Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.

AIАгент за проверка на текстови

Leave a Reply to Николас Кузмановски Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

554 Comments

  1. Го тестирав ботот RESI.AI и можам да кажам дека генерално имам позитивно искуство. Целата платфрома е лесна за користење, а одговорите се јасни и релевантни. Ботот одговараше на моите прашања со добро структуриран текст и на секој би помогнал подобро да ги разбере темите. Содржината е фокусирана на родова еднаквост и инклузија, теми кои денес се многу важни.
    Идејата е супер, особено ми се допаѓа тоа што вакво нешто е достапно на македонски јазик, работа која што заедно со лесниот начин на користење овозможува пристап и за луѓе кои не се доволно запознаени со AI.
    Единствен личен предлог за подобрување би бил подобар визуелен приказ. Можеби повеќе бои и одредени елементи кои би разбивале монотоност.

  2. Оваа платформа навистина ми се допадна. Лесно се користи и содржи многу корисни информации на македонски јазик. Исто така и самиот дизајн е одличен. Најмногу ми се допаѓа тоа што се опфатени важни теми како што е родовата еднаквост. AI делот е особено интересен и веќе работи прилично добро. Сметам дека ова е навистина добар почеток и има голем потенцијал да помогне на многу луѓе.

  3. Оваа платформа претставува современ и креативен пристап кон едукацијата и информирањето за родова еднаквост, користејќи вештачка интелигенција како средство за зголемување на свеста и намалување на дезинформациите. Интерфејсот е интуитивен, визуелно привлечен и функционален, овозможувајќи лесна навигација без да го преоптоварува корисникот. Особено впечатлив е начинот на кој комуницираат ВИ агентите.

  4. Колешки и колеги. Каков аи агент мислите дека недостасува. На која тема, за што да биде специјализиран. Може ли некој да направи интерфејс за него.

    Пробал ли некој да закачи на Етичкиот аналитичар слика со некоја сцена за која се сомневате дека е насилство и да побарате анализа. Или screenshot od некој коментар или објава на фејсбук, книга текст за кој мислите дека содржи сексизам дискриминација и сл.

    Пробал ли некој да го праша Инфо трак ботот за политиките на Трамп за родова еднаквост и инклузија.

    Не мора да мислиме сите исто но барем да бидеме толерантни кон Другите посебно кон ЛГБТКИ заедницата и да дознаеме за нивните права или концептуални конфузии околу транслицата.

  5. Го испробав ботот Athena и сум доста изненадена. Ботот дава точни и релевантни информации за жените во древниот период и сега, за женското здравје и родовата еднаквост. Дава продлабочени одговори и е навистина пријателски и лесен за разбирање. Дополнително, обезбедува корисни информации кои се базираат на научни истражувања. Ми се допадна тоа што ботот беше подготвен да одговори да дополнителни прашања и да ми ги појасни термините кога нешто не ми беше јасно. Ботот Athena го препорачувам на сите кои сакаат да се информираат за женското здравје на едноставен начин.

  6. Платформата е јасен пример за тоа како се спојуваат иновативната технологија и социјалната свест. Има добар интерфејс, лесен за употреба и пријатен за човечкото око. Ми се допаѓа платформата дека постои со цел да се зголеми родовата еднаквост и инклузивноста.

  7. Ми се допаѓа тоа што платформата дава можност за разгледување на различни мислења, со кој може секој нешто ново да научи. Исто така добро е направено објаснувањето за тоа како работат различните модели, како и можноста истите да се тестираат на платформата, како на пример за прашување на прашања во врска со блоговите.

  8. Платформата успешно покажува како технологијата може да се искористи за спречување на дезинформации и градење подобро општество. Интерфејсот е модерен, јасен и лесен за користење, без да го оптоварува корисникот. AI агентите комуницираат аргументирано и со поддршка од релевантни извори, што ја зголемува довербата. Би било корисно да се додадат повеќе визуелни елементи, особено за помладите корисници.

  9. Најмногу ми се допадна тоа што има алатки како AI помошници, каде што можеш да прашуваш прашања и да добиеш одговори поврзани со темата. Не мораш да си експерт за АИ за да ја користиш платформата – се е објаснето на едноставен и јасен јазик.
    Форумот е добра идеја, бидејќи овозможува да се споделуваат мислења. Би било супер ако имаше уште повеќе активни дискусии или можеби викенд теми за дебата.
    Сметам дека оваа платформа е одлична за студенти и сите кои сакаат да научат нешто ново, особено во време кога технологијата брзо се развива, а прашањата за еднаквост се сè поважни. Ја препорачувам и се надевам дека ќе продолжи да се развива со уште повеќе интересни содржини.

  10. Јас го тестирав ботот RESI.AI и тој претставува практична и лесна алатка за користење што брзо дава јасни и корисни информации за родова еднаквост и инклузија. Особено ми се допаѓа што одговорите се прилагодени на моите прашања и што платформата ме мотивира да размислувам критички. Исто така ми се допаѓа поради нејзиниот едноставен и брз принцип на работа и се труди да даде најдобри одговори во најкус временски период. Јас ја репорачувам алатката за секој што сака брзо да научи или да се информира за овие теми.

  11. Одлично е што конечно имаме нешто на македонски за AI теми. Дизајнот е супер, едноставен е и ја прави страницата читлива и разбирлива. Блоговите се читливи и темите се актуелни, особено кога доаѓа до теми за родовата еднаквост што не се спомнува често во техничките кругови кај нас. Оваа идеја има потенцијал да биде навистина корисна за нас што се интересираме за AI и неговото влијание врз општеството.

  12. Мислам дека платформата е супер идеја, особено затоа што комбинира технологија со важни теми како родова еднаквост, со јасна мисија за унапредување на истата. Интерфејсот е функционален, лесен е и едноставен за користење. Генерално, ветувачки проект со потенцијал за значително влијание во академската и општествената сфера.

  13. Мене лично многу ми се допаѓа фактот што конечно гледаме вакви иницијативи и на македонски јазик. Платформата е лесна за користење, со јасен изглед и практична навигација. Ми се допаѓа тоа што комбинира технологија и општествени теми, особено фокусот на родовата еднаквост – нешто што ретко се гледа во AI проекти. Блоговите се интересни и даваат корисни информации, а AI агентот е вистински плус. Би било добро во иднина да се додадат и некои интерактивни квизови или едукативни игри за да се направи учењето уште поинтересно. Сè на сè, одличен почеток со голем потенцијал!

  14. Реално кажано најмногу ми се допаѓа оваа платформа само поради фактот што е изработена на македонски јазик. Платформата е добро создадена, лесно може некој што не е до толку компјутерски писмен да се снајде(грубо кажано). Ботовите се интерактивни и секако тие ќе се подобрат со текот на времето се повеќе и повеќе луѓе како ги користат. Истотака многу голема пофалба за тимот кои го изработиле ова бидејќи, со самата изработка на ваков проект на македонски јазик тоа значи дека многу полесно го шириме знаењето низ целата држава.

  15. Самата платформа претставува голем и значаен чекор во примената на вештачката интелигенција за општествени цели, особено во областа на родовата еднаквост. Нејзиниот пристап може да послужи како модел за слични иницијативи и во други контексти. Платформата се истакнува по својата иновативност и интердисциплинарен пристап, комбинирајќи ги технологијата и општествените науки за решавање на комплексни општествени прашања. Нејзината примена на AI во контекст на родовата еднаквост е ретка и вредна за поширока примена и истражување.

  16. Платформата е високо иновативна, социјално одговорна и академски вредна. Соодветно одговара на потребата за родово сензитивни истражувања во полето на вештачката интелигенција. Платформата успева не само да информира, туку и да инспирира понатамошни истражувања и критичко размислување. Страниците на платформата се прегледни и лесни за навигација, со јасно организирана содржина која овозможува лесно разбирање и читање.

  17. Платформата ми се допадна поради својот иновативен пристап и интуитивен дизајн. Таа е исклучително функционална и овозможува лесно споделување на мислења преку интерактивни дискусии, што ја позиционира како моќна алатка за подигнување на свеста за одговорно користење на вештачката интелигенција. Има разни блог постови од кои може да се научи и исто така AI агентот е корисен. Потенцијалот за едукација и информирање е особено видлив во областите на родова еднаквост и борба против дезинформациите.

  18. Платформата претставува иновативен начин и има лесен пристап за користење кој веднаш остава позитивен впечаток. Јасната прегледност, функционалноста и можноста за споделување мислења преку дискусии ја прават корисна алатка за поттикнување на свеста за праведна и одговорна употреба на вештачката интелигенција. Платформата успешно го користи потенцијалот на технологијата за едукација и информирање, особено во насока на родова еднаквост и спречување на дезинформации.
    Како мала препорака, би предложила повеќе визуелни елементи, да се подобри распоредот на елементите, како и зголемување на фонтот за подобра читливост. Дополнително, би додала доколку може да се внесат и одредени алатки со цел да имаат повеќе достапност и лицата со попреченост.

  19. Најпрво што забележав кај платформата е иновативниот и лесен начин на пристап. Доста е интересна, остава впечаток и нуди добра прегледност на текстовите и претставува корисна алатка која преку дискусии и споделување на мислења помага да се развие свеста за праведна и одговорна употреба на вештачката интелигенција. Сметам дека може малку да се подобри визуелниот приказ на страната, со тоа што ќе се додаде позадинска боја и малку ќе се подобри распоредот на елементите на страната, особено со зголемување на фонтот за подобра читливост и подобро корисничко искуство.

  20. Го прочитав блогот кој е специфично за „Умот како компјутер и општеството како програма: Компјутационизам, когниција и феминистички предизвици“ и реално ми донесе свест за проблем што не ни помислив дека може да го имаме како ВИ да учи од луѓето да има предрасуди кон жените, многу интересно за читање и добро напишано! Во целост платформата мислам дека го доловува тоа што треба и добро се презентирани самите теми. Едина моја критика би било дека е поставено како „олд скул“ форум и тоа може да е меч со две острици.

  21. Платформата е солидно дизајнирана и обезбедува позитивно корисничко искуство за публиката, со некои многу мали подобрувања во интерактивноста и достапноста може да стане уште по корисна и привлечна за пошироката јавност. Сепак мислам дека платформава како ресурс, е од огромна вредност за промовирање на родовата еднаквост во областа на вештачката интелегенција.

  22. Ја испробав платформата РЕСИ и искрено можам да кажам дека претставува навистина иновативен пристап за поттикнување на родова еднаквост и социјална инклузија преку вештачка интелигенција. Она што најмногу ми се допадна е интерактивната комуникација со AI агентите – разговорот е лесен, а одговорите што ги добивав беа релевантни и добро аргументирани. Дополнително, платформата нуди пристап до квалитетни податоци и ресурси, а преку корисничката заедница може да се споделуваат мислења и искуства со други корисници, што ми помогна да стекнам поширока перспектива.Интерфејсот е креативен и релативно лесен за користење, а платформата е корисна за различни профили без разлика дали сте студент или истражувач. Сепак, би било одлично доколку во иднина се додадат уште алатки или функционалности

  23. Како студент на Финки, што се занимава со програмирање и учење на тие технологии, многу ме прави среќен фактот што имаме генијални лиѓе со капацитет да создадат вештачка интелегенција, па и повеќе алатки со своја намена како ИРС, РЕСИ, Chatbot Cyber, Македонка и другите алатки именувани по Грчките божици како Медуза, Афродита, Атина итн. Овие AI алатки ми се допаѓаат бидејќи самите модели ми изгледаат тренирани за да ни споделуваат точни информации, да прават детална анализа, да укажуваат на можни индикатори за дезинформација и да ни ги објаснат и разложат по инклузивните теми и прашања. Во денешно време, има толку многу лажни информации кои се шират преку социјалните мрежи, а бидејќи животот изгледа брз луѓето не проверуваат колку самата информација е точна и подпаѓаат на лажните информации, па токму поради тоа сметам дека овие алатки ќе бидат корисни за огромен број на луѓе. Замерка имам за UI-то на страната, бидејќи имав проблем да пронајдам каде да се логирам и не ми беше јасно дали има подреба од најава и мало подобрување на самите AI агенти, одговорите изгледаат многу формални, но тоа сметам дека брзо ќе се промени со собирањето на информации од разговорите на сите корисници и новата обука на самите агенти. За крај можам само да кажам да продолжете со оваа работа, бидејќи самиот јас планирам да ги користам агентите, пред праќање на било која семинарска или порака.

  24. Во оваа објава, се дадени теоретските основи на оваа веб страна. https://aigender.net/index.php/2025/05/27/ai-feminist/
    Оваа ситуација на сложени меѓузависности претставува еден своевиден „танц“ помеѓу технологијата и културата во кој не е јасно определено кој е водител, а кој следи – бидејќи тие меѓусебно се обликуваат и се вовлекуваат еден во друг. Ако феминистичката критика ги демаскира скриените предрасуди и имплицитни претпоставки, тогаш компјутационизмот и когнитивната наука даваат практична рамка преку која оваа критика може да биде оперативно применета. Преку истражување, моделирање и дизајнирање AI алгоритми одговорни кон човечките различности, ние стануваме способни да создаваме технологии кои имаат не само супериорна функционалност, туку и извонредна општествена релевантност. Тоа бара посебна свест дека во корелацијата помеѓу AI и човекот, една истражувачка рамка која е сенситивна кон општествениот, културниот и историскиот контекст ќе придонесе да се создадат технолошки решенија кои ќе бидат вистински општествено корисни и етички зрели.

    1. Овој текст навистина добро ја доловува сложеноста на односот помеѓу технологијата и културата, каде што не е јасно кој води, а кој следи, бидејќи тие постојано се менуваат и обликуваат еден со друг. Феминистичката критика е навистина важна затоа што ни помага да ги откриеме и разбереме скриените предрасуди и нееднаквости кои често се присутни во технологијата, а особено во вештачката интелигенција. Со помош на компјутерските науки и когнитивната наука, можеме оваа критика да ја преточиме во конкретни алатки и методи кои ќе ни помогнат да создадеме AI системи што се поодговорни и почитуваат човечки различности. На крајот, ако ги гледаме AI технологиите во поширок општествен и културен контекст, можеме да осигуриме дека тие не само што ќе бидат функционални и ефективни, туку и етички зрели и корисни за целото општество.

  25. Како студент на ФИНКИ, ја разгледав веб-страницата и сметам дека обработува важни и актуелни теми поврзани со родот и вештачката интелигенција. Сепак, самата структура и визуелен изглед можат значително да се подобрат. Недостигаат категории или филтри кои би овозможиле полесна навигација, а дизајнот не е доволно прилагоден за мобилни уреди. Исто така, би било корисно да се вклучат функции како коментари, пребарување и споделување. Со вакви подобрувања, страницата би можела да стане многу посилен и поуспешен извор на информации и мислења.

  26. Страницата е интересна, се дискутираат интересни теми, разгледав неколку блогови и иако се интересни, можеби може да се направи по приемна / интересна за по млади корисници. Моментално се осеќам би било малце напорно да користат. Но проектот не е уште финален, имам надеж дека ќе продолжи да расте и да се подобрува.

  27. Го пробав Етичкиот Аналитичар на платформата aigender.net и навистина ме изненади колку добро препознава дезинформации и говор на омраза. Одговорите му се јасни и многу убаво објаснува зошто нешто е неетички или навредливо. Мислам дека е супер алатка за секој што сака да научи како да препознае лажни вести или токсичен говор, особено кога станува збор за родова еднаквост. Би било уште подобро ако може да се стави некој линк или текст за анализа, ама и вака е одличен. Топ препорака!

  28. Баш ми се допаѓаат идеата и функционалностите на сајтот. Домашната страница е примамлива и со одлична интерактивност и ме повика како корисник да истражувам повеќе на темата на родова еднаквост како и да ги испробам алатките и да научам нешто ново со нивна помош. Најмногу внимание обратив на алатката за РЕСИ (Подова Еднаквост и Социјална инклузија). Користењето на истата и нејзините ботови ми помогна да научам повече за родовата еднаквост во ИТ секторот (тема која ме засегаше лично) како и да добијам идеи кои мерки би можеле да помогнат за стеснување на подовата нееднаквост во истиот. Исто така добив и доста добри препораки за литература која би можела да ми помогне со понатамошна едукација на темата.

    Морам да напоменам дека корисничкиот интерфејс на страните бара доста повеќе работа. Додека на (платформа)[https://platforma.aigender.net/] страните корисничкиот интерфејс е доста разбирлив и примамлив, (реси)[https://resi.aigender.net/] страниците се малку нечитки и ствараат нетрпение и непријатно чувство кај корисникот. Некои препораки кои би ги дала би биле усогласување на боите и големините на елементите на екранот, заменување на поставените логоа (со бела позадина) со png фотографии од логоата (со проѕирна позадина), додавање на интерактивни елементи кај текстот кој е линк до друга страница (копчиња). Исто така доста поефективно и појасно би било доколку описот за секој бот на страницата https://resi.aigender.net/ е во форма на претставување на ботовите, на пример слика од ботот со облаче елемент до него кое ќе содржи поздрав од ботот (пример: Здраво! Јас сум АИ РЕСИ водич и сум тука за да ти обезбедам информации, насоки и ресурси…).

    Исто така конкретно кај ботот АИ РЕСИ водич ми пречеше формата на генерираните одговори. Одговорите сами по себе беа одлични но и доста нечитливи за мене како корисник. Генерираниот одговор беше обемен и многу опфатен, но текстот не беше структуриран по целини или со болдирани/закосени букви каде има потреба или пак со различни големини на различни делови од одговорот, туку беше само сув текст. Во овој контекст многу полесни за соработка ми беа другите РЕСИ ботови, односно чекор по чекор и разговори за РЕСИ.

    Сумарно, платформата многу ми се допаѓа, поттикнува на размислување и едукација на темата. Ботовите се одлични за разработка на концептите на родова еднаквост и се одлични за истражување. Платформата е корисна и одлично би било доколку се подобри малку корисничкиот интерфејс и истата почне да се користи пошироко.

  29. Платформата е иновативен чекор кон насока на едукација и иформирање за родова еднаквост, користејќи AI како алатка за продигнување на свеста и спречување на дезинформации. Интерфејсот е едноставен за користење и модерен и прекрасно уреден на начин кој не го оптоварува корисникот. Многу ми се допадна начинот на кај AI агентите комуницираат – јасно, аргументирано и со поддршка од релевантни извори. Тоа му дава на проектот дополнителна тежина и доверба кај корисниците.
    Како мала препорака би кажал да се воведат повеќе визуелни елементи кои би можеле уште подобро да ја пренесат пораката, особено за помладите корисници. За крај платформата е успешна реализација за тоа како може технологијата да се стави во функција на општествената промена и активно градење на подобра иднина.

  30. RESI AI одговара исклучително брзо и прецизно, што го прави многу ефикасен за различни задачи. Постојано дава сигурни и добро организирани одговори. Лесен е за користење и одлично ги разбира дури и покомплексните барања. Во целина, RESI AI е моќна и ефикасна алатка за зголемување на продуктивноста и донесување подобри одлуки посебно за родовата еднаквост.

Leave a Reply to Николас Кузмановски Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »