алатка што во некои работи ќе му олесни. Како што сите сега користиме компјутер и ни помага, така и ВИ може да биде алатка за да бидеме подобри.Еден од најновите достигнувања на вештачката интелигенција што според мене значително се приближува до научно-фантастичните слики за иднината што ги имаме.
    Мене лично алатките на ВИ ми помагаат за учење и завршувањето на обврските,ми помагаат при изработките на семинарските и други текстуални работи.
    Верувам дека ми го заштедува времето бидејќи директно ми го дава одговорот на поставеното прашање. За мене лично голем впечаток остави Алатката РЕСИ(Родова Еднаквост и Социјална Инклузија) бидејќи како општество тежнееме кон поинклузивно и праведно општество.А оваа алатка може да ни помогне тоа да го направиме со подобри и поефикасни методи.

  19. На доста едноставен и разбирлив начин, оваа веб страница успева да ја пренесе идејата за користење на ВИ против ширењето на дезинформациите поврзани за родовата еднаквост. Најголем впечаток ми остави тоа што успева да ја истакне улогата на различни AI алатки како што се Етичкиот Аналитичар и Родовиот Едукатор, кои го прават текстот многу поразбирлив и го прави интересен за секоја публика. Би била од огромна корист доколку би биле изложени конкретни примери за тоа како овие алатки би се користеле во практика како со цел да се постигне поголема заинтересираност и поголема доверба кај пошироката публика.

  20. Платформата AI Gender претставува значаен дигитален ресурс кој оди подалеку од информативната функција – таа е активен чинител во градењето јавна свест за родовата еднаквост во ерата на вештачката интелигенција. Со јасно изразена мисија да ја адресира родовата пристрасност во технолошкиот развој, платформата нуди не само анализи и истражувања, туку и алатки, обуки и ресурси наменети за различни целни групи – од академската заедница, преку институциите, до пошироката јавност.

    Особено впечатлив е пристапот кој го комбинира дигиталната едукација со социјален ангажман. Платформата нуди практични алатки за самопроценка на родова чувствителност, едукативни видеа и инфографици, како и водичи за вклучување на родовата перспектива во процесите на развој и примена на вештачката интелигенција. Вклученоста на граѓански организации и мултидисциплинарни експерти во содржините дополнително ја зголемува релевантноста и кредибилитетот на платформата.

    Она што ја издвојува AI Gender од слични иницијативи е нејзината способност да ја поврзе теоријата со реалниот живот и да отвори простор за дијалог меѓу технолошките развивачи, политикотворците и граѓаните. На тој начин, платформата не само што информира, туку и мотивира – инспирирајќи промени во начинот на кој размислуваме и делуваме во однос на еднаквоста и правдата во дигиталното општество.

  21. Ми се допаѓа целокупната идеја на платформата и сметам дека истата би можела да биде од големо значење за нас земајќи предвид дека е нешто ново, иновативно и досега невидено. Мислам дека е важно да се зборува за овие теми и да се подигне свеста кај луѓето, а ова ми изгледа на интересен и интерактивен начин кој може да придонесе тоа да се постигне преку водење на корисни дискусии.

    Почетната страна на платформата е прилично интуитивна за користење, визуелно прикладна и нуди чет-бот достапен за било какви прашања. Секцијата за блогови води кон нова страна каде корисниците може да читаат блогови за најразлични теми за вештачката интелигенција во разни области како и нејзината испреплетеност со родови прашања. Сепак, на оваа страница има и линкови кои не водат никаде, но се поставени повеќе пати, како што е линкот за блог кој се наоѓа над секој од блоговите. Исто така, навигациската лента тука не е толку интуитивна, па може да го преплави читателот со информации во кои лесно може да се изгуби. Тоа што најмногу ми се допадна овде е секцијата за “AI на Филозофски факултет” каде може да се пристапи до специјализирани ботови од области на општествени науки и хуманистика кои имаат цел да помогнат и едуцираат нудејќи различни перспективи.

    Секцијата за ресурси, иако клучна, сметам дека не е доволно добро организирана. Добра страна е што истата е исклучително богата со информации, а има содржина и на повеќе јазици.

    Иако има простор за подобрување кај навигацијата и организацијата на одредени содржини, мислам дека ваквите детали не го засенуваат севкупниот потенцијал и вредност на платформата, која ветува да биде значаен ресурс за образование, информирање и дигитална свест.

  22. Како студент на отсекот маркетинг, кој секојдневно користи алатки базирани на вештачка интелигенција, платформата aigender.net ми остави силен впечаток. Таа отвара релевантна и навремена дискусија за тоа како родовите пристрасности можат (и веќе се случува да) бидат вградени во алгоритмите што ги користиме во нашите кампањи. Особено ја ценам секцијата за етичка примена на вештачка интелигенција и анализите на случаи, кои нудат практичен увид во ризиците од стереотипизација преку дигитални содржини. Одличен ресурс е и за компаниите што сакаат да бидат општествено одговорни и да создадат инклузивни маркетинг стратегии. Би било корисно платформата да понуди и конкретни алатки за проверка на родова инклузивност во реклами, но во целина, проектот е иновативен и неопходен чекор напред како за маркетинг индустријата така и за секоја друга – и во Македонија и пошироко.

  23. Проектот претставува важен исчекор во поврзувањето на современите технологии со општествената одговорност, при што се разгледува како вештачката интелигенција може да придонесе за унапредување на родовата рамноправност во академскиот свет. Преку понуда на едукативни содржини, обуки и детална обработка на постоечки истражувања, платформата обезбедува корисни алатки за идентификување и надминување на родовите нееднаквости. Особено е значајно тоа што проектот нуди критичка анализа на можностите и предизвиците што ги носи примената на вештачката интелигенција, нагласувајќи ја потребата од одговорна и етичка употреба. Ваквиот пристап не само што го зголемува разбирањето и информираноста, туку и активно помага во градењето нa правична академска заедница.

  24. При разгледување на наведените веб страни, најкарактеристична веб страна која најмногу ми го задржа вниманието дефинитивно е веб страната која што служи за објасни како да се користи Вештачката интелегинција во борба против дезинформации во областа на родовата еднаквост.
    При првата посета на оваа веб страна, иако немав никаква претстава за функцијата на оваа страна, самиот футуристички дизајн лесно ми укажа на која е главната фунцкија и суштина на самата страна. Интересен ми беше делот каде што има главна секција во која што се поставени четирите чет-ботови и секој од нив има свој карактер и своја приказна околу него.Сето ова е лесно разбирливо поради тоа што секој чет-бот си има своја сликичка која што на некој начин на секој бот му создава личност. Би дал критика само на изборот на позадина на самата страна и на изборот на типографијата.
    Самата позадина на оваа веб страна прави мешање на боите на сликичките на чет ботовите, што би довело до потешкотии при навигирање на страната. Исто сметам дека на некои позиции, типографијата треба да биди променета. Во секцијата кај чет ботовите, сметам дека насловот “РАЗГОВАРАЈТЕ СО НАШИТЕ AI АГЕНТИ” треба да биде со задебелен и фонтот да биде поголем, за при прв влез на страната на корисникот одма да му стани јасно која е улогата на страната без да трага низ неа и да ги чита сите останати ствари. Исто би можело секој чет бот да биде одделен со некаква рамка, за јасна дистинкција помеѓу различните ботови.
    Моја препорака е секој чет-бот да се именува со некакво човечко име, и да се упрости објаснувањето на функцијата на чет-ботот во една кратка реченица која што ќе се протега во максимум 2 реда, затоа што моментално објаснуванјето на функцијата на четботовите е во неколку редови, и за некои корисници на оваа страна би довело до не дочитување на самиот опис на ботот и би навел на користење на чет бот кои што не сакаат да го користат.
    Исто така оваа секција може да биде поставена во средината на веб-страната но во некој табуларен пристап каде што ботовите би биле претставени во 2×2 приказ. За освежување на оваа страна би можеле да се имплементираат некои анимации околу текстот на страната и може да се поставat графички приказ(tooltips) дека при кликнување на сликичките, самата страна ве насочува кон користење на чет-ботовите.
    За останатите делови од оваа страна можам да потврдам дека се перфектно стилизирани и составени, само во деловите каде што се поставуваат блоговите би поставил некое поле за пребарување, кое што би довело до лесно навигирање и претрага низ нив.
    Заклучок: со минимални модификации на оваа веб страна на типографијата и на боите, оваа страна би го имала својот перфектен изглед.

  25. Самиот проект е од клучно значење и се занимава со две особено значителни теми од денешнината – проучување на ВИ писменоста кај луѓето и тековните родови прашања, како и спојот на овие две теми. Од аспект на веб страна функционалностите на страницата работат во целост, единствено естетиката на страницата би можела да се подобри со додавање на одредени стилови за текст, менување на бои, но и менување на местоположба како и големина на некои од полињата ( пример намалување на ширината на полињата за внес на податоците при оставање коментар; промена на локација на копче за активирање на четбот од долен лев агол, бидејќи прави препокривање ). Исто така го искористив ВИ асистентот CHAtGPT ЗА СТУДЕНТИ⚧️ кој пред се претставува голема помош за студентите со прикажување на релеванти информации, давање идеи за практични активности (работилници и настани), а меѓу другото овозможува креирање на “safe-space” за сите дискриминирани студенти. Корисно е и тоа што на крајот на секој одговор има и неколку предложени прашања поврзани со претходниот наш input, меѓутоа во дадени моменти знае овој ВИ асистент да даде прегенерализирани одговори.

  26. Оваа платформа претставува одличен ресурс кој на софистициран начин ја комбинира технологијата со социјалната свест. Нејзиниот чист и организиран интерфејс значително го подобрува корисничкото искуство, овозможувајќи лесно пребарување и навигација низ различни содржини. Интеграцијата на практични AI алатки, блогови со актуелни теми и едукативни ресурси создава поинакво и збогатено едукативно искуство. Платформата им овозможува на корисниците да ги истражуваат врските помеѓу вештачката интелигенција, родовите прашања и етиката, при што поттикнува критичко размислување, општествена одговорност и активно вклучување во теми од современото дигитално општество. Комбинацијата на практични алатки и теоретски ресурси ја прави оваа платформа сеопфатна и инспиративна што претставува одличен избор за студенти, истражувачи или секој што сака да ги истражи можностите на AI низ призмата на родова еднаквост.

  27. Разгледувајќи ја оваа платформа воочив дека нуди едноставен и интуитивен за користење интерфејс кој вклучува различни содржини како блогови, AI ботови, AI алатки, е-ресурси и сл. За AI моделите и алатките дадени се краток опис на функционалностите кои се нудат, како се користат, областа во која се користат, при што како алатки ги прави лесни за користење и употреба.
    Е-ресурсите кои се исто така една интересна можност која ја нуди оваа платформа. Тука може да се најдат голем број на статии поврзани со AI и образовниот процес, AI и родовата еднаквост, етичкото користење на AI и многу други ресусрси кои доаѓаат од различни извори, но сите имаат некаква поврзаност со AI.
    Платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција е еден добро развиен проект кој може да им користи на многу студенти да најдат различни AI алатки, да се запознаат со нив и да ги искористат, како и да прочитаат и разберат многу теми поврзани со родовата еднаквост и вештачката интелигенција.

  28. Оваа платформа претставува значаен чекор кон интеграција на технологијата и родовата еднаквост, обезбедувајќи простор за соработка, едукација и иновации во оваа област која се повеќе опфаќа дел од нашите животи.

    Веб- сајтот има прилично едноставен и интуитивен распоред, како на пр. навигацијата низ сајтот е лесна, главните секции се лесно достапни, а линковите рсботат коректно и директно.
    Распоредот е минималистички, што е позитивно за корисници кои не сакаат визуелен хаос. Има доволно празен простор, што го прави текстот читлив и не изгледа натрупано. Менијата се јасни, но не се премногу детални. Некои подменинја би можеле да помогнат за полесна ориентација, особено ако се додадат повеќе содржини во иднина.
    Сите елементи се на македонски јазик, што е соодветно за таргет публиката, но имајќи во обзир дека на Институт има и студенти од различни етнички подрачја, вклучувајќи ме и мене, би било добро да биде достапно барем и на еден друг јазик.

    Сајтот е функционален но естетски може да се каже дека е недоволен, “модерен”. Дизајнот е чист, без непотребни елементи и не е визуелно преоптоварен. Користи едноставна палета на бои, што е добро за читање. Но, стилот изгледа малку застарено, користи класични веб-форми без динамички елементи (анимации, икони, визуелни транзиции) и недостигаат поголеми визуелни елементи (слики, графики) кои би ја направиле страницата повеќе привлечна.

    Содржината е важна и релевантна, но начинот на кој е визуелно прикажана не ја мотивира посетителот да остане подолго. Е читлива, но не е разновидна.
    Објаснува што е РЕСИ, кои се целите на платформата, и кои се нејзините области на дејствување (ВИ, родова еднаквост, инклузија). Темите се важни и социјално значајни, но начинот на презентација не секогаш го задржува вниманието на читателот. Долги текстови без визуелна поддршка можат да делуваат монотоно.
    Содржината изгледа точна и е напишана од академска перспектива, со термини што се соодветни за областа на родови студии и технологија. Добро напишана, со формален и академски тон. Не се забележуваат очигледни граматички или правописни грешки, но стилот може да се поедностави за пошироките маси (надвор од академскиот круг).

    Позитивно истакнати аспекти се: Фокус на општествено релевантни теми како родова еднаквост, социјална инклузија и улогата на вештачката интелигенција се третирани соодветно; Присуство на различни ресурси односно содржи блогови, алатки, форуми и линкови, што нуди повеќе перспективи и пристапи кон темата; Платформата промовира критичко размислување – отвора теми за нееднаквост, дискриминација и социјална маргинализација.
    Недостатоци (што недостасува за вистинска избалансираност):
    Недостаток на контрастни ставови т.е содржината претежно го застапува еднамисленичкиот академски и активистички пристап. Не се наведуваат алтернативни гледишта или контроверзии во областа на ВИ и родот; Недостасува критичка самоанализа. Ретко се обработуваат слабостите, ограничувањата или предизвиците на самите иницијативи и алатки; Повеќе лични перспективи би додале човечка димензија како интервјуа, мислења од различни групи (на пр. малцинства, корисници на технологиите) би ја зајакнале перцепцијата на баланс.

    За крај, платформата има позитивен пристап и цврста основа, но за да се постигне вистинска избалансираност и ако планира да се проширува со повеќе содржини, би било корисно да се подобри информациската архитектура.

  29. Како студент на Економски факултет, често се фокусирам на бројки, анализи и новитети на пазарот. Кога првпат влегов на платформата, искрено не знаев што точно да очекувам. Комбинацијата од вештачка интелигенција и родова еднаквост не е нешто што можеме да го видиме на едно место. Но, пријатно се изненадивте. Сега знам колку е важно да се гледа пошироката слика, односно како технологијата, особено вештачката интелигенција, може (и треба) да се користи за создавање поправедно општество. Платформата е едноставна, без вишок информации, и одлично објаснува како ВИ влијае на родовата еднаквост. Особено ми остави впечаток делот со блоговите – каде теми како дезинформации, пристрасност и инклузивност се обработени со јасен јазик, што е реткост кај академски иницијативи. Не мораш да бидеш експерт за да разбереш. Мислам дека ова е корисен ресурс не само за оние што се директно инволвирани во областа на родовите студии, туку и за нас што студираме економија, затоа што етичката страна на технологијата е нешто што ни треба сè повеќе, без разлика каде ќе работиме.

Leave a Reply to Анастасија Трајковска Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »