Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.
ФОРУМ

636 Comments
-
Ги разгледав дел од блоговите кој се поставени како и АИ агентот за проверка на текстови. Сметам дека се доста корисни и се пронаоѓаат во секојдневието. Особено ми се допаѓа начинот на кој што АИ агентот враќа на пораките и начинот на кој што пробува да го продолжи разговорот со давање на слични идеи за тоа што го прашуваме. Исто така ми се допаѓа тоа што има опција за враќање на постари четови со АИ агентот што значи дека може да збориме за различни теми и да се навратиме на некоја претходна тема. Веб страницата е добро направена и лесна за користење.
-
Моето мислење е дека AI агентите на платформата се многу корисни и интересни. Тие помагаат да се добијат точни и релевантни информации, притоа го следат текот на разговорот и овозможуваат интерактивно учење и комункација. Особено ми се допаѓа тоа што може да се користат за едукација и критичко размислување околу некои општествени теми.
-
Откако ја разгледав страницата, можам да кажам дека идејата зад неа ми се допаѓа исклучително многу, бидејќи ја обработува една од најактуелните теми во денешното дигитално време — дезинформациите. Во период кога сме постојано опкружени со голем број извори на информации, темата за препознавање и справување со лажни вести е повеќе од потребна. Особено ми се допаѓа тоа што платформата ја поврзува оваа проблематика со вештачката интелигенција и родовата перспектива, бидејќи ретко се среќава ваков пристап каде што технологијата не се користи само за технички цели, туку и за општествено значајни теми.
Она што ми остави позитивен впечаток е идејата дека преку AI-агенти може да се едуцираме како да ги препознаваме дезинформациите, како да проверуваме извори и како критички да размислуваме за содржината што ја консумираме. Ова не е само технолошка, туку и образовна вредност. На овој начин, платформата покажува дека вештачката интелигенција не мора да биде закана, туку може да биде партнер во борбата против манипулацијата со информации.
-
Разгледав дел од блогот и AI агентите и сметам дека платформата е многу корисна за студентите и за сите заинтересирани за родова еднаквост. Агентите добро го следат контекстот на разговорот, а одговорите се прецизни. Би било корисно ако се направи едноставно упатство или кратка претстава на агентите при првата интеракција.
-
Веб-страната ми се допадна, лесно се видливи сите елементи и лесна е за користење исто така има многу добра естетика. Ми се допадна бидејќи има обработено многу теми во врска со родовата еднаквост и исто така во делот Блог можат да се истражат и научат нови работи . Го испробав AI агентите и забележав дека ботот добро се прилагодува на контекстот на разговорот и успева да го следи текот на дискусијата исто така ми се допадна што се лесни и брзи за користење. Мое мислење што може да се подобри кај AI агентите е претставувањето да се направи еднаш, наместо при секој одговор.
-
Убаво е што постои ваква платформа која претставува важен ресурс за сите кои се заинтересирани за теми поврзани со родот и вештачката интелигенција, промовирајќи знаење и разбирање во овие области. Платформата успешно ги приближува темите за родова еднаквост и инклузија на еден модерен и достапен начин. Комуникацијата со АИ агентите е пријатна и корисна, а одговорите се секогаш соодветни. Во целина, платформата остава впечаток на промислена, современа и општествено одговорна иницијатива.
-
Користење на AI агентот е корисно искуство. Убаво ги објаснува одговорите со тон на почит. Исто така многу ми се допадна тоа што може да даде практечни совети и примери. Вакви алатки треба се почесто да се применуваат во образованието.
-
Потенцијалот на вештачката интелигенција да ја поддржи родовата еднаквост во академскиот свет е значителен. На една страна, таа нуди моќни алатки: од објективна анализа на научни трудови за да се идентификуваат суптилни родови пристрасности, до создавање прилагодени обуки кои ја зголемуваат свеста и знаењето. Од друга страна, овој пат не е без замки; бидејќи AI системите самите можат да ги пренесат предрасудите присутни во податоците со кои се обучаваат. Затоа, иднината на оваа технологија во академијата не зависи само од нејзините можности, туку и од нашата способност да ја примениме на етички и транспарентен начин.
-
Овој бот за вештачка интелигенција навистина ми се допадна. Беше одлична помош, нудејќи јасни и корисни одговори за тоа како жените во ИТ-индустријата, особено во Велика Британија, можат да добијат поддршка. Разговорот не остана само на почетната тема, туку детално ги истражуваше и сите поврзани прашања.
Најмногу ги ценам практичните решенија што ги нудеше, вклучувајќи препораки за менторски програми. Исто така, ботов покажа и разбирање за потребите на младите жени од помали средини, давајќи им корисни совети за стекнување на вештини, изработка на портфолио и проширување на професионалните контакти. -
Ми се допаѓа веб страната бидејќи е лесна за користење и е многу прегледна и пред се има добра естетика. Навигацијата е едноставна и исто така распоредот и сликите и целата содржина на неа е јасно организирана. Особено ми се допаѓа АИ агентот за проверка на текстотви кој е од доста голема корист.
-
Страната е естетски добро изработена, лесна за навигација и користење. Чат ботовите се корисни и даваат добри и релевантни информации, ги тестирав, едино што би дал забелешка е дека не мора да ни се претставуваат секој пат кога ке поставиме прашање и сите чат ботови би можеле да се спојат во еден којшто ке одговара за сите прашања поврзани со родови студии. Инаку идејата ми се допаѓа, мислам дека е доста корисна за секој кој сака да се едуцира на полето родова еднаквост. Ми се допаѓа тоа што автоматски генерира прашања поврзани со претходното прашање што сме го поставиле, навистина многу корисна алатка.
-
Платформата ми остави добар впечаток и сметам дека на сите студенти ќе им биде од корист. Нуди голем број можности и одговори на прашања и дава добри извори за истражување за понатамошно пишување на семинарски изработки или воопшто за учење. Свесни сме дека ВИ стана наша реалност и откако почнавме нагло да ја користиме не можеме студиите да ги замислиле без неа. Лично сметам дека може и сами да се потрудиме да најдеме информации што ни се потребни, но со ВИ е побрзо. Исто така нуди и проверка на информации. Ја разгледав платформата и ВИ асистентите ( тестирав за специјална едукација и рехабилитација и родови студии со одредени прашања точно/неточно, и барав специфична литература која ја добив) и ја препорачувам.
-
Вештачката интелигенција стана голем дел од нашиот секојдневен живот, од едноставни прашања до помош со училишните обврски. Го разгледав овој блог и оној што ми го привлече вниманието беше Вештачка интелигенција за родова еднаквост и ЛГБТКИ+ Empowerment, Safety, and Resilience. Преку едноставен разговор добив јасни одговори за она што го барав, со повеќекратни објаснувања и дополнителни линкови за подетално пребарување. Платформата е исто така лесна за користење и мислам дека ова би им било од помош на идните студенти.
-
Првичната платформа е добро направена, лесна е за навигирање и естетски пријатна. Јас лично сметам дека нема потреба од Блог бидејќи е малце застарен начин за прикачување на текстови или чат ботови. Го тестирав РЕСИ ботот за родова еднаквост и социјална инклузија и можам да кажам дека идејата и функционалноста на ботот се одлични, но сметам дека нема потреба од 3 различни чат ботови. Нема потреба да има еден бот што ќе е водич, еден за чекор по чекор да објаснува и еден за нормални разговори. Мислам дека може сите три да се склопат во еден чат бот. Исто така, почетната страна на РЕСИ ботот не е баш нај естетски привлечна.
-
Најмногу впечаток ми остави тоа што има неколку АI агенти кои на различен начин доставуваат точни информации за тоа што го истражувам. Платформата е доста лесна за употреба и креативна. Ми се допадна тоа што сите информации се прецизни и релевантни без да се излегува од контекст. Дефинитивно ќе продолжам да ја користам и во иднина.
-
Она што веднаш го привлече моето внимание е што има неколку AI агенти кои на различен начин даваат точни и сигурни информации за тоа што го истражувам. Платформата е доста креативна и лесна за користење. Многу ми се допадна тоа што платформата обезбедува прецизни и релевантни информации, фокусирајќи се на моите конкретни потреби без да отстапува од контекстот. Дефинитивно ќе продолжам да ја користам и во иднина.
-
Идеата за креирање на ваква платформа, согласно со денешниот развој на технологијата посебно во делот на вештачката интелегенција, представува огромен чекор напред кон подобрување односно креирање на еден вид нова ера на учење, унапредување и развивање на нови вештини. Како и за професорите, така и за студентите сметам дека оваа платформа ќе биде од голема помош, ќе го олесни учењето, ќе допринесе на многу побрз начин да се доаѓа до посакуваните цели и резултати. Искрено многу ми се допаѓа целиот концепт како до сега се реализира целиот овој концепт и сакам да изразам голема благодарност до целиот тим, кој што секојдневно работи на оваа платформа со цел нејзино надградување и подобрување.
Со почит,
Катерина -
Платформата ми остави добар впечаток. Особено ми се допадна изгледот – естетски е пријатен, организиран и лесен за навигација, што го прави користењето многу удобно и привлечно. Ми се допаднаа AI агентите – навистина се впечатливи и можат многу да помогнат, особено кога бараш брзи информации или совети. Дополнително, ми се допаѓа тоа што платформата нуди простор за учење, размена на искуства, што ја прави корисна и инспиративна за сите кои сакаат да се вклучат во светот на вештачката интелигенција.
-
Платформата е интересна и ми остави одличен впечаток со тоа што на иновативен начин ја поврзува технологијата со општествените вредности. Корисничкиот интерфејс е јасен и интуитивен, што овозможува лесна навигација и пријатно корисничко искуство. Особено ми се допадна начинот на кој AI агентот дава одговори поттикнувајќи критичко размислување без наметнување ставови. Вакви проекти се пример како вештачката интелигенција може да се искористи за позитивни и образовни цели.
-
Платформата ми остави навистина позитивен впечаток , таа е одличен пример за тоа како технологијата, особено вештачката интелигенција, може да се искористи во насока на промовирање на родова еднаквост и социјална инклузија. Вакви иницијативи се ретки, но исклучително важни, и затоа оваа платформа заслужува поддршка и внимание. Целиот концепт изгледа внимателно осмислен, со јасна идеја и современ пристап.
Корисничкиот интерфејс е едноставен што го прави користењето лесно. Посебно ми се допадна chatbot-от. Неговите одговори се јасни, добро формулирани и секогаш во неутрален, инклузивен тон што поттикнува доверба. Севкупно, платформата остава впечаток на внимателно развиен, корисен и етички насочен проект што успешно ја спојува технологијата со човечките вредности. -
Платформата со AI-агентите функционира одлично. Интерфејсот е јасен и лесен за користење. Времето на одговор е солидно. Во врска со самите агенти, одговорите на сите прашања беа јасни, внимателно формулирани и лесно разбирливи. Поентата беше конкретна за секој одговор и немаше двосмисленост на одговорите. Особено е важно што ботот нуди информации, а не наметнува конкретно мислење. Заклучокот е оставен на самиот корисник. Извадов добра порака комуницирајќи со AI агентот – Chatbot Cyber против дигиталното родово базирано насилство. Постои голем потенцијал за платформата и вреди да се поддржи.
-
Платформата има чист и јасен интерфејс, лесен за користење без непотребни елементи. Chatbot-от е неутрален и инклузивен, одговара на прашања внимателно, но недостасуваат подлабоки AI анализи и препораки. Добра иницијатива за дигитална едукација, но би било подобро да има повеќе интерактивни и напредни AI можности.
-
Вештачката интелигенција денес игра голема улога во секојдневниот живот и тешко е да се игнорира нејзиното присуство. Ми се допадна начинот на кој оваа страница ја користи технологијата за општествено значајни теми – нуди информации за родова еднаквост и помага подобро да ја разбереме ЛГБТКИ+ заедницата. Пробав и да комуницирам со AI агентот – добив брзи, јасни и корисни одговори, што остави позитивен впечаток.
Сметам дека ваков тип платформи се навистина потребни, не само за вакви прашања туку и за други важни области, како што се економијата или образованието. Ова е добар пример за тоа како технологијата може да се употреби на паметен и корисен начин.
-
Целата платформа е доста интересна, затоа што спојува две теми кои ретко се среќаваат заедно – вештачка интелигенција и родова еднаквост. Мислам дека тоа е современ и корисен пристап, особено затоа што технологијата може многу да помогне во намалување на родовите разлики и промовирање еднаквост.
Во целина, мислам дека платформата има голем потенцијал и е вредна за поддршка. Се гледа дека зад проектот стои тим со идеја и научна основа, но треба уште работа околу техничката изведба, активноста на форумот и практичната примена на АИ-агентите. -
Chatbot-от „Empowerment, Safety, and Resilience“ претставува одличен пример за тоа како технологијата може да се користи за општествен напредок и поддршка на вредности како еднаквост, инклузивност и почит. Она што најмногу импресионира е начинот на кој ботот комуницира. Одговорите се внимателно формулирани, со тон кој е истовремено професионален и пријателски. Се чувствува дека зад секој одговор стои идеја за поддршка. Особено е важно што ботот не наметнува мислење, туку нуди информации, совети и насоки што му помагаат на корисникот сам да размислува критички и да донесува свои заклучоци. Импресивно е и тоа што ботот демонстрира чувствителност кон теми што бараат емпатија и разбирање. Без осуда, без предрасуди – создава простор каде секој може да постави прашање, да побара совет или едноставно да биде сослушан.
-
Имав можност да го тестирам chatbot-от „Empowerment, Safety, and Resilience“. Најпрво, сакам да истакнам дека корисничкиот интерфејс е едноставен, јасен и интуитивен, без непотребни елементи што би го одвлекле вниманието на корисникот. Во однос на самиот бот, одговорите се внимателно формулирани, неутрални и инклузивни, без забележлива пристрасност. Посебно ми се допадна што при секој одговор вклучува дополнителен линк за пребарување на Google, што им овозможува на корисниците да го продлабочат своето знаење и да истражуваат повеќе за темата.
-
Во време кога дезинформациите се сè поприсутни, особено во теми поврзани со род, оваа платформа е важен чекор кон дигитална писменост и критичко размислување. Таа не само што ги разобличува манипулативните содржини, туку и ги охрабрува корисниците да станат активни учесници во градењето праведно општество.
-
Сите веб страни и нивните агенти се јасно дефинирани и имаат конкретна цел но и примена. Особено ме заинтересираа РЕСИ (Родова Еднаквост и Социјална Инклузија) и Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост. Го одбрав сајтот против дезинформациите бидејќи истите се многу распростанети во денешно време со сите интернет можности, алатки и платформи. Четирите AI агенти се коретктни бидејќи даваат одговори со образложение и информациите за нив самите се јавно достапни од кого и како се дизајнирани. Мојот фокус беше на Инфотрак агентот кој можам да кажам најинтересно ми се представи и го привлече моето внимание па одлучив да видам како истиот проверува дали нешто е дезинформација или не. Слободно можам да кажам дека ова е навистина фокусирана алатка, сосема легитимна според моето познавање на светот на технологијтата и интренетот бидејќи чекорите од кои се состои процеост на проверка е навистина добро организиран. Неговата методологија се базира на:
Систематска проверка на повеќе извори
Користење на специјализирани алатки за верификација
Анализа на контекст и временска рамка
Проверка на кредибилитет на изворите
Споредба со официјални документи и примарни извори.
На сите овие чекори кои се супер би додал и чекор за аналитичка анализа, колку луѓе прашале за истата информација во кој период со цел да се знае кога истата информација одекнала на интернет или во јавност. -
Го пробав AI агентот за проверка на текстови. Можам да кажам дека е прилично лесен за користење и брзо дава резултати. Интерфејсот е едноставен, не ти треба голема техника за да го користиш. Има добар систем за проверка и помага да се забележат грешки што инаку би се пропуштиле.
-
AI агентиве даваат детални одговори на сите промптови и не се воопшто површни, а сепак јасни и концизни. Искрено, живееме во време на родови стереотипи, осудување и манипулации околу родовите прашања така да платформава може да биде од гоолемо значење за нас како млади да ни помогне во едукацијата. Мислам дека за разлика од нас луѓето (кои често сме под влијание од лични ставови и предрасуди) аи агентите немаат такви предрасуди и објективно препознаваат нееднаквост. Најинтересна ми е страната ,,Со вештачката интелигенција (АI) против дезинформации во областа на родовата еднаквостʼʼ затоа што се поттикнува малку повеќе да размислиме за говорот на омраза што секојдневно не опкружува и имаме малку повеќе култура на тема-родова еднаквост.
Leave a Reply to Габриела Cancel reply