Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.
ФОРУМ

743 Comments
-
AI РЕСИ водичот ми остави впечаток бидејќи дава детални и точни одговори на поставените прашања, лесно и едноставно се пристапува до неговата употреба. Сметам дека може да биде корисна алатка за олеснување на процесот на учење, за сите возрасти. Едноставната употреба може да биде соодветна и за помалите возрасти. Но, може да се прилагоди за да може да се употребува и од лицата со попреченост.
-
Јас мислам дека платформата е корисна и добро осмислена платформа со важна цел. Содржините се интересни и актуелни, а AI агентите помагаат полесно да се разберат темите поврзани со родовата еднаквост и технологијата. Се чувствува дека платформата е направена со намера да едуцира и да поттикне размислување, што ја прави вредна за секој што сака да научи нешто повеќе.
-
Го тестирав Генераторот за промптови, каде што преку однапред зададени параметри (улога, тема, стил, публика и сл.) добив излезен промпт. Тој промпт потоа го искористив како влез за AI Родов едукатор, со цел да видам колку добро ќе ја разбере и обработи задачата. AI Родов едукатор многу добро го разбра промптот и соодветно одговори на него. Одговорот беше јасно структуриран, богат со информации и целосно во склад на улогата што ја зададов. Анализата е критичка, но во исто време лесна за следење и разбирлива за студент, што покажува дека агентот добро се прилагодува на публиката и стилот. Особено ми се допадна што агентот не се задржа само на опишување на проблемот, туку ја прикажа родовата нееднаквост како подлабок, системски проблем. Како мала забелешка, на некои места текстот можеби би можел да биде пократок или да содржи повеќе конкретни примери за да биде уште поблизок до студентите. Сепак, AI Родов едукатор многу успешно ја исполни задачата и покажа дека добро ги следи и разбира параметрите од добиениот промпт.
-
Одлично
-
-
Направив комбинација и тестирање на два агенти, и тоа прво генерирав промпт со помош на агентот “Prompt Generator”, на кој му дадов насоки како да се однесува, на кое поле да се фокусира и која задача да ја изврши. Информациите кои му ги дадов беа дека тој е психотерапевт кој треба да помогне во справување со притисоците кои ги имаат луѓето од различен пол на работното место и да анализира критички со стил за студенти. Потоа истиот тој генериран промпт го употребив кај агентот „Родов едукатор“, кој доста детално и убаво ги образложи сите теми кои беа поставени од страна на промптот кој беше генериран. Објасни зошто се случува родовата нееднаквост и како истото да се спречи и да се дојде до што поголема еднаквост кај вработените.
-
Платформата AI Gender ми остави впечаток на едукативен и современ проект кој се обидува да ја спои темата на родовата еднаквост со вештачката интелигенција. Дизајнот е едноставен и функционаленн, а содржината е јасно насочена кон подигнување на свеста за родови прашања во дигитален контекст. AI агентите се интересен концепт и можат да бидат корисни, особено за корисници кои за првпат се среќаваат со теми поврзани со родот и технологијата. Сепак, на моменти одговорите делуваат општо и би било добро да има подлабоки, поконкретни примери и академски извори. Позитивна страна на платформата е што промовира инклузивност и критичко размислување, како и тоа што ги охрабрува корисниците да дискутираат и да учествуваат на форумот. Од друга страна, би било корисно доколку има повеќе практични студии на случај и подобро објаснување како AI конкретно влијае врз родовата еднаквост. /
Во целина платформата претставува добар почеток и има потенцијал за понатамошен развој, особено доколку се надополни со подетална содржина и поинтерактивни алатки.
-
Платформата е добро изработена за запознавање и има доволно материјали за продлабочување на знаењето во темите за родова еднаквост. Добар впечаток ми оставија AI агентите на РЕСИ и AI агентите за борба против дезинформациите за родова еднаквост кои ни укажуваат на опасностите од дезинформации и мисинформации во врска со родовата еднаквост.
Платформата е лесна за користење за почетници кои немаат никакви предзнаења за овие теми. AI агентите имат предлог прашања кои навистина помагаат за навлегување во овие теми и имат одлични одговори кои се поткрепени со добри и точни извори на материјал. -
Одлучив да го испробам „IRS Етичкиот Аналитичар AI“ преку следниот линк: https://aigender.net/index.php/2024/07/24/hate/.
Му опишав реална ситуација од моето секојдневие и побарав да ми каже во кој тип етички и родов проблем спаѓа. Алатката точно ја препозна ситуацијата и ми даде јасно објаснување, а дополнително понуди и практични совети како да се справам со проблемот. Одговорите беа разбирливи, убаво образложени и со сосема соодветна должина. Ми се допадна тоа што пристапот беше поддржувачки и мотивирачки, без да се почувствувам нападнато или омаловажено. Јазикот беше јасен и граматички точен, без некои очигледни грешки, а и цело време се држеше до темата без да „забегува“.
Во глобала сум задоволна од искуството. Би го користела повторно и слободно би го препорачала и на други. -
Извршив тестирање и анализа на агентот „Етички аналитичар“, со кој водевме разговор на темата говор на омраза на работно место и на факултет и како да се справиме со истиот предизвик. Разговорот течеше одлично со тоа што добив неколку препораки и совети како да се надмине проблемот кој се појавува. Како резултат дава одлични ресурси каде може да се пронајде и научи доволно за темата и начини на справување со проблемот. Ваков агент може доста да придонесе на луѓето кои се соочуваат со ваков или сличен проблем. Што се однесува до резултатот кој го дава агентот мислам дека премногу брзо ескалира и ја сфаќа ситуацијата како критична, тоа можеби треба да се подобри, бидејќи може да внесе страв и паника во оној кој го води разговорот со агентот.
-
Платформата AI Gender – RESI претставува современа и корисна дигитална алатка која има за цел да придонесе кон подобро разбирање и унапредување на родовата еднаквост и социјалната инклузија. Платформата е јасно структуирана, лесна за користење и нуди релевантни информации и ресурси кои се корисни како за поединци, така и за институции и организации.
Посебна предност на платформата е начинот на кој ги комбинира технологијата и општествените прашања, овозможувајќи едукација, анализа и поддршка во донесувањето информирани одлуки. Содржините се разбирливи, ажурирани и насочени кон подигање на свеста за важноста на родовата еднаквост во современото општество.
Во целина, AI Gender – RESI е вредна платформа која има потенцијал да придонесе кон позитивни општествени промени и заслужува препорака за сите кои се заинтересирани за теми поврзани со еднаквост, инклузија и одржлив развој.
-
РЕСИ претставува корисен и добро организиран ресурс за промовирање на родовата еднаквост и социјалната инклузија. Чекор-по-чекор насоките, методолошките алатки и интерактивните ресурси овозможуваат практична поддршка за анализа и интеграција на принципите на РЕСИ. Особено значајна е улогата на AI агентите, кои овозможуваат интерактивни разговори и размена на идеи, го зголемуваат пристапот до информации и помагаат во развој на поинклузивни и праведни политики.
-
Платформата AI Gender / RESI претставува современ и корисен ресурс за поврзување на технологијата со родовата еднаквост. Содржината е јасна, логично структурирана и разбирлива, а AI агентите овозможуваат интерактивно учење, анализа на текст и слики, и критичко размислување за пристрасностите во алгоритмите. Иако би можело да се додадат повеќе конкретни примери, визуелни елементи и информации за технологијата зад агентите, платформата веќе нуди солидна основа за едукација и промоција на родова инклузија и етички дигитални практики.
-
Го пробав Родовиот Етички Аналитичар на следниов линк (https://aigender.net/index.php/2024/07/24/hate/)
Ботот го разбира прашањето што му го поставувам без разлика дали го поставив на англиски или македонски, но при генерирањето на одговорите некогаш но поретко прави ситни граматички грешки.
Пробав да внесам различна текстуална содржина и ботот коректно процени дали во дадениот текст има навредлива содржина. Ботот дава чист и прегледен табеларен приказ на сите моменти во текстот кои содржат несоодветна содржина и го обележува видот на содржината прецизно.
Исто така добро функционира со слики – повторно внесов различни слики со варирана содржина и ботот повторно коректно ги обележа сликите кои се навредливи а кои не се.
Се на се многу сум задоволен од функционалноста на агентот, работи се како што треба.
-
RESI е едноставна и достапна алатка која на јасен начин го приближува концептот на родова еднаквост и социјална инклузија. Најсилната страна на алатката е интерактивноста преку AI-асистентите, кои нудат практични насоки и објаснувања што се лесни за разбирање, дури и за оние што немаат претходно знаење за темата. Платформата е базирана на солидно академско знаење и нуди корисни ресурси за истражување и примена на РЕСИ-принципите во различни контексти. Иако понекогаш се чувствува ограничено во длабочината на примерите и анализа, RESI сепак е вреден почеток со голем потенцијал за понатамошна надградба. Во целост, оваа алатка го олеснува учењето и примената на родова еднаквост на практичен начин.
-
Кога првпат ја отворив платформата AI Gender, најмногу ми го привлече вниманието страницата „AI-писменост“, бидејќи ми се виде како најдиректно место каде што можам да разберам што всушност е нивната идеја со комбинирањето на технологија и родови теми. Од самиот почеток ми остави впечаток дека целта е да се направи еден вид вовед во светот на вештачката интелигенција, но на разбирлив начин за луѓе кои можеби немаат техничко знаење. Тоа ми се допадна, бидејќи и јас лично немам некое техничко – стручно познавање, па ми значи кога содржината е објаснета на јазик што секој може да го следи. Најпрвин, ми остави позитивен впечаток тоа што страницата е структуирана логично и чисто. Дел по дел, објаснува што претставува AI, кои се неговите функции, корисници и како може да влијае врз општеството. Драго ми е што авторите не ја претставуваат вештачката интелигенција само како нешто футуристичко или научно-фантастично, туку како нешто што веќе е дел од нашето секојдневие, од социјалните мрежи што ги користиме, до алгоритмите што ни препорачуваат содржини, па сè до системите што се користат во институциите и компаниите. Ми се допадна и тоа што има објаснувања и примери, бидејќи така многу полесно се разбира целата идеја. Најинтересниот дел за мене беше тоа што платформата силно го нагласува прашањето за пристрасност на AI системите. Ова ми се чини многу важно, затоа што луѓето често мислат дека компјутерите се објективни и дека машините не грешат. А реалноста е спротивна, машините учат од нас, од нашите податоци, дигитални траги и одлуки, што значи дека ако тие податоци се пристрасни, и системот ќе биде пристрасен. Мене лично ова ме поттикна да размислувам колку одлуки околу нас се веќе делумно автоматизирани, и дали тоа влијае на нас без ние да сме свесни. Баш е пријатно што платформата го става акцентот токму на ова, особено од аспект на родова еднаквост, бидејќи во многу системи жените, ЛГБТ+ заедницата и други групи се потценети или неправедно третирани. Сепак, иако содржината е јасна и обработува важни теми, имам неколку забелешки што мислам дека би ја подобриле страницата. Најголемата забелешка ми е тоа што страницата е повеќе теоретска. Би сакала да видам конкретни примери или студии на случај како на пример, познатите ситуации каде што алгоритмите грешеле поради родовата пристрасност (на пр., системи за селекција на кандидати, алгоритми во здравство, или примери каде што AI препознавањето на лице погрешно идентификувало жени или потемни тонови на кожа). Таквите примери би помогнале читателите полесно да ја сфатат сериозноста на проблемот и да не останат само на ниво на теорија.Исто така, очекував дека ќе има повеќе информации за нивните сопствени AI агенти, како тие функционираат, што можат, како се обучени и кои технологии ги користат. На платформата се спомнува дека постојат AI агенти кои корисниците може да ги користат, но на самата страница не добив многу технички или методолошки информации. Дури и ако публиката е широка и не техничка, сепак не би било лошо да има барем краток дел со транспарентност, овој агент се базира на ваков модел, податоците се проверени, постои контрола за пристрасност и сл. Бидејќи кога станува збор за чувствителни теми како род и дискриминација, транспарентноста е исклучително важна. Исто така, би било добро да има дел со препораки за корисниците за тоа како да препознаат кога AI греши, како да се однесуваат критички кон одговорите што ќе ги добијат и како да знаат дали нешто што го кажува системот е сигурно или треба да се провери. Имам впечаток дека дел од корисниците би можеле премногу да им веруваат на AI агенти, па мислам дека вакво предупредување би било корисно.Покрај тоа, забележав дека стилот на текстот е премногу оптимистички кога зборува за потенцијалот на AI да помогне во борба против дискриминацијата. Иако јас ја поддржувам идејата и ми се допаѓа насоката во која размислува платформата, сепак мислам дека треба да постои малку порамнотежен тон. Понекогаш AI навистина може да помогне, но во многу случаи токму технологијата ги засилува постојните нееднаквости. Би било убаво да се спомнат и ваквите случаи за да стане јасно дека AI не е магично решение за сè. Од технички аспект, структурата на страницата е добра, но мислам дека би можело да се додадат визуелни елементи како на пример графики, мали инфографици или визуелни примери бидејќи тие би го направиле текстот попривлечен, полесен за следење и поинтерактивен,особено за младите корисници. Генерално, после целото разгледување, би кажала дека страницата „AI-писменост“ е корисна,информативна и добар вовед за секој што сака да се запознае со основите на вештачката интелигенција и нејзините општествени импликации. Најмногу ми се допаѓа тоа што платформата не се плаши да ги адресира темите како родова пристрасност, дигитална нееднаквост и потребата од критичко размислување. Тоа ја прави поразлична и поинтересна од многу други македонски образовни сајтови.
Како заклучок на се ова, би рекла дека страницата има многу потенцијал, а моментално служи како добар почеток за тие што сакаат да станат повеќе дигитално и AI-писмени. Со неколку подобрувања, повеќе примери, повеќе транспарентност за нивните технолошки алатки и поголема визуелна интерактивност, може да стане одличен ресурс за учениците, студентите и пошироката јавност. Вакви материјали ме мотивираат да размислувам подлабоко, не само за технологијата, туку и за тоа какво општество сакаме да изградиме во оваа нова ера на вештачка интелигенција. -
Навистина многу ми се допаѓа оваа платформа, пред се бидејќи претставува исклучително релевантен, доверлив и квалитетен извор на информации поврзани со темите за родова еднаквост, дигитални трансформации и начинот на кој тие влијаат врз општествените односи и процеси. Текстовите што се објавуваат тука се внимателно подготвени, систематски истражени и содржат длабински анализи поткрепени со современи теоретски рамки.
Сметам дека платформата придонесува и за подигање на свеста за важноста од етички и одговорни дигитални практики. -
Платформата навистина ми остави добар впечаток. AI агентите помагаат темите за родова еднаквост и технологија да станат разбирливи и интересни. Ми се допаѓа тоа што содржината комбинира аналитичност и практични примери, а истовремено нуди простор за дополнителна дискусија и размислување.
Исто така, многу ми се допаѓа посветеноста на креаторите на платформата создадена е со внимание, со цел да инспирира и да ги охрабри студентите активно да се вклучуваат во форумите и коментарите, да учествуваат, да поставуваат прашања и се ангажираат.
-
После детално разгледување можам да кажам дека платформата ми остави позитивен впечаток, особено затоа што овозможува преку AI бот да се водат продуктивни разговори на сериозни теми како родова еднаквост, пристрасност во алгоритмите, дезинформации и други социјални прашања. Ми се допаѓа што одговорите се јасни, аргументирани и лесни за разбирање, што ја прави платформата корисна и за луѓе кои сакаат да научат повеќе без преголема техничка сложеност. Сепак, би предложила подобрување на интерфејсот – моментално изгледа разединето меѓу подстраниците и недостига уедначен визуелен стил, што знае да го одземе вниманието од содржината. И покрај тоа, идејата, содржината и AI агентите носат голема вредност, а платформата има потенцијал да стане уште поинклузивна и корисна со мали визуелни подобрувања.
-
„Платформата AI-Gender навистина ми се допаѓа затоа што отвора важни теми за родова еднаквост, технологија и општество. Содржините се јасни, полезни и современи. Убаво е што конечно има место каде што може да се читаат вакви написи и истражувања на разбирлив начин.“
-
Многу ми се допадна платформата, таа претставува релевантен и квалитетен извор на информации поврзани со родовата еднаквост и влијанието на дигитализацијата врз општествените процеси. Објавените текстови се темелни, аналитички и поткрепени со современи истражувања. Особено истакнувам за посветеноста на платформата во адресирање на проблеми како дигитална дискриминација, родова пристрасност во алгоритми и потребата од инклузивни технолошки практики. Ова е ресурс кој е од значење и за стручната јавност и за пошироката заедница.
-
РЕСИ платформата ми остави навистина позитивен впечаток. Особено ми се допадна идејата за AI бот со кој може да се разговара за теми поврзани со родова и социјална еднаквост, бидејќи ваков тип на дигитална поддршка е вистинска реткост во денешната ера на вештачка интелигенција особено во Македонија, каде свеста за родова еднаквост сè уште се развива.
Бидејќи сум многу заинтересирана за областа на вештачката интелигенција особено во областите data science и machine learning, му поставив повеќе прашања, меѓу кои беше прашањето: Што мислиш за родовата нееднаквост која често се појавува во моделите во машинско учење?.
На што ботот даде многу зрел и аргументиран одговор што не е секогаш случај кај другите AI ботови што се тренирани за општа намена.
Објасни дека проблемот има повеќе димензии, како тоа што алгоритмите често репродуцираат и засилуваат постоечки општествени предрасуди, како и тоа што податочните множества врз кои се тренираат моделите содржат историски родови пристрасности што е навистина случај во овие модели.Разговаравме и за еден конкретен пример кој го имам слушнато каде модел за селекција на CV преферирал машки кандидати, бидејќи токму така бил научен од податоците за тренирање кои играат огромна улога во тоа какви резултати ќе предвидува моделот, имено ако над 50% од кандидатите кои имаат добро cv се машки тогаш моделот ќе смета дека секој машки кандидат е подобар од женскиот кандидат само заради полот а не и заради способностите кои ги поседува.
Како дополнителна пречка, ботот го посочи и недостатокот на свесност за родовите импликации уште во фазата на дизајнирање алгоритми одговор кој навистина ми остави впечаток и покажа дека платформата е сериозно осмислена и навистина сака да помогне за родовата еднаквост. -
Сајтот е јасно наменет за дискусии и едукација околу родова еднаквост и вештачка интелигенција, тоа е позитивно и дава шанса за критички пристап на важни теми. Темите и насловите се доста привлечни и даваат дознаење дека се доста добро обработени. Одлични се за извлекување на информации кои можат да бидат корисни во различни ситуации. Општата тема, Родова Еднаквост, е доста обработена и на овој начин може да се доближи и објасни до читателите
-
Платформата е навистина супер, јасно организирана и богата со релевантни информации. Одлично го поврзува развојот на вештачката интелигенција со темите за родова еднаквост и нуди корисни ресурси за истражување и едукација. Одлична иницијатива што вреди да се поддржи.
-
Оваа иницијатива е одличен пример за тоа како технологијата може да го поддржи унапредувањето на родовата еднаквост и социјалната инклузија. Многу ми се допаѓа интеграцијата на AI агентите на платформата, бидејќи кога се користат одговорно, тие можат да отворат нови разговори, да овозможат полесен пристап до информации и да им помогнат на истражувачите и креаторите на политики да развиваат поинклузивни практики.
Најважно е технологијата да ги зајакнува принципите на РЕСИ – фер пристап, достапност и претставување – за алатките да не бидат само иновативни, туку и етички и корисни. Верувам дека платформата ќе продолжи да се развива и дека AI агентот ќе има важна улога во создавање на поинклузивни решенија.
-
Родовата еднаквост која како тема не е толку позната меѓу сите поединци со помош на оваа алатка станува блиска до нас и многу полесно се опипува и може да се навлезе во некој мини разговор во врска со неа. Страната е добро структуирана и поделена, лесно може да се снајде било кој при користење на истата. Водичот ги опфаќа основите на РЕ, чекор по чекор делот детално ги разглабува тематиките а вештачката интелигенција е одлично применета за да помогне таму каде што треба, дава конкретни и прецизни одговори на накнадно поставените прашања кои не изгледаат роботски што е доста позитивно.
-
Реси е кориснa платформа која ја користи вештачката интелигенција за да ни помогне полесно да разбереме што значи родовата еднаквост и како можеме да ја примениме во реални ситуации. Одговорите што ги даваат AI агентите се организирани и убаво објаснети, така што и сложените теми стануваат разбирливи. Ми се допаѓа тоа што ботовите не се задржуваат само на теорија, туку тие нудат конкретни идеи и практични примери кои можат да се искористат за проекти, семинарски или истражувања. Дополнително, тоа што ботовите водат дијалог и поставуваат дополнителни прашања, за да нè натераат да размислуваме подлабоко е голем плус. Генерално, сметам дека ова е многу корисна алатка, што вреди да се користи, особено за студенти и за сите оние кои сакаат да дознаат повеќе за овие теми.
-
Ми се допаѓа оваа страна. Сметам дека вакви програми треба да има и за други важни теми, како специјална едукација и поддршка за деца со посебни потреби, поврзано со родовите студии. Тие би можеле да помогнат да се идентификуваат предизвиците и да се креираат подобри решенија за различни групи.
Ваквите технологии имаат голем потенцијал да донесат позитивни промени и навистина го вреди нивното користење. -
Платформата AI Gender ми остави позитивен впечаток. Многу ми се допаѓа како успева да ја спои современата технологија со теми поврзани со родова еднаквост и образование. Содржината е јасна, добро организирана и лесна за навигација, а AI агентите се лесни за користење и навистина помагаат при анализа и учење, што навистина е потребно во денешницата. Форумот е одлично место за размена на мислења и создавање заедница, а целата платформа изгледа професионално и внимателно изработена. Kонкретно како во обработката на темата „Род и сајбер-безбедност – жените како жртви на онлајн вознемирување, разликата во ризици и пристапи кон сајбер-заштита“ ми се допадна тоа дека отвора важни прашања кои навистина поттикнуваат критичко размислување и истражување на овие секојдневни, но значајни теми. Искрено ми се допаѓа иницијативата за ваков проект и верувам дека има голем потенцијал за напредување.
-
Платформата за вештачка интелигенција и родова еднаквост ми остави одличен впечаток. Многу ми се допаѓа што на едно место се споени технологијата и темите поврзани со род и општество, и тоа на разбирлив начин. AI агентите се едноставни за користење, даваат јасни и прецизни одговори и навистина помагаат кога треба да се анализира текст или да се работи на семинарска. Генерално сметам дека платформата е многу корисна, современа и вредна за секој што сака да научи повеќе за родова еднаквост, дезинформации, ВИ и сл.
Ја препорачувам и мислам дека има голем потенцијал да стане уште подобра.
-
Многу ми се допадна страницата, многу лесно се користи и ми се допадна многу опцијата за агентот за проверка на текстови. Денес се повеќе сутуденти користат вештачка интелегенција за учење и слично, и оваа страница може да претставува интересен пример за тоа. Модерна и корисна во исто време, и едукативна.
-
Има многу интересни текстови и информации за родови пристрасности, дискриминација, улогата на жените во ИТ и STEM, дигитално насилство и слични теми. AI агентите се особено интересна идеја, бидејќи можат да помогнат во анализа на политики и да дадат совети за родова инклузија. Структурата и навигацијата на страницата се јасни, па лесно се движиш низ содржините. Сепак, некои текстови се повеќе теоретски, па би било добро да има и конкретни примери и резултати од примена.
Leave a Reply