Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.
ФОРУМ

572 Comments
-
По употреба на платформата AI Gender забележав доста позитивни и интересни содржини. Оваа платформа дава пристап до веб страни / агенти кои се од голема едукативна и корисна содржина, па според тоа сметам дека е многу добра алатка, на која на едно место може да се најдат информации од повеќе области кои се поврзани со оваа тематика. Длабоко и позитивно сум изненадена од корисноста на веб-страната РЕСИ – за родова еднаквост и социјална инклузија која има многу интересен пристап со интерактивни разговори, виртуелни асистенти, водичи со кои може да се дојде до добри едукативни и соодветни информации. Многу интересен аспект беше и веб-страната „Со ВИ против дезинформации во областа на родовата еднаквост“, на кој имав пристап до АИ аналитичари, едукатори, за кои во целост можам да кажам дека придонесуваат многу кон нивната цел и мисија, која воедно во современото општество е и многу актуелна, со оглед на многуте дезинформации кои се распространуваат секојдневно, а сите чет-ботови беа лесни за пристап и употреба. Поради тоа сметам дека оваа платформа е многу значајна бидејќи на едно место ни дава пристап до содржина од области на родовата еднаквост, социјална инкулизивност, вештачка интелигенција, кои денес се релевантни теми, за кои е потребно да се има соодветни знаења и да се подобри начинот на користење на вештачката интелигенција.
-
Може да кажам дека сум пријатно изненадена од оваа платформа која ми ги покажа клучните цели и принципи на РЕСИ (Родова Еднаквост и Социјална Инклузија), како водечка општествена и политичка алатка.
Самата платформа опфаќа еден многу лесен и иновативен концепт на работење, кој непристрасно ми ги даде побараните информации од различен тип содржина, преку различни алатки како различни блогови, натписи и интерактивни чет-ботови.
Самата платформа поседува корисни податоци и информации за голем опсег истражувачи, контент креатори и за сите кои сакаат да придонесат кон поинклузивно и поправедно општество, занемарувајќи ја родовата нееднаквост и настанатите поделбите, кои за жал се се поизразени во нашето општество.
Како што споменав и претходно, платформата нуди чет-ботови или AI агенти, чија главна улога е да ни овозможуваат интерактивни разговори, по принцип размена на идеи и задавање насоки за развивање инклузивни политики, за било каков приложен проблем или дискусија. Самата платформа ми овозможи на брз и лесен начин да ги отворам секој AI агент поединечно, овозможувајќи ми поддетален опис на неговите перформанси, цели и мисии и во живо интеракции со самата алатка, преку интеракција корисник – AI асистент. На тој начин имав можност да ги тестрират трите чет-ботови и за истите може да го кажам следното:
• AI РЕСИ водич е чет-бот чија главна мисија е да ни овозможи на нас барателите насоки и ресурси за промовирање на родовата еднаквост и социјалната инклузија. Кога дојдов во интеракција со него, тој ми ги подобри знаењата и разбирањата на темите кои му ги зададов. Овој бот ми одговори на поставени прашања преку спроведување препораки и токму ова го прави лесен и корисен партнер за сите заинтересирани истражувачи и креатори на ова поле.
• AI РЕСИ чекор-по-чекор е чет-бот чиј основен коннцепт се заснова на дизајн чекор-по-чекор, со чија асистенција ни обезбедува насоки и поддршка за промоција на родовата еднаквост и социјалната инклузија. Со овој асистент можев да направам проценка на влијанијата на родовиот контекст, да направам детален преглед на истиот и да дадам заклучок со реални решенија и препораки. Тој преку чекор-по-чекор концепт ме водеше низ целиот процес правејќи ја шемата систематски јасна и разбирлива за мене, а и за секој друг истражувач кој би сакал да ја искористи оваа алатка во секое време.
• AI разговори за РЕСИ е чет-бот која ни овозможува разговор и дискусија за интерактивна поддршка и истражување на сите теми поврзани со РЕСИ. Јас лично имав прилика да разменам идеи, одговори и насоки за правилна примена на принципите на РЕСИ во различни контексти.
Доколку треба да ја сумирам рецензијава во една реченица, тоа би изгледало вака:
„Платформата е user-friendly и истата може да помогне на секој кој дошол во контакт со нејзе. Се надевам дека со соодветна надградба и подобрување ќе постигне уште поголем успех и интегритет од сега.“ -
Најмногу внимание од сите ми привлече за РЕСИ платформата,мислам дека е многу добро изработена и осмислена.Оваа платформа е лесна за користење и достапна за сите.,,Аl Разговори за Реси’’ е навистина корисна бидејќи корисниците можат да поставуваат прашања и да добиваат одговори.Се надевам дека и понатаму оваа платформа ќе се надоградува.
-
Моето искуство со платформата AI Gender е навистина интересно и освежувачко. Пријатно сум изненаден дека една ваква иницијатива успева толку природно да ја спои технологијата со чувствителни општествени теми како родова еднаквост и етика. Интеракцијата со AI ботовите ми остави впечаток дека алатките не се тука само за информативна цел, туку вистински предизвикуваат да размислиш подлабоко, да преиспиташ ставови и да станеш посвесен за начинот на кој зборуваме, учиме и комуницираме онлајн.
Особено ми се допадна тоа што платформата не звучи „наметливо“ или премногу академски туку е прилагодена за поширока публика, достапна и блиска. Интерфејсот е чист, интуитивен и лесен за навигација, што дополнително го прави користењето на платформата пријатно и едноставно. Иако секогаш има простор за подобрување, сметам дека ова е одличен чекор во правец на дигитална писменост што ги вклучува и вредностите на инклузија, почит и критичко мислење. -
Добар впечаток ми остави Платформата за вештачката интелигенција и родова еднаквост. Интерфејсот е едноставен и лесен за користење, така што нема потреба за долго барање информации. Најмногу ми се допадна можноста да комуницирам со ботови кои објаснуваат поими и концепти, што дава едно интерактивно и пријатно искуство. Особено ми се допадна делот “AI Разговори за Реси”, каде можеш да поставиш прашања и добиеш конкретни одговори на тие што не се покриени во платформата. Вкупно гледано, ова е платформа со вистинска едукативна и општествена вредност, која има потенцијал да се развива и да понуди уште многу корисни ресурси.
-
Според моето користење интересен АИ бот за мене беше и IRS Етички аналитичар кој ми понуди интересна перспектива за етичките димензии и дезинформациите.Го прашав за тоа кои се предизвиците и можните решенија со што ми даде јасен преглед за истите како и важноста на соработка меѓу институциите и јавноста.Преку него дознав и како овие мисинформации и дезинформации се манифестираат во Македонија почнувајки од политички кампањи па се до здравствени кризи.
-
AI РЕСИ е навистина интересен агент кој ми овозможи подобро да разберам зошто е всушност важна еднаквоста при креирање на некои политики во иднина.Самиот РЕСИ како АИ бот ми се допадна бидејки во брз временски период даваше одговор на прашањата кои прилично беа долги и малку комплицирани.Сметам дека со примена на ваква алатка можеме да ги продлабочиме нашите знаења и да се стекнеме со нови.
-
По детално разгледување на оваа платформа, дојдов до заклучок дека таа претставува еден интересен, иновативен и корисен проект кој обединува две прилично важни теми: родова еднаквост и дигитални технологии. Платформата е лесна за навигирање, има едноставен и привлечен интерфејс и нуди разновидна содржина, почнувајќи од различни блогови и написи, се до интерактивни чет-ботови. Една од главните предности на платформата е тоа што успешно го комбинира теоретското знаење со практични примери, правејќи ја содржината достапна за секој кој сака да дознае повеќе за овие теми.
Од сите содржини достапни на платформата, најголем впечаток ми остави веб-страницата “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост” која овозможува интеракција со три чет-ботови специјализирани во различни области: Етички аналитичар (се фокусира на идентификување и анализа на различни форми на говор на омраза), Родов едукатор (нуди вредни сознанија за родовата еднаквост, феминизмот и ЛГБТКИ+ прашања) и ВИ четкнига (промовира вештачката писменост како алатка за борба против информацискиот неред, помагајќи им на корисниците подобро да се движат и да го разберат дигиталниот пејзаж). Заедно, овие чет-ботови обезбедуваат сеопфатен пристап за решавање и на родовата еднаквост и на дигиталните дезинформации.
Од трите агенти кои ги нуди страната, го тестирав агентот Етички аналитичар и заклучив дека обезбедува детални и информативни одговори и покрива широк опсег на теми поврзни со говор на омраза, неговите форми и последици. Нуди јасни одговори и дефиниции, често разложувајќи сложени теми на поедноставни објаснувања. Може да генерира табели кои ги сумираат информациите на структуриран начин, со што се подобрува читливоста и разбирањето. Кога се бараат повеќе информации, не се двоуми да даде предлози за прашања кои би можеле да се истражуваат, покажувајќи го капацитетот да ги води корисниците низ подлабоко разбирање на темата.
На крај, сметам дека ваквите дигитални алатки имаат голем потенцијал за едукација и подигнување на јавната свест за суштински прашања. -
Пријатно сум изненадена од платформата РЕСИ целата нејзина замисла и реализација . Вештачката интелигенција е движечка сила на модерното време и се повеќе е присутна како составен дел од нашиот живот , затоа и ми се допадна замислата за оваа платформа бидејќи ја користи вештачката интелигенција како оружје во борба за ова општествено прашање односно родовата еднаквост . Платформата е лесна за користење уредна и достапна за сите нас .
-
Најмногу внимание ми привлече платформата за РЕСИ и мислам дека е добро осмислена.
Интерфејсот е е едноставен и разбирлив за сите корисници и има лесна навигација. Можев лесно да се снајдам и понудените алатки се навистина интересни. Ми се допаѓа тоа што има ботови што објаснуваат детали и поими за родова еднаквост. Со таквиот начин на примање на информации, корисникот има чувство дека разговара со некој.
Од оваа платформа наголем впечаток ми остави ,,АI Разговори за Реси” каде корисниците имаат можност да поставуваат свои прашања на кои што добиваат соодветни одговори. Така корисникот може лесно да добие повеќе информации кои не се опфатени во платформата.
Ова е платформа со многу силна едукативна и општествена мисија. Се надевам ќе продолжи и понатаму да се надградува и подобрува. -
Ми се допаѓа темата, многу е актуелна денес кога дезинформациите се шират многу брзо. Мислам дека е важно повеќе луѓе да се информираат и да препознаваат вакви појави. Често гледаме како лажни информации влијаат врз мислењето на јавноста, па вакви платформи можат да помогнат да се направи разлика меѓу вистина и манипулација. Лично сметам дека медиумската писменост треба да биде дел од образованието уште од најрана возраст.
-
Платформата од визуелна гледна точка изгледа естетски привлечна, соодносот на бои и текст е на задоволително ниво и управувањето со страната е доста интуитивно. Редовно се објавуваат нови содржини, релевантни за целта на платформата.
При користење на ботот https://progender.aigender.net/ забежав доста работи од кои сум позитивно изненадена:
Добив кратки и јасни и граматички точни одговори првенствено на македонски јазик. Поставив доста прашања за кои добив релевантни одговори, а и одговорите ми посочија фондови, организации и дополнителни линкови на кои би можела понатамошно да се информирам или истражувам.
Кога станува збор за статистички податоци за тоа, не добив директна информација, туку како и на секој одговор добив линк кон google пребарување; во исто време позитивно бидејќи те охрабрува самиот да истражуваш на темите наместо да добиваш веќе „џвакани“ информации, но и негативно бидејќи некој сака да добие директен одговор, без да си одзема повеќе време на дополнително истражување кога тоа не му била целта.
Можноста истиот да биде користен на повеќе јазици: ме интересираше дали ботот знае повеќе јазици, па можам да потврдам дека истиот разбира и одговара на повеќе јазици што го прави достапен за поширока публика. -
Ја разгледав внимателно платформата AI.gender.net и сметам дека е многу корисна, а воедно интересна и едноставна за користење. Оваа платформа всушност е едукативна алатка со која секој може да го продлабочи своето зњаење и своите видици за родовата еднаквост. Многу корисно кај оваа платформа е тоа што користи ВИ па така лесно се отргнуваат дезинформациите поврзани со родовата еднаквост.
-
Ја анализирав платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција и сметам дека претставува значаен обид за поврзување на технологијата со општествените аспекти на еднаквоста. Овој проект има за цел да ги анализира и адресира предизвиците поврзани со родовите прашања во доменот на вештачката интелигенција, нудејќи ресурси, алатки и критички осврти.
-Платформата е лесна за навигација и визуелно пријатна, што ја прави достапна за поширока публика.
-Информациите се детални и научно поткрепени, што дава кредибилност на проектот.
-Обезбедува простор за дискусија преку форумот, што овозможува корисниците да разменуваат мислења и идеи.
Има недостаток на интерактивни елементи, како што се квизови или симулации, кои би можеле да ја направат содржината подинамична и позанимлива за корисниците.
Проектот има значајна вредност за академската заедница и за сите кои се занимаваат со прашањата на родовата еднаквост во дигиталниот свет. Платформата е иновативна во својата цел, комбинирајќи технологија со социјална одговорност.
Фокусот на платформата е токму на овој проблем, нудејќи анализа на AI системите и предлагајќи начини за подобрување. Ова е клучен аспект што ја издвојува од слични проекти.
Платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција е значаен и корисен проект што отвора суштински дискусии за иднината на технологијата и нејзиното влијание врз општеството. Со подобрување на интерактивноста и поедноставување на одредени делови, оваа платформа може да стане уште пошироко применлива и да направи вистинска промена. Бидејќи добрата идеја заслужува добра изведба, нејзиното усовршување само ќе ја зацврсти нејзината важност во дигиталниот свет. -
Разгледувајќи ја оваа платформата, веднаш добив впечаток дека станува збор за едноставен интерфејс, низ кој лесно може да се видат и пристапат различните видови на алатки кои истата ги нуди. Содржините се логички поставени, што го прави користењето многу поедноставно и пријатно за секој корисник. Кога зборуваме за технологијата и општествените науки, треба да се спомне дека оваа платформа за родова еднаквост и вештачка интелигенција е интересен и корисен проект, бидејќи истата нуди бројни информации и ресурси. Кога ја пристапив платформата, прво што видов е дека еден од најинтересните аспекти е вклучувањето на AI четботови, кои овозможуваат брза и интерактивна комуникација.
Сите четботови се лесни за користење. Би го издвоил „AI Chatbook“ бидејќи обработува теми како медиумска писменост, разбирањето на способностите и ограничувањата на ВИ, етичките практики во ВИ и сл.
Според мене голем плус кај оваа платформа е делот Форум, каде секој корисник може да сподели искуства, идеи, забелешки и сл.
Забележав и неколку работи кои би било добро да се променат со цел да се подобри начинот на навигирање низ платформата како на пример:
– некои од линковите (кои не се во функција) да насочуваат кон нов таб со содветна содржина во прелистувачот;
– линковите за социјалните мрежи би било добро да пренасочуваат кон соодветната страница на избраната социјална мрежа
– платформата да биде достапна на повеќе јазици.
Платформата е одлична за секој што сака да научи повеќе за предизвиците што ги носи вештачката интелигенција во однос на родовата еднаквост. -
Од разгледаните понудени платформи , најголем впечаток ми остави “Со вештачката интелигенција против дезинформации во областа на родовата еднаквост “
Функционална, едноставна а концизна, оваа платформа е имплементирана со три специјализирани AI агенти ,секој во своја сфера насочен кон решавање на проблемот. Поткрепена е со флексибилна и брза навигација до посакуваните информации .
Веб страната е интерактивна ,нуди едноставни одговори , иновативни решенија со кратки одговори, покрепени со факти ,поттикнува критичко расудување и разбирање на проблематиката. Конверзацијата со chat – bot – от подржува неколку јазици, што исто така придонесува за полесна и поширока корисност.
Како студент на Финки, оваа веб страна обезбедува одличен извор на информации за студентите како јас, кои досега не изучувале тематики близу поврзани со родовата еднаквост. -
Откако го тестирав ChatGPT за студенти, можам да кажам дека е многу корисна алатка! Помага со домашни, објаснува тешки теми на лесен начин и може да помогне со пишување и кодирање. Без разлика дали ти требаат брзи одговори, совети за учење или идеи, ChatGPT е како тутор што е достапен 24/7! Понекогаш, многу ретко, може да згреши кај некои покомплицирани задачи, па добро е да се провери информацијата.
-
Веб-страницата изгледа прилично едноставно и лесно за користење. Менито е јасно организирано, па лесно се наоѓаат секциите како Почетна, Блог, ВИ Писменост, Ресурси и Контакт. Можеби би било подобро доколку дизајнот е малку помодерен и визуелно поатрактивен, но во глобала е практичен.
Platforma AI Gender е корисна веб-страница за сите кои сакаат да научат повеќе за тоа како вештачката интелигенција може да се користи за поддршка на родовата еднаквост. Има добри текстови и ресурси, иако дизајнот може да биде малку подобар за да привлече повеќе посетители. -
Ми се допаѓа како блогот ВИ (AI) и нејзиниот придонес во елимирање на родовите стереотипи, каде што одлично е истакната моќта на вештачката интелегенција во елиминирање на родовите стереотипи и создавање на правично општество. Примерите со “Texito” и “AI for Her”, покажуваат како технологијата може да биде двигател на на позитивни промени. Посебно е впечатливо како ВИ помага во транспарентноста на одлуките, инклузивноста на работните места и поддршка на жените претприемачи.
-
Етнички Алитичар AI е доста добро осмислена и поучна алатка преку која може доста да се научи за тоа што е етичко а што е неетичко однесување. Разговорот со четботот беше изненадувачки доста добар и природен. Четботот доста добро одговараше и на подпрашања. а исто така усшешно генерираше и примери поврзани со проблемот што го расправавме. Забележав дека четботот користи доста голем вокабулар на зборови што го прави разговорот уште подобар. Текот на разговорот е природен и надоврзувачки!
-
Корисен ресурс за добивање релевантни информации поврзани со род. ВИ агентите за интеграција на РЕСИ(Родова еднаквост и социјална инклузија) генерираат брзи релевантни одговори со кој ја добиваме бараната информација. Јас го користев AI РЕСИ водич и се случи и да не генерира целосен одговор но по повторно поставување на прашањето се беше во ред. Истото нешто ми се има случено и со добро познатиот модел ChatGPT и не е нешто загрижувачко. AI РЕСИ водич прима влез до 7500 карактери што е солидна бројка. Исто покрај одговорот не пренасочува до други релевантни извори(“За повеќе информации, можете да пребарувате на Google: Gender needs assessment или на Google Scholar: Gender needs assessment.”)
-
Истражувајќи ја платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција ги видов AI агентите кои ми беа интересни затоа што се повеќе и повеќе го има AI насекаде па и во оваа област. Конкретно го истражував Етички Аналитичар AI за идентификација на говор на омраза и дезинформации. Кога ќе почнеш разговор со него дава неколку прашања , претпоставувам дека се најпоставувани или најконкретни за таа тема, одбрав Кои се формите на говор на омраза? на кој ми даде обемен одговор со кои се тие и што значат детално објаснати, а можеме и сами да поставуваме прашања.
Платформата како целина нуди на едно место да може да ги најдеме сите информации кои не интересираат за оваа тема а и имаме AI агенти со кои може да разговараме ако нешто го нема или сакаме да научиме повеќе.Мислам дека е доста корисна и дека може да се научи многу на интересен начин преку разговор со AI агентите. -
Ја анализирав платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција, таа претставува значаен обид за поврзување на технологијата со општествените аспекти на еднаквоста. Проектот има за цел да ги анализира и адресира предизвиците поврзани со родовите прашања во доменот на вештачката интелигенција, нудејќи ресурси, алатки и критички осврти.
– Платформата е лесна за навигација и визуелно пријатна, што ја прави достапна за поширока публика.
– Информациите се детални и научно поткрепени, што дава кредибилност на проектот.
– Обезбедува простор за дискусија.
– Има недостаток на интерактивни елементи, како што се квизови или симулации, кои би можеле да ја направат содржината подинамична.
Проектот има значајна вредност за академската заедница, за тие кои се занимаваат со прашањата на родовата еднаквост во дигиталниот свет.
Платформата е иновативна во својата цел, ја спојува технологијата со социјалната одговорност.
Фокусот на платформата е токму на овој проблем, нудејќи анализа на AI системите и предлагајќи начини за подобрување. Ова е клучен аспект што ја издвојува од слични проекти.
Платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција е значаен и корисен проект што отвора суштински дискусии за иднината на технологијата и нејзиното влијание врз општеството. Со подобрување на интерактивноста и поедноставување на одредени делови, оваа платформа може да стане уште пошироко применлива и да направи вистинска промена. Бидејќи добрата идеја заслужува добра изведба, а нејзиното усовршување само ќе ја зацврсти нејзината важност во дигиталниот свет. -
Ја истражував оваа платформа која ги спојува вештачката интелигенција со родовите студии и сфатив дека е и иновативна и многу релевантна. Платформата нуди различни ресурси, вклучувајќи чет-ботови и блогови за вештачката интелигенција, создадени да поттикнат подлабоко разбирање на прашањата поврзани со родовото насилство. Преку овие алатки, корисниците можат да се вклучат во разговори, да пристапат до вредни информации и да добиваат приспособени одговори на нивните прашања.
Платформата има неколку чат-ботови за вештачка интелигенција кои се специјализирани за различни аспекти на родовите студии. На пример, имав интеракција со ботови како “AI родовиот едукатор”, кој дава детални одговори за соодветните теми. “Етички аналитичар” ја оценува содржината од етичка и родова перспектива. Овие ботови им овозможуваат на корисниците да истражуваат различни теми со поставување прашања, споделување документи и добивање детални и точни одговори. Бев под импресии од способноста на четботот да даде сеопфатни објаснувања на сложени теми за феминистичката теорија и родовата еднаквост во Македонија. Ми помогна да ги сфатам сложеноста на овие прашања, кои се често погрешно разбрани или погрешно претставени на јавноста.
Дополнително, платформата нуди “AI Chatbook”, која спојува едукативен материјал со интерактивен дијалог. Овој бот не само што дава одговори на прашања, туку и промовира критичко размислување преку анализа на текстови и идентификување на манипулативна или погрешна содржина. Можев да ги тестирам неговите способности прашувајќи за теми како писменоста на вештачката интелигенција и нејзината улога во борбата против дезинформациите. Одговорите беа плодни, а ботот дури предложи дополнителни ресурси за потемелно разбирање. Сепак, забележав дека некои од одговорите се долги и би предложил поконцизен формат за подобрување на корисничкото искуство.
Она што навистина ми се истакна беше посветеноста на платформата за справување со дигиталното родово насилство преку четбот “Cyber”. Гo прашав како се идентификува и пријави злоупотребата на интернет, а информациите што ги добив беа јасни и постапливи. Оваа карактеристика е битна за подигање на свеста за безбедноста на интернет, особено за оние кои можеби не се свесни за достапните ресурси или како да се заштитат од таква злоупотреба.
Друг сегмент од платформата се блоговите, кој служат како извор на информации за родовата еднаквост и примената на вештачката интелигенција во овој домен. Покриваат различни теми од пресекот на вештачката интелигенција и феминизмот до употребата на вештачката интелигенција за проверка на фактите и борбата против дезинформациите. Сфатив дека статиите се особено корисни за проширување на моето разбирање за тоа како технологијата може да придонесе за движењата за социјална правда. Платформата нуди и е-ресурси, како академски трудови и истражувања за родовата еднаквост. По разгледување на некои од нив, сфатив дека се и информативни и инспиративни.
Корисничкиот интерфејс на платформата е чист и интуитивен, што ја олеснува навигацијата низ различните делови. Сепак, забележав дека може да се направат некои подобрувања, особено во организацијата на содржината. Според мене, интегрирањето на сите ресурси во една кохезивна локација, наместо да се делат на различни страници, би го подобрило искуство. Дополнително, некои од врските на социјалните медиуми се неактивни, но претпоставувам дека ова ќе биде разгледано во идните надоградувања на страната.
Оваа платформа е моќна алатка за секој што сака да го продлабочи своето разбирање за родовата еднаквост и улогата на вештачката интелигенција при промовирањето на социјалната правда. Нуди многу ресурси, вклучувајќи интерактивни чет-ботови, информативни блогови и академски истражувања, сите насочени кон едукација на корисниците за важни социјални прашања. И покрај неколку мали проблеми со дизајнот и функционалноста, платформата е вреден ресурс што би го препорачал на сите заинтересирани за родови студии, вештачка интелигенција или борба против дезинформации. Преку оваа платформа, технологијата поттикнува поинклузивно и информирано општество.
-
Статијата на Џесика Максимов открива растечки проблем: користењето на вештачка интелигенција за ширење родова и сексуализирана дезинформација. Со избори што се одржуваат низ целиот свет, AI алатки како deepfake генератори и четботови го олеснуваат манипулирањето со јавното мислење, особено таргетирајќи жени во политиката.
Статијата наведува реални примери, од лажно прикажување на Хилари Клинтон во deepfake видео, до сексистички наративи против Камала Харис за време на нејзината кампања. Овие AI напади не се само за дезинформација – тие имаат цел да ја поткопаат кредибилноста на жените и да ги обесхрабрат од учество во јавниот живот.
Најзагрижувачки е тоа што AI-генерираната дезинформација станува сè попрецизна и потешко забележлива. Социјалните мрежи првично започнаа да се борат против лажните вести по американските избори во 2016 година, но во последно време, модерацијата на содржината е намалена. Ова создава средина каде што штетните наративи можат да се шират неконтролирано.
Максимов одлично објаснува зошто ова е важно – не само во САД, туку и на глобално ниво. Злоупотребата на AI против жени во политиката претставува сериозна закана за демократијата и родовата еднаквост. Додека вештачката интелигенција продолжува да се развива, потребни се посилни регулации и поголема свест за да се спречи злоупотребата на овие технологии.
Оваа статија е навистина отворање на очите и задолжително четиво за секој што е заинтересиран за пресекот меѓу AI, политиката и родовата еднаквост. -
Развојот на современите технологии, пред се вештачката интелигенција, нуди нови можности за справување со едукативните и дигиталните предизвици, што е добро илустрирано преку платформата “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост”. Оваа платформа, преку имплементација на три специјализирани AI агенти, секој насочен кон одделни аспекти на проблемот, успешно го искористува потенцијалот на вештачката интелигенција во борбата против дезинформациите, медиумската писменост и родовата еднаквост. Секој од овие агенти нуди уникатни функционалности кои кога се користат заедно, можат да обезбедат комплетен едукативен пакет. Според мене најголем впечаток ми остави првиот агент таканаречениот Етички аналитичар, поради тоа што секојдневно сме преплавени од преголемиот број на информации и доста голем предизвик е да воочиме кои од нив претставуваат дезинформации, притоа агентот нуди доста детална анализа и табеларен приказ на оцената за одреден проблем, како што е идентификувањето на дезинформација или говор на омраза. Но сепак не треба да се занемарат и останатите два агенти коишто се занимаваат со актуелните проблеми како што се неинформираноста кога станува збор за родовата еднаквост при што одговараат на прашања од различен тип нудејќи и соодветни ресурси коишто ги поткрепуваат одговорите, нудејќи можност да се информираат за претстојни настани и повеќе информации за истите и слично. Кај AI Chatbook главната предност е тоа што не само што информира, туку и нуди конкретни насоки за тоа како корисниците сами да ја проценат веродостојноста на одредена информација.
-
АL агентите одлично си ја работат својата задача. Истражувајки за темата за семинарската работа разговарав со Родовиот едукатор- Ал информативниот агент за родова еднаквост, феминизам и ЛГБТКИ+ . Немав конкретно прашање да поставам, едноставн бев љубопитен да откријам како ќе се одвива нашата комуникација. Прашав само Што е родова еднаквост и…? За кратко време започнавме комуникација со десетици прашања на кои добивав одговори кои само ме пoттикнуваа да продолжам да истражувам за родовата сензитивност во нашиот образовен систем. Понудени беа најуспешните примери на образовни системи кои постигнале родова еднаквост, примери како може да се поттикне учеството на учениците во активности за промовирање на родова еднаквост, како може училиштата да ги поддржат учениците во изборот на кариера без родови предрасуди и сл. Информациите кои ги прочитав во голема мера ми помогнаа околу избор на темата за семинарската работа. Само пофалби за целата структура на платформата.
-
Оваа платформа нуди многу добра едукативна содржина од областите на родови студии, родовата еднаквост, социјалната инклузија, а исто така помага да се направи дистинкција помеѓу корисна информација и дезинформација на овие области. Платформата располага со исклучително добри ресурси, кои сметам дека во потполност треба да се користат, бидејќи познавањето во овие области креира подобри, порамноправни општества и помага да се развие свеста кај сите. Но темел треба да се постави со вистинити и поткрепени информации кои ќе ги имаме во позадина, а за поткрепеноста од исклучителна помош е алатката „Со Вештачката интелигенција против дезинформации во областа на родовата еднаквост“. Оваа алатка користи ВИ така што брзо ги препознава и спречува дезинформациите поврзани со родова еднаквост, спречува ширење на неетички говор и говор на омраза, а освен тоа нуди и едукатори кои не учат за родовата еднаквост, нејзината важност, за феминизмот и сл. Со оваа алатка на едно место може да ги добиеме потребните и поткрепени информации. Не е занемарлива важноста и содржината и на другите алатки кои се дел од оваа платформа. Како што претходно кажав целата платформа е дизајнирана на начин да ги подобри и зајакне знаењата на овие теми и да го подобри начинот на користење на ВИ за вакви цели.
-
Платформата AI.gender.net е многу значајна алатка која може да помогне во складирање на сите дезинформации кои секојдневно можеме да ги сретнеме за родовата еднаквост.
Таа е нешто иновативно, а сепак толку корисно за информирање на општеството околу родовата еднаквост како и дискриминацијата преку користење на технологијата.
Суштината на самата платформа ми остави силен впечаток – широкиот аудиториум да нема предрасуди кон определени теми, а на лесен начин да се запознае и информира за родовите прашања. -
Јас ја разгледав Платформата за РЕСИ (Родова Еднаквост и Социјална Инклузија) . РЕСИ е веб-страница посветена да обезбеди алатки, ресурси и информации за промовирање на родовата еднаквост и социјалната инклузија преку методолошки алатки и интерактивни ресурси. Платформата е насочена кон поддршка на истражувачи, едукатори, активисти и носители на одлуки во создавање политики и иницијативи што промовираат еднакви можности за сите, без оглед на пол, род или социјален статус. Содржините се внимателно структурирани, овозможувајќи лесен пристап до информации и алатки за истражувачи, едукатори и активисти. Дизајнот е чист и интуитивен, што придонесува за позитивно корисничко искуство.
Leave a Reply