Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.

AIАгент за проверка на текстови

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

552 Comments

  1. Платформата пријатно ме изненади, не очекував дека ќе има толку различни АИ агенти и сметам дека тоа е многу креативна идеја. Убаво е да се види дека вештачката интелегенција паметно се искористува. Ја испробав платформата и некои од агентите и супер функционира, си добив добри одговори. Моја препорака околу интерактивноста на веб страницата би била подобра организација за да може полесно да се најде тоа што го бараме. Пофалба до Филозофски факултет за иновативноста и креативноста.

  2. Платформата е одлично осмислена и многу интересна. Во време кога технологијата и вештачката интелигенција сè повеќе напредуваат, оваа платформа нуди начин да се поврземе со АИ на еден поучен и привлечен начин. Ми се допаѓа што е лесна за користење и нуди теми кои навистина го привлекуваат вниманието.

  3. Ова страна е вистински пример како најсовремената технологија може да се искористи за унапредување на најважните општествени цели – родовата еднаквост и социјалната инклузија. Платформата нуди богатство од ресурси и истражувања од Институтот за родови студии, ставајќи ја АИ-писменоста во служба на општествената праведност. Посебна пофалба заслужува ресурсот РЕСИ. АИ-агентот во рамките на овој дел е исклучително корисен и ефикасен: тој дава брзи, прецизни и добро структурирани одговори кои се темелат на релевантни теории и практични примери. Наместо само да одговара на прашања, РЕСИ активно поттикнува критичко размислување и дава насоки за анализа и интеграција на принципите на социјална инклузија во различни контексти, што е од непроценлива вредност за истражувачи, студенти и креатори на политики.

  4. Ја прегледав платформата platforma.aigender.net и навистина остави позитивен впечаток врз мене. Ми се допаѓа што темите се поврзани со технолошкиот напредок, а во исто време се релевантни за современи прашања како родовата еднаквост. Корисничкиот интерфејс ми беше јасен и едноставен за навигација, што ми олеснува користење и истражување на алатките. Особено вреднувам што аи-агентите нудат детални и релевантни одговори, што ја прави интеракцијата забавна и едукативна. Според моето искуство, оваа платформа претставува одлично место за размена на идеи и учење, особено за нас студенти заинтересирани за ваквите теми.

  5. Првата страна е прилично добра, уредена е убаво, се е јасно, и интересно е што е подвижен banner-от на header-от
    Блог делот е добар, но му треба само уште малку естетско уредување (пример search bar-от да не е од крај до крај или блог копчињата да се малку средени). Исто така би направила блог делот да е како линк надоврзан на почетната страна за со копчето за назад да можеме да се вратиме.
    Приметувам дека header-от е различен на секоја страна па би било убаво да е ист сите за да има некоја хармонија.
    Е-ресурси не ми отвара.
    Форум делот е многу убаво направен.
    AI проверка на текстови и AI map aigent се многу добри, знаат и на англиски да зборуваат и знаат да реагираат и возвракаат.
    Се на се многу добра веб страна, стварно импресивно.

  6. Искрено, пријатно сум изненадена од идејата зад оваа платформа. Многу ми се допаѓа што проектот доаѓа од Филозофски факултет – нешто што е сосема различна гранка од информатиката, а сепак успеале да ја препознаат вредноста на вештачката интелигенција.
    Убаво е што не гледаат на AI како на „противник“ на човекот, туку како на помошник и можност за развивање на нови, креативни идеи и реализација на општествено корисни иницијативи.
    Целиот концепт – спој на технологија, родова еднаквост и општествена свест – е навистина инспиративна. Се надевам дека платформата ќе продолжи да се развива и дека повеќе млади ќе се вклучат со свои идеи.
    Дизајнот е чист и функционален, со лесна навигација и достапност на македонски јазик. Блогот нуди сериозна и вредна содржина за родова еднаквост и користење на AI во практични примени, но би можела да биде поинтерактивна со видеа и визуелизации. AI агентите се интересни и корисни, особено за конкретни прашања, но понекогаш одговорите се генерализирани и им недостасува локален контекст. Моја препорака е да се работи на подобрување на агентите со конкретни и локални податоци, промоција на форумот, оптимизација на страницата и додавање повеќе интерактивна содржина.

  7. Го тестирав РЕСИ и можам да кажам дека е навистина корисна алатка што јасно и разбирливо објаснува дури и сложени теми, како родова еднаквост. Ми се допаѓа што не дава само одговори, туку и поттикнува размислување преку дополнителни прашања. Би било уште подобро доколку има повеќе локални примери, но во целина е многу вреден и поддржувачки асистент за учење и истражување.

  8. Oваа платформа има доста автентичен интерфејс и интересни блогови за дискусија. Ја отвара можноста за поголема едукација на корисниците, дискусии за темите и слично. Од значајна корист е реализацијата на ваква платформа за Вештачката Интелигенција и родовата еднаквост, бидејќи несомнено опфаќа голем дел од денешницата, како и иднината на општеството во кое живееме.

  9. Платформата RESI претставува иновативен чекор во примена на вештачка интелигенција во општествено чувствителни теми. Веб-страницата нуди структуриран, јасен и едукативен пристап кон темите за родова еднаквост и дигитална етика. Посебно впечатлив е инклузивниот јазик и внимателната обработка на чувствителни прашања. Би било корисно да се доразвијат визуелните и интерактивните сегменти на платформата за уште попријатно корисничко искуство. Во целина, проектот остава позитивен впечаток и има значаен потенцијал за образовна и општествена вредност.

  10. Платформата отвора важни прашања и ја користи актуелната тема на AI за општествена промена, но на моменти недостасува транспарентност во однос на функционалноста на AI агентите и реалната импактност на иницијативите. Добра е како стартна точка за информирање и мотивирање за заедничка акција, но би било подобро со подетални примери, кориснички искуства и јасни насоки за интеракција со веб-алатките.

  11. Платформата AI Gender ми остави навистина добар впечаток и мислам дека е одлична идеја што преку AI агенти можеме на интересен начин да учиме и да зборуваме за општествени теми што се важни за сите нас. Од сите агенти што ги пробав, РЕСИ ми остави најголем впечаток бидејќи разговорот беше природен, одговорите беа јасни и се добиваа релативно брзо, што е посебно важно за младите како нас кои сакаме да најдеме информации и одговори без многу чекање.
    И другите агенти се добри како IRS Етички Аналитичар AI кој многу убаво ги објаснува одговорите на поставените прашања, додека Родов AI Асистент бара малку повеќе време и дополнување/допишување, но генерално е корисен и добро направен. Сметам дека вакви платформи се вистински пример како технологијата може да помогне во образованието.
    Единствено нешто што би можело да се подобри е дизајнот на страницата, за да биде малку попрегледен и визуелно поинтересен.

  12. Можам да кажам дека АИ агентите се добро ‘обучени’. Значи, доколку некој има нејаснотии или навистина го интересира за да го прошири своето знаење или да разбере и разјасни некоја проблематика, РЕСИ АИ и другите агенти на овај веб сајт имаат многу добра основа за тоа. Можеш да водиш било каква дискусија. АИ агентите даваат долги и опширни одговори.
    Но, никаде не можам да видам како се овие агенти тренирани, од каде црпат информации, какви податоци се собираат и складираат, и најважно дали има можност за корисничка повратна информација за грешки или неусогласености. Дали постои ризик од пристрасност (bias)? Според мене фали малку транспарентност, но генерално одлична идеја за проект.

  13. Има доста впечатлив кориснички интерфејс кој може да се подобри со на layout-от на веб страните. Пристапот и користењето на chatbots е прилично невообичаено, особено оној бот што е за објаснуванје на селектирана содржина од страница има нејасен UI и според мое мислење и лош UX.

  14. Досега немав сретнато ваква страница, и навистина ми е мило што постои ваква платформа кај нас. „РЕСИ“ нуди свеж и модерен пристап кон темите за родова еднаквост и социјална инклузија. Многу ми се допаѓа што се користи вештачка интелигенција за подобра интеракција и учење. Вакви иницијативи се многу важни, бидејќи поттикнуваат размислување, дијалог и позитивни промени.

  15. Кога ја отворив страницата genderai.net, првиот впечаток ми беше дека дизајнот може да се поедностави. Шарената позадина, заедно со бројните AI агенти и белиот текст, го прават читањето малку потешко и помалку прегледно. Би било добро да се вметне поедноставен дизајн. Она што навистина ми се допадна е изборот на чет-ботови. Многу е корисно тоа што може да се избере различен агент за различна тема – како на пример: анализа на мисинформации и дезинформации, прашања за родова еднаквост, феминизам или проверка на факти. Јас лично го одбрав агентот IRS Етички Аналитичар за дезинформации. Во разговорот со него водевме дискусија за тоа колку често се среќаваме со дезинформации поврзани со родовата еднаквост. Ми се допадна што не само што даде одговор, туку и приложи примери, како и заклучок на темата.

  16. Иновативна веб страна која поврзува AI и родова еднаквост. Доста општествено значајна тема за овие простори така што мислам дека е доста корисна само треба малце да се подобри корисничлиот пристап. Чатботот работи доста брзо што е супер

  17. Resi AI преку платформата AIGender ми донесе големо освежување во начините на кои ги обработувам моите идеи. Едноставно, кога ќе отворам, веднаш осеќам дека имам алатка што слуша, можам да го усогласам гласот, стилот, дури и емоцијата која сакам да ја пренесам.

  18. Многу интересна и современа иницијатива — платформата овозможува брз и едноставен пристап до информации преку АИ агенти кои одговараат јасно и разбирливо. Посебно ми се допаѓа што ја поттикнува интеракцијата и учењето на нов начин, што ја прави корисна за студентите и младите воопшто.

  19. Прв пат среќавам ваква платформа во нашето образование. Иновативно и интересно, секако и корисно. AI агентите имаат голема база на податоци и даваат широки одговори. Како алатка се доста корисни бидејќи може лесно да се стигне до убаво дефинирана информација. Што се однесува до целата веб страна: лесно пристапна, без премногу информации, но може да се подобри дизајнот и самиот распоред на истите.

  20. Користење на AI агентот е корисно за поставување на општи прашања. Одговорите се добро објаснети, ми се допадна што може да даде практични совети и примери. Ваквите алатки треба се почесто да се применуваат во образованието за едуцирање на помладата популација.

  21. Интересна замисла и баш нешто што е актуелно, но мислам дека може уште повеќе да се прошири и да се направат други нови ботови дека вештачката интелегенција зема замав во секое поле. Најмногу ми се допадна ботот РЕСИ, имавме дискусија околу родовата еднаквост, што претставува за мене, кои се пречките и што е потребно да се подобри ситуацијата.

  22. Платформата е префектно направена и со интересна замисла. Во денешно време се повеќе и повеќе користиме технологија и вештачка интелегенција, па оваа платформа е наменета во склоп како да се споиме со АИ. Барем јас така ја доживувам. Направена е доста поучно и интересно, односно ние младите сме доста брзи и не мрзи да читаме долги текстови и слично, но оваа платформа е направена со одличен контекст и колку што успеав да разгледам има интересни теми на кои може да се дискутира.

  23. Форумот на aigender.net има одличен концепт со доста добар дизајн и корисни алатаки.Се користи вештачката интелегенција за подобро да се долови на концептот на родова еднаквост.

  24. Иницијативата за вкрстување на родовите студии со вештачката интелигенција претставува значаен чекор напред за овие науки, нивната достапност и борбата против дезинформациите и пристрасноста во AI агентите. Особено ми е драго што AI агентите се на македонски јазик и комуникацијата се одвива лесно и разбирливо, а воедно одговараат точно и прецизно на барањата. Одлични се за едукација и подетално запознавање со одредени теми за кои имате прашања или нејасностии.

  25. RESI е иновативна платформа што успешно ја спојува вештачката интелигенција со едукацијата за родова еднаквост, нудејќи јасни, брзи и етички одговори на македонски јазик. Корисна е за студенти и истражувачи, особено при пишување и анализа на академски текстови. Освен информативна, платформата поттикнува критичко размислување и е достапна 24/7, со што претставува значаен ресурс за борба против дезинформации и зајакнување на дигиталната писменост. Иако има простор за мали подобрувања, RESI веќе е пример како технологијата може да служи на општествена корист.

  26. Ботовите дефинитивно ги надминаа моите очекувања. Првиот бот што го тестирав беше Chatbot Cyber. На почетокот бев скептична и му поставував општи прашања за сајбер насилството. Додека разговарав со ботот, забележав дека разговорот тече природно, а не само прашање-одговор. Особено ме импресионираше тоа што ботот умееше да се повикува на своите претходни одговори, градејќи континуитет во комуникацијата. Дополнително, ме воодушеви фактот што ботот можеше да се повикува на конкретни членови од законот. Кога го прашав кои закони би се однесувале на креирање лажни профили за кибер насилство, добив детално објаснување со релевантни законски одредби.Вториот бот што го тестирав беше IRS Етички Аналитичар AI. Повторно морам да ја пофалам континуираноста во разговорот. Дискутиравме на повеќе теми, а кога побарав конкретни примери за дискриминација и говор на омраза, ботот не само што ми даде релевантни примери, туку и јасни, едукативни совети за тоа како да се справам со таквите ситуации. Дополнително, му поставив прашања за начините на справување со последиците што може да произлезат од говорот на омраза, особено во однос на намалената самодоверба. Одговорите што ги добив беа детални и практични, со совети што можат навистина да се применат во секојдневниот живот.

  27. Платформата позитивно ме изненади. Посебно ми се допадна што содржината е прилагодена на македонски јазик и е лесно достапна.AI агентот работи ефикасно, нуди јасни и прецизни одговори, а истовремено поттикнува критичко размислување за родовите прашања. Би било интересно да се види дополнително проширување на функциите за интеракција, но и сега платформата е од голема помош за сите што се интересираат за оваа тема и бараат релевантни ресурси и насоки. Вакви иницијативи се неопходни за унапредување на свеста и образованието во Македонија.

  28. Според мене и двата AI бота се солидни во тоа што го прават, но мислам дека можат да имат поширок домен на одговори и да одгвораат на повеќе прашања напишани во самиот чет. Некогаш не се многу брзи и респонсивни ама скоро секогаш добиваш резултат. Можат да се вметанат повеќе функционалности и кај двата агенти и да се прошири големина на податоците (data) со која работи.

  29. Користење на AI агентот е корисно искуство. Одговорите се добро објаснети и со тон на почит. Особено ми се допадна што може да даде практечни совети и примери. Вакви алатки треба се почесто да се применуваат во образованиео

  30. РЕСИ.АИ е моќна и иновативна платформа која преку AI агенти ефективно ја промовира родовата еднаквост и социјалната инклузија. Ботот нуди јасни и релевантни информации на едноставен начин, што ја прави платформата корисна за широка публика. Може да се подобри со модернизација на дизајнот, но во целост е вреден ресурс за едукација и подигање свест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »