Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.

AIАгент за проверка на текстови

Leave a Reply to Јована Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

636 Comments

  1. Платформата за вештачка интелигенција и родова еднаквост претставува современ и корисен дигитален простор што им овозможува на корисниците брз пристап до релевантни ресурси и алатки. Дизајнот е модерен и визуелно привлечен, со јасно организирани менија кои овозможуваат лесна навигација низ блогот, ресурсите и делот за AI-писменост. Посебно впечатлив е фокусот на едукација за родова еднаквост, поддржан со интерактивни AI-алатки развиени од Институтот за родови студии. Содржините се јасно напишани, прилагодени за поширока публика и достапни на македонски јазик и 7 други јазици, што е голем придонес за локалната дигитална писменост. Платформата остава впечаток на професионално осмислен проект кој има потенцијал значително да ја зајакне свесноста и критичкото размислување во општеството.

  2. Веб-страницата е одлично организирана и многу лесна за користење. Содржините за родова еднаквост и социјална инклузија се јасни, разбирливи и практични, со одлични чекор-по-чекор насоки. AI агентите се особено корисни – нудат брзи, прецизни и интерактивни одговори што навистина помагаат при анализа и планирање. Навистина впечатлива и корисна платформа која мотивира да се работи на поинклузивно и праведно општество.

  3. Ми се допаѓа оваа платформа изгледа модерно и смислено. Идејата да се спојат технологии со теми како родова еднаквост и ЛГБТ-права ми се чини многу корисна и актуелна. Содржините, статии и проекти — се интересни и ми даваат шанса да научам нови работи што не ги читам обично. И, дополнително, мислам дека платформата е добар ресурс ако некој сака да размислува или истражува со поглед кон родови и социјални прашања.

  4. Ми се допадна делот „Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“ бидејќи многу јасно покажува како Ai може да помогне во препознавање и корекција на неточни информации. Агентите се интерактивни, нудат прецизни и корисни насоки и го олеснуваат учењето на комплексни теми. Содржината е релевантна и образовна, а можноста да се користи на македонски јазик ја прави платформата многу достапна за локалната публика. Би предложил само да се подобри визуелниот дизајн и организацијата на страниците за поинтуитивна навигација, но во целина ова е одличен ресурс за едукација и критичко размислување.

  5. Го разгледав сајтот и идејата ми е навистина добра, да се спојат ВИ и родова еднаквост. Содржината е корисна, има блогови и ресурси што можат да помогнат да се сфати темата. Ама, искрено, дизајнот и навигацијата ми изгледаат малку застарено и не баш интуитивни. Форумот е интересен концепт и би било супер да има повеќе активни дискусии и примери од реалниот живот. Делот со „AI агенти“ Би било добро да се развие повеќе за да може човек да види конкретно како изгледа пристрасноста во пракса. Во секој случај, платформата има потенцијал, само треба повеќе работа околу интерактивност и ангажман.

  6. Станува збор за алатка која не само што образува, туку создава подобро, посвесно и критички ориентирано општество. Агентите не само што разбираат што сакам да направам, туку даваат детално и логично ја организираат задачата. Интерфејсот е неверојатно удобен. Сe е блиску, јасно, брзо, а чувството дека работиш во модерена платформа е навистина мотивирачко. Се чувствува дека зад се стои добро осмислена идеја и желба преку вештачката интелигенција да се поттикне образование и свесност за важни општествени теми. Вакви проекти, според мене, заслужуваат поддршка, особено во време кога критичкото размислување и дигиталната писменост се сè поважни. Единствена замерка е дека не ги опишува убаво семинарските, во смисол не препознава дека има поднаслови и булети, и дава различни оценки и различен AI резултат. Пред се предобро е тоа што АИ агентите пишуваат на македонски јазик, тоа е голем плус.

  7. Оваа платформа претставува беспрекорно изведен спој на вештачка интелигенција, образование и општествен развој. Алатка што ти ги трга од пат сите здодевни вештачки чекори и ти дозволува да се фокусираш на суштината, го задржува вниманието и не троши време. Пишувам што сакам да направам и веднаш добивам детално организирани чекори, идеи и документи без да потрошам време на ситници. AI агентите функционираат добро и даваат консистентни, релевантни и интелигентни одговори, притоа прилагодени и на македонскиот контекст, нешто што ретко се гледа. Би можело да се подобри AI score бидејќи дава различен резултат по неколку обиди, како и оцената која ја дава. Дизајнот е чист и удобен, додека функционалностите се прецизно осмислени, а корисничкото искуство е беспрекорно од првиот момент. Интерактивниот систем за препознавање дезинформации, анализата на текстови и специјализираните алатки за родова еднаквост го прават овој проект вистински пионерски.

  8. Четирите блога се убаво осмислени и покриваат навистина значајни теми. Обработуваат области како РЕСИ, примена на вештачка интелигенција во борбата за родова еднаквост и ЛГБТКИ+ права, справување со дезинформации, како и унапредување на научните истражувања преку AI. Овие теми се исклучително актуелни, особено во контекст на современите општествени промени и потребата од поголема дигитална и медиумска писменост. Во целина, блоговите се едукативни, современи и релевантни. Севкупниот визуелен изглед е квалитетно осмислен и овозможува лесна навигација. AI агентите се едни од најсилните елементи на платформата. Нивната интерактивност, јасните насоки и способноста да обработуваат сложени теми ги прават особено вредни за корисниците. Преку нив, платформата не само што е едукативна, туку и динамична и современа.

  9. Платформата е многу лесна за користење, што навистина го олеснува процесот на работа и ориентација. Ботот кој користи ВИ ми остави позитивен впечаток бидејќи помага да се разбере подобро темата, без потреба од дополнителни прашања. и начинот на комуникација и објаснување е преицизен и јасен. Сметам дека оваа алатка може да биде од голема корист за олеснување на процесот на учење.

  10. Баш ми е драго што постои ваква платформа на нашиот македонски јазик, особено со ваква важна тема. Од сите содржини, најголем впечаток ми остави делот „Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“. Многу јасно е објаснето како АИ може да помогне во препознавање и спречување на дезинформации, што мислам дека е особено важно за младите.
    Искрено верувам дека оваа содржина би била многу корисна да ја видат и основци и средношколци, затоа што е едноставна, пристапна и едукативна.
    Со сѐ срце би ја препорачала платформата, бидејќи на интересен начин го приближува АИ и темата за родова еднаквост.

  11. Ги прочитав сите четири блога и ми оставија позитивен впечаток. Темите се разновидни – од објаснување на РЕСИ алатките, до борба против дезинформации и улогата на AI во академските истражувања. Посебно ми се допадна делот со AI агентите, бидејќи нудат интерактивно и практично искуство.
    Агентите за дезинформации и за родова еднаквост ги сметам за најкорисни, затоа што денес има многу неточни информации, а преку нив корисниците можат полесно да учат критички. Платформата е достапна, модерна и едукативна, а фактот што е на македонски ја прави уште попрактична. Во целина, платформата ја препорачувам и сметам дека има голем потенцијал за понатамошен развој.

  12. По прегледувањето на блогот и AI агентите, стекнав впечаток дека платформата претставува многу вреден ресурс за студентите и сите што сакаат да навлезат подлабоко во темите поврзани со родова еднаквост.Тие се покажуваат како исклучително корисни алатки кои нудат прецизни и навремени информации, при тоа лесно се приспособуваат на текот на разговорот. Многу ми се допаѓа нивната интерактивност, бидејќи овозможуваат појасно учење и поактивна комуникација.

  13. Со помош на ВИ ,сметам дека платформата би можела да обезбеди еднаков пристап до информации и ресурси за сите луѓе,што би било особено важно за развојот на инклузивно и модерно опшество.Исто така таа може да помогне во препознавање и намалување на родовата нееднаквост,во повеќето сфери во опшеството.

  14. Платформата претставува вреден придонес во полето на вештачката интелигенција и родовите студии. Одличен пример како академијата може да ја поврзе науката со општествената одговорност. 👏

  15. Одличен пример за тоа како вештачката интелигенција може да се користи за едукација и подигнување на свеста за родовата еднаквост. Ми се допаѓа тоа што има јасна поделба на темите кај чатботовите, а интеракцијата со нив е брза, едноставна и разбирлива.

  16. Содржината е релевантна и има многу ресурси и текстови кои помагаат да се разберат овие прашања. Форумот нуди можност за дискусија и интеракција, што е позитивно, бидејќи овозможува размена на идеи и искуства.

  17. Оваа AI платформа е навистина корисна за истакнување на значењето на родовата еднаквост. РЕСИ ме потсетува на најновите AI платформи, но со јасна општествена цел. Концептот и изведбата се логични, а користењето е едноставно. Содржините се јасни, современи и практични. Посебно ценам што нуди насоки на македонски и одговори што не звучат генерички. Во општество со многу табуа околу родова еднаквост и инклузија, ваков простор за дијалог е потребен. Верувам дека брзо ќе стане широко прифатен.

  18. РЕСИ ме подсеќа на најновото Gemini, само со посебна цел. Конструкцијата и идејата на РЕСИ ми се допаѓа и самата алатка е многу едноставна за користење. Гледам многу начини за користење на РЕСИ, за информации, љубопитност и можеби и “AI-психотерапевт”. Сеуште има многубројни табу теми во нашето општество кога станува збор за родова еднаквост и социјална инклузија, и јас мислам дека голем број на лица би го користеле РЕСИ токму за тие причини, за разговор, што е во ред.
    Секогаш има простор за подобрување и зголемување на нивото на функционалност. Се надевам дека за брзо време РЕСИ ќе биде прифатен и користен.

  19. Сметам дека платформата претставува значајна иницијатива која ја спојува технологијата и вештачката интелегенција со општествени прашања, како родовата еднаквост. Најмногу ми се допаѓа што целиот материјал е достапен на македонски јазик, и ја прави оваа платформа лесна за следење и разбирање, и релевантна за локалната публика, дури и за оние корисници кои не го владеат најдобро англискиот јазик. Исто така, форумот и интерактивните AI агенти им овозможуваат на сите корисници активно да учествуваат во дискусии и да истражуваат различни теми, при што се додаваат динамичност и интерактивност на платформата. За подобро искуство понатаму, платформата може да вклучи дополнителни функции и материјали.

  20. Позитивно сум изненадена што конечно и кај нас е направена една ваква корисна платформа,со различни AI агенти.Посебно ми се допадна агентот за AI против дезинформации во областа на родовата еднаквост.Платформата е достапна,разбирлива и корисна за сите кои сакаат да се информираат и научат повеќе на овие теми.Особено ја препорачувам на младите кои секојдневно се изложени на различни дезинформации.Вештачката интелигенција и родова еднаквост претставува чекор напред во социјалните науки.Овде може да видиме како напредната технологија може да се користи за социјална промена и едукација.
    -Голема поддршка за целиот тим на Родови студии. 👏

  21. AI платформата како што е РЕСИ е навистина од голема корист за да се назначи значајноста на родовата еднаквост. Можноста за добивање на насоки на македонски јазик и добивање на стручен негенерички одговор за самата област е посебно добро и лесно за користење. Помеѓу AI алатките посебно ми се допадна Prompt generator кој убаво те води како правилно да поставиш добар промпт и да го добиеш посакуваниот одговор со конкретната улога. Единствена забелешка ми е изгледот на интерфејсот на некои од страните кој може да се подобри, освен тоа функционалноста е одлична.

  22. РЕСИ е одлична платформа што ми остави многу позитивен впечаток. Ми се допаѓа како ја комбинира технологијата со теми како родова еднаквост и социјална инклузија. Сè е јасно објаснето, модерно и корисно, особено за оние што сакаат да научат повеќе и да придонесат кон порамноправно општество.

  23. Искрено сум пријатно изненаден од платформата, особено затоа што обработува теми поврзани со родова еднаквост и општествена вклученост на модерен и технолошки начин. Ми се допаѓа што се користи вештачка интелигенција за едукативни цели и што проектот е развиен кај нас во Македонија. Најмногу ми остави впечаток страницата за РЕСИ, бидејќи агентите таму нудат корисно и интерактивно искуство преку различни видови разговори и водичи. Би било уште подобро доколку во иднина се додаде можност и за разговор преку глас, за да биде платформата уште подостапна за сите.

  24. Платформата навистина корисна и понудува одлични алатки, особено кога станува збор за проверката на семинарски работи. Алатката за проверка на текстови се истакнува како една од најдобрите што сум ја користела. Деталниот преглед на работите и препораките што ги дава за подобрување на текстот се феноменални и го олеснуваат процесот на пишување. Овој дел од платформата е навистина корисен за сите студенти кои сакаат да го подобрат квалитетот на своите текстови.
    Иако функционалностите се одлични, треба да се напомене дека самиот изглед на сајтот не е на највисоко ниво. Изгледа како да е направен со минимален акцент на визуелниот дизајн и корисничкото искуство. Дизајнот може да се подобри значително, особено ако се има предвид важноста на платформата и широкото ниво на користење. Некои елементи изгледаат недовршено и неинтуитивно, што може да ги одврати корисниците кои бараат поголема естетика и леснотија при навигација.
    Сепак, функционалноста на платформата ги надминува недостатоците во дизајнот, и ако се направат подобрувања во изгледот, сигурно ќе се постигне уште поголем успех. За корисниците кои го ценат квалитетот на алатките над изгледот, ова е одлична платформа која дефинитивно вреди да се користи.

  25. Мислам дека платформата е одличен и значаен проект што ја комбинира технологијата со општествената свест. Употребата на вештачка интелигенција за тема како родова еднаквост е многу импресивна и покажува како иновацијата може да ја поддржи едукацијата и отворената дискусија. Содржината е интересна и внимателно осмислена, иако дизајнот и навигацијата на веб-страницата би можеле малку да се подобрат за полесна употреба. Многу е убаво што имаме нешто вакво развиено во нашата земја. P.S. Како некој што не зборува течно македонски, многу ми се допадна TRANSLATE дел како е интегриран.

  26. Оваа платформа што ја направија е многу кул и корисна работа.Ми се допаѓа што е многу современа, а и што користи вештачка интелигенција за нешто толку важно како родова еднаквост. Навистина е одлично што нешто вакво е развиено тука кај нас во Македонија , и што можеме да имаме вакви алатки што ни помагаат да смe пообразовани во овие теми.Ова е одличен пример како технологијата може вистински да помогне во општеството и мислам дека повеќе млади би требало да ја пробаат и да се информираат преку вакви проекти.

  27. Искрено сум пријатно изненадена од постоењето на една ваква платформа и тоа за тема на студии кои не се од техничко-информатичкиот инженеринг. Ова е само доказ со кој се истакнува важноста на темите од родовите студии, затоа што сепак прво сите сме луѓе со свои индивидуални посебности кои дури потоа со примена на вештачката интелигенција бараме да бидеме полесно прифатени од средината околу нас. Во таа насока би сакала да кажам дека најсилен впечаток ми остави страницата за РЕСИ заедно со AI агентите на нејзе кој го прават корисничкото искуство во потполност со можност пред се со: предефинирани теми за разговор, поставување на најразлични прашања, референцирање до останата онлајн литература, поставување на документи и сл, но јас би додала само една сугестија за подобрување во иднина, а тоа е овозможување и на разговор преку глас (voice bot), за да може во целост да се оправдаат самите теми на платформата, прво преку Родовата Еднаквост и Социјалната Инклузија за сите луѓе, која потоа ќе се преточи и во борбата против Дезинформациите во интернет светот, а со тоа ќе се унапреди и Родовата еднаквост во академските истражувања.

  28. Ми де допаѓа идејата за креирање и целосната реализација на оваа платформа.
    Во време кога вештачката интелегенција го следи трендот на напредок, ова е пример како треба сето тоа да изгледа.

  29. Би сакала да почнам со коментар општо за идејата и целта на платформата. Ми се допаѓа тоа што се обработуваат теми кои општо се сметаат за „табу“, доста позитивно e што се анализираат. Од кориснички аспект, сметам дека платформата има простор за подобрување на дизајнот и навигацијата. На почеток ми беше тешко да се снајдам, бидејќи не ми беше веднаш јасно која е целта и структурата на страниците. Како веб страница ја одбрав “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“ бидејќи најмногу ми остави впечаток ИнфоТрак агентот. Прво почнува намерно со неточни податоци и доста добро ги анилизира фактите и формулира точен одговор, вклучувајќи и дополнителни информации со кои го потврдува неговиот став / одговор. Тестирав и 2-3 други агенти од другите страни и сметам дека е малку збунувачки тоа што има повеќе агенти насекаде низ страниците, а релативно за доста слични теми се работи.

  30. Многу пати сум бил во ситуација да сакам да истражувам за различни теми, да прочитам мислење на другите во врска со тие теми, или да најдам дополнителна литература. Платформата ги нуди сите тие работи.
    Најмногу ми се допадна страната “Користење на вештачка интелигенција за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања”. Почетната страница има различни блогови, тоа ми остави впечаток, за разлилни теми во опсегот на платформата, а за секој од нив се нудат книги, и АI агент со кој можеш да комуницираш за било кое прашање.
    Иако платформата е добро смислена, таа има и некои недостатоци како што е распоредот на заглавието, кој што би сакал да биде покатегоризиран и по јасен за новите корисници. Освен општиот распоред на платформата, ми се допаѓа тоа што му го нуди на корисникот.

Leave a Reply to Јована Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »