Веб страницата “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“, е поддржана од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска во рамки на проектот за медиумска писменост “Младите размислуваат”. Ботовите се продуцирани од страна на Институтот за родови студии. Главната цел е да се користи вештачката интелигенција за борба против дезинформациите, особено во областа на родовата еднаквост.

На страницата, корисниците можат да разговараат со AI агенти кои се специјализирани во различни области:

  • Етички Аналитичар: анализира мисинформации, дезинформации и малинформации со цел да идентификува неетички говор и говор на омраза.
  • Родов Едукатор: информира за родовата еднаквост, феминизмот и ЛГБТКИ+ прашања.
  • ВИ четкнига: промовира АИ писменост како алатка за борба против информацискиот неред.

Страницата има блог, е-ресурси, форум и AI Playground.

16 Comments

  1. Мене многу ми се допадна оваа страница затоа што на едноставен, но иновативен начин ги спојува технологијата и едукацијата. Посебно ми се допадна што преку AI агенти се отвора простор за учење и критичко размислување, особено за млади луѓе кои се секојдневно изложени на дезинформации. Страницата не само што е информативна, туку е и инспиративна – покажува како вештачката интелигенција може да се користи за вистинска општествена промена.

  2. Мене лично многу ми се допадна сајтот „Со Вештачка интелигенција против дезинформации“ затоа што јасно доловува како ВИ може да се користи за расчистување на дезинформациите поврзани со родова еднаквост. Сајтот е едноставен за користење, а агентите базирани на ГЈМ нудат детални и јасни одговори, што многу ми помогна да разберам одредени поими , но морам да признаам дека некои од одговорите беа доста формални. Сепак морам да кажам дека платформата покрива доста теми од областа на родовата еднаквост и ми беше доста корисна.

  3. GenderAI.org е интересна веб-страна што се фокусира на врската помеѓу вештачката интелигенција и родовите прашања, нуди различен вид на истражувања, анализи и статии за теми како предрасуди во алгоритмите и влијанието на Вештачката Интелегенција врз општествените норми. Содржината е добро разработена и корисна за студенти, истражувачи или активисти, но таа со себе носи неколку недостатоци.
    Еден проблем би бил дизајнот – изгледа застарено и неуредно, со слаба визуелна хиерархија и ограничена интерактивност. Текстот е претежно неразбирлив, содржината нема никаков контраст и слично. Би било одлично да се додадат повеќе мултимедијални содржини (како видеа или анимации) за да се направи материјалот попристапен.
    Сепак, доколку ја прескокнете застарената презентација, содржината самата е вредна, особено за оние кои се интересираат за етиката на ВИ и нејзиното влијание врз родовите структури. Со малку подобрувања во дизајнот и пристапот, оваа страна би можела да биде одлична референца.

  4. „Со Вештачката интелигенција против дезинформации“ е веб-страница која ми остави најмногу впечаток. Зошто? Затоа што платформата обработува значајна и доста актуелна тема, родовата еднаквост и борбата против дезинформации преку употреба на вештачка интелигенција. Ми се допаѓа што пристапот е модерен, а јас како корисник можам интерактивно да се информирам преку AI-агентите. Лично јас разговарав со AI-агентот „Родов едукатор” кој нуди одговори на теми како родовата еднаквост, феминизмот и ЛГБТКИ+. Издвојувам дел од разговорот со AI агентот од кој добив прилично јасен одговор за тоа што означува поимот род:

    „Поимот “род” се однесува на социјално договорени улоги, однесувања, вредности и активности кои дадено општество ги смета за соодветни за жените и мажите. Родот е концепт кој се разликува од биолошкиот пол, кој се однесува на физичките и физиолошките карактеристики што ги дефинираат мажите и жените. Родот е стекнат идентитет кој е научен, се менува со текот на времето и нашироко варира во и низ културите. Овој концепт е клучен за разбирање на општествените структури и динамики, бидејќи ги опфаќа начините на кои општеството ги конструира и одржува разликите меѓу половите…”
    (дел од одговорот)

    Ваков тип на платформа, каде може да разговараш со AI агенти, е од особено значајно затоа што живееме во време кога дезинформациите се присутни буквално насекаде и често влијаат врз перцепцијата за разбирање на работите. Покрај тоа постои дигиталната неписменост, па платформата со својата едукативна цел може да го максимизира посакуваниот ефект. Сепак, сметам дека платформата би добила уште поголема вредност ако понуди поконкретни примери од секојдневниот живот и повеќе мултимедијални содржини кои ќе ја направат платформата визуелно попривлечна, но и дополнително да се промовира на социјалните мрежи и да се вметне во образовната програма по училиштата.

  5. Веб страната “Со вештачка интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост и ботот „Родов Едукатор“ – дигитален водич за еднаквост, според мене претставуваат многу интересна, едукативна и дидактичка современа алатка која користи вештачка интелигенција за да ги информира корисниците (кои во нашиот случај не мора да бидат само студенти) за теми поврзани со родовата еднаквост, феминизмот, ЛГБТ+ прашања и слично. Со помош на ботот кој функционира како интерактивен разговорен асистент, на едноставен начин и за многу кратко време се добиваат одговори на прашањата поврзани со дискриминацијата, човековите права, стереотипите, родовите улоги и др. сензитивни теми. Оваа алатка и онлајн платформа за учење е особено корисна за млади луѓе, студенти, ученици или луѓе кои сакаат да научат повеќе во однос на овие родово базирани теми, но не секогаш знаат каде да ги добијат вистинските одговори на нивните прашања. Она што јас особено го ценам и ми се допаѓа е тоа што ботот нуди објективен одговор на секое наше прашање, без осудување и охрабрувајќи го нашето критичко мислење во однос на некои теми поврзани со родовата еднаквост.
    Сепак, ботот би можел да се подобри во некои аспекти, на пример да вклучува повеќе примери од секојдневниот живот, потоа референтни линкови до релевантни извори или совети за активизам и вклучување во разни проекти поврзани со овие теми.
    Како заклучок на сето ова, би додала дека овој веб сајт е многу корисен, но треба повеќе да се работи на неговата популаризација меѓу младите и студентите.

  6. Ми се допаѓа веб-страницата „Со Вештачка интелигенција против дезинформации“ затоа што обработува многу важна тема – како AI може да се користи за справување со дезинформации поврзани со родова еднаквост. Сајтот е едноставен за користење, а вклучените AI-агенти нудат детални и јасни одговори, што многу ми помогна да разберам одредени поими и појави.
    Посебно ми се допаѓа тоа што секој агент има своја специфична функција и што често се вклучуваат линкови до извори за подетално читање. Темите што ги покрива платформата се навистина актуелни и ја поттикнуваат свесноста за родова еднаквост, особено на интернет и социјалните мрежи.
    Одлична алатка што има голем потенцијал!

  7. Мене лично ми се допатна веб страницата „Со Вештачката интелигенција против дезинформации“. Сметам дека во неа е обработен еден доста важен проблем. Ова претставува добар почеток за подигање на свеста за тоа како AI може да се искористи за доста битни работи во општеството. Според мене би било уште поинтересно ако во иднина се додадат примери или кратки видеа кои ќе покажат реални случаи или алатки што веќе се користат на ова поле.

  8. Оваа веб-страна е сосема едноставна за користење и супер ни претставува колкава улога игра вештачката интелигенција во борбата против дезинформациите поврзани со родовата еднаквост и како може да помогне со тоа. Вклучени се AI-алатки кои се достапни за комуникација со корисниците, кои детално одговара на било какви прашања. Оваа карактеристика ми се допаѓа особено бидејќи на практичен начин корисниците можат да комуницираат со AI-алатките со што се зголемува интерактивноста и квалитетот на информации. Доколку би имало пократки и суштински одговори, би било полесно за разбирање. Сепак страницата има потенцијал да стане голем едукативен центар и заслужува поголема публика.

  9. Оваа веб-страна е сосема едноставна за користење и супер ни претставува колкава улога игра вештачката интелигенција во борбата против дезинформациите поврзани со родовата еднаквост и како може да помогне со тоа. Вклучени се AI-алатки кои се достапни за комуникација со корисниците, кои детално одговара на било какви прашања. Оваа карактеристика ми се допаѓа особено бидејќи на практичен начин корисниците можат да комуницираат со AI-алатките со што се зголемува интерактивноста и квалитетот на информации. Доколку би имало пократки и суштински одговори, би било полесно за разбирање. Сепак страницата има потенцијал да стане голем едукативен центар и заслужува поголема публика.

  10. Веб сајтот „Со Вештачка интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“, е навистина интересен, затоа што содржи четири агенти кои помагаат да научиш нешто плус. Интересно е тоа што секој агент е специјализиран за одредена работа.
    Многу корисна алтка, и интересна, особено ми се допаѓа тоа што дава линкови до изворите од кои ги наоѓа информациите, доколку сакаш да нучиш нешто повеќе.
    Многу интересна тема за истражување ми беше, двојните стандарди при ористење на социјалните мрежи на жените и мажите.
    Многу детален начин на објаснување и поттикнува размислување, оваа алатка.

  11. Вештачката интелигенција може да се користи како моќен алат во борбата против дезинформациите, но клучно е да се применува со јасна цел и внимателност. Важно е да се осигура дека алгоритмите се објективни и не се користат за ширење на нови форми на пристрасност. Ако се применува правилно, AI може да не само да препознава и исправи лажни информации, туку и да создаде простор за подобро разбирање на родовата еднаквост, што е од суштинско значење за градење на фер и инклузивно општество.

  12. Јас мислам дека темата „Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“ е многу актуелна и значајна. Вештачката интелигенција има огромен потенцијал да помогне во откривањето и спречувањето на дезинформации кои шират стереотипи и нееднаквости, особено во медиумите и на социјалните мрежи. Иако оваа технологија може да обезбеди брзи и ефикасни решенија, важно е да се имаат на ум предизвиците како пристрасноста во алгоритмите и заштитата на приватноста на податоците.

  13. Јас како студент на додипломски студии и млад човек сметам дека темата”Со вештачката интелегиенција против дезинформации во областа на родовата еднаквост” е многу значајна.
    Во денешно време се шират многу лажни информации,особено на социјалните мрежи па затоа е потребно да имаме нешто ќе ни помогне во нивно препознавање и спречување.Вештачката интелегенција би можела да помогне само доколку е правилно насочена и програмирана.
    Исто така сметам дека вештачката интелегенција може да им помогне на луѓето да разликуват што е реално и вистинско, а што не.

  14. Ако нешто може да се истакне како најголема препрека во областа на вештачката интелигенција токму би било ширењето на дезинформации. Со помош на алатките и особено интересната алатка genderai која е наменета за студентите која работи доста брзо и ефикасно може да допринесе до намалувањето на говорот на омраза, поттикнување на родовата еднаквост и соодветно информирање во областа на родовите учења кои претходно не биле достапни за сите. Иако одговорите од ботот се долги и информативни, во мое скромно мислење може да се користи поконцизен, поскратен и малку жаргонски говор за да се опфати поголем степен на публика за да може да се почувствуваат многумина поприфатени во однос на прашањата што би ги имале.

  15. На доста едноставен и разбирлив начин, оваа веб страница успева да ја пренесе идејата за користење на ВИ против ширењето на дезинформациите поврзани за родовата еднаквост. Најголем впечаток ми остави тоа што успева да ја истакне улогата на различни AI алатки како што се Етичкиот Аналитичар и Родовиот Едукатор, кои го прават текстот многу поразбирлив и го прави интересен за секоја публика. Би била од огромна корист доколку би биле изложени конкретни примери за тоа како овие алатки би се користеле во практика како со цел да се постигне поголема заинтересираност и поголема доверба кај пошироката публика.

  16. Темата „Со Вештачка интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“ ми беше особено интересна бидејќи нуди модерен и иновативен пристап за справување со дезинформации, додека истовремено ја истакнува важноста на родовата еднаквост преку употреба на напредна технологија. Веб-страницата и трите AI агенти се едноставни за користење, со јасен и практичен дизајн кој овозможува лесна и директна комуникација со агентите уште од почетната страница.
    Посебна предност е тоа што агентите поддржуваат повеќе јазици, што ја прави платформата подостапна за поширока публика. Иако нивната функција главно е текстуална, тие овозможуваат и прикачување слики и документи, што ја зголемува нивната примена. Единствен аспект што би можел да се подобри е стилот на комуникација, одговорите се доста формални, па со малку понеформалени и попријателски одговори, корисничкото искуство би било уште подобро.

Leave a Reply to Сумеа Ќаили Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Chat Icon
Translate »