Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.

AIАгент за проверка на текстови

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

575 Comments

  1. Родовите студии на платформи базирани на вештачка интелигенција (AI) се нов и брзо растечки полето кое истражува како родот и сексуалноста се обработуваат, репродуцираат и менуваат преку дигитални технологии и алатки, вклучувајќи ги и машинското учење, алгоритмите, и платформите за вештачка интелигенција. Во ова поле, се истражува како ИТ и вештачката интелигенција влијаат на родовите динамики и како можат да ја обликуваат социјалната и економската структура на современото општество. Секојдневно со користењето на дигитални алатки и вештачка интелигенција (AI), се создаваат нови патишта за интеракција помеѓу родот, технологијата и општеството. Овие технологии во голема мера влијаат на тоа како се разбират и изразуваат родовите идентитети, преку алгоритми, препораки на медиуми, виртуелни асистенти, па дури и преку начинот на кој се дизајнираат системите за препознавање на лице и глас.
    Во контекст на родови студии, фокусот е на тоа како AI системите можат да ја рефлектираат или пак, да го засилат родовото нерамноправност и да создадат нови форми на исклученост или непријателски слики на родот во виртуелниот свет. AI платформите не се неутрални: тие се формираат според историски контексти, социокултурни услови и лични предрасуди. Развојот на AI честопати претпоставува универзални и неутрални методологии, кои во многу случаи не ја земаат во обзир специфичноста на родовите прашања. На пример, машинското учење во препознавањето на слики може да биде пристрасно, базирано на слаба или нерамномерна претставеност на жени или на луѓе од различни раси и етничности.
    Родовите студии во контекст на AI не само што го истражуваат како технологијата влијае на родовите динамики, туку и како можеме да развиеме повеќе инклузивни и праведни AI системи кои ги обележуваат новите предизвици на глобалните и локалните општества. Овој процес бара внимателен и критички пристап во развојот на вештачката интелигенција и во дизајнирањето на новите технологија кои ќе бидат во корист на сите, без дискриминација и нееднаквост. Оваа област е во постојан развој и, како таква, нуди можности за појасно разбирање и унапредување на родовата праведност во дигиталната ера.

  2. Рецензија на платформата  со AI

    Како корисник кој неодамна ја истражував платформата со  AI  сакам да ги споделам моите впечатоци од интеракцијата со овој проект. Најпрво, веќе на почетокот ме импресионираше леснотијата на навигација и јасното структуирање на содржините.
    Особено позитивно искуство ми беше работата со чат-ботот. Оваа алатка не само што успеа да ми ги објасни основните принципи на платформата, туку и заедно анализиравме конкретен случај односно националната стратегија за борба против насилството врз жените која ми помогна да го напишам и есејот. Преку дијалог, ботот демонстрираше способност за критичко размислување, идентификувајќи ги силните страни на стратегијата (како статистичките податоци и планираните активности), но и нејзините слабости (проблеми со спроведувањето и финансирањето).
    Што се однесува до самиот дизајн, платформата нуди интуитивен интерфејс кој е пристапен и за корисници со различни нивоа на техничко познавање. Визуелниот изглед е чист и функционален, иако би можело да се подобри со повеќе интерактивни елементи.
    Во однос на содржините, забележав дека тие се добро организирани и релевантни за темата. Сепак, како недостаток би го навела недостатокот на локални примери и студии од случаи од нашата средина, што би ја направило платформата уште покорисна за домашните корисници.
    Како заклучок, AI платформата претставува корисна алатка за сите кои се интересираат за прашањата поврзани со родовата еднаквост и технологијата. Иако има простор за подобрување (особено во областа на локалните содржини и интерактивните функции), платформата веќе нуди значајна вредност и потенцијал за понатамошен развој и би била многу корисна за оние кои ја изучуваат родовата еднаквост и технологијата.

    Мој рејтинг е 4/5 – Солидна платформа со добар фундамент и потенцијал за дополнително усовршување.

  3. Јас ја разгледав рамката за родова еднаквост и социјална инклузија – РЕСИ, особено AI агентот за разговори и дискусии од кого бев позитивно изненадена. Откако ми ја објасни поконкретно целта на РЕСИ, заедно анализиравме конкретна политика според принципите на РЕСИ. Ми ја даде за пример политиката “Националната стратегија за борба против насилство врз жените” и во текот на анализата идентификувавме дека политиката има добра основа со вклучување на статистички податоци и активности, како што се обуки и јавни кампањи, но покажува значителни слабости во делот на спроведување и финансирање. Притоа ги разгледавме нејзините главни недостатоци, како и потенцијалот кој го има за да се подобри. До заклучок дојдовме така што чекор-по-чекор добивав прашања од агентот за да направиме заедно детална анализа, со тоа што мислење за секоја фаза дававме и јас и агентот. Со помош на конкретниот пример, добив јасна идеја за целта на рамката и на чат-ботовите.

  4. Блогот – Разбирање на способностите и ограничувањата на ВИ.

    Интересен текст со важна поента. Добро е што се потенцира дека AI не е неутрална и дека алгоритмите можат да ги одразуваат (и зајакнат) постојните општествени нееднаквости. Тоа често се заборава кога се зборува за технологија.
    Добро е што темата е обработена, но ми фалеше подлабока анализа на некои делови. На пример, има тврдења за влијание врз пазар на труд и образование, но без конкретни примери или податоци. Исто така, сè се врти околу глобалниот контекст – би било многу покорисно ако се спомнеше нешто што се случува и кај нас. Иако темата е комплексна, може да се обработи со малку посистематски пристап и поткрепа. Дефинитивно има простор за да се влезе подлабоко во темата.

  5. Јас ја разгледав Платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција и сметам дека е многу корисна, која нуди информации за тоа како вештачката интелигенција може да влијае на родовата еднаквост и како може да создаде еднакви можности за сите. Но, исто така укажува на нешто на што треба да се внимава, како што се предрасудите во технологиите.
    о денешно време, со брзото ширење на дезинформации, AI е корисна алатка која помага во идентификацијата на лажни информации, особено на социјалните мрежи. Платформата е лесна за користење и нуди корисни ресурси и примери кои ги разјаснуваат овие теми. За оние кои се заинтересирани за врската помеѓу родовата еднаквост и технологијата, сметам дека ова е одлично место за учење и истражување.

  6. Искрено, пријатно сум изненаден од дијапазонот на информации кои ги изнудува и срочува ботот РЕСИ. Сметам дека информациите се релевантни, дека имаат смисловна целина и дека даваат образложение на прашањата кои соодветно се поставуваат. Исто така, има и понудени прашања после секое прашање, што може истражувачот да го насочи во некаква разговорна целина, од која соодветно ќе добие формулиран одговор за тезата/прашањето кое го интересира. Што се однесува до постоењето на ваквите ботови, кои подлежат на вештачката интелигенција и науката за податоци, сметам дека ова се корисни алатки, кои ите како може да играат голема улога во животот на луѓето. Улогата на овие ботови од информативен карактер за помладите е доста клучна, бидејќи уште од рана возраст, им помага да ја оформат сликата и ставот за некоја тематика како што е „Родовата еднаквост“, која не е доволно дискутирана, или пак има премногу различно-мисленици.
    Луѓето мора да имаат свое мислење за нештата, да имаат сопствен став за кој ќе се држат, па така развојот на ваквите мали алатки може да има голема улога не само кај помладите, туку и кај повозрасната популација. Често пати во општеството се случува луѓето да имаат грешен став и перцепција за нештата, или само еднонасочно да следат нечие мислење, што е лош потег при градење на личноста. Така, преку т.н „разговор“, кој не би го направиле со друга личност поради некоја причина, оваа алатка може да допринесе за промена на нивните ставови и размислувања околу тематиката.

  7. Веб-страницата aigender.net е значаен чекор во интеграцијата на вештачката интелигенција (ВИ) за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања.
    Структурата ѝ е интуитивна, овозможувајќи лесен пристап до клучни сегменти:
    -AI алатки – ВИ алатки за анализа на родови прашања, како „AI Agent со текст“ за обработка и анализа на податоци.
    -Блог – Редовни објави што го истражуваат пресекот на ВИ и родовата еднаквост.
    -Обучувачки програми – Обуки за академската заедница, студентите и административниот кадар.
    Оваа платформа е вреден ресурс за сите заинтересирани за примена на ВИ во истражувања за родова еднаквост, нудејќи корисни алатки, информации и обуки за создавање поинклузивно академско опкружување.

  8. Го тестирав ботот РЕСИ и добив неколку заклучоци,но и некои на кои не се надевав.На почеток поставив прашање кое е доста популарно во последниот период.Прашање:Се повеќе и повеќе наидувам на објави за тоа дека голем број на фирми даваат предност на членови на LGBTQ заедницата како и трансродови особи при вработување.Како главна причина за тоа се смета еднаквоста на фирмата и како таа поддржува еднаквост помеѓу луѓето дали ова е исправно? Одговорот беше сосема солиден и доста конкретен.Ботот наведи примери за позитивната страна но и примери за негативната како и нагласување дека се многу важни компетенциите како поединец(целосно разбирање на еднаквоста).Потоа поставив прашање:Прашањето е дали предноста на овие лица пред стандарндите е еднаквост? Во овој дел почнав да добивам одговори кој не ги очекувам.Како на пример разлика помеѓу еднаквоста,и тоа дека давање на предност на некои лица е со цел да се израмнат историските неправедности.Потоа добив и одговор дека спроведување на нееднаквост со цел да се воведе нова еднаквост е сосема разумна работа.Ова може да се должи на 2 причини.Прво подесување на параметри и избирање на тренирачко множество во кое е сосема океј да се дава предност на овие лица по секоја цена.И второ ботот научил дека во модерното опшество изгледот и каква порака испраќаме има многу голема важност.Сепак сметам дека првата претпоставка е поверојатна.

    1. Ок колега. Затоа што си се збунил а и други може ќе да се збунат, да напишеш семинарска работа за директна и индиректна дискриминација, и позитивна односно афирмативна акција.

  9. Со разгледувањето на оваа платформа, забележав доста разновидност од можни алатки и теми поврзани со вештачката интелигенција и родовата еднаквост. Дизајнот на платформата е доста интересен и изобилува со движечки слики и анимации. Нешто што ме изненади е како добро работи чет-ботот во долниот лев агол на екранот и колку брзо ваќа одговор.
    Исто така во АИ – Писменост блоговите се доста интересни и би сакал да го искоментирам блогот за „Етички практики и ВИ“. Се согласувам дека интеграцијата на етичките принципи во развојот на ВИ нема да го спречи напредокот, туку овој напредок ќе го насочи и подобри така што со употребата на ВИ ќе бидат запазени и човечките вредности. Со поголемата активност на социјалните мрежи, тешко е и приватноста на секој од нас да се запазе со цел да не биде понатаму дел од системи за ВИ.

  10. Неколку реченици околу целиот проект и конкретно со IRS Етички Аналитичар ботот.
    Генерално целиот проект е интересен, нешто што немам сретнато до сега и се занимава со некои теми кои не се секојдневни, бар во нашето општество.
    Првичниот впечаток ми беше добар освен некои работи како на пример стилот на некои од страниците (https://genderai.org/), мислам дека дизајнот не е баш добар и не изгледа професионално.

    Во врска со ботот имам позитивен фидбек, говорот на омраза кај нас за жал е доста застапен и не мислиме многу кога ќе се каже нешто, дури и тоа да го кажеме како “шала”.
    Се вреѓаме цело време, особено онлајн, ги кажуваме работите само што ни одговараат во моменталниот контекст, најчесто на етничко ниво или спрема жените, ова е повеќе застапено од постарите генерации и мислам дека ботов може на некој начин да проба да го долови ова кон нив и да им упати дека тоа не е ок.
    Колку би било сето тоа успешно, не знам ама вреди да се проба.

  11. Оваа платформа, заедно со целокупната идеја за подигнување на свеста кај луѓето за табу-темата родова еднаквост, претставена од Филозофскиот факултет, е извонреден проект што може да има значајна улога во општеството, а особено во оваа држава, каде што сè уште постојат бројни стереотипи, дезинформации и негативни ставови во однос на родовата еднаквост, како и на правата на жените, ЛГБТ+ заедницата итн.
    Самиот проект има различни цели, насочени кон подобрување на целокупната перцепција и разни размислувањеа за овие теми. Тој не само што јасно и разбирливо ги поставува клучните проблеми, туку нуди и детални објаснувања за сите можни недоразбирања кај читателите. Ваквиот пристап, надополнет со употребата на chat ботови, значително го олеснува процесот на информирање, бидејќи овозможува јасни, аргументирани и непристрасни одговори, без ни најмала намера за осудување – без разлика на ставовите на соговорникот.
    Ова можам да го потврдам од лично искуство, бидејќи преку разговор со еден од ботовите имав можност да го почувствувам позитивното влијание на ваквата платформа – еден современ, отворен и едукативен простор што охрабрува дијалог и разбирање. Се надевам дека, исто како што ова искуство остави силен впечаток врз мене, ќе успее да допре и до другите, поттикнувајќи размислување, емпатија и поголема отвореност кон овие важни теми

  12. Многу ми се допадна проектот “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост„ бидејќи сметам дека опфаќа теми кои се многу релевантни за денешницата. Најголем впечаток ми остави Етичкиот Аналитичар со тоа како ги анализаше содржините кои му ги пратив и како правеше идентификација дали станува збор за на точни или неточни информации. Сметам дека ова е многу корисно во овој период каде станува се потешко да се идентификуваат пристрасност или дезинформации во вестите кои ги читаме. Во контескт на тоа исто така многу ми се допадна тоа што AI агентите работат на повеќе јазици, бидејќи сметам дека јазичните бариери се многу битни за тоа како се информираме за нештата. Моите забелешки се главно од аспект на корисничкото искуство, бидејќи сметам дека би можело да се подобри. Прво, на почетната страна сликата кај описот за AI агентите е премногу детална, ова го прави текстот тешок за читање и потенцијално би можела да оттргне некој од користење на агентите бидејќи не би можеле да прочитаат за што точно станува збор. Второ, нема значителна разлика во содржината кај делот Блог и AI Писменост (барем до тој степен за да се издвоени во две различни страни, особено кога голем дел од статиите се повторуваат кај двете), сметам дека би било попрактично ако сите статии се остават на една страна и на истата се додадат опции за филтрирање според тема Блог или AI Писменост. Но, и покрај овие забелешки сметам дека проектот е многу корисен и релевантен за целите кои ги има. Немам никаква забелешка за агентите, уживав разгледувајќи ги и се надевам дека ќе сретнам повеќе вакви иницијативи во иднина.

  13. При разговор со IRS Етички Аналитичар AI ми помогна да разберам дека изјавата „Полот не е избор“ е многу повеќе од проста изјава – таа отвара врата за разгледување на многу слоеви на човечкото искуство. Од биолошката перспектива, полот може да изгледа како нешто дефинирано и фиксно, засновано на хромозомите и физичките карактеристики при раѓање. Но, тој аспект не го објаснува целосно концептот на „пол“, особено кога ќе се земат во предвид родовиот идентитет и чувството на припадност што не секогаш се совпаѓа со биолошките ознаки.

    Родовите идентитети не се „наметнати“, тие се длабоко вкоренети во индивидуалното саморазбирање и во процесот на самооткривање. За многумина, откривањето на својот родови идентитет е патување исполнето со емоции, предизвици и сознанија. Тука се појавува важноста на социјалните и културните фактори – тие често наметнуваат стереотипи и очекувања кои формираат како треба да се изразува родот. Тоа може да биде освежувачки, но и охрабрувачки за оние кои не се вклопуваат во стереотипите на општеството.

  14. Мислам дека низ секојдневието, особено ние младите, се среќаваме со мисинформации, и сигурно сите сме биле дел од некоја ситуација каде што сме детектирале говор на омраза. Мислам дека често овој говор на омраза знае да помине без да се реагира дека истиот не е соодветен, или да се каже дека таквите коментари не биле кажани во злонамерен контекст. Мојот став е дека се додека коментарот некого навредува, не треба да биде игнориран. Поради ова решив да го тестирам IRS Етичкиот аналитичар и да видам какви се неговите перформанси кога станува збор за детекција на говор на омраза. Моето прво прашање беше како можам да детектирам говор на омраза на работното место, на кое ми одговори посочувајќи на неколку начини: навредлив јазик, шеги и коментари, изолација и исклучување итн. Потоа му побарав да ми наведе сценарио на прикриен говор на омраза, така што ми даде пример за состанок на кој е кажан коментар за тоа дека на тимот му се потребни повеќе ‘културно слични’ луѓе, кој е навидум суптилен, но може да биде многу навредлив за некого. На крај му побарав табеларен приказ на ова сценарио и неговата анализа, на што соодветно ми одговори. Мојот впечаток е дека сум доста задоволна од користењето на овој AI бот и мислам дека може да најде примена во многу проекти и кориснички сценарија.

  15. Јас сметам дека платформата aigender.net претставува значаен чекор во разбирањето на тоа како технологиите влијаат на овие теми. Многу е вашжно што оваа платформа истакнува како AI може да ги продлабочи родовите нееднаквости, но истовремено и да понуди можности за нивно надминување. Сепак, сметам дека би било корисно ако платформата понуди повеќе примери за тоа како развивачите и компаниите можат да интегрираат родова еднаквост во своите дигитални стратегии. Ова би помогнало како овие предложени наши идеи да се применат во пракса. На пример, би било корисно да се објават случаи каде AI е успешно искористен за да се идентификуваат и надминат родовите предрасуди во различни индустрии.

    Во целина, платформата е добар ресурс за сите кои сакаат да научат повеќе за вештачката интелигенција и родовата еднаквост, но има потенцијал за дополнително развивање. Дополнителни примери и практични совети би можеле да го направат искуството на корисниците уште поинформативно и корисно.

  16. Пријатно ме изненади AI Родовиот едукатор. Има огромна база на податоци во областа којашто му е дадена, убаво ги објаснува термините и дава концизен одговор на прашањата. Одговорите се генерираат релативно брзо. Според моето искуство со овој бот сметам дека има се што му е потребно и помага на брз и едноставен начин да се дознае повеќе на некоја одредена тема, пример за родовите нееднаквости, правата на жените и слични теми.

  17. Во морето од информации што секојдневно кружат, дезинформациите можат лесно да создадат погрешни перцепции и да влијаат на јавното мислење. Токму затоа, ми остави силен впечаток веб-страницата „Со Вештачка Интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родова еднаквост“. Особено важно ми беше да видам како AI може да се користи за откривање на манипулативни содржини и заштита од лажни вести.

    Интерактивниот AI аналитичар ми се покажа како многу корисна алатка бидејќи овозможува брза проценка на содржините, без потреба корисникот рачно да истражува. Посебно ми се допадна тоа што може да се сподели линк од било кој извор, а ботот автоматски го анализира и укажува на можни дезинформации или пристрасност. Со ова, секој корисник добива можност да развие покритичко размислување и да го намали влијанието на неточните информации.

    Дополнително, платформата е достапна на повеќе јазици, што ја прави инклузивна и корисна за поширока публика. Лесната навигација и интуитивниот интерфејс овозможуваат секој корисник брзо да се снајде, без оглед на нивото на техничко познавање. Овој проект е одличен пример за тоа како технологијата може да се искористи за решавање на реални општествени проблеми и за промовирање на етички стандарди во дигиталниот простор.

  18. Оваа платформа ми остави одличен прв впечаток. Додека сурфав низ страницата, ми се појави статијата „Воведување емоции во вештачката интелигенција и роботите“, која веднаш ми звучеше интересно. Искрено, многу ми се допадна темата, бидејќи зборува за нешто ново и возбудливо поврзување на човечките емоции со AI и роботите. Најголем впечаток ми остави начинот на кој авторите ги комбинираат психологијата и машинското учење за роботите подобро да нè разбираат и да се поврзуваат со нас на емотивно ниво, што според мене ќе овозможи многу поприродна и човечка комуникација со технологијата во иднина. Особено ме привлече што е обработен и етичкиот аспект на оваа тема, кој е клучен за понатамошниот развој. Навистина фасцинантна и одлично презентирана содржина!

  19. Најголем впечаток ми остави веб-страницата „Со Вештачка Интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родова еднаквост“. За жал, живееме во време кога вестите се шират побрзо од светлината, а тоа може да предизвика сериозна штета на општеството. Дезинформациите не само што создаваат конфузија, туку и поттикнуваат поделби, стереотипи и недоверба меѓу луѓето.
    Во време како ова, време на трагедии, политички надвикувања, лаги, измами, протести и што не, кога вистината често се губи во хаосот на информациите, важно е да имаме алатки што ќе ни помогнат да разликуваме што е точно и што не. Информацијата може да биде манипулирана кога е селективно прикажана или изменета, нагласувајќи само еден дел од приказната за да создаде искривена слика или да предизвика силни емоции, што може да доведе до погрешни заклучоци. Токму тука многу ми се допадна Етичкиот Аналитичар AI – бот кој ја анализира штетната содржина помагајќи ни да донесеме свесни одлуки и да се заштитиме од дезинформациите. Во време кога и малата информација може да има големи последици, вакви алатки се клучни за создавање поверодостојна и етичка дигитална средина.
    Една од најголемите предности на оваа технологија е што можеш многу лесно да споделиш линк од било која веб-страница или текст што сакаш да биде анализиран, а AI ботот сам ќе ја направи целата работа, без да мораш да правиш ништо дополнително. Т.е. нема потреба да се занимаваш со копирање и внесување текст, туку само да го споделиш линкот и AI ботот ќе ја обработи целата содржина, наоѓајќи важни детали и потенцијални проблеми, како што се говор на омраза, дезинформации или пристрасност. Овој процес ја прави анализата многу побрза и поточна, особено кога информациите брзо се шират. Дополнително, AI агентот работи на повеќе јазици, што значи дека секој може да го користи, без разлика каде се наоѓа. Иако интерфејсот останува ист без разлика на јазикот, е многу лесен и едноставен за користење, дури и кога сакаш да поставиш слика за анализа.

  20. Од сите понудени платформи за вештачка интелигенција и родова еднаквост, најголем впечаток ми остави страницата „Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“. На оваа веб-страница првото нешто што го забележав беше интерактивниот интерфејс и интеракцијата со секој од трите AI агенти. Посебно за агентите е тоа што ги паметат претходните разговори, што ми овозможи да го продолжам разговорот, без потребата да започнам нов од почеток.
    Дополнително, уште една функционалност што ја испробав е тоа што чет-ботот функционира на повеќе јазици, како англиски, германски и шпански, што ја прави платформата подостапна. Корисниците можат да комуницираат со вкупно три агенти, кои се достапни за анализирање говор, анализа на слики, давање совети и информации, но исто така помагаат во разбирањето на улогата на вештачката интелигенција во спречување на дезинформациите.
    Меѓутоа, иако е добра платформа за да го прошириме знаењето за родовата еднаквост, еден негативен аспект кој го забележав е тоа што интерфејсот на самата веб страница каде се избира кој агент ви е потребен и самиот AI агент не поддржуваат промена на јазикот (англиски, српски, итн.), што го ограничува пристапот за корисниците.
    Платформата која ја одбрав за анализа е корисна за проширување на знаењето за родова еднаквост преку интерактивни AI агенти и можност за анализа на говор и слики. Иако самиот разговор поддржува повеќе јазици, недостатокот на поддршка за промена на јазикот во интерфејсот го ограничува пристапот за некои корисници. GenderAI.org нуди корисни функции, но за поголема достапност, според мое мислење, е потребно да се подобри функционалноста за изборот на јазик.

  21. Како најинтересна за мене се издвои конкретно темата “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост” бидејќи за мене претставува нов и иновативен пристап во борбата против дезинформациите и воедно
    промовирање на родовата еднаквост преку користење на вештачката интелигенција. Самата веб-страница како и трите AI агенти имаат доста едноставен дизајн што овозможува лесна навигација низ страната. Корисниците лесно можат да комуницираат со AI агентите директно од почетната страница што им овозможува брз пристап до бараните информации. Исто така многу корисно е тоа што трите AI агенти може да одговараат и на други јазици, а не само на Македонски што ги прави агентите подостапни за корисниците. Уште една позитивна страна е тоа што иако агентите се фокусирана на текстуални интеракции се сепак интегрирани со мултимедијални ресурси како што е можноста за прикачување на слики и фајлови. Единствениот аспект кој според мене може да се подобри е интеракцијата на AI агентите со корисниците. Моментално одговорите кој ги даваат се доста формални, сметам дека со додавање на повеќе неформални разговорни елементи ќе се подобри целокупното корисничко искуство. Се на се платформата претставува вреден ресурс за секој што сака да научи повеќе за родовите прашања и борбата против дезинформациите.

  22. Оваа платформа ми остави одличен прв впечаток, најмногу ми се допадна што темата е сериозна и важна, а сепак се презентираа на начин што е јасен и достапен за сите каде што корисникот може да се снајде лесно. Интересно и доса важно е тоа што платформата не нуди само теоретски текстови, туку има и практични алатки кои навистина можат да помогнат. На пример, го тестирав четботот кој дава совети како да се препознае и справи со дигитална злоупотреба. Ми одговори брзо и прецизно, и тоа на јазик што не е премногу формален, што мислам дека е супер бидејќи ги доближува овие теми до поширока публика. Дополнително, четботот за едукација за родова еднаквост ми изгледа како одлична идеја не само што дава информации, туку ги насочува луѓето каде можат да читаат повеќе, што е одлично за нас што сакаме да продлабочиме знаење. Форумот ми се допадна како простор каде што луѓето можат да си разменуваат мислења и да се даваат предлози за подобрување на проектот. Можеби би додала повеќе визуелни содржини или кратки видеа, бидејќи верувам дека младите денес полесно се поврзуваат преку визуелни материјали. Сепак, генерално ми се допага идејата на овој проект и верувам дека ако се прошири и дополнително промовира, може да биде од огромно значење.

  23. Дефинитивно би сакала да дадам краток коментар за веб-страницата “Со Вештачка интелегенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост”. Доста интуитивен и интерактивен UI. Ми се допаѓа што опфаќа теми како ЛГБТКИ+,родова еднаквост односно тоа е родовиот едукатор, користи агенти за вештачка интелигенција за борба против говорот на омраза, за учење за феминизмот, за подобрување на медиумската писменост. Покрај вредноста на едукативната содржина и добрата структура на платформата, може да има и попрактични примери пример поддршка на неколку јазици . Генерално, оваа страница може да биде корисна за информирање на јавноста за родовите прашања и борбата против дезинформациите, со одреден простор за подобрување.

  24. Проектот „Користење на вештачка интелигенција за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања“ е иницијатива на Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет во Скопје. Неговата главна цел е да го истражи и имплементира потенцијалот на вештачката интелигенција (ВИ) во промовирањето на родовата еднаквост во научните истражувања.
    Проектот се фокусира на неколку клучни аспекти:
    • Испитување на потенцијалот на ВИ ботови: Анализа на можностите за примена на ВИ ботови во областа на родовата еднаквост во научните истражувања.
    • Онлајн обуки: Организирање и спроведување на онлајн обуки за родови прашања во научното истражување, преку креирање и одржување на онлајн платформа поддржана од ВИ технологија.
    • Пристап до ресурси: Обезбедување пристап до информации и податоци за родовите прашања, како и едукативни ресурси поврзани со родовата еднаквост.
    Методологијата на истражување вклучува преглед на постоечки истражувања и литература, систематска анализа и изработка на извештаи. Очекуваните резултати од проектот вклучуваат креирање и имплементирање на онлајн платформа за родови прашања и организирање на онлајн обуки за различни целни групи.
    Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон интеграција на напредните технологии во промовирањето на родовата еднаквост во академската заедница.

  25. Проектот Progender AI е иницијатива која се фокусира на родова еднаквост и ЛГБТИ+ права. Целта е да ги едуцира корисниците и да дава непристрасни одговори на прашањата што ги имаат. Веб-страницата е едноставна и лесна за користење.
    Едно нешто што навистина ми се допадна е што платформата нуди корисни информации на теми поврзани со полот. Навистина е прекрасно да се види ваков проект кој активно работи на инклузивност, особено во нашата земја. Дизајнот е исто така чист, без дополнителни непотребни информации.
    Меѓутоа, мислам дека веб-страницата би можела да има повеќе интерактивни функции за корисниците, како форум каде што корисниците би можеле да ги дискутираат информациите што ги добиваат од чет-ботот.
    Генерално, ProGender AI е солидна иницијатива со важна цел. Оваа веб-страна прави добра работа во ширењето на свеста, но дефинитивно има простор да се направи поинтерактивна и водена од заедницата.

  26. “Вештачката интелегенција ( Аl) против дезинформации во областа на родовата еднаквост “ ми остави најдлабок впечаток од вкупно трите веб страни каде дознав многу повеќе работи,проширувајќи го своето знаење. Во денешно време со многу напредна технологија и забрзано темпо на живот каде се шират многу дезинформации во врска со родовата еднаквост и многу други работи, вештачката интелегенциja (Аl) е едно од брзите, лесни, и корисни алатки односно платформа каде може да ги идентификува лажните информации кои се шират по социјалните мрежи.

  27. Современите технологии овозможуваат нови пристапи кон едукацијата, а оваа платформа е одличен пример за тоа. Со тестирање на AI ботовите, лесно се забележува нивната способност да обработуваат сложени теми и да понудат релевантни информации. Интерфејсот е пријателски настроен кон корисникот, овозможувајќи брза адаптација и ефективна навигација.

    Особено впечатлива е интерактивноста на ботот кој се фокусира на етички прашања и анализирањето на содржини поврзани со родовите перспективи. Неговата способност да остане непристрасен и да нуди рационални одговори укажува на добро разработени алгоритми. Прашањата што ги поставив беа од различни области, вклучувајќи историја на родовата еднаквост, методи за нејзина примена во секојдневниот живот и влијанието на технологијата врз социјалните промени.

    Иновативниот пристап на платформата не само што ја поддржува критичката мисла, туку и нуди алатки за справување со дезинформации, особено во дигиталниот простор. Интеграцијата на AI во оваа сфера е значаен чекор кон поголема свесност за општествените прашања. Со одредени подобрувања, оваа технологија може да стане суштинска алатка за образовни и истражувачки цели, охрабрувајќи поширок дијалог за важни општествени теми.

  28. Проектот “Користење на вештачка интелигенција за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања” од Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет во Скопје според мене е одлична идеја и еден од најважните чекори во справувањето со родовите прашања преку технологијата. Сите ние секојдневно сме опкружени со технологија и таа влијае како и во развојот на една единка така и во сфаќањата на единката за различни теми, па и за родовата еднаквост. Користењето на вештачка интелигенција (AI) за унапредување на родовата еднаквост во академијата е иновативна и практична бидејќи AI има потенцијал да анализира големи количини на податоци кои не се видливи за човечкото око, но сепак има големо влијание врз научната заедница. Создавањето онлајн платформа со ресурси и обуки за оваа тема е одличен начин за повеќе луѓе да добијат пристап до знаење и едукација во однос на родовата еднаквост. Генерално, проектот има потенцијал да биде многу корисен за промовирање на еднаквост и инклузивност во академскиот свет.

  29. Одличен проект, нешто што кај нас е ретко да се види особено специфично за родовата еднаквост, ЛГБТКИ+ итн… и тоа вклучено со вештачката интелигенција. Ми се допаѓа што има и посебна секција за AI-писменост и во блог постовите се покриваат тематики за етичкото користење на оваа технологија што сметам дека е исклучително важно и битно овие информации да бидат истакнати. Чат ботовите се одлични, може да се види дека се тренирани на многу и многу точни бази со податоци и документи. Корисничкиот интерфејс на веб страната е модерен и интуитивен. Немам никаква негативна забелешка или критика.

  30. Проектот AI Gender Platform е одлична иницијатива која ја истражува врската помеѓу родовата еднаквост и вештачката интелигенција. Најмногу ми се допадна тоа што темата е обработена на разбирлив начин, а содржината нуди корисни информации за тоа како да се намали пристрасноста во алгоритмите. Би било добро ако има повеќе интерактивни материјали, како видеа или квизови, за полесно учење и ангажирање на корисниците. Она што го сметам за најголема предност на проектот е што поттикнува свесност за важна тема која често се занемарува. Доколку се прошири со повеќе примери и практични решенија, би можел да биде уште покорисен. Генерално, сметам дека оваа платформа е многу вреден ресурс и одличен чекор кон поинклузивна иднина во вештачката интелигенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »