Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.

AIАгент за проверка на текстови

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

566 Comments

  1. Откако ги разгледав сите веб страни, најинтересна ми беше веб страната “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост”. Она што веднаш ми се допадна беше чистиот и минималистички дизајн, што ја прави содржината лесна за навигација и достапна за луѓе од различно академско потекло, вклучувајќи ги и оние кои можеби не се експерти ниту во родови студии ниту во технологија.
    Доста интересно ми беше тоа што има 4 различни AI агенти(чет-бота) за кои што има посебна слика и текст кој ги опишува нивните особености и различните теми за кои тие се експерти. Она што го сметам за особено корисно за овие чет-ботови е тоа што откако ќе им поставите прашања тие не само што го одговараат прашањето на доста коректен начин туку и го поткрепуваат со студии, документација или податоци за темата.
    Како заклучок оваа веб страна е добро структурирана и таа успешно ги поврзува родовите студии со критички технолошки студии. Тоа е одлична почетна точка за секого, без разлика дали е од хуманистичките или техничките науки, да размисли подлабоко за тоа како родот и вештачката интелигенција се преклопуваат во денешниот свет.

  2. Навистина сум изненаден од креативноста и иновативноста на оваа веб-страница. Нешто ново, корисно и во тек со реалните проблеми на родовата еднаквост кои од отсекогаш постоеле, но биле скриени во позадина.
    Вниманието ми го привлече блогот за “Родот и развојот на технологијата: Како претставништвото на жените влијае на иновациите во ИКТ” бидејќи сум студент на ФИНКИ па е поврзано со моите студии. Самиот блог изобилува со интересни факти и содржина за игнорирањето на иновациите и успесите на жените во областа на технологијата.

  3. Оваа платформа е доста иновативна, уникатна и изобилува со многу нови и популарни теми. Навистина е потребно во денешно време нешто вакво и доста е прегледна и квалитетна содржината која е пласирана.
    Конкретно Hestia✨ AI асистентката нуди одговори на сите прашања поврзани со феминизмот и родовата еднаквост во Студиите за попреченост.

  4. Како студент на Филозофскиот факултет, на иститутот за Историја на уметност многу често знаев да се запрашам како родовите студии можат да помогнат во истражувањето на теми од областа која што јас ја изучувам. Запишувањео на предметот „Вовед во родови студии“ во мојот последен семестар од изучувањето ме поттикна малку повеќе да размислам за таа тема и да ја разработам со помош на AI. Вештачката интелегенција има голем потенцијал за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања преку анализа на големи податоци со родова перспектива. Понатаму може да помогне преку следење на родовата застапеност, демократизација на пристапот до знаење, односно AI базирани платформи може да овозможат полесен пристап до литератуара.
    Благодарение на АI за многу мал временски период дознав многу корисни одговори во контекст на моето прашање. Родовите студии можат да го прошират истражувањето во областа на историјата на уметноста преку критичко преиспитување на улогата на родот во создавањето и вреднувањето на уметноста. Исто така родовите студии можат да помогнат да се истражат и вратат во видок жените уметници ЛГБТК+ творци и други маргинализирани групи кои биле системски исклучени. Истражувачите може да користат родова анализа за да ги преиспитаат начините на кои жените и мажите се прикажани во уметноста – како се граделе стереотипи, идеали за убавина, моќ итн. Исто така важно е да се напомене дека уметноста може да се истражува и како средство за родовата и општествена критика.
    Токму поради сето ова јас се одлучив темата на мојата семинарска работа за горе наведениот предмет да биде „Родовата нееднаквост проследена со животот во општеството преку делата на еден од најистакнатите англиски уметници Вилијам Хогарт“. Иако бил активен многу пред појавата на родовите студии како академска дисциплина, денес може да се анализира токму преку таа перспектива, бидејќи неговите дела содржат многу слоеви на општествени коментари, вклучувајќи ги и оние поврзани со родот, моралот, сексуланоста и социјалната структура.

  5. Од сите алатки достапни на веб-страницата, најмногу ми се допадна Етичкиот Аналитичар AI, затоа што на многу едноставен и брз начин овозможува откривање на неетички говор и говор на омраза преку анализа на текстови, линкови, слики и документи. Она што ми остави најголем впечаток е неговата функционалност на повеќе јазици, што го прави достапен за поширок круг корисници, исто така интерфејсот е јасен и лесен што овозможува лесно користење. Сепак, сметам дека има простор за подобрување, особено во делот на комуникацијата, одговорите во моментов се премногу формални, па со воведување на попријателски и понеформален стил, корисничкото искуство би било уште подобро.

  6. Искрено, платформата ме изненади пријатно со својата иновативност. Објавувањата поврзани со родова рамноправност и примената на вештачката интелигенција се претставени преку современи и креативни пристапи. Ботот РЕСИ ми беше особено корисен ,комбинира леснотија на користење со способност за генерирање на структуирани и релевантни одговори. Алатката за идентификација на дезинформации е од суштинско значење во сегашниот дигитален контекст, што ја прави незаменлива. Најинспиративен ми беше делот каде вештачката интелигенција асистира во креативните процеси и детекцијата на потенцијално дискриминаторски елементи. Јасно се препознава дека оваа платформа е дизајнирана како мултифункционален алат , подеднакво корисен за академска заедница, социјални движења и граѓани кои бараат проверени информации.

  7. Како студентка на Институтот за Филозофија, пријатно сум изненадена од AI-асистентката Hypatia, која е специјализирана за феминистичка филозофија и прашања поврзани со родовата еднаквост. Таа го носи името на една голема мислителка од античкиот свет, Хипатија од Александрија. Хипатија била позната по своите научни и филозофски достигнувања, како и по својата храбра позиција, како жена која се истакнала во домен што бил главно раководен од мажи. Верувала во важноста на образованието и стоела зад идејата дека жените треба да имаат исти можности за учење и напредување како и мажите.
    Хипатија е симбол на борба за интелектуална независност и родова еднаквост, оттаму оваа виртуелна асистентка во себе го носи нејзиното наследство, со тоа што можат да се истражуваат филозофски и родови теми со помош на технологија. Оваа чет асистентка се обидува да стимулира критичко размислување, но и да го едуцира корисникот за современите и историските предизвици на родовата дискриминација. Во свет кој сѐ уште се бориме со родовата нееднаквост, оживувањето на Хипатија преку оваа асистентка е освежувачки бидејќи таа е алатка која помага подлабоко да се размислува на овие теми и да се надминат долгогодишните стереотипи.
    Со AI-асистентката разговарав за причините за малата застапеност на жените во античката филозофија, за предрасудите кон жените кои се бават со филозофија, за начините за инклузија на жените во оваа дисциплина, како и за непостоењето на именка од женски род за жена филозоф во македонскиот, како и во англискиот јазик. Таа дава брзи, конкретни и прецизни одговори кои се лесно сфатливи, инспиративни и го задржуваат вниманието. Корисни се прашањата кои ги поставува после секој одговор, во однос на мислењето на самиот корисник, неговото искуство или некаков негов предлог.
    Сметам дека Hypatia е корисен образовен ресурс за добивање информации и феминистичка перспектива, истражување и инспирација.

  8. Слободно можам да кажам дека сум позитивно изненадена од целата платформа, особено што станува збор за нешто ново на нашите простори. Платформата е иновативна и многу корисна. Опишува теми кои во денешно време се доста актуелни, како Вештачката интелегенција и Родовата еднаквост.
    Четботот РЕСИ (Родова Еднаквост и Социјална Инклузија) ми го привлече вниманието токму затоа што лесно се користи, а истовремено обработува многу важна тема. Дава детални одговори на секое поставено прашање и нуди решенија за дадените проблеми.
    ,,Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост” е исто така многу корисна алатка, која дефинитивно би ја користела во иднина. Нуди алатки кои се насочени кон борба против дезинформации и говор на омраза во дигиталниот простор.

  9. Од економска перспектива, гледам дека ваков проект може да помогне за поефикасно распределување на ресурсите и донесување на подобри одлуки. Со помош на AI, можеме да ги намалиме трошоците и да создадеме постабилни и рационални политики, што може да се одрази позитивно на целото општество. Разбирам дека економските последици се важни, и оваа иницијатива може да помогне во креирањето на поефикасни модели за управување со јавните средства. Мислам дека ваквите проекти се пример за тоа како науката и технологијата можат да работат заедно за подобрување на нашиот свет. Иако има и некои предизвици, предностите се многу повеќе. За мене, ваквата иновативност не само што ги отвора вратите кон иднината, туку и ни покажува дека и младите можеме да бидеме дел од големите промени во општеството.

  10. Откако ја разгледав платформата увидов дека нуди голем број ресурси, вклучувајќи образовни алатки и обуки, кои се корисни за развој на различни решенија во областа на родовата еднаквост. Интересно ми беше да ги разгледам можностите за користење на AI во анализата на родовата нееднаквост и справување со дигиталното насилство. Меѓутоа еден од најинтересните делови ми е апликацијата која овозможува уредување текстови во контекст на родови прашања, користејќи напредни GPT модели за автоматско генерирање на текстови. Оваа алатка има потенцијал за автоматизација и помош при пишување, но истовремено ја поддржува важноста на критичкото размислување во процесот на создавање на текстови. Исто така платформата ми се допаѓа поради нејзината интерактивност и тоа што е многу лесна за користење, а тоа ја прави достапна за различни групи. Дополнително, обуките и ресурсите кои се нудат за различни корисници, вклучувајќи студенти, активисти и политичари, се одлична прилика за надоградување на знаењето и развој на вештини во оваа област.

  11. Кога првпат ја отворив Платформата, не очекував дека ќе навлезам во свет каде вештачката интелигенција и родовите прашања не само што коегзистираат, туку и се испреплетуваат како нишки во ткаенина. Ова не е обична веб-страница – ова е манифест за тоа како технологијата може да се хуманизира. Веднаш забележав дека изборот на бои – виолетова и сина – не е случаен. Тие суптилно ја отсликуваат родовата еднаквост, избегнувајќи ги баналните клишеа. Интерфејсот е чист и интуитивен: менито е едноставно, без збунувачки икони, а секој елемент има доволно простор да „дише“. Овој дизајн не е тука за да импресионира, туку да ве води кон содржината.
    Во делот за ресурси, наидов на инфографик кој визуелно го разбива митот за „објективноста“ на вештачката интелигенција, прикажувајќи алгоритам за вработување кој навидум избира кандидати врз основа на вештини, но е трениран на податоци од компании каде 80% од вработените се мажи. Оваа визуелна приказна ме натера да сфатам: вештачката интелигенција не е магичен уред – таа е огледало на општеството. Во форумот открив дискусија каде програмер објаснуваше како неговиот тим го променил начинот на собирање податоци за да се избегне дискриминација на жените.
    Платформата не е само збирка на трудови. Таа е жив доказ дека технологиите не мора да бидат ладно оружје. Таа не нуди само критики – нуди алатки за акција.

  12. Го искористив РЕСИ (рамка за родова еднаквост и социјална инклузија) да ми провери текст што го пишував за семинарска работа, бидејќи ми беше потребна сигурноста дека го почитувам родовиот баланс во изразувањето. Сајтот е едноставен за користење, минималистички и професионален. Кога отидов на водичот, ми беше многу корисно тоа што детално беше објаснето што е родова сензитивност, како се проверуваат текстовите и зошто е важно тоа. Ми се допаднаа практичните примери бидејќи лесно можев да проверам каде грешам. На делот чекор-по-чекор се е објаснето баш едноставно: копираш текст, пушташ анализа и веднаш добиваш предлози. На делот за разговори, го поставив прашањето дали го чува текстот (не го чува, што е добра страна кога станува збор за безбедност). За мојот текст што го пуштив добив конкретни забелешки, пример дека користам премногу машки облици на професии каде може да се стави и женска форма или неутрална варијанта. Со неколку мали измени, успеав да направам текстот да биде родово покоректен додека се уште звучи природно. Оваа алатка ќе практикувам да ја користам пред да објавам било каков официјален документ или труд. Голема предност е што е бесплатна алатка и достапна на македонски јазик.

  13. Навистина ни е мило што нашиот факултет располага со ваква современа платформа посветена на важни општествени теми. Форумот е прегледен, со квалитетна содржина и лесна навигација. Очекуваме во иднина уште поголема активност и можност за вклучување на студентите.

  14. Одлична идеја, корисна во однос на институтите кои се дел од нашиот факултет и ги поврзува заеднички. Преку оваа платформа научив да се користам со AI, но продолжив со Chatgpt бидејќи може да запамти разговори и да се работи на еден проект, прашање повеќе пати отколку само во едно седење. Доколку тоа се воведе ќе биде одличен за користење, особено што е фокусиран на нашите науки.

  15. Најмногу внимание ми привлече алатката РЕСИ (Родова Еднаквост и Социјална Инклузија), бидејќи истата е лесна за користење и за кратко време дава јасни, точни и концизни одговори. Алатката нуди добри аргументи на поставените прашања со што се зголемува знаењето на секој што ја користи. Дизајнот и изгледот на истата се добри и лесни за користење. Сметам дека во иднина треба да биде повеќе промовирана кај популацијата која би имала потреба од истата и со тоа ќе биде повеќе користена.

  16. Платформата нуди широк спектар на алатки, интерактивни ресурси и едукативни содржини кои се насочени кон безбедност и отпорност на маргинализираните групи, како и кон борба против дезинформации и говор на омраза во дигиталниот простор.
    Особено значајна е примената на AI во анализата на текстови, идентификување на дискриминаторски содржини и препознавање на етички дилеми, што ја прави платформата корисна за пошироката јавност.
    Платформата е значаен чекор напред во користењето на вештачката интелигенција за општествено добро, нудејќи практични решенија за препознавање и адресирање на родова нееднаквост, дискриминација и дезинформации, и претставува вреден ресурс за сите кои се залагаат за праведно дигитално општество.

  17. РЕСИ (Родова Еднаквост и Социјална Инклузија) најмногу го задржа моето внимание. Сметам дека овој ВИ агент обработува многу важна тема и нуди решенија на прроблеми од секојдневието. Многу важен фактор за РЕСИ е тоа што е добар за поопширни анализи, дебати и дискусии на оваа тема. Овој бот опширно објаснува, аргументи, приложува дополнителни ресурси за истражување. Мене, како човек кој сака детално да ги обработи своите теми на интерес, РЕСИ многу ми се допадна и пријатно ме изненади и ме воодушеви, а особено фасцинантно ми е тоа што предложува дополнителни прашања за дискусија. Ми се допаѓаат вакви ботови, определени за одредена област, стручни и поткрепени со сите потребни информации, закони, актуелни состојби и така натаму.

  18. Ми се допадна „AI за родова еднаквост и ЛГБТКИ+Empowerment, Safety, and Resilience: Fostering unity and coalitions for gender equality and LGBTQI+ rights“. Поставував различни прашања и дискусии и добивав солидни и компетентни одговори од страна на чет ботот. Некои прашања морав да ги поставувам на подиректен начин, но сепак добивав одговори во однос на поставеното. Прилично корисни информации, теми и одговори ми беа принудени од ботот во врска со моите прашања. Овој чет бот е добра алатка каде што безбедно може да се запознае некој со темите за родова еднаквост и за ЛГБТКИ+. Би го препорачал на луѓе за да се запознаат со овие теми без влијание на некакви строги мислења или предиспозиции.

  19. Платформата за вештачка интелигенција и родова еднаквост со еден збор можам да ја опишам како иновативна. Самиот дизајн на страната е минималистичен и футуристичен што соодветствува и со темите за кои е направена споменатата платформа. Опишува многу актуелни теми како што е родовата еднаквост и вештачката интелигенција која е иднината на човештвото. Нуди многу алатки за корисниците да се запознаат со овие теми како што се низа блогови кои редовно се ажурираат, специјален ВИ агент каде може да се поставуваат прашања и форум каде што секој може да го каже своето мислење и да разгледа и прочита туѓо мислење. Оваа платформа успева во својата цел да ја зголеми свеста на корисниците за родовата еднаквост и вештачката интелигенција и да биде извор на ресурси за истата тема.

  20. Истражувајќи ја веб-страната: Користење на вештачката интелигенција (AI) за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања, можам да констатирам дека оваа страница, којашто е дел од платформата, нуди доста информации поврзани со вештачката интелигенција и родовата еднаквост. Во оваа веб-страна се застапени многу линкови, истражувања, AI алатки, многу поттеми итн. Нешто што остава огромен впечаток е тоа што при истражувањето на многу теми, тука помогнува и вештачката интелигенција, нудејќи услуги за разни прашања и одговори, како што е големиот модел GPT-4 Turbo, којшто може да генерира текстови. Но, и останатите AI модели се доста корисни.

  21. Многу сум позитивно изненадена од четботот РЕСИ, бидејќи тој не е само класичен виртуелен асистент со технички информации, туку вистински дигитален претставник за правда, еднаквост и поддршка.
    Верувам дека со понатамошна надградба, овој четбот може да стане моќен сојузник во борбата против дискриминацијата, како и во зајакнувањето на свеста за родова еднаквост, социјална правда и човекови права. Би го препорачала на студенти, наставници, активисти и сите што се заинтересирани за општествена правда.

  22. Мислам дек AI агентот РЕСИ претставува една моќна алатка која цврсто ја поддржува иницијативата за родова еднаквост. Оваа алатка има потенцијал да расте и биде користена на многу места низ светот, особено онаму каде што се врши дискриминација и распределба меѓу луѓето врз основа на нивниот пол, вера, етничка припадност итн.

    Што се однесува до изгледот на веб страната, самиот интерфејс е лесен за навигација, со јасна содржина за тоа која е целта на оваа иницијатива. При користење на алатката за разговор бев пријатно изненаден од прецизните и конкретни одговори кој ги дава, со одлично објаснување за секое мое прашање. Единствени замерки би биле самиот дизајн на веб сајтот, може да се подобри и прегледноста на AI Chat Bot-от, во смисла може да има некоја мала порака која се прикажува или стои до него.

  23. Сметам дека многу добра алатка претставува Научно Истражувачкиот AI Агент, исклучиво заради тоа што сме веќе со привршување на првиот циклус на студии, па сме во фаза на проширување на знаењата и нивоата на истражувања. Предноста е во однос на брзината, точноста и достапноста на податоци, во споредба со начинот на научни истражувања во минатото, па дури и пред неколку години.
    Понатаму, во поставување на основата, како да изгледа и да се постави основната конструкција на научниот труд, со што полесно ќе се одвива текот на истражувањето. Олеснувајќи ги околностите во креирањето и пишувањето на своите трудови, како на студентите, така и на професорите кои се ментори на истите.

  24. Четботот РЕСИ е доста информативен во врска со неговата намена. При прашања за родови еднаквости и за проблеми со кои се соочуваат малцинствата во нашата држава, прикажува повеќе аспекти на проблемот и како тој би настанал. Доколку истиот се случи дополнува со концизно решение во кои вклучува и дополнителни информации за поврзани теми. Како на пример, како би побарал помош доколку сакам да отворам бизнис како дел од малцинство, во кои владини институции да се обратам и сл.

  25. Платформата од страна на перформанси има многу добри перформанси и за маневриранје е супер направена со еден мал заклучок, тоа што кога кликнеме на навигацијата на било кој линк тоа не води на нова страна но надвор од самиот прозорец односно отвара нов прозорец, ми се допагја тоа што страната е брза и е направена со wordpress и php а за база користи mysql. Има добар дизајн и добри анимации само не сите копчиња се убаво обележани. Како јас ја сфаќам целта на платформата е да се истражи и имплементира употребата на Вештачка Интелигенција во научните истражувања поврзани со родовата еднаквост и тоа платформата го прави супер, почнувајки од развој на Вештачки Интелигентни ботови па се до онлајн обуки за родови прашања, тоа ја подигнува свеста и разбирањето за овие теми во академската заедница и пошироко.

  26. Многу интересен и позитивен впечаток ми остави AI Реси агентот, ми се допаѓа начинот на кој ги дава одговорите, и како концизно и убаво ги структурира. Дава детални одговори на секое прашање а истовремено се многу лесни за читање и лесно разбирливи. Особено ми се допаѓаат одговорите кои ми ги даде поврзани со темата за феминизам. Сметам дека овие агенти се многу корисни и можат многу да придонесат за основната култура и познавање на вакви специфични теми кај луѓето, бидејќи иако се добро познати сите тие поими за феминизам, родова еднаквост и социјална инклузија често луѓето имаат погрешни сфаќања за овие поими а се срамат да прашаат други луѓе за објаснување бидејќи сметаат дека мора да имаат основно познавање. Со помош на вакви алатки секој може брзо и лесно да се едуцира повеќе, да си разјасни некои несфатени теми и да води најразлични дискусии искажувајќи си ги своите мислења и ставови.

  27. Моето мислење за платформата „Со Вештачката Интелигенција против дезинформации во областа на родовата еднаквост“ е навистина позитивно. Сметам дека ова е многу важна и современа иницијатива која комбинира технологија и образование на еден иновативен начин. Во време кога дезинформациите лесно се шират, особено кога станува збор за теми како родова еднаквост, многу е важно да постојат алатки кои ќе помогнат во нивно препознавање и спречување.

    Особено ми се допаѓа што платформата е лесна за користење, со јасен дизајн и достапни ресурси. AI алатките, како Етичкиот Аналитичар и Родовиот Едукатор, се многу корисни бидејќи нудат реални примери и поддршка во едукацијата. Исто така, AI чет-книгата е креативен начин за развивање на критичко размислување и медиумска писменост.

    Сметам дека оваа платформа има голем потенцијал и дека треба да биде достапна до поширока публика. Би било добро да се промовира повеќе, бидејќи е одличен ресурс и за ученици, студенти, наставници, но и за сите што сакаат да научат повеќе и да станат поинформирани граѓани.

  28. Тоа што ми го привлече вниманието на AI.gender.net се два блога кои ме натераа да размислувам за димензионалноста на вештачката интелегенција, а тоа се „Вештачка интелегенција: Благослов или клетва“ и „Родовата пристрасност во вештачката интелегенција: Мит или реалност“. Токму овие две теми, ја осветлуваат димензионалноста на АИ и нејзината двојна природа. Вештачката интелигенција е и благослов и клетва, бидејќи со неа доаѓаат и многу можности, но и сериозни предизвици. Од една страна, таа нуди решение за комплексни проблеми и значително ја подобрува ефикасноста во различни области, но од друга страна, носи нови социјални, економски и етички дилеми. Таа е и реалност, бидејќи веќе влијае на нашите животи и се користи во практични области, но исто така е и мит, бидејќи многумина ја гледаат како технологија што ќе го промени светот на начини кои се надвор од нашето разбирање. Вештачката интелигенција е пример за нешто што во минатото се сметало за невозможно, но сега е сосема реално и пристигнува со сите свои предности и недостатоци. Клучот за нејзината успешна имплементација лежи во тоа како ќе ја интегрираме и користиме, со внимание на нејзините етички и социјални импликации. Секој чекор напред во развојот на АИ треба да се прави со свест за можните последици, бидејќи таа, како и сите други иновации, може да биде и благослов и клетва, во зависност од тоа кој ја контролира и како ја користи. А клучното е тоа што со еден ваков благослов, ние треба да тргниме сами од себе и да го негуваме на најморалните и најетичките начини бидејќи секој еден ја има моќта во свои раце. Секој поединец е вреден.

  29. Откако ја испитав оваа платформа темелно, сметам дека е иновативна и доста корисна. Комбинира два важни предмети: дигитална технологија и родова еднаквост. Дизајнирана да биде пријателска за корисниците платформата има едноставен современ распоред што ги води корисниците низ неколку компоненти. Вклучува интерактивни алатки, блогови и наставни трудови кои просветлуваат и ангажираат. Делот за писменоста со вештачка интелигенција каде што корисниците можат да комуницираат со уникатни роботи базирани на вештачка интелигенција, е еден особено значаен аспект. Овие чат-ботови имаат значајна наставна цел како и ја прават средбата интересна. Веб-страницата „Употреба на вештачка интелигенција (ВИ) против дезинформации во родовата еднаквост“ темел на платформата нуди три агенти за вештачка интелигенција:
    1. Етички аналитичар, кој забележува и испитува говор на омраза, дезинформации и манипулативни приказни;
    2. Родовиот едукатор, кој споделува информации за родовата еднаквост, феминизмот и ЛГБТК+ прашањата;
    3. AI Chatbook, кој ја поттикнува медиумската и дигиталната писменост да се справат со преоптоварените информации.
    Од сите опции, го тестирав агентот Етички аналитичар, кој остави особено позитивен впечаток. Одговорите што ги нуди се темелни, со јасни дефиниции и примери. Она што ми остави дополнителен впечаток е неговата способност да предложи сродни прашања и насоки за подетално истражување, што значително го збогатува процесот на учење.

  30. Особено ме импресионира начинот на кој оваа платформа ја третира родовата еднаквост не само како теоретска тема, туку како жива, динамична и контекстуализирана реалност. Преку користење на алатки базирани на вештачка интелигенција – како симулации, критички анализатори на јазик и визуелни презентации – се прикажуваат реални ситуации во кои се откриваат суптилни и системски облици на нееднаквост.
    На пример, алатката што го анализира јазикот во реклами или медиумски текстови открива колку често жените се прикажуваат во улоги на пасивност или стереотипизирани контексти, додека мажите се поврзани со лидерство и експертиза. Ваквите примери не се само визуелни, туку и интерактивни – корисникот може да учи преку анализа и директна споредба на текстови.
    Дополнително, модулот за родова перцепција во образованието е одличен ресурс – ги предизвикува традиционалните наративи и ни дава алатки за евалуација на содржини од учебници и наставни програми. Ова е особено вредно за наставници и студенти по педагогија, социологија и родови студии.
    На крај, можам да кажам дека ова не е обична платформа, туку интелигентна поддршка за сите кои сакаат да направат реална промена. Во време кога дигитализацијата понекогаш само ја продлабочува нееднаквоста, ваквите иницијативи ни покажуваат како технологијата може да биде дел од решението, а не од проблемот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »