Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.
ФОРУМ

559 Comments
-
Навистина позитивно изненадена! Ја тестирав платформата РЕСИ и можам да кажам дека нуди одлични одговори. Му поставив неколку прашања на кои ми даде целосни одговори кои даваат доста добро објаснување за темите кои ве интересираат. Одлична платформа!
-
Ја разгледав платформата, баш сум позитивно изненадена и соочив дека има голем потенцијал да помогне во разрешување на проблеми околу родови стереотипи. Ми се допаѓа исто така што корисниците слободно можат да ги изнасаат своите идеи. Преку разни мислења форумот може навистина да напредува, од голема важност е што е едноставна за користење и продуктивен. Мислам дека навистина е многу иновативна веб-страницата и придонесува голема едукација на корисниците. Но покрај иновации мислам дека е вистинско место за комуникација и размена на идие.
-
Како студентка, често ми недостасуваат локални ресурси кои се достапни, релевантни и конкретно насочени кон важни општествени теми – а оваа платформа ги исполнува сите тие критериуми.
Прво што ми привлече внимание е фактот дека платформата го поврзува светот на вештачката интелигенција со родовата еднаквост – нешто што ретко се среќава, особено кај нас. Платформата е богата со информации, ресурси, алатки и примери од пракса. Особено ми се допадна делот каде што се презентира РЕСИ алатката, која овозможува анализа на општествени предизвици преку перспектива на инклузија. Исто така, ми се допадна и што платформата има форум за дискусија, каде што можев да ги прочитам мислењата на други учесници и да споделам свои видувања. Од аспект на корисничко искуство, веб-страницата е прегледна, лесна за навигација и визуелно пријатна.
Моето искуство со платформата беше навистина позитивно. Таа не само што ми помогна да се информирам и да подготвам поквалитетен академски труд, туку ме поттикна и да размислувам пошироко за улогата на технологијата во градењето поправедно општество. Ја препорачувам на сите студенти, особено на оние кои сакаат да ја поврзат дигиталната ера со прашањата за еднаквост, етика и општествена одговорност. -
Ја разгледав платформата, баш сум позитивно изненадена и соочив дека има голем потенцијал да помогне во разрешување на проблеми околу родови стереотипи
-
Форумот на платформата ми изгледа како одлично место за размена на идеи и искуства поврзани со родова еднаквост и вештачка интелигенција. Многу ми се допаѓа што корисниците споделуваат искрени рецензии и мислења, што му дава човечка димензија на целиот проект. Интерфејсот е едноставен и јасен, па лесно се снаоѓа и некој што првпат влегува. Единствено што би било добро е да има повеќе нови теми и повеќе активности од страна на корисниците. Со малку повеќе ангажман, форумот може да стане вистинска заедница каде се слуша секој глас.
-
Ми се допаѓа целата платформа, замислата и начинот на којшто е изработена. Убаво е што постои ваква платформа за едукација на академските граѓани за поле кое што е секогаш релевантно, особено во глобален контекст.
Поконкретно, за алатката Генератори на истражувачки прашања, проблеми и хипотези е одлична како помош при составување на хипотеза и последователни прашања за истражување. На пример, јас кога кликнав на истражување за родовата перспектива во доменот на образование и наука, ми понуди предлог тема која што гласи: Како родовата перспектива и социјалните норми влијаат на можностите за образование и учеството на жените во високото образование, и како ова влијание се манифестира во контекст на BOBO (Backlash Against Gender Equality)?, што ако не како главна тема е одлична стартна точка за истражување во доменот. Можеби би било корисно делот со Состојби – статус, положба, пристап, влијание, улога… да има појасни објаснувања или клик-опции. Јас внесов само „можност за образование“ и „еднаквост“.
Исто така ми изгенерира 5 хипотези, поткрепени со цитирана литература што е супер за понатамошно истражување.
Блогот каде што се објавуваат студентските истражувања е исто така добар и охрабрувачки за пишување на повеќе трудови. Достапните учебници се исто бонус за добра, лесна и пристапна едукација на студентите.
Го испробав и ботот Институт за Родови студии (ИРС) AI 🎓, којшто дава релевантни и брзи одговори на темата.
Го користев и генераторот на прашања, кој ми изгенерира 10тина прашања во врска со темата која што ја кликнав: родова еднаквост според феминистичката методологија. Единствена забелешка ми е тоа што кога пробувам да ги зачувам прашањата на мојот компјутер, во txt формат ми ги симна правилно но во pdf форматот ми ги симна неразбирливи, најверојатно поради грешка при енкодирање. Тоа е на оваа страна https://aigender.net/index.php/prof/ .
Дополнително, водев разговор со ботовите Македонка и Hypatia, на кои им поставив слични прашања поврзани со феминизмот во Македонија. Од Македонка добив поисториски одговор и бев изненадена што го знаеше и фестивалот “Прво па женско“, организиран од колективот “Тиииит! Инк.“ — што ми го понуди како дел од одговорот.
Супер е и можноста да се проверат повеќе различни AI модели, како и нивно објаснување на начинот на работа. На пример, GPT-4 Turbo на прашањето “Што мислиш за феминизмот?” ми врати подолг одговор и плус ми наведе дополнителни и академски ресурси.
Следно, го пробав IRS Етички Аналитичар AI, кој исто е паметен и дава исцрпни одговори на многу релевантна тема.
Комуникациски компас ботот е дефинитивно поларизирачки или 1 или 2, но нуди интересни вежби за балансирање на сопствениот комуникациски пристап.
Од помош е и ботот AI map aigender.net, којшто како промпт му го дадов понудениот предлог: “Кои се Најнови текстови на блогот” и како договор ми ги врати најновите текстови на блогот, објавени денес.
Конечно, платформата за вештачката интелигенција и родовата еднаквост е одличен ресурс за сите студенти и истражувачи кои се интересираат за прашања поврзани со родовата еднаквост и новите технологии. Платформата не само што охрабрува критичко размислување, туку и создава простор за иновативни пристапи во анализата на родови прашања. Супер иницијатива која што треба да се прошири и поддржи! -
Доста интересна платформа, ми остави позитивен впечаток. Според мене RESI е одлична платформа што може да помага во учењето и поддршката за родовата еднаквост и социјалната инклузија. Лесна е за користење, и ми се допадна тоа што на крај ми даде неколку прашања за размислување и дополнителни ресурси. Супер е за оние кои сакаат повеќе да се информираат на овие теми.
-
Според мене, оваа платформа претставува иновативна иницијатива користејќи ја моќта на вештачката интелигенција и промовирањето на родовата еднаквост. Во свет се уште полн со предрасуди и дискриминација, особено кон маргинализираните групи, платформава е неопходна за создавање праведни, безбедни и инклузивни простори. Ми се допаѓа тоа што платформата не нуди само теоретски пристап, туку и конкретни алатки и ресурси како едукативни програми, истражувачки настами и AI базирани чатботови кои имаат за цел да не едуцираат, информираат и поддржат како корисници. Според мене, кај нив анонимноста и достапноста е она што ги прави особено вредни, бидејќи се безбеден простор за корисници кои се плашат од осуда. Во свет каде технологијата се повеќе влијае врз секојдневниот живот, овие алатки и платформи се пример како вештачката интелигенција може да служи како механизам за општествена правда. Платформата aigender.net креира решенија што се чувствителни на потребите на различни заедници. Таа не само што се бори против дискриминација, туку и активно ги вклучува жените и ЛГБТКИ+ лицата во процесот на развој и имплементација на технологиите. Овој пристап ја руши традиционалната поделба помеѓу корисници и креатори, и наместо тоа, го нагласува значењето на инклузивноста и колективната одговорност во обликувањето на дигиталната иднина.
-
Ја тестирав платформата RESI и морам да признаам дека ми остави позитивен впечаток. Особено начинот на којшто не нуди само информации, туку и поттикнува критичко размислување. Ми се допадна што одговорите беа насочени и јасни, но и што понудија релевантни извори. Сепак, мислам дека би било корисно ако се овозможи зачувување на разговорите и ако полето за прашања е поистакнато, тоа би ја направило платформата уште подостапна за нови корисници. Интересен пример е за тоа како AI може да поттикне подлабоко размислување за важни теми како родовата еднаквост. Во целина, добар пример како вештачката интелигенција може конструктивно да се примени во општествени теми.
-
За да се сочува историјата на дијалози треба да се најавувате. Но поради почитување на анонимноста жртвувана е оваа можност
-
-
Текстот јасно го истакнува значењето на критичкото размислување и етичкиот пристап при користење на вештачка ингелигенција. Добро се обработени ризиците од пристрасност и дезинформации, со нагласок на одговорноста на корисниците. Содржината е аргументирана и релевантна, а исто така успешно повикува на свесност и етичко постапување.
-
Овој блог отвора значајна и често занемарена тема – родовата пристрасност во ВИ системите. Ми се допадна што пристапот е внимателен, но јасен, со примери што го прават проблемот видлив и разбирлив. Особено го ценам повикот за инклузивен дизајн и етички насоки, што сметам дека се клучни за одговорен и одржлив технолошки развој. Верувам дека токму преку овие интерсекционални и етички практики можеме да создадеме технологии кои навистина ќе им служат на сите. Блогот поттикнува длабоко размислување за тоа како технологијата, наместо да ги репродуцира нееднаквостите, може може да стане алатка за позитивна промена.
-
Мое мислење е дека оваа платформа претставува важен чекор напред во поврзувањето на технологијата со општествените прашања. Јасно и едноставно прикажува сложени теми и нуди корисни алатки за информирање. Особено ми се допадна четботот кој го олеснува пристапот до информации. Платформата има голем потенцијал и со повеќе ангажираност од корисниците ќе стане уште поинтересна и едукативна.
-
Интересен спој на две области и интересен концепт на целата веб-страница. РЕСИ е алатка со која лесно може човек да се снајде низ оваа платформа, останатите страници како тие за AI-Писменост даваат доволно материјали за секој што е заинтересиран да си ги прошири знаењата, поготово со справувањето на дезинформациии. Со тоа што технологијата станува сè поприсутна во секојдневниот живот, важно е паралелно со нејзиниот развој да работиме и на социјални прашања, како родовата еднаквост. Подобрувањето на условите и стандардите за сите треба да биде заедничка цел, а оваа платформа дефинитивно е чекор напред во тој правец.
-
Имав можност да го тестирам РЕСИ и ми остави позитивен впечаток како интересен и корисен бот, кој на едноставен начин ја отвора темата за родова еднаквост и социјална инклузија. Ја ценам иницијативата, особено затоа што станува збор за иновативен пристап со примена на вештачка интелигенција во општествени теми што често се занемарени. Интерфејсот ми е интуитивен, а одговорите генерално јасни. Особено ми се допаѓа што веќе нуди корисни алатки кои овозможуваат лесно вклучување на овие вредности во секојдневните рутини.
-
Искрено до сега не сум се сретнала со платформа што поврзува две актуелни теми , односно AI и Родова еднаквост. Подеднакво значајни теми. Така што идејата зад оваа платформа сосема ми го привлече вниманието.Блоговите и содржината поставена на оваа платформа е интересна и од информативен карактер, ми се допаѓа функционалноста на AI Агент за блогот и коментарите, што ви овозможува да бидете во тек со најновите постови на блогот само со еден клик – да ви ги излиста последно објавените текстови, и ви ги враќа последните 5. Кога станува збор за интерфејсот на оваа платформа, ми се допаѓа што е интуитивен, едноставен за користење, единствено што би можело во овој дел да се промени е тоа да има поголема интерактивност со корисниците. Како заклучок би рекла дека оваа платформа е многу корисна алатка, особено за оние кои се заинтересирани и би сакале подетално да ги истражат темите кои се тесно поврзани со Вештачката интелегенција и родовата еднаквост. Времето поминато на оваа платформа не е залудно потрошено , напротив само го надоградува вашето знаење.
-
Искрено супер идеја и иницијатива. Платформава навистина се труди да ги поврзи родовата еднаквост и вештачката интелигенција, што е ретко кај нас. Особено ми се допадна четботот – можеш да си разговараш со ботот и да добиеш конкретни информации за родови прашања. Интерфејсот е едноставен и лесен за користење, што е голем плус. Сепак би било убаво да има повеќе локални примери и студии на случаи од нашата средина, за да биде уште порелевантна за нас. Исто така и форумот е добра идеја, но би било супер ако има повеќе активности и дискусии таму. Се на се, одлично си е!
-
Според мене, многу иновативна платформа која остави силен впечаток со самиот иноватиен пристап. Лесната навигација, добриот дизајн и содржините нудат добро разбирање. AI ботот/водичот одговара прецизно и јасно и помага при учење на нови перспективи, инспирација и слично. Технологијата е на високо ниво и има лесно иефикасно справување со било какви проблеми и наоѓање на точната информација која ни треба.
-
RESI AI е супер корисна алатка која ми помогна подобро да разберам како да ги поддржам правата на сите луѓе и да работам на еднаквост. Едноставна е за користење, а и интерактивна, па не е досадна. Ми даде идеи и насоки кои ми помогнаа да бидам поподготвен кога работам на проекти за социјална правда.
-
Веб-страницата претставува иновативна платформа која комбинира едукација, технологија и критичко размислување. Омилен дел ми беше читањето на блоговите кои беа исполнети со многу интересни теми и те потикнуваат да размислиш. Има различни теми поврзани со род, дигитални права и општествени предизвици од перспектива на современи технологии. Реси ми помогна на брз начин да ги најдам блоговите со специфична тема кои ме заинтерсираа. Во целина, платформата е вреден ресурс за сите кои сакаат да научат повеќе за влијанието на AI врз родовата еднаквост и обратно, како родовата перспектива го обликува развојот и примената на новите технологии.
-
Веб страната е чиста, интуитивна и лесна за употреба. Особено добар впечаток ми остави РЕСИ, кој е исклучително корисна алатка за навигација низ комплексните теми поврзани со социјалната инклузија и родовата еднаквост. Одговорите се внимателно структурирани, со јасни и концизни објаснувања, што овозможува длабинско разбирање без преголем технички жаргон. Чекор-по-чекор водичот е особено впечатлив бидејќи систематски нуди пристап до сложените прашања, правејќи ги пристапни и за корисници кои немаат техничка позадина.
-
Платформава ми остави многу позитивен впечаток затоа што на уникатен начин ги спојува вештачката интелигенција и темите за родова еднаквост и LGBTQI+ права. Многу ми се допаѓа што има двојазична поддршка и чист, разбирлив дизајн – лесно се снаоѓав и не ми требаше долго за да се вклопам. Најмногу ме импресионираше AI чат-ботот, кој одговара брзо и прецизно, а притоа дава навистина смислени одговори. Можноста да се вратиш на претходни разговори исто така ми се покажа како многу корисна. Би било супер ако во иднина додадат и повеќе локални примери од македонскиот контекст или можност да се прикачуваат документи и визуелен материјал. Сметам дека оваа платформа има голем потенцијал – не само како алатка за учење, туку и како простор каде што се поттикнуваат свесност и дијалог за важни општествени прашања.
-
Платформата ми остави многу позитивен впечаток. Тоа што платформата не е само извор на информации и технолошки продукт, туки вистинско место за интеракција, учење и размена на идеи. Сметам дека вакви платформи се потребни, доколку сакаме да изградиме пофер и порамноправно дигитално општество. Дополнително, платформата е интуитивна и лесна за користење, што овозможува брз пристап до содржините. Ми се допаѓа тоа што овде не се зборува само за технологија, туку и за нејзината реална улога во општеството. Тој пристап и дава вредност која оди подалеку од техничкиот аспект, ја прави платформата значајна и на човечко и на општествено ниво.
-
Најголемо внимание кога ја отворив платформата ми привлече РЕСИ. Првично вниманието ми го привлече насловот Родовата еднаквост и Социјална инклузија. Сметам дека AI ботот РЕСИ е навистина корисна алатка за продлабочување на знаењата за родова еднаквост и социјална инклузија. Како студент на факултетот за Дефектологија го тестирав AI РЕСИ водичот во врска со социјалната инклузија на лицата со попреченост, бидејќи е доста важна тема на денешницата. Ми се допаѓа тоа што брзо одговара на поставените прашања со тоа што информациите кои ги дава не се ниту премногу обемни, ниту кратки. Особено ми се допаѓа чекор-по-чекор водичот кој исто така е од голема помош, односно детално навлегува во темата чекор по чекор, при што одговорите се јасни и разбирливи.
-
Рецензија за AI RESI водич:
Ова беа неколку од поставените прашања
-Дали системот за вештачка интелигенција е обучен за разновидни и репрезентативни податоци?
-Дали системот на вештачка интелигенција ги одразува и зајакнува постојните родови предрасуди?
-Кои мерки се преземаат за ублажување на родовите предрасуди?
Генерални проблеми и прашања за истите кои се комплексни за решавање/имплементирање во AI систем на кој AI ботот одговори со обемно со повеќе содржини,ресурси и предложи дополнителни прашања кои може да се постават.Искуството на користење на овој бот е многу добро иако некогаш доаѓа до премногу информации во детал за генерални прашања(info dump), јас сум задоволен на брзината и ефикасноста на одговори од страна на AI ботот и мислам дека е на ниво како и други познати AI ботови (ChatGPT,Copilot) исто така RESI има обемни информации, врши добри анализи врз основа на достапни податоци, академски извори и релевантни методологии.
Интересно е што ботот може да симулира пребарување и да предложува интернет ресурси кои се веќе обработени кое не насочува нас корисниците да размислуваме по критички и да истражуваме самостојно. -
Според мене, AL технологијата има огромен потенцијал. Многу платформи денес нудат паметни решенија кои навистина можат да го олеснат секојдневието – било да е тоа преку автоматизација на задачи, помош при учење или креирање на содржина. Сепак, сметам дека е важно овие алатки да се користат со внимание, особено кога станува збор за приватност и точност на информации. Вештачката интелигенција не е неутрална – таа не учи од податоците кои често ја препречува комунијацијата помеѓу две страни. Затоа, платформите за Аl мора да се креираат со свеста за родова еднаквост, за да се изградиме технологии што се правични, инклузивни и корисни за сите.
-
Како студент на ФИНКИ а и како програмер кој активно работи на развој на асистивна технологија, првото нешто што ми привлече внимание при користење на оваа платформа беше прашањето за пристапноста. Бидејќи работам со корисници со различни типови попречености, навикнат сум веднаш да ја анализирам функционалноста од перспектива на достапност. Веднаш ја тестирав веб-страницата и можам да кажам дека почетната страница е 90% пристапна. Сепак, постојат делови што треба да се подобрат – некои копчиња немаат јасни и пристапни имиња, а дел од линковите не содржат дескриптивен текст што би им помогнал на корисниците кои се потпираат на читачи на екран.
Што се однесува до форум-страницата, пристапноста е околу 85%. И тука се јавуваат слични проблеми – недостаток на дескриптивни имиња кај линковите и копчињата, како и несоодветна контраст на вредност меѓу текстовите и позадината. Ова го отежнува користењето за лица со оштетен вид. Дополнително, навигацијата со тастатура е ограничена – многу наслови на елементи не се правилно означени, што создава потешкотии при движење низ страницата со помошни технологии.
Овие аспекти се особено критични за луѓето со визуелни попречености, кои користат читачи на екран и тастатура за навигација. Ако платформата навистина има за цел да биде отворена и достапна за сите, пристапноста мора да биде приоритет.
