Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.
ФОРУМ

756 Comments
-
Платформата за вештачка интелигенција и родова еднаквост е навистина интересен проект кој ја користи технологијата во областа на родовата еднаквност, која е навистина важна тема. Вака може да се подигне свеста за родовата еднаквост, а најголемата предност е тоа што користи ВИ за брза обработка на податоците. Од сите три веб страни, најмногу внимание ми привлече платформата за борбата против дезинформациите. ВИ многу помага полесно да се препознаваат лажните вести, што е многу добро при читање или споделување на информациите. Многу ми се допадна тоа што корисниците имаат можност да разговараат со AI агенти специјализирани во одредени области. Може да одбереме дали ќе разговараме со Етички Аналитичар – кој ќе ни помогне при анализа на информациите, Родов Едукатор – кој ќе ни даде различни информации за родовата еднаквост, феминизмот како и ЛГБТКИ+ прашања и ВИ четкнига – која сметам дека исто така многу важна бидејќи е алатка за борба против информацискиот неред. При кликање на одреден агент дирекно ни се отвора местото каде може да го започнеме разговорот. Ова е навистина добро и може многу да помогне доколку имаме одредени прашања. Оваа платформа е корисна со навистина интересни и едукативни алатки.
-
Во денешно време е исклучиво важно да бидеме свесни за тоа какви информации добиваме, дали тие се вистинити или лажни. Освен тоа треба да ја подигнеме свеста на луѓето колку е тоа важно за безбедноста на сите нас. Токму овој проект може да помогне за таа цел бидејќи не само што ги опфаќа тие теми, оваа платформа нуди широк спектар на податоци и примери со кои корисниците имаат прилика да си го надополнат своето знаење. Вештачката интелигенција моментално е насекаде распространета и таа се користи и од страна на мажите и на жените, но тие не треба да ја злоупотребуваат за секаква цел. Се разбира дека и жените и мажите имаат потполно право на користење на истата и не треба во никој случај да има некаков вид на дискриминација. Сепак, сведоци сме дека се уште постојат одредени стереотипи за жените и покрај нивната долгогодишна борба за своите права. Затоа, треба да ја искористиме технологијата и вештачката интелигенција да се искоренат родовите нееднаквости со тоа што повеќе ќе се зборува за тоа, повеќе ќе се пишува, ќе се изработуваат платформи и луѓето ќе ги прошират своите сфаќања.
Јас лично ја пробав AICopilot Апликацијата за Управување со Дијалози и Текстуални артефакти од Институтот за родови студии, Филозофски факултет, Скопје , и сметам дека би била корисна во пронаоѓање и истражување на податоци и информации потребни за образованието или пак едноставно за забава.
Препорачувам сите кои се во можност да ги испорбаат алатките и да ги прочитаат овие корисни блогови. -
Најголем впечаток од трите веб страници ми остави страницата „Вештачка интелегенција против дезинформации во областа на родовата еднаквост“ бидејќи има доста голем потенцијал во подигање на јавната свест и унапредување на родовата еднаквост преку елиминирање на неточните информации. Овој проект всушност претставува начин на информирање на општеството преку комбинирање на технологија, едукација и меѓусебна соработка. Платформава не само што ги открива грешните информации, туку нуди и едукативни материјали за свое критичко размислување на темите. Се на се платформава ми се допаѓа бидејќи е точна, интерактивна и едукативна.
-
AI & Gender не е само платформа – тоа е борба против невидливата пристрасност во дигиталниот свет. Со моќта на вештачката интелигенција, конечно можеме да ја разоткриеме и исправиме родовата нееднаквост во истражувањата и медиумите. Оваа алатка не само што открива стереотипи, туку и нуди решенија – ресурси, анализа и нови перспективи за праведна иднина. Замисли свет каде AI работи за сите, без предрасуди. AI & Gender го прави токму тоа.
-
Страницата “Со Вештачката интелегенција против дезинформации во областа на родовата еднаквост” ми остави одличен впечаток. Одличен ресурс е за секој што сака да се информира и да научи повеќе за родовата еднаквост, феминизмот или ЛГБТКИ+. Едноставниот и јасен дизајн ја прават страницата многу лесна за навигација и користење. AI агентите, како што се Етичкиот Аналитичар кој помага да се разликува неетичкиот говор и говорот на омраза, и Родов Едукатор кој нуди корисни информации за родови прашања се многу корисни за развој на свесноста и едукацијата. ВИ четкнигата пак е одличен начин да се развие AI писменоста и критичкото размислување. Топло ја препорачувам оваа страна на сите кои сакаат да се едуцираат на оваа тема и да ги подобрат своите вештини за распознавање на дезинформации и говор на омраза. Голема пофалба за тимот зад овој проект и за нивната посветеност.
-
Оваа платформа претставува иновативна алатка која ја користи вештачката интелигенција и ни нуди многу материјал од едукативен карактер кој би овозможил денешницата да се збогати со знаење а истовремено родовата еднаквост да не биде табу тема во денешницата.Посебно внимание и впечаток ми остави делот на ‘Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост’
каде се нудат различни АИ алатки за анализа на етнички прашања,родова еднаквост и критичко размислување.Поттик дека во нашата земја етичките прашања се скаклива тема, па токму оваа платформа е склоп за едукација за лица од најразлична возраст.Единствено што би променила е платформава да не е со ограничена публика ,туку преку нејзина промоција да се стигне до пошироката јавност и се повеќе луѓе да дознаат за неа. -
Чет ботот Cyber ми даде јасни и корисни одговори на прашањата кои ги поставив на темата „дигиталното родово базирано насилство“. За кои сметам дека би помогнале како на мене така и на секоја потенцијална жртва да добие информации и насоки за тоа што понатаму.
-
Ми се допадна како AI & Gender успешно ги спојува технологијата и родовата еднаквост. Содржината е информативна, а алатките за анализа се навистина корисни и иновативни. Исто така ми се допадна тоа што платформата нуди многу добри едукативни ресурси и е лесно достапна.
-
Платформата за борба против дезинформациите во областа на родовата еднаквост, поддржана од вештачка интелигенција (AI), претставува иновативно решение кое има значајно општествено влијание и едукативен карактер.
Преку интеграцијата на AI агенти како што се Етички Аналитичар, Родов Едукатор и AI Chatbook, корисниците добиваат лесен и брз пристап до точни и релевантни информации за родовата еднаквост и борбата против дезинформациите. Овие AI агенти се специјализирани за успешно препознавање на неетички говор и говор на омраза, давање на прецизни одговори на прашања од корисниците за овие теми и поддршка за подобрување на медиумската писменост.
Едноставниот и интуитивен интерфејс на платформата ја прави достапна за широк спектар на корисници, без разлика на нивото на техничко познавање.
Преку напредната технологија и едукативен пристап, платформата придонесува за развој на критичко размислување и свесност кај корисниците, додека истовремено игра клучна улога во заштитата на вистината и промовирањето на родовата еднаквост. Во услови на глобална закана која се одликува со дезинформации и говор на омраза, вакви платформи претставуваат значаен чекор кон создавање на поправедно, информирано и едуцирано општество. -
Во време на глобална поврзаност, борбата против дезинформации е побитна од било кога. Конкретната тематика – дезинформации за родова еднаквост е пример за правилно искористување на потенцијалот на моделите за обработка на природни јазици. Ја поддржувам идејата. Во понатамошните напредувања, би било добро доколку постои кратко демо на користење на алатките за пошироката јавност (видео формат, текст, упатство). Ова се однесува на додавање на повеќе практични примери и студии на случај така што би помогнало за разбирање и полесно користење на примената на вештачката интелигенција
-
Од трите веб-страни најмногу ми се допадна и ми остави најголем впечаток блогот „Со Вештачката интелигенција против дезинформации во областа на родовата еднаквост“ кој е многу иновативен и значаен. Користењето на AI за борба против дезинформациите и промоција на родова еднаквост, особено преку агенти како „Етички Аналитичар“ и „Родов Едукатор“, претставува корисен начин за едукација и подигнување свест. Страницата нуди и корисни ресурси, како блог и форум, кои ја збогатуваат интеракцијата со корисниците. Блогот нуди одлична комбинација на технологија и едукација за соочување со важни социјални прашања. Вештачката интелигенција, како алатка за идентификување и спречување на дезинформации, има потенцијал да биде моќен ресурс, особено за младите. Сепак, важно е да се знае дека алгоритмите и AI агентите се прецизни и објективни во своето работење.
-
Најдобар впечаток од сите 3 страни што ми остави беше страната за ботба против дезинформации во област на родова еднаквост, со помош на АИ.
Со различните агенти што се направени со помош на АИ, корисниците можат лесно да биднат едуцирани на темата за социјална инклузивност како и самата родова еднаквост.
АИ исто така помага во детектирање на говори на омраза или неетички говори и лесно може да ги отстрани, пред да се рашири истиот. -
Платформата AI & Gender е интересно место каде што технологијата и општествените прашања се спојуваат за да се подигне свеста за родовата еднаквост. Како студент што се интересира за ИТ и вештачка интелигенција, сметам дека оваа платформа има голем потенцијал, особено кога станува збор за анализирање на говор на омраза и едукација за родови прашања.
Веб-страницата “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост” ми остави впечаток, има реална примена на вештачката интелигенција за анализа на содржини, алатките кои ги нуди како што е AI анализи на текст каде што можат да се идентификуваат стереотипи, говор на омраза и дезинформации ми се допадна и е многу корисна.
Платформата има добро организирани елементи, лесно се движев низ страницата би сакала да видам квизови и тестови за да биде подинамична.
Овие платформи покажуваат како може да се искористи технологијата за општествени промени и би ја препорачала на секој да ја прочита и истражи. -
Најголем впечаток од сите овие три веб страници ми остави страницата за користење на вештачката интелигенција за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања поради тоа што го подобрува пристапот до информации во академските податоци. Вештачката интелигенција може да биде корисна при анализата на научните информации, исто така AI го подобрува квалитетот на правилноста на академските истражувања.
-
Најголем впечаток ми остави веб страницата Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“ поради тоа што таа ни помага во борбата за спречување на ширење за дезинформациите кои се поврзани со родовата еднаквост.
AI како алатка за проверка на факти
Вештачката интелигенција може да помогне во борбата против родово пристрасните дезинформации со помош на автоматска проверка на факти.AI исто така може да идентификува кои страници најчесто ги пишуваат тие дезинформации и да помогне во санкцинирање. -
Најмногу од оваа платформа ми се допадна темата ” Вештачка интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост”, поради тоа што вештачката интелигенција игра голема улога во борбата против дезинформациите кои се поврзани со родовата еднаквост. Дезинформациите за родовата еднаквост најчесто се шират преку социјалните мрежи, па така со помош вештачката интелигенција може да дојде до брзо идентификување на содржини што содржат лажни информации.
-
Најголем впечаток од оваа онлине платформа ми остави блогот “Користење на вештачката интелигенција за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања”. Ми се допадна бидејќи е брза и лесна платформа која дава повеќе одговори и помага во нашата едукација и овозможува пристап до различни обуки кои се од корист на студентите.
-
Од сите три веб страници, најголем впечаток ми остави страницата “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“. Оваа платформа, поддржана од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска и Институтот за родови студии, нуди уникатен пристап за борба против дезинформациите преку употреба на вештачка интелигенција. Најмногу ми се допадна тоа што страницата содржи три специјализирани AI ботови, кои секој има своја улога во промовирање на родовата еднаквост и борбата против лажните информации.
-
Откога постои самиот Интернет со безброј информации, така истовремено се среќаваме со безброј дезинформации за кои не сме ни свесни дека всушност се лажни информации, кои претставуваат огромен проблем.
А, сега да дадам рецензија на веб-страната “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост”, која е поддржана од Здружението за унапредување на родовата еднаквост. Како што гледам главна цел на оваа страна е со помош на вештачката интелигенција да се искоренат дезинформациите кои кружат во сферата на оваа тема, односно родовата еднаквост. Детектира и анализира неморални говори за родовите прашања и права.
Страната нуди многу опции и простор за дискусии, што ја прави оваа платформа не само за да информира, туку и да не научи за постоечките деизнформации преку интеракција со заедницата.
Мое лично мислење е дека оваа страна е добро осмислена се со цел и голем потенцијал за подигање и зголемување на свеста кај луѓето за да ги согледаат лагите кај овие теми. -
Оваа онлајн платформа за родова еднаквост и вештачка интелигенција ми се допадна многу и според мене е доста иновативен и значаен проект.Денес вештачката интелигенција ја има насекаде околу нас и е исто така достапна за секој човек.Од сите веб страни кои што ги погледнав најголем впечаток и најмногу ми се допадна “Со вештачка интелигенција против дезинформации во областа на родовата еднаквост”.Овие бев страници можат многу да ни помогнат во однос на нашето критичко размислување , да ни ја олеснат нашата едукација.Исто така многу ми се допадна на оваа платформа тоа што многу брзо и лесно може да се дојде до некоја посакувана информација.Платформата има и историја односно ни овозможува да се навратиме на некој претходни разговори што е исто така многу позитивно и добро.
-
По краток разговор со ChatGPT за студентите, можам да кажам дека одговорите што ги сподели , особено за справувањето со булингот поврзан со родот, се многу добро структуирани и корисни. Тие се фокусирани на конкретни и практични чекори кои студентите можат да ги преземат во вакви ситуации. Вклучувањето на аспекти како што се создавање на безбедни простори, важноста на поддршката и ресурсите за справување со стрес, како и фокусот на личниот развој и самосвест, се особено значајни.
Текстовите нудат јасни насоки и истовремено се искрени и емпатични, што го прави пристапот многу пријатен за студентите кои можеби ќе се соочат со овие предизвици. Психолошкиот аспект на справување со булингот е исто така многу важен, и одговорите се насочени кон развојот на позитивен самоприфатен став и стратегии за самоопоравување.
Вакви веб страници и чет ботови се потребни за да се создаде атмосфера на почит и прифаќање, во која секој студент ќе се чувствува безбедно и ценето. Македонските универзитети треба да развијат повеќе програми и ресурси кои ќе поттикнуваат критичко размислување, ќе поддржат активизам и ќе изградат мрежи на поддршка, не само за ЛГБТИ+ студентите, туку за сите, со цел создавање на праведна и инклузивна академска средина.
Овој пристап е одличен за сите студенти, особено за оние кои се во потрага по поддршка и се соочуваат со овие важни теми во академскиот живот.
-
**Повик за учество на натпревар: Најдобар системски промпт од областа на родовите студии**
**Што е системски промпт?**
Системскиот промпт е специјализиран вид на инструкции што се користи за насочување на однесувањето на вештачката интелигенција. Тоа е основен текст кој го дефинира контекстот, улогата, личноста и етиката на ботот, овозможувајќи му да реагира според зададени цели. Тој може да содржи упатства за тоа како ботот треба да комуницира, кои теми да покрива, како да ги решава прашањата и да се однесува кон корисниците, и да ги почитува етичките насоки.**Повик за натпревар**
Со голема чест и задоволство ве покануваме да земете учество на натпреварот за создавање на најдобар системски промпт од областа на родовите студии! Овој натпревар нуди уникатна можност да ги покажете вашите вештини за креативно размислување и создавање, со цел да придонесете кон развивање на интерактивни и образовни ботови кои ќе инспирираат и едуцираат.**Цел на натпреварот**:
Да се создадат системски промптови кои ќе ги претстават и одразат најважните аспекти од родовите студии, вклучително и теми поврзани со родова еднаквост, родови улоги, родово-сензитивна едукација и слично. Вашите промптови треба да бидат иновативни, едукативни и етички осмислени.**Клучни насоки за учество**:
1. Секој учесник може да поднесе еден системски промпт.
2. Промптовите треба да бидат напишани на јасен, концизен и ефективен начин.
3. Треба да содржат насоки кои ќе овозможат создавање на интерактивен бот со специфичен фокус на родовите студии.
4. Промптовите мора да бидат етички коректни и да промовираат родова еднаквост и инклузивност.**Оценување и награди**:
Најдобрите три промпта, оценети од страна на стручно жири, ќе бидат вградени во три интерактивни бота. Студентите ќе имаат можност да гласаат за најуспешниот бот базиран на овие промптови.– **I место**: Сертификат за признание и комплет книги
– **II место**: Сертификат за признание и спомен-подарок.
– **III место**: Сертификат за признание.**Рок за пријавување**: [до крајот ма март]
**Поднесете го вашиот промпт на оваа емаил адресаАјде заедно да го истражуваме светот на родовите студии преку креативност и иновации! Ве очекуваме со нетрпение! 😊
-
Оваа платформа е навистина иновативна иницијатива која овозможува пристап до ресурси, информации и едукативни материјали поврзани со родовата еднаквост и вештачката интелегенција. Исто така, претставува одлична алатка за споделување знаење и подигнување на свесноста за инклузивноста. Платформата нуди и информации за алатки со вештачка интелигенција кои можат да се користат за пишување трудови, учење или истражување, што може да биде од голема корист за студентите и истражувачите.
-
Веб-страницата aigender.net е иницијатива на Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет во Скопје, насочена кон користење на вештачката интелигенција (ВИ) за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања. Проектот има за цел да го испита потенцијалот на ВИ во промовирањето на родовата еднаквост и да организира онлајн обуки за родови прашања во истражувањето, преку креирање и одржување на онлајн платформа поддржана од ВИ технологија. На веб-страницата се достапни различни ресурси, вклучувајќи блогови кои дискутираат за улогата на ВИ во промовирањето на родовата еднаквост и влијанието на ВИ врз родовите стереотипи. Лично го тестирав ботот IRS Етички Аналитичар и морам да кажам дека сум позитивно изненаден, откако споделив текст кој сочинуваше одредени вулгаризми ботот успешно проследи детална анализа на истиот. Имено, во мојот текст пронајде Навредлив јазик и Дискриминација за кои даде детални објаснувања, исто така го категоризираше текстот како „вознемирувачки“ бидејќи -цитирано: „изразува навредлив јазик кон одредена цел, без да вклучува насилство или сериозно оштетување.“ Во кратки црти веб-страницата служи како платформа за споделување на информации, ресурси и алатки кои ја поддржуваат интеграцијата на ВИ во напорите за постигнување родова еднаквост, со посебен фокус на академските истражувања и пошироката заедница.
-
Конкретно за целокупниот изглед на веб-страницата, сметам дека е добро организирана, со јасна структура која го олеснува користењето. Навигацијата е интуитивна и достапна на Македонски и Англиски јазик, што е доволно за многу корисници. Иако верзијата за компјутер е функционална, сметам дека верзијата за мобилни телефони е попрактична за користење. Интерфејсот на мобилната верзија е поедноставен и поудобен за навигација, што ја прави повеќе прилагодлива за брзо и лесно пронаоѓање на информациите. На компјутер, иако веб-страницата работи, потребна е дополнителна оптимизација за да се подобри адаптираноста на дизајнот.
-
Онлајн платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција е иновативен ресурс кој ги поврзува современите технологии со целите за зголемена родова еднаквост. Платформата нуди богата информативна содржина, која не само што ги истакнува предизвиците на родовата нееднаквост, туку и предлага конкретни решенија.
-
Платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција претставува иновативен и значаен проект кој ги спојува современите технолошки достигнувања со потребата за поголема родова еднаквост. Содржината е информативна и едукативна. Ми се допаѓа што платформата не само што ги прикажува предизвиците на родовата нееднаквост во контекст на ВИ, туку нуди и конкретни решенија и алатки. Еден од највпечатливите аспекти на платформата е интеграцијата на алатки базирани на вештачка интелигенција. Овие алатки не само што демонстрираат како ВИ може да се користи за промоција на родовата еднаквост, туку и овозможуваат интерактивно искуство за корисниците.
-
Живееме во свет каде дигитално насилство е се по присутно во животот на луѓето. Од оваа причина сакав да видам до какви информации можам да дојдам доколку би се соочил со дигитално насилство и го советував Chat bot-от Cyber. За да дојдам до посакуваните информации му се претставив како личност која секојдневно се соочува со дигитално родово насилство. Ми предложи 5 институции и организации каде можам да се обратам. Ме интересираше кои од овие институции имаат искуство со случаи на дигитално родово насилство. Дознав дека Центарот за жртви на семејно насилство и Кризниот Центар Надеж решаваат вакви случаи. Ова е нешто што не го знаев до денес и сакам да кажам дека навистина ме радува што постојат вакви институции во нашата држава. Сметам дека оваа алатка навистина може да помогне доколку некој се најде во ваква ситуација. Можеби нема да го реши проблемот, но дефинитивно ќе ја упати жртвата на правилно место.
-
Проектот Платформа за родова еднаквост и вештачка интелигенција е важен чекор напред во интеграцијата на напредни технологии со општествени цели. Со својот фокус на родовата еднаквост, има потенцијал да влијае на значајни промени во општествените ставови и да ги поттикне индивидуите да размислуваат за начините на кои технологијата може да служи како алатка за социјална праведност. Сепак, како и со сите иновации, важно е да се работи на подобрување на пристапноста и етиката на овие технологии за да се обезбеди нивно ефикасно и одговорно користење.
Иако веб-страницата е добра во поглед на својот дизајн и функционалност, постојат некои аспекти кои може да се подобрат. На пример:Проширена функционалност: Во иднина, платформата може да се развие преку додавање на повеќе дискусии помеѓу студенти или воопшто помеѓу корисниците на платформата, и едукативни игри, што ќе помогне во зголемување на ангажманот на корисниците.
Најважно според мене е добро да се “изрекламира” платформата, во смисла да се прикаже во училиштата (средни и основни), да има дискусија помеѓу учениците, па така можат и да научат нешто повеќе за родовата еднаквост.
-
Оваа платформа претставува одличен ресурс за истражувачи и научници, нудејќи иновативни алатки и едукативни материјали кои се насочени кон унапредување на истражувачкиот процес. Една од највпечатливите функционалности е “Генератори на истражувачки прашања, проблеми и хипотези”, која овозможува корисниците креативно да размислуваат, да идентификуваат релевантни предизвици и да генерираат нови идеи за своите истражувања. Дополнително, деловите “AI Писменост” и “AI Playground” содржат кратки, но информативни статии за тоа како вештачката интелигенција може да се искористи за справување со дезинформации, што ги прави корисни за сите кои сакаат да се запознаат со оваа тема. Со својата комбинација на практични алатки, едукативни ресурси и лесна достапност, платформата успешно ги поддржува истражувачите и ги инспирира во нивната работа, што ја прави значаен придонес во научната заедница.
Leave a Reply to Антоанета Јорданова Cancel reply