Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.
ФОРУМ

711 Comments
-
Платформата РЕСИ го комбинира академското знаење со технологијата на интересен и потребен начин. Содржината на блоговите е информативна и релевантна, особено за академска публика. Форумот покажува дека има заинтересирана заедница, што е одличен знак, но платформата би имала поголемо влијание ако инвестира во подобар дизајн, појасна техничка документација и повеќе конкретни примери од пракса што би ги направиле AI алатките полесно применливи во реални ситуации.
-
Платформата РЕСИ претставува солиден обид за интеграција на вештачката интелигенција во промоција на родовата еднаквост и социјалната инклузија. Содржината е квалитетна и академски заснована, што ја прави корисна за студенти, истражувачи и активисти. Позитивно е што има неколку специјализирани AI агенти, што покажува промисленост во дизајнот. Блоговите за AI против дезинформации и примена на AI во академските истражувања се релевантни и добро обработени. Визуелната презентација може да биде посовремена. Генерално, платформата е корисна иницијатива со добра основа и релевантна содржина, но има простор за подобрување во дизајнот, техничката транспарентност и практичната применливост.
-
Можам да кажам дека идејата зад неа е навистина интересна и корисна. Платформата успева на јасен начин да ги поврзе темите за вештачка интелигенција и родова еднаквост, кои денес се се поважни. Содржините се информативни и даваат поширока слика за тоа како AI може да влијае врз општеството, но и каде може да се појават проблеми како пристрасност и нееднаквост.
AI агентите на страницата делуваат корисно, бидејќи даваат брзи и релевантни одговори, особено за корисници кои немаат многу предзнаење за темата. Форумот е добро место за споделување мислења и искуства и се чувствува дека постои простор за дијалог и критичко размислување.
-
Оваа платформа ми остава впечаток на сериозен и добро смислен образовен проект кој ја поврзува вештачката интелигенција со родовата еднаквост на јасен и општествено релевантен начин. Содржините се квалитетни, информативни и аналитички, со јасен академски и истражувачки пристап, што ја прави платформата особено корисна за студенти, истражувачи и активисти во областа на родовите студии и технологијата.
-
Страницата со AI РЕСИ алатките ми остави позитивен впечаток, најмногу поради модерниот изглед и јасната структура. Визуелниот дел е интересен, особено сликите со AI роботи, кои веднаш го привлекуваат вниманието и ја прават страницата попријатна за разгледување, иако темата што ја обработува е сериозна и општествено значајна.
Ми се допаѓа тоа што содржината е поделена на јасни делови, како „AI РЕСИ водич“, „AI РЕСИ чекор по чекор“ и „AI разговори за РЕСИ“, бидејќи на тој начин се олеснува навигацијата низ платформата. Како студент што првпат се среќава со оваа област, ми беше релативно лесно да разберам за што служат овие алатки и како можат да помогнат при учење или информирање за родовата еднаквост и социјалната инклузија.
Текстовите се разбирливи и не се премногу комплицирани, што е голем плус за студенти. Сепак, на некои места би било корисно ако има повеќе конкретни примери или практични објаснувања за реална примена на алатките. Во целина, страницата е корисна, добро осмислена и претставува солиден вовед во темата, особено за бруцоши и студенти кои допрва почнуваат да се запознаваат со родовите студии и улогата на вештачката интелигенција. -
Оваа платформа претставува важен чекор во напредокот на вештачката интелигенција, особено за теми кои што се важни за општествениот развој како родовата еднаквост. Во самиот сајт корисникот има услови лесно да се навигира и да пристапи до блоговите на самата страница кои содржат најразлични теми поврзани со родовата еднаквост, но и до ai агентите. Самите агенти даваат конкретен одговор и се приспособуваат на потребите на корисникот во текот на разговорот. Во целина, целиот проект претставува корисна и иновативна алатка со значителен потенцијал за понатамошен развој.
