Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.
ФОРУМ

756 Comments
-
Вештачки интелигентните четботи можат да служат како водичи за родовата еднаквост и медиумската писменост, но за да бидат ефективни, не треба само да пренесуваат информации, туку и да ги поттикнуваат корисниците критички да размислуваат. Денес, луѓето имаат лесен пристап до информации, но честопати без да ја проверат точноста на содржините што ги среќаваат, особено на социјалните мрежи.На пример, во однос на родовата еднаквост, четботите можат да помогнат во рушење на погрешните перцепции за родовите разлики. Генерализации како „жените се почувствителни, а мажите порационални“ се погрешни и можат да бидат коригирани со покажување дека способностите и донесувањето одлуки не се поврзани со полот. Во оваа насока, четботите можат да понудат историски и современи примери кои покажуваат дека жените се исто толку успешни во науката, уметноста и лидерството како и мажите. На пример, придонесите на Мари Кири во науката или на Ада Лавлејс во технологијата можат да помогнат во промена на овие перцепции.
Слично, кога станува збор за медиумската писменост, четботите можат да ги научат луѓето како да ги проверуваат информациите што ги среќаваат. Денес, дезинформациите и лажните вести брзо се шират. На пример, ако некој наиде на лажна вест на социјалните мрежи, четбот може да го насочи со прашањето: „Дали оваа вест е веродостојна?“ Покрај тоа, четботите можат да ги поттикнат корисниците да размислуваат критички со прашања како „Кој е изворот на оваа информација?“ или „Дали ова е потврдено од официјални извори?“ Сепак, за да бидат ефективни, четботите треба да комуницираат на природен и пријателски начин, наместо да користат премногу формален или академски јазик. Луѓето полесно прифаќаат информации кога тие се претставени преку природен разговор, наместо преку поучен и строг тон.
Заклучокот е дека четботите поддржани од вештачка интелигенција можат да бидат моќна алатка за подигнување на општествената свест. Сепак, за да се постигне тоа, тие не треба да бидат само системи што пренесуваат информации, туку интерактивни водичи кои ќе ги насочуваат луѓето да размислуваат и да поставуваат прашања. Доколку се дизајнираат правилно, овие четботи можат да помогнат во зголемување на свесноста за родовата еднаквост и развојот на медиумската писменост, со што ќе придонесат за создавање на поинформирано и поосвестено општество. -
Неодамна започнав со разговор со четботот ИРС Claude, кој се претставува како асистент на Институтот за Родови студии. Тој нуди лесен разговор, брзи и добри одговори. Овие денови го имам прашано околу 20-30 прашања околу поврзаноста на вештачката интелигенција и родовите предрасуди во научните истражувања и ми ги објасни сите работи што ме интересираа на таа тема. Има фин пристап, учтив, брзо наоѓа одговори на моите прашања и многу сум задоволна од разговорот. На оваа тема ми даде и одлични релевантни примери за посликовито разјаснување на работите. Убаво е и тоа што дава препораки за литература, што може да им користи на одредени студенти, па и професори во текот на истражувањата. Дефинитивно го препорачувам на студенти, да го пробаат, да направат фин разговор со него и да се уверат во моите зборови.
-
Ги отворив четботовите без никакви очекувања, и можам да кажам дека по големиот број прашања и барања што ги поставив до ботовите, сум навистина позитивно изненадена. Овие четботови, особено ВИ родовиот едукатор, можат да бидат од голема корист за продолжување на образованието на ова поле во нашето општество, а истовремено може да биде од голема помош за заедницата, особено помладите, како безбеден простор за осознавање за себеси, и пристап до важни информации и организации кои работат за правата на заедницата.
Нешто што би можело да се подобри во иднина е модифицирање на четботот да има почовечки пристап и начин на изразување и интеракција со корисниците. -
Верувам дека овој проект има огромен потенцијал да го прошири нашето разбирање на прашањата поврзани со родовата еднаквост. Разговорите што може да се водат со трите AI агенти се многу интересни и се корисни за спречување на дезинформации, кои на дневна основа се среќаваат на интернет и социјалните мрежи. Со АИ Етичкиот Аналитичар, има можност за анализа на фотографии со цел да се идентификуваат говор на омраза, неетички изјави и слични непријатности. Родовиот едукатор, пак, може да одговори на прашања како „Што претставува феминизмот?“ или „Што е родова еднаквост?“, што се актуелни теми во денешното општество, често погрешно дефинирани и толкувани. И, конечно, тука е AI Chatbook прирачникот, кој може да биде од голема помош во зголемување на медиумската писменост, спречувајќи уште поголемо продлабочување на родовата нееднаквост.
-
Во брзиот начин на живот и ресурси кои ни помагаат при остварување на наите цели сметам дека оваа платформа е голема олеснителност за доедукација која нуди брз, ефективен и организиран пристап на информации поврзани со родовата еднаквост помеѓу луѓето и заедниците. Чет-ботовите се една од најновите технологии која значително го олеснува пристапод до информациите, затоа и оваа веб платформа е толку ефективна. Со помош на прашањата кои ги поставуваме на чет ботовите многу лесно може да добиеми одговори кои се конкретни и информативни. Од најголем интерес за мене е ботот:-” IRS Етички Аналитичар AI”, со тестирање на ботот наменет за дигиталното насилство сметам дека е навистина функционален во однос на коректни и прецизни информации кои не учат колку е се застапено насилството, а и не учат како полесно да се справиме со истото односно како да помогнеме доколку некој друг се соочува со ваков проблем. “AI Родов едукатор”- како личност која го застапува женскиот род од голема важност за мене е соодветно третирање кон жената, сметам дека не треба еднаквост, но треба компатибилност за што поставив неколку прашања на самиот бот, најмногу ми го привлече вниманието одговорот на прашањето “Што е феминизам?”, за што сметам дека одговорот е доста изворен односно има доста информации за едуцирање но сепак сметам дека може да се доразвие со што одговорите би биле повеќе рационални( базирани според жени кои ги водат овие движења), отколку научни(базирани на историски и сегашно факти). Како заклучок, задоволна сум од информациите кои ги научив за родовата еднаквост и се радувам бидејќи истото е олеснето со помош на вештачката интелигенција која е една од важните карактеристики во мојата кариера.
-
Супер ми е концептот на проектот, особено како AI агентите се користат за препознавање дезинформации и подигнување на свесноста за родова еднаквост. Ова е многу актуелно и важно во денешно време, кога на интернет често се среќаваме со манипулативни информации и говор на омраза. Интересно е што секој агент има своја специфична улога и функција во рамките на проектот. На пример, некои агенти се насочени на препознавање дезинформации, додека други се посветени на образованието за родова еднаквост и ЛГБТКИ+ прашања. Ова го прави проектот многу поорганизиран и интерактивен, што го прави полесен за користење и разбирлив за секој корисник.
-
Овој веб-проект е иновативен пристап во борбата против дезинформациите, комбинирајќи вештачка интелигенција со образовни цели во областа на родовата еднаквост. Поддржан од Акција Здруженска и Институтот за родови студии, проектот обезбедува интерактивни AI агенти кои нудат аналитички и едукативни услуги.
Најинтересниот аспект е начинот на кој AI ги обработува информациите. Етичкиот Аналитичар ги анализира манипулативните содржини и говорот на омраза, помагајќи во препознавање на штетни наративи. Родов Едукатор пак, служи како информативен ресурс за родовите права и ЛГБТКИ+ прашања. ВИ четкнигата промовира медиумска писменост, што е клучно во денешното дигитално општество.
Овој проект не само што овозможува критичко размислување кај младите, туку и демонстрира како технологијата може да се искористи за позитивни општествени промени. Интерактивноста и информативниот карактер го прават овој пристап привлечен и функционален во борбата против дезинформациите.
-
Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост
Ги тестирав овие три AI Агенти и ми беше навистина интересно да ги истражам нивните различни функционалности. Секој од нив има свој уникатен фокус и ја исполнува својата цел. „Етички Аналитичар AI“ е навистина корисен за препознавање дезинформации и развивање критичко размислување. Особено ми се допадна што му пратив фотографии и тој успеа да анализира и укаже дали има неетички елементи, говор на омраза или дезинформации. „Родов Едукатор“ нуди детални и точни одговори на прашања поврзани со родовата еднаквост и ЛГБТКИ+ заедницата. „AI Chatbook“ пак, на интерактивен и едукативен начин обработува теми како медиумска писменост и информациски неред. Тој ми понуди корисни алатки за разликување на веродостојни информации од манипулативни, што е многу корисно за критичко размислување во дигиталниот свет. Сите Четботови беа интуитивни и лесни за користење, што ги прави одлични за студенти и сите кои сакаат да се информираат на овие важни области. Сметам дека овие AI четботови се неверојатни ресурси за учење, кои имаат голем потенцијал да придонесат во развојот на критичко размислување и образованието на корисниците. -
IRS Етички Аналитичар AI е чет-бот дизајниран да анализира дезинформации и говор на омраза, особено во контекст на родовата еднаквост и етиката во медиумите. Користи вештачка интелигенција за препознавање на манипулативни содржини, овозможувајќи корисниците да стекнат критичко размислување.
Интерфејсот е интуитивен – корисниците внесуваат текст или линк, а ботот нуди детална анализа со објаснувања и препораки за дополнителна литература. Ова го прави корисен за студенти, истражувачи и оние што сакаат подобра медиумска писменост.
Со оглед на зголемениот број дезинформации во дигиталната ера, вакви алатки се клучни за поинформирано и одговорно користење на онлајн содржините. -
Во времето во коешто живееме со интернетот како главна алатка која се користи до степен на зависност, дезинформациите и мисинформациите се шират неконтролирано. Ова е особено точно за темите како родова и полова еднаквост, феминизам, ЛГБТКИ+ и социјалната инклузија кои до пред скоро, а и сѐ уште претставуваат табу тема за голем дел од популацијата. Оваа специјализирана платформа со помош на различните блогови и вештачката интелигенција, може да помогне во прифаќање и разбирање на овие теми, како и во ширење на точни информации во борбата против дезинформациите и мисинформациите.
Изгледот на платформата е убаво структуриран, поделен на различни секции до кои може да се стигне преку линковите во навигациската лента, каде по клик на некој линк можат да се добијат повеќе информации за конкретната секција. Платформата ги опишува целите за нејзиното креирање, односно истражувањето за AI ботовите и спроведувањето на онлајн обуки од споменатите теми. Платформата нуди различни специјализирани ботови за различни намени според споменатите теми. Со овие ботови можеме да разговараме за нашите мислења и да поставуваме прашања со цел да се информираме подобро. Во страниците за ботовите, претставени сме со добра структура каде има почетни прашања, при чиј клик добиваме објаснувања кои ни помагаат да разбереме за што е специјализиран ботот и како можеме да го користиме според тоа. Има опции за прикачување на документи и слики од кои ботот може да дава одговори, што е софистицирано и добро. Исто така има опција за нов разговор, како и историја на нашите разговори со што можеме да имаме различни теми на разговор кон кои можеме да се навратиме и да ги продолжиме.
И покрај убавите работи кои содржински ги нуди платформата, според мене има простор за подобрување во неколку точки во однос на визуелниот/функционалниот аспект:
1. Некои линкови во навигациската лента нѐ насочуваат кон друг веб сајт (во нов таб на прелистувачот), којшто претпоставувам е дел или претходна верзија на овој сајт. Ова доведува и до поделеност на блоговите и ботовите во едниот и во другиот сајт. Комплетна интеграција каде сите работи од една секција би биле на едно место, каде би немало пренасочувања и отворање на нови табови, би било идеално решение.
2. Според претходната точка, кога би се направила посебна страница за „Блог“ во овој веб сајт, почетната страница на платформата би можела да содржи краток опис за платформата и нејзините цели, со што би се тргнале блоговите и би се ставиле во страницата „Блог“. Може да се направи почетната страница да ги содржи само скорешните(recent) или најпопуларни блогови со цел да не се натрупува со многу работи.
3. Менито коешто се наоѓа во навигациската лента(најлево на лентата) не треба да се прикажува кога го посетуваме веб сајтот на лаптоп или компјутер, туку само кога ја посетуваме од уред со помал екран. Моментално доколку кликнеме на менито на уред со голем екран, содржината во него се разликува од таа со мал екран. При клик на менито на уред со мал екран, претставени ни се линковите кои ги има во навигациската лента и тоа е добро, но при клик на менито на уред со голем екран, во менито има различни секции: Search, Recent posts, Categories, Find Us.
– Recent posts(blogs), како што споменав во претходната точка, мислам дека е подобро да стојат во почетната страница.
– Search полето би можело да се тргне бидејќи го има во вистинската навигациска лента.
– Find us секцијата е иста како Контакт страницата до која веќе може да се пристапи од вистинската навигациска лента и би можела да се тргне.
– Categories може и да се тргне целосно или да се стави во посебна страница.
Според ова, подобро е да се тргне менито на уреди со голем екран и да се стават секциите на предложените места или целосно да се тргнат.
4. Моментално линковите за социјалните мрежи немаат функција, така што би било соодветно да пренасочуваат кон соодветната страница на избраната социјална мрежа кога таа ќе биде направена.
5. Полињата за лични информации при оставање на рецензија, односно коментар во форумот, се пополнети од претходни корисници кои оставиле коментар. На пример, кога јас сакав да оставам коментар, полињата беа пополнети од корисникот Наум Милески. Би требало полињата да бидат празни на почеток за секој корисник.Генерално платформата работи одлично и ова беа само предлози за подобрување. Идејата зад платформата е многу добра. Таа ги исполнува целите кои ги дефинира со помош на многуте ботови кои се корисни и специјализирани, и содржината која што ја има е интересна и актуелна.
-
Тестирајќи ја платформата AI & Gender, веднаш ми остави позитивен впечаток. Интерфејсот е едноставен и интуитивен, што овозможува лесна навигација низ различните алатки. Она што најмногу ми се допадна е тоа што ботовите не само што нудат информации, туку поттикнуваат критичко размислување за теми поврзани со родовата еднаквост и вештачката интелигенција.
На самиот бот му поставував прашања во врска со самата тематика на предметот како на пример: “Кој се најбитните 5 работи кој секој може да ги направи кон напредување кон родова еднаквост?”, ” Што означува родова еднаквост и кога се појавува?”, “Како би имплементирал примена на родови студии во секој аспект од реалниот живот?”, “Кој се позитивни а кој негативни аспекти на родовите студии?”, “Како да го имплементираме родовите студии во образвонието на една држава?”, и слични на кој добивав многу реални и морални одговори од самиот бот на прашањата дури и на некој прашања каде намерно го насочував да даде одговор базиран на некоја родова нееднаквост, но тоа не се случи и си отана во рамките на тоа на начинот на кој сте го генерирале. (Бонус: ботот ни во една инстанца не одстапи од границата на моралната свест.) .
Платформата е одличен ресурс за секој што сака да научи повеќе за предизвиците што ги носи вештачката интелигенција во однос на родовата еднаквост. Ботовите се корисни и едноставни за користење, а со неколку подобрувања, оваа платформа би можела да стане уште повлијателна алатка за едукација и анализа.
-
Во дигиталната ера, интелигентните асистенти стануваат сè попопуларни, особено бидејќи имаме можност да ги специјализираме за одредени научни и општествени теми. ‘Q&A со Текст’ е бот до кој пристапив на овој линк: https://aigender.net/index.php/qtext/, и истиот ме заинтересира, па решив да напишам рецензија за него. Тој е дизајниран да одговара на прашања на македонски јазик, со фокус на родовата теорија и феминизмот.
За првично да ги истражам можностите на ботот, започнав со поставување прашања на теми на коишто беше наведено дека е обучуван. На прашањата како „Што е родова теорија?“, „Кои се главните струи во феминизмот?“ и „Можеш ли да ми препорачаш книги од феминистички авторки?“ добив коректен и сеопфатен одговор. Ова ме поттикна да тестирам дали ботот може да изгенерира и пократок (сумаризиран) текст, па поставив и прашање како „Може ли да ги опишеш главните струи на феминизмот? Напиши по една реченица за секоја.“, што ботот го разбра и успешно го исполни. Општите функционалности како „Испрати“, „Стоп“, „Копирај“, „Уреди“, „Ресетирај историја“ итн. исто така добро функционираат.
Следно, се обидов да поставам малку посложени прашања за тематиката, како „Дали постојат критики кон феминизмот од самиот феминистички дискурс?“ и „Како феминистичката теорија ја анализира работната поделба во општеството?“, на што повторно добив конкретни и добро формулирани одговори, чија точност ја проверив читајќи артикли на интернет. Од „есејот“ добиен како одговор на малку попрактичното прашање „Како родовата еднаквост е регулирана во Македонија?“, согледав дека ботот има навистина одлични способности за анализирање и расудување и дека располага со голем број на вистинити податоци.
За комплетност на рецензијата, поставив и прашања надвор од наведениот домен, како прости математички прашања, прашања поврзани со програмирање и слично. Ботот и на овие прашања даде точни одговори. Исто така, се обидов да го поттикнам ботот да изрази лично мислење на одредена тема, иако тоа не би било соодветно поради потребата од непристрасност и избегнување навредување на одредени страни. Тој одговори со „Како академска поддршка и научен консултант, немам лични мислења или предрасуди и мојот пристап кон секоја тема е базиран исклучиво на научни и историски извори.“, што е сосема коректно.
Уште едно нешто што ми беше посебно интересно кај овој бот е што може да се прикачи документ кој ботот ќе го користи како контекст (буквално како RAG систем) при одговарање на новопоставените прашања. Ова е исклучително корисно бидејќи би можело да се прикачуваат најразлични документи, есеи и слични текстуални содржини и да се поставуваат прашања за истите да се обработат и подобро разберат од страна на корисниците. Исто така, има дел кој што овозможува директна сумаризација на одговорите, креирање на outline/статија и слично што би можело да биде многу корисно.
Единствен мал предлог за подобрување што би можела да го дадам во врска со ботот е дизајнот – би било попрегледно доколку интерфејсот има посветла боја и попримамлив дизајн. Исто така, сметам дека искуството за корисниците би било попријатно доколку ботот се состои од само едно место за внесување текст наместо четири посебни, задржувајќи ги сите свои функционалности преку различни копчиња на екранот кои сите би се наоѓале на единствено место. На тој начин, во едно поле за внес од тастатура би можеле да внесуваме прашања за ботот, над моменталното прашање би ги гледале сите минати прашања и одговори (историјата), би имале копче под полето за внес на текст каде би можеле да прикачиме документ со цел добивање одреден контекст, и странично би можеле да имаме копчиња за сумаризирање на одговорот/правење outline/статија и слично.
Сè на сè, јас би го препорачала ботот на студенти, истражувачи или секој друг кој сака да научи повеќе или едноставно да се информира повеќе околу родовата теорија и феминизмот. Неговите одговори се релевантни и добро формулирани. Со мали промени на интерфејсот, би добиле уште подобар бот кој ќе биде поинтуитивен за користење.
-
Платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција е одличен пример за тоа како технологијата може да се искористи за позитивна општествена примена. Особено ми се допадна делот AI-Писменост, кој сметам дека би бил корисен за секого во оваа ера на вештачка интелигенција. Од AI агентите, најинтересен за мене беше Родов Едукатор, кој нуди доста солидни и детални одговори дури и за сложени концепти. Ми се допаѓаше и фактот што агентот и покрај неговите одговори нуди и линк кон Google за подлабоко истражување на прашањето, како и дополнителни прашања за размислување. Интерактивноста на агентите значително ја зголемува едукативната вредност на платформата, бидејќи корисниците можат да ги добијат информациите за кои се интересираат без само да читаат текст, туку и преку поставување на прашања. Проектот „Користење на вештачката интелигенција за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања“ е уште еден значаен придонес кој содржи разновидни и актуелни блогови, од кои би ги издвоила примена на Deepseek за родова еднаквост, ERASMUS+ проекти и правна помош. Како целина, би рекла дека оваа платформа е одлично замислена и се надевам дека ќе продолжи да се развива во оваа насока. Сигурна сум дека податоците и ресурсите кои се наоѓаат овде многу ќе им бидат од корист на луѓето кои сакаат да истражат повеќе за родовата еднаквост и AI.
-
Статијата „Родовата пристрасност во системите на вештачка интелигенција и митигирање на ризиците” прави сеопфатна анализа на една доста важна тема. Таа детално разгледува како вештачката интелигенција може да манифестира родова пристрасност во различни области, вклучувајќи процеси на вработување, кредитирање, правосудството, препознавање на говор, системи за препознавање лица, социјални медиуми.
Она што јас би сакала да го додадам и да го нагласам во склоп на темата е дека пристрасноста која е присутна кај моделите со вештачка интелигенција е всушност одраз на нас самите. ВИ системите се тренирани на историски човечки податоци кои веќе содржат наши постоечки пристрасности и предрасуди. Тие не создаваат нови пристрасности, туку ги откриваат, зајакнуваат и автоматизираат оние што веќе постојат во нашето општество и историја.
Статијата правилно носи заклучок со предлози за развој на етички насоки и инклузивен дизајн на ВИ системите, кои вклучуваат транспарентност, одговорност и правичност, како и вклучување на разновидни засегнати страни во процесот. Ова е клучно бидејќи решението за пристрасност во ВИ главно не е технолошко, туку општествено прашање кое бара свесност, едукација и вклучување на различни перспективи во процесот на развој на технологијата.
-
Платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција е интересен и корисен проект што ги поврзува технологијата и општествените науки.Особено ми се допадна што нуди различни ресурси–од блогови и академски трудови до AI четботови–што овозможуваат подлабоко запознавање со темата.Една од работите што најмногу ми привлече внимание беа токму AI четботовите.Пробав неколку, како „IRS Етички Аналитичар“, кој може да анализира текстови од етички аспект, и „AI Родов Едукатор“, кој нуди информации поврзани со родовите студии.Одговорите што ги добив беа релевантни и детални, што беше супер, иако понекогаш можеби малку предолги.Она што го сметам за голема предност на платформата е богатата библиотека со академски и едукативни материјали.За некој што студира или истражува теми поврзани со родова еднаквост и технологија, ова е одличен извор на информации.Дополнително, фактот што материјалите се достапни на македонски јазик значи дека се полесно достапни за поширока публика.Што се однесува до корисничкото искуство, платформата е едноставна за користење.Интерфејсот е чист и интуитивен, а навигацијата низ различните делови е лесна.Би ја препорачал оваа платформа на секој што сака да истражува теми поврзани со родова еднаквост и вештачка интелигенција…
-
Платформата нуди бројни информативни ресурси и материјали за читателот, од кои најмногу ми привлече интерес блогот “Првиот макеоднски AI правен асистент”. Всушност, благодарение на овој блог за прв пат се запознав со Factum AI и начинот на кој оваа алатка функционира. Доста интересен ми беше и блогот “Дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик -„Буки“ ” којшто одлично ја долови улогата на оваа AI алатка и како истата придонесува за заштита и промоција на македонскиот јазик. Овие блогови ме поттикнаа подлабоко да истражам за слични иновативни решенија, особено развиени на македонски јазик, со наши податоци и ресурси.
-
Почнувајќи од почетната страница, дознав за следниве 4 нови чатботови:
-AI за родовата еднаквост и ЛГБТКИ+ правата
-IRS Етички Аналитичар
-AI Родов едукатор
-AI Chatbook
и секако разговарав со горенаведените чатботови и можам да заклучам дека се корисни и ми помогнаа да дознаам нови работи околу темите за кои тие се засегаат. Се прашувате за што се засегаат? Тогаш тоа ќе ви го одговорат самите чатботови. Го поставив прашањето „објасни се себеси“, па да видиме што ќе одговорат самите.
-IRS Етички Аналитичар: „Јас сум вештачка интелигенција која помага во анализирање на текстуални и визуелни содржини од етички и родово инклузивен аспект. Мојата задача е да идентификувам навредлив говор, говор на омраза и дезинформации, и да обезбедам детални анализи и одговори на македонски јазик.“
-AI Родов едукатор: „Јас сум IRS асистент на Институтот за родови студии, специјализиран за родови студии и феминизам, и обезбедувам аналитички одговори на прашања поврзани со родовата еднаквост и ЛГБТКИ+ прашањата.“
-AI Chatbook: „Како AI Chatbook, јас сум интерактивна платформа која комбинира елементи на книга и вештачка интелигенција за да обезбедам едукативно искуство преку дијалог. Моја цел е да информирам и едуцирам корисниците преку персонализирани и динамични разговори, овозможувајќи им да истражуваат теми од интерес. Се стремам да бидам корисен ресурс за развој на критичко размислување и медиумска писменост.“
-AI за родовата еднаквост и ЛГБТКИ+ правата: „Јас сум AI агент на проектот “Empowerment, Safety, and Resilience: Fostering unity and coalitions for gender equality and LGBTQI+ rights”. Мојата задача е да обезбедам информации и поддршка за прашања поврзани со родова еднаквост и ЛГБТКИ+ права. Јас сум тука да ви помогнам со вашите прашања, да споделам аргументи и докази за важноста на овие теми, и да ве упатам на релевантни извори.“За блогот можам да кажам дека како и чатботовите, е богат извор на информации кој понатаму се повеќе и повеќе ќе се збогатува со помош на нашите семинарски истражувања. Покрај семинарските истражувања, во блогот има и други корисни објави кои воглавно, како и проектот, се во сферата на користењето на вештачката интелигенција за унапредување на родовата еднаквост. Покрај тоа, достапни се и објави кои ги промовираат другите Македонски научни истражувања кои користат вештачка интелигенција. Пример за тоа е објавата за Factum AI и Буки.
Исто така, проектот содржи и Е-ресурси, која се состои од селектирани дигитални материјали, академски трудови и истражувања кои се во областа на родовата еднаквост. Моментално се 274 на број, но не се сомневам дека ќе се зголеми за брзо.
После моето „патешествие“ низ проектот, можам да кажам дека истиот е многу важен и корисен. -
Го разгледав блогот “AI Chatbook” – „АИ писменост како алатка во борба против информациски неред во областа на родовата еднаквост и медиумкста писменост”. Ботот успешно ги одговара сите поставени прашања, но според мене дава многу опширни одговори кои би можеле да бидат во пократка форма, поконкретни и поконцизни. Од дадените одговори на поставените прашања неможам да дадам рецензија на дадените ставови и факти од страна на ботот. Замерката исто така би била тоа што на поставените прашања:
– Што е AI писменост?
– Како AI писменост може да помогне во борбата против дезинформациите?
– Како AI алатките за верификација на факти функционираат и кои се нивните ограничувања?
– Како може да се подобри точноста и објективноста на AI алатките за верификација на факти?
во секој од одговорите на овие прашања ботот ме насочува кон Google или Google Scholar со што сметам дека не е потребно на секој одговор да има понуден извор на споделената информација. Според мене ботот би требало да биде способен да даде свое мислење и рецензија на одредени прашања, а не на секое да ни дава дополнителни извори и информации. -
Откако ја посетив страницата https://platforma.aigender.net/ , најмногу ми го привлече вниманието делот „Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“.На оваа страница постојат 3 видови на AI агенти (Етички Аналитичар,Родов Аналитичар,ВИ четкнига) но мене најмногу ми го привлече вниманието Етичкиот аналитичар кој анализира мисинформации, дезинформации и малинформации со цел да идентификува неетички говор и говор на омраза.Во комуникацијата со ботот добив детални информации за разликите помеѓу мисинформации,дезинформации и малинформации, како и техниките кои се користат за ширење малинформации.Исто така ботот ми даде преглед на групите кои најчесто се мета на говор на омраза и дезинформации.
Моето мислење за Етичкиот Аналитичар е дека е добро структуиран и обезбедува добри информации, што го прави добра и корисна алатка за анализа и препознавање на говор на омраза. -
Овој проект претставува важен чекор напред во комбинирањето на технологијата со општествените науки, особено во однос на родовата еднаквост. Платформата е внимателно осмислена и им овозможува на корисниците лесен пристап до значајни информации, ресурси и алатки кои им помагаат подобро да ги разберат предизвиците поврзани со родовите прашања во денешната дигитална ера.
Кога првпат влегов на платформата, веднаш забележав дека има интуитивен и пријателски интерфејс. Сè е добро организирано, менито е јасно и прегледно, што го олеснува навигирањето, особено за оние кои првпат се запознаваат со оваа тема. Содржините се логички поставени, што го прави користењето многу поедноставно и пријатно.
Еден од најинтересните аспекти на платформата е вклучувањето на четботови, кои овозможуваат брза и интерактивна комуникација. Јас го тестирав четботот Cyber, кој е насочен на заштита од дигитално родово базирано насилство, и морам да признаам дека бев пријатно изненадена од неговата ефикасност. На сите прашања кои ги поставив за тоа како да препознаам и пријавам дигитално насилство, добив јасни и корисни одговори. Овој четбот дефинитивно претставува значајна алатка за подигнување на свеста и поддршка за сите кои се жртви на вакво насилство.
Дополнително, го испробав и AI Родов едукатор, кој нуди едукативни материјали и информации за правата на различни маргинализирани групи. Четботот не само што ги формулираше одговорите на едноставен начин, туку ми даде и дополнителни извори за подетално истражување. Ова е особено важно за секого што сака да се информира за законските рамки и историскиот контекст на родовата еднаквост.
Една од најдобрите карактеристики на платформата е делот „Форум“, кој овозможува корисниците да споделуваат свои искуства, мислења и идеи. Ова создава динамична заедница, каде што се поттикнува конструктивна дискусија и размена на знаење. Форумот е многу важен бидејќи овозможува подлабоко разбирање на темата и нејзината важност во современото општество.
Како заклучок, платформата „Платформа за родова еднаквост и вештачка интелигенција“ е одличен пример за тоа како технологијата може да се комбинира со општествените науки за да се создаде ресурс што ја поддржува родовата еднаквост. Со нејзиниот кориснички интерфејс, информативни четботови и интерактивна заедница, таа е вредна алатка за секого што сака да научи повеќе за оваа важна тема и нејзината поврзаност со дигиталниот свет. -
Го разгледав блогот “AI за родова еднаквост и ЛГБТКИ+Empowerment, Safety, and Resilience: Fostering unity and coalitions for gender equality and LGBTQI+ rights” и лично сметам дека е интересен концепт и дека истиот би бил потребен во нашата држава. Оваа заедница има многу членови во државите надвор од Балканот и таму често го гледаме овој проблем, но ова тек ќе биде голем проблем во нашата држава поради нашата традиција и традиционални погледи. Сметам дека постоењето на вакви ботови, специјално направени за проблемите на оваа заедница, би било корисно за тие да имаат некаква консултација во нашето општество. Овој АИ агентот го испробав со прашања како “Со какви проблеми најчесто се среќаваат членовите на ЛГБТКИ+?”, “Дали овој проблем се среќава во нашата држава?”, “Како може да се реши овој проблем?” и истиот даде брзи и детални одговори кои имаа корисни повратни информации. Ова е добар чекор кон подобрување на родова еднаквост во нашата држава.
-
Во свет каде што технологијата сe повеќе се испреплетува со општествените науки, платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција се издвојува како иновативен и корисен ресурс. Оваа платформа нуди едноставен пристап кон едукацијата за родови прашања, користејќи напредни алатки базирани на ВИ за анализа, препознавање на пристрасност и спречување на дезинформации.Она што најмногу ми остави впечаток е начинот на кој платформата ги комбинира интерактивноста и пристапноста. Интерфејсот е дизајниран така што овозможува брзо и лесно навигирање, а содржините се систематизирани во категории што овозможуваат корисниците лесно да најдат информации што им се потребни.Една од најимпресивните карактеристики на платформата е четботот “AI Родов Едукатор”, кој нуди детални и прецизни информации за законите поврзани со правата на ЛГБТК+ заедницата. Поставувајќи му прашања, добив не само основни информации, туку и препораки за дополнителни ресурси што можат да помогнат во продлабочување на знаењето.Дополнително, алатката Cyber против дигиталното родово базирано насилство овозможува брз и точен пристап до совети за справување со дигитално насилство. Прашајќи каде може да се побара помош во случај на вакви проблеми, добив структуриран одговор со релевантни контакти и насоки. Ова го прави четботот не само корисен, туку и значаен ресурс за зголемување на дигиталната писменост и безбедноста на интернет.Друг интересен дел е Етичкиот Аналитичар, кој ми помогна да согледам како одредени текстови можат да содржат суптилна пристрасност, иако на прв поглед изгледаат неутрални.Како студент , сметам дека оваа платформа претставува значаен чекор напред во примената на вештачката интелигенција за решавање општествени предизвици. Таа не само што обезбедува вредни информации, туку и поттикнува критичко размислување и свесност за родовите прашања во дигиталната ера. Со понатамошен развој и проширување, ваквите иницијативи можат да имаат уште поголемо влијание врз едукацијата и општествената промена.
-
Иновативна и доста корисна, платформата е една од ретките добри примери на проекти кои вклучуваат испреплетување на две науки, општествените науки и технологијата, особено вештачката интелигенција. Платформата е доста корисна за студентите кои не се запознаени толку многу со родовата еднаквост и за оние кои сакаат да научат нешто повеќе и да ги продлабочат своите знаења. При првата посета на оваа платформа, забележав дека навистина има доста лесен и интерактивен интерфејс кој го мами корисникот да се задлабочи во користењето и откривањето на информациите што ги нуди. Лесно и брзо можев да се снајдам низ целата платформа што доста го олеснува пронаоѓањето на потребните информации. Особено морам да нагласам дека алатките како четботовите кои се понудени за помош на корисниците се од исклучително значење бидејќи на корисникот му даваат точни и брзи информации. Го тестирав четботот Cyber против дигиталното родово базирано насилство. Како студент на технолошки факултет свесна сум дека писменоста за дигиталното насилство треба допрва да се развива,па така четботот има огромно влијание со тоа што ја подобрува свеста за безбедноста и правата на индивидуите на интернет. Воедно, го тестирав со прашање каде би можела да се обратам доколку сум жртва на родово дигитално насилство и неколку совети за справување со дигиталното насилство. Добив исцрпен одговор со сите потребни информации и насоки, кои до сега не сум ги знаела и навистина сметам дека четботот е посебно значаен, бидејќи помага на жртвите на дигиталното родово насилство, нудејќи практични совети и насочувајќи ги кон стручни ресурси за помош. Исто така, внимание ми привлече четботот AI Родов едукатор па го тестирав со цел да се запознаам повеќе со правата и законите за заштита на правата на ЛГБТК+ заедницата. Четботот ми даде прецизни информации а исто така ми наведе каде дополнително да пребарам за повеќе информации и актуелни податоци. Му поставив прашање да ми наведе неколку интересни факти за родот, па така што сметам дека на овој начин корисниците на интересен и забавен начин можат да научат нешто повеќе. Пример јас од одговорот научив дека во некои домородни американски култури, постои концептот на “две духови”, кој признава луѓе кои имаат и машки и женски карактеристики што досега се коси со моето верување дека многу одамна луѓето немале вакво верувале . Како за крај, би навела дека делот „Форум“ на Веб страната е доста значаен со цел корисниците да дадат свое мислење но и да прочитаат како останатите ја користат оваа страна и како размислуваат во областа на родот,еднаквоста и вештачката интелигенција.
-
Како студент, навистина ме заинтересира Платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција! Од самиот почеток, ми се допадна идејата што некој сериозно се занимава со тоа како ВИ може да се искористи за општествен развој – борба против говор на омраза, дезинформации и промоција на родова еднаквост.
Етичкиот Аналитичар веднаш ја менува нашата перцепција на работите препознавајќи текст што на прв поглед изгледа неутрален, а всушност содржи суптилна пристрасност или говор на омраза. Благодарение на Родовиот Едукатор невидливите предрасуди во медиумите и технологијата почнуваме да ги забележуваме насекаде. Од друга страна, ВИ Читанката е совршен начин да сфатиме како алгоритмите донесуваат одлуки и зошто понекогаш грешат!
Платформата има елегантен дизајн што овозможува лесна навигација, без непотребно пребарување низ менија, а смирената визуелна естетика ја прави секоја интеракција фокусирана на содржината. Ако се воведе англиска верзија и се додадат дополнителни аудиовизуелни елементи за оние кои претпочитаат визуелно учење, оваа платформа би можела да допре до уште поширока публика и на меѓународно ниво. -
Преку истражување на веб-страницата “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост” можам да забележам дека содржината што ја поседува не само што звучи многу корисно и информативно исто така е јасно специфицирана и лесна за следење без разлика на нивото на познавање за користење понапредни алатки. Таа нуди лесен пристап до различни теми поврзани со AI, родовата еднаквост, етички практики и други, каде е опишана улогата на вештачката интелигенција во оваа област. Она што мене посебно ми се допадна на веб-страницата е тоа што покрај сите трудови сеуште можам да поставам секаков вид прашања на кои AI дава одлични, детални, а доколку е потребно и поедноставни одговори кои се проследени со примери за подобро совладување што овозможува да добијам детално разбирање на одредени аспекти во оваа област. Јас лично сум позитвно импресионирана од идеата и досегашните постигнувања на овој проект, бидејќи се опфатени голем број начини за стекнување на поголемо знаење и негово проучување со помош на AI chat во текот на целото истражување.
-
Страницата “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост” нуди иновативен пристап за користење на ВИ во идентификување и спречување дезинформации поврзани со родовата еднаквост. Со алатки како Етички Аналитичар и Родов Едукатор, платформата ги поддржува напорите за едукација и промоција на точни информации, додека истовремено се бори против неетичкиот говор и манипулации во медиумите. Оваа иницијатива претставува значаен придонес во примената на ВИ за заштита од дезинформации и унапредување на медиумската писменост.
-
Платформата AI Gender е иновативен проект кој гo истражува пресекот меѓу вештачката интелигенција и родовата еднаквост. Проектот се занимава со важни прашања како што се пристрасноста во алгоритмите, репрезентацијата на жените и маргинализираните групи во технолошките индустрии и етичките импликации на вештачката интелигенција. Веб-страницата нуди различни ресурси, истражувања и форуми за дискусија, што ја прави вредна алатка за сите кои сакаат да дознаат повеќе за оваа тема. Платформата има интуитивен дизајн, што ја прави лесна за навигација. Информацијата е систематизирана во јасни категории, а пристапот до форумот и ресурсите е едноставен. Сепак, би било корисно ако има повеќе интерактивни елементи, како што се квизови или студии на случај, кои би ја ангажирале пошироката публика.
-
Платформата е одлично осмислена и навистина импресивна!
Нема многу текст за читање туку истиот е заменет со чет ботови преку кои на корисниците им се овозможува да прашаат и читаат она што им е од корист и интерес.
Тестирајки ги ботовите забележав дека се на задоволително ниво, односно едноставни се за користење, даваат детални информации, се придржуваат строго кон проблемот и должината на текстот е доволна за да се задржи вниманието на читателот. Интересна за користење е веб страната ,,Користење на вештачка интелигенција (AI) за унапредување на родова еднаквост во академските истражувања”, но посебен впечаток ми остави CHAtGPT ЗА СТУДЕНТИ. Тестирајки го неговиот AI асистент согледав дека тој им е неизбежен на студентите бидејки ќе ги поттикне поразлично да размислуваат за проблемите поврзани со родови студии, да ги прифатат плановите на академско поле, ќе биде поддршка при истражувачка работа.
Целокупно од проектот, на интересен начин се информирав со нови нешта и дознав за платформа која дефинитивно ќе ми биде од корист во иднина.
Пофалби за идејата за креирање на ваков концепт на информирање и едуцирање. -
Aigender.net е иновативна платформа која комбинира технологија и едукација за да ги истражи и промовира прашањата поврзани со родовата еднаквост. Со модерен и интуитивен дизајн, веб-страницата нуди лесна навигација и пристап до различни ресурси, што ја прави погодна за широка публика. Една од најзначајните карактеристики е AI асистентот, кој овозможува интерактивна комуникација и брз пристап до информации во реално време. Покрај тоа, платформата вклучува едукативни материјали, истражувања и обуки, што ја прави корисна за сите кои сакаат подлабоко да ја истражат темата. Со својот пристап, aigender.net претставува вреден извор на информации и алатки за оние кои се заинтересирани за родова еднаквост и нејзиното влијание во различни области.
-
Веб страницата “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост” е специјализирана за проценка и анализа на родовите предрасуди во системите за вештачка интелигенција. GenderAI.org нуди софистицирани интерактивни ботови кои посетителите можат да ги тестираат за да ги идентификуваат можните родови нееднаквости. Корисничкиот интерфејс е едноставен и лесен за користење, што го прави употреблив за луѓе со мали технички вештини. Неговите силни страни се сеопфатниот пристап кон деликатно етичко прашање во развојот на вештачката интелигенција, јасноста во презентирањето на наодите, информативниот материјал за родовата пристрасност во технологијата и добро дизајнираната структура
Leave a Reply to Милена Јанева Cancel reply