Во однос на AI ботот што беше предмет на тестирање (AI map од aigender.net), прво направив проценка дали е употреблив за лица со попречености. Оценката што ја доби е 88%, што е солидно, но далеку од совршено. Проблемите повторно се врзани за копчињата кои немаат пристапни имиња и контрастот меѓу текстот и позадината, кој не ги исполнува стандардите за пристапност.
Што се однесува до неговата функционалност – времето потребно за генерирање на одговори е малку подолго во споредба со други AI агенти. Сепак, тоа се компензира со квалитетот на одговорите, особено затоа што се генерирани на македонски јазик со исклучително мал број граматички или синтаксички грешки. Тоа е особено позитивно и пријатно изненадување.
Она што сѐ уште не сум го тестирал е колку овој бот емотивно резонира со корисникот и дали може да даде чувствителни или потенцијално штетни одговори кога се поставуваат прашања поврзани со родови теми, родова еднаквост или родова едукација. Ова е исклучително важно, бидејќи луѓето често реагираат емотивно на овие прашања, а ВИ сѐ уште не е на ниво на човечко разбирање и емпатија. Треба да се внимава на тоа какви прашања се поставуваат и какви одговори се добиваат, за да се избегнат погрешни интерпретации или повредување на чувствата на корисниците.
-
Истражувајќи ја платформата resi.aigender.net забележав дека ова не е класична едукативна веб страна. RESI не само што пренесува информации, туку се стреми кон критичко размислување. Она што најмногу ми остави впечаток е како темите за родова еднаквост, дигитални права и вештачка интелигенција се обработуваат со практичен фокус, а не само низ теоретски концепти. Платформата нуди конкретни алатки и ресурси што можат веднаш да се искористат за некоја истражувачка задача/работа или пак анализа на медиумска содржина, или само за поинформирана комуникација. Визуелно, сајтот е прегледен, одлично структуриран и лесен за снаоѓање низ него.
-
Идејата позади платформата е навистина интересна. До сега не сум сретнала платформа која е ориентирана кон конкретна тема и истата ја анализира од повеќе аспекти. Навигацијата на страната е лесна и интуитивна, ова го подобрува искуството на некој што прв пат ја отвара. Темите кои се опфатени на блогот се навистина интересни, дел од нив прв пат ги сретнувам и целосно го задржаа моето внимание. Меѓутоа мислам дека треба алку да се поработи на визуелизацијата на страната. Потребно е да се стави поголем фонт, навигациското мени треба да биде позабележливо и да се смени позадинската боја на блогот. Сивата позадина и темно сивите букви се преклопуваат, нема контраст и е тешко читливо.
-
Ја пробав алатката „AI – ЗА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И СОЦИЈАЛНАТА ИНКЛУЗИЈА“ и навистина ме импресионира. Она што најмногу ми остави впечаток беше колку јасно и детално ги одговори сите мои прашања. Особено ми се допадна што е насочена кон една конкретна тема и дава токму такви информации какви што ми беа потребни.
Многу ми се допадна и тоа што не само што одговара на прашањата, туку и предлага нови идеи и прашања што ме поттикнаа да размислувам подлабоко за темата. Ми помогна да ги видам овие прашања од повеќе агли.
Севкупно, мислам дека е одлична алатка за секој што сака да истражува родови прашања -
Платформата за вештачка интелегенција и родовата еднаквост според мене е една иновативна платформа која служи како ресурс за стекнвање на нови знаења поврзани со влијанието на ВИ врз родовата еднаквост и влијането на искористувањето на технологиите за унапредување на овие области. Оваа платформа е една заедница на интеракција каде што секој може да сподели искуство, да разреши проблем или да размени идеа. Технологијата и пристапот се на високо ниво кои овозможуваат поефикасно справување со проблем и поефикасно пронаоѓање на конкретна информација.
Leave a Reply to Ана Тасева Cancel reply