-
РЕСИ промовира инклузивен и современ пристап кон јавните политики, со фокус на еднаквост, учество и правичност. Тој служи како информативна и едукативна платформа што помага со монгубројните теми поврзани со родовите прашања.
-
Ја користев платформата со AI Разговори за РЕСИ како алатка за проверка и подобрување на мојата семинарска работа. Ми беше корисна за појаснување на одредени делови, подобра организација на содржината и проверка дали аргументите се логично поврзани. Преку интерактивниот пристап добивав насоки и прашања што ми помогнаа самостојно да дојдам до подобри формулации и заклучоци. Платформата е практична, лесна за користење и корисна како дополнителна поддршка при академска работа.
-
Платформата РЕСИ на практичен начин ги обработува темите за родова еднаквост и социјална инклузија, со фокус на едукација и подигање на свеста. Содржината на РЕСИ е практично ориентирана нуди примери и поттикнува критичко размислување. Платформата е лесна за користење, со едноставен и функционален дизајн. Посебно позитивен аспект е интеграцијата на AI агентот, кој овозможува брзи и добро организирани одговори. Агентот помага при разработка на идеи дава насоки за понатамошна работа, без да го заменува критичкото размислување на корисникот. Го тестирав AI агентот РЕСИ со тоа што му поставував прашања во врска со мојот семинарски труд, на тема “Влијанието на родовите стереотипи врз самодовербата и мотивацијата на жените во мрежната безбедност”. Ми помогна, особено со тоа што ми посочи важни потточки и идеи, кои потоа им обрнав поголемо внимание во мојот труд, Работи брзо, дава јасни и корисни одговори и не се чека долго за повратна информација.
-
Платформата AI Gender / РЕСИ ја доживувам како корисна почетна алатка за запознавање со теми поврзани со родова еднаквост и социјална инклузија, особено за студенти кои првпат се среќаваат со овие поими. Содржината е прилагодена да биде разбирлива и не премногу академска, што го олеснува учењето и истражувањето. Ми се допаѓа што платформата комбинира текстуални ресурси, блогови и AI агенти, наместо да нуди само статични информации. AI агентите се корисни како насока – не го заменуваат сопственото размислување, но помагаат да се добие јасна рамка и идеи за понатамошна работа. Како простор за подобрување би ја издвоила подобрата организација на содржината, особено за нови корисници.
-
Го тестирав агентот AI РЕСИ чекор по чекор, прашањето што го поставив беше поврзано со мојот семинарски труд а тоа е за родовата еднаквост и дискриминација против жените со попреченост на работното место, мислам дека агентот многу корисни и детални прашања со цел подобро да го разбере проблемот и да даде сеопфатно решение.
-
Платформата дефинитивно вреди да се испроба, особено ако треба брза креативна помош за академските задачи поврзани со родовата еднаквост. Помага при барање извори, концепти и дава почетна точка ако немаш стартна идеја. АИ агентите нудат интересни подточки, линкови, примери за семинарски и те насочуваат кон релевантни податоци. Тие даваат многу брзи и разбирливи одговори. Со блоговите станува јасно дека има личности кои се трудат да ја зголемат свесноста за родовата еднаквост, посебно во технолошкиот свет. Платформата нема потребни регистрирања, пристапот е едноставен и интерфејсот е интересен, со слики од роботчиња. Препорачлива е за секој што сака да научи нешто ново или да се приклучи на некоја иницијатива. Убаво би било сите студенти без разлика дали ги интересира информатика, да разгледаат и поддржат вакви корисни проекти кои го прошируваат видикот за важни теми и прашања.
-
Платформата AI Gender / РЕСИ е едукативен и корисен ресурс кој на јасен и современ начин ги обработува темите за родова еднаквост, социјална инклузија и дезинформации. AI агентите се интерактивни и даваат разбирливи и структурирани одговори, што ја прави платформата погодна и за студенти и за пошироката јавност. Посебна предност е тоа што содржината е на македонски јазик и поттикнува критичко размислување. Како мала забелешка, навигацијата и визуелниот изглед би можеле дополнително да се унапредат за подобро корисничко искуство.
-
Ми се допаѓа тоа што платформата не е само сув текст. Алатката „AI РЕСИ чекор по чекор“ е корисна ако треба да се подготви семинарска или проектна задача, наместо да губиш часови во пребарување, ботот ти помага да ја поставиш структурата на анализата. Концептот на РЕСИ е добро објаснет – не се фокусира само на мажи и жени, ја вклучува возраста, попреченоста и местото на живеење. Добар впечаток ми остави што страницата е едноставна и брзо се снаоѓаш, самата поделба на три различни агенти (водич, чекор-по-чекор асистент и дискусија) покажува дека е размислувано за UX. Наместо еден генерички бот, корисниците добиваат насочен Prompt Engineering кој помага во филтрирањето на информациите. Единствена работа што би ја додала е прецизноста кај изворите на информации. Како идеја мислам дека би било добро ботот да ни дава линк или име на конкретен документ од кој го извлекол заклучокот, со ова ќе се придобие поголема доверба на корисниците дека информациите се 100% точни и верификувани.
-
Платформата „Со вештачката интелигенција против дезинформации“ ми остави многу позитивен впечаток, бидејќи обработува актуелна и чувствителна тема на јасен и пристапен начин. Содржината е добро структуирана, а страницата е лесна за користење, што овозможува брзо снаоѓање и добивање релевантни информации. AI агентите нудат детални, објективни и разбирливи одговори, без осудување, што е особено важно кога станува збор за теми поврзани со родовата еднаквост и дезинформациите. Ми се допадна што покрај објаснувањата се нудат и совети како да се препознаат лажни тврдења, како и линкови до дополнителни извори. Сметам дека платформата има голем едукативен потенцијал, особено за млади луѓе и студенти, а со вклучување на повеќе визуелни и мултимедијални содржини би била уште поинтересна и попривлечна. Во целина, ова е корисна и современа иницијатива што успешно ја поврзува технологијата со општествено важни прашања.
-
Според тоа што го прочитав платформата aigender е солиден ресурс за родова еднаквост и социјална инклузија, AI агентите се интерактивни и помагаат за подобро разбирање на теми како дезинформации и родови прашања. Но само би коментирал дека навигацијата понекогаш е збунувачка. Во целина, платформата е едукативна и има голем потенцијал за понатамошно подобрување.
-
Платформата РЕСИ (Родова Еднаквост и Социјална Инклузија) претставува современ дигитален ресурс кој има за цел да придонесе кон унапредување на знаењето и свеста за родовата еднаквост и социјалната инклузија. Таа нуди едукативни содржини и интерактивни можности кои им овозможуваат на корисниците полесно да ги разберат и применат овие општествено важни концепти.
Особена вредност на платформата е употребата на вештачка интелигенција, која овозможува интерактивна комуникација и добивање јасни и структуирани одговори. На тој начин, учењето станува подинамично и попристапно, а содржините се прилагодени на различни нивоа на знаење и интерес.
РЕСИ се одликува со релевантна и практично ориентирана содржина, која не се задржува само на теорија, туку нуди и насоки за реална примена на принципите на еднаквост и инклузија. Иако дизајнот е едноставен, платформата е функционална и лесна за користење.
Во заклучок, РЕСИ претставува корисна и иновативна платформа која покажува како дигиталните технологии можат да се користат во служба на општествената еднаквост и инклузија. -
Платформата РЕСИ е корисна и информативна страница која сметам дека може позитивно да влијае врз подобрување на свесноста за родовата еднаквост и социјалната инклузија. Ми се допаѓа начинот и пристапот на користење на оваа платформа, особено тоа што може да ја користат и различни групи истражувачи, студенти но и почетници бидејќи содржи корисни информации кои се разбирливи за секоj. Објаснети се принципите на родовата еднаквост и социјалната инклузија со помош на AI агентите преку практични примери и реални ситуации што според мене претставува позитивна страна на оваа платформа и дава пример на правилно користење на вештачката интелигенција. Го користев агентот ‘AI РЕСИ водич’ и можам да кажам дека е доста корисен, дава детални и опширни одговори на поставените прашањата. Во целина мислам дека вакви платформи треба да има и е добро што се работи на тоа и на примената на вештачката интелигенција за добри цели кои се корисни за целото општество.
-
GenderAi е корисна платформа што ја користи вештачката интелигенција за подобро да се разберат и анализират темите во врска со родовите прашања. Сајтот е прилично јасен и инфоративен
-
Ја разгледав платформата AI Gender / RESI и пробав неколку AI агенти. Генерално, искуството ми е позитивно – темите за родова еднаквост и дезинформации се јасно објаснети, а агентите одговараат брзо и разбирливо. Добро е и тоа што платформата е на македонски и лесна за користење.
Како мала забелешка, би било корисно да има кратко упатство за агентите, подобра прегледност на текстовите и малку постабилна работа на сајтот. Во целина, сметам дека платформата е корисна и има добар потенцијал за понатамошно подобрување.
-
По користење на платформата AI Gender, мојот впечаток е многу позитивен. Платформата нуди квалитетни и корисни алатки за обработка на теми поврзани со родова еднаквост и вештачка интелигенција, прикажани на современ и разбирлив начин. Навигацијата е јасна и лесна, а содржините се применливи и за академски цели и за пошироката јавност.
AI агентите се интерактивни и корисни, особено во делот каде што поттикнуваат критичко размислување и подобро разбирање на улогата на AI во општеството. Платформата е на македонски јазик, што значително го олеснува користењето. Иако има мал простор за унапредување на визуелниот изглед, во целина станува збор за едукативна и добро осмислена платформа. -
Страницата е феноменална, при изработка на семинарска по предмет Вовед во родови студии го користев Ai асистентот кој доста ми помогна за коректно составување на семинарската. Но имам една голема критика, АИ асистентот има опција за оценување на семинарска најпрвин ми ја оцени со 15 – 30% АИ генерирање но по стилизиранје на самата семинарска т.е. додавање на празни места табоби на потребни места ми ја оцени со 70% АИ генерирање по враќање во претходната форма повтроно ја оцени со 25-40% АИ генерирање. Се надевам во иднина АИ асистентот ќе биде постабилен за подобро корисничко искуство.
-
По детално истражување на платформата aigender.net, имам мешани впечатоци. Идејата дека Институтот за родови студии на УКИМ развива AI ботови за родова еднаквост е одлична за македонски услови, а обуките за активисти за користење на AI алатки се навистина потребни. Меѓутоа, самата веб-страна има сериозни технички проблеми – имав потешкотии со пристап (403 грешка), што е неприфатливо за платформа која сака да биде централен ресурс. Документацијата за AI агентите е генеричка и не е јасно како функционираат, кои модели користат, и како се справуваат со родовите прашања на македонски јазик. Недостасува транспарентност околу етичноста, приватноста и точноста на податоците. Глобално, AI системите имаат проблеми со родова пристрасност, но не е јасно како оваа платформа го адресира тоа. Очекував интерактивни демо-верзии и јасни case studies, но добив WordPress блог со ограничена функционалност. За македонски услови ова е храбар чекор, но треба сериозна работа на техничката инфраструктура и корисничкото искуство.
-
Ја разгледав платформата и генерално ми делува како добра и корисна, ми се допаѓа тоа што е богата со доста ресурси, АI алатки и модели, но имам и некои забелешки, сајтот на моменти е спор за вчитување, но можам да го разберам тоа бидејќи има доста многу содржина на него. Би било супер да има повеќе објаснувања за полесно снаоѓање низ страницата. Навигацијата може да се среди уште малку за нови корисници, пример за мене кога прв пат пристапив на страницата ми беше чудно зошто AI алатките и моделите се наоѓаат во “блог” странат, истотака некој од моделите не работат, мое мислење е да не се оптоварува со премногу алатки страната и да се фокусира само на неколку есенцијални алатки. Во целина, платформата е доста интересна, има интересни теми и потенцијал, само треба малку да се досреди.
-
По користењето на неколку алатки од платформата AI Gender / RESI, можам да кажам дека искуството ми беше позитивно. Платформата е јасна, лесна за користење и соодветна и за корисници без техничко предзнаење.
Особено корисни ми беа AI агентите како Родовиот едукатор и Етичкиот аналитичар, кои даваат разбирливи, добро структурирани и аргументирани одговори. Генераторот на промптови е практична алатка што помага во прецизно формулирање на прашања и задачи.
Платформата успешно ги обработува темите за родова еднаквост на јасен и применлив начин. Иако би било корисно да има повеќе конкретни примери, во целина сметам дека станува збор за едукативна и вредна платформа, особено за студенти и млади. -
Платформата нуди добри алатки и начини да се претстави темите поврзани со родова еднаквост со користење на вештачка интелигенција. Платформата има лесна и јасна навигација и овозможува користење за академски, но и општи потреби. Ми се допаѓа што исто така платформата се користи за да се поттикне критичко размислување за родовата еднаквост и улогата на вештачката интелигенција во секојдневието. Забелешка имам за дизајнот, мислам дека има простор за подобрување на изгледот за подобро корисничко искуство.
-
По разгледувањето на платформата и користењето на неколку AI агенти, можам да кажам дека проектот е корисен и добро осмислен. Ми се допадна тоа што темите за родова еднаквост се обработени на современ начин и што целата платформа е достапна на македонски јазик, што ја прави полесна за користење и разбирање.
AI агентите се интерактивни и даваат јасни одговори, а најмногу впечаток ми остави делот поврзан со борбата против дезинформации, бидејќи има практична примена. Како мала забелешка, навигацијата и визуелниот изглед би можеле малку да се подобрат, но во целина платформата е едукативна и има потенцијал за понатамошен развој. -
По користење на платформата AI Gender, мојот впечаток е претежно позитивен. Темите за родова еднаквост, технологија и општествени прашања се објаснети јасно, а AI ботот е лесен за користење и корисен.
Сепак, страницата понекогаш делува споро и не е секогаш лесна за навигација, а изгледот не е уедначен. AI ботот исто така често дава општи наместо подетални одговори.
И покрај тоа, платформата е корисна, особено за студенти и има потенцијал дополнително да се подобри. -
Темата „Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“ ја одбрав поради тоа што е спој на актуелни теми кои што ни се во секојдневието, спојувајќи технологија и родови прашања, помагајќи во едуцирање за истите. Страната покрива значајни теми, опфаќајки заштита, практики, критичко размислување во новата ера со AI. Овие теми се значајни и неопходни за секого и истите може да најдат практика во секое поле. Од друга страна, тестирајќи го аи агентот за анализа на мисинформации, дезинформации и малинформации заклучив дека дава детален, опширен и брз одговор. Посебно ми остави впечаток тоа што прави јасна разлика меѓу различните типови на погрешни информации и ги објаснува причините зошто одредена содржина може да биде штетна. Сепак, доколку понекогаш агентот дава подетални описи и повеќе контекст за конкретните примери, сметам дека би можел да стане попрактичен за секојдневна употреба.
-
AI РЕСИ водичот генерално ми остави позитивен впечаток: одговорите се јасни, релевантни и корисни за учење, а темите се објаснети на разбирлив начин. Како пример, при тестирање со прашањето за „родова нееднаквост како системски проблем (со 2 примери)“, добив добро структурирана содржина (дефиниција + два соодветни примери + заклучок). Моја единствена замерка е визуелниот дел: текстот е предолг и презентиран како еден блок и поради што тешко се следи содржината. Би помогнале повеќе поделби со поднаслови (Дефиниција/Пример 1/Пример 2/Заклучок), bullet-листи, болдирање на клучни поими и малку поголем фонт/spacing за подобра читливост.
Leave a Reply