РЕСИ (Родова еднаквост и социјална инклузија – методолошка алатка за креирање и ревизија на политики)

РЕСИ (Родова еднаквост и социјална инклузија) е методолошка рамка и концепт кој се користи за да се интегрираат принципите на родова еднаквост и социјална инклузија во креирањето, спроведувањето и следењето на политиките и програмите. Главната цел на РЕСИ е да се намалат нееднаквостите, да се зголеми пристапот до ресурси и услуги за сите групи во општеството, особено за жените, маргинализираните и ранливите поединци, и да се осигура дека нивните права и потреби се адресирани на праведен и инклузивен начин.

РЕСИ рамката може да се смета како алатка за ревизија бидејќи се користи за анализирање, проценка и подобрување на политиките, програмите и проектите од аспект на родова еднаквост и социјална инклузија. Тоа значи дека РЕСИ рамкатаможе да се користи ретроспективно на веќе постоечки политики и програми, за да се идентификуваат слабости или пропусти, како и да се предложат мерки за подобрување. Значи, таа е флексибилна алатка која може да се примени и при подготовка, и при ревизија или евалуација на политиките.

Целите на креираните аи агенти со вештачка интелигенција за РЕСИ се да обезбедат автоматизирана поддршка и насоки за интегрирање на родовата еднаквост и социјалната инклузија во креирањето, спроведувањето и евалуацијата на политики и програми. Овие агенти им помагаат на корисниците да идентификуваат родови нееднаквости и социјални бариери, да предложат мерки за нивно надминување, да обезбедат пристап до релевантни податоци и ресурси и да поттикнат партиципативен пристап кој ги вклучува ранливите и маргинализираните групи. На тој начин, агентите ги олеснуваат процесите на анализа, следење и ревизија на политиките од аспект на РЕСИ, со цел да се постигнат поправедни и поинклузивни општествени резултати.

https://airesi-13378.chipp.ai

https://resi-43028.chipp.ai

https://aigender.net/index.php/resi/

Овие агенти со AI се креирани врз основа на материјали од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во рамки на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, поддржан од страна на Британската амбасада Скопје.

Chat Icon
Translate »