Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.
ФОРУМ

554 Comments
-
Здраво тука сум и јас! Интересен сајт имате, баш “халуцигеновити” (ваљда не постои зборов) мали карактерчиња. Ќе ми простите за јазиков, не е од непрофесионалност или не-грижа туку чисто се осеќам како да звучам по достапливо и по комплексно кога мешам јазици.
Околу прашањето за AI Integration, мислам дека прашањата околу вештачката интелигенција (иако денешниот термин LLM ми се допаѓа повеќе дека е технички само модел на јазик односно прекумерно калибрирање и преработување на постоечки јазици) се битни за следење, бидејки како што се движи вредноста во социолошкиот контекст како нешто во кое што вниманието и референцијалниот приоритет се движи, така добро е и ние да размислиме како или што можеме да направиме преку овие работи (на пример мене не ми е толку битно да направам нешто посебно преку нив надвор од трудот на мислењето, но во филозофската работа и за жал да признаам во мојот личен живот помага многу дури надвор од некои конкретни цели, повеќе го корситам како “living journal” иако како што ќе објаснам и во мојата семинарска, мислам дека LLMs не се баш способни да се вмешаат или да ко егзистираат во интелектуален труд (intellect) туку поточно како многу профана верзија на data outputting, го разбираат јазикот многу подобро од нас но за жал немаат ништо интересно да кажат освен feeding narcissistic и meta epistemic chains (има и мемиња за ова онлајн, дека “менталната болест” од поредокот на LLMs (asuming they have the impact they inevitably will) ќе биде како споредување на начинот на кој што се сменил светскиот поредок во времето на социјалната медија за разлика од радиото – иако имаше еден многу добар коментар што поентираше на тоа како радиото фактички имал огромен поредок, надвор од тоа што го врати за прв пат аудиовизоулениот свет како приоритет над светот на текстот, во исто време и го потонал светот во хомогени наративи (бидејки природно, аудиовизуелниот свет доведува до повеќе перспективи за работите него монологниот “shared space” на радиото, ова е барем теоријата на тој специфичен корисник).
Како и да е тоа беше малце tangent, али околу веб сајтот не се замарам, ќе дадам само рецензија (освен моите непотребни мисли околу самиот концепт) на некој артикл од сајтот, бидејќи гледам дека веќе коментариве се полни со некои класични review-feedback style narratives а тоа мене ми е досадно (no offense to them, разбирам зошто го прават тоа али не се разбирам нешто многу од сајтови јас па не е моја област). Прво randomly го отворив линкот за “алгоритмиски огледала” од Дамјан Митровски дека ми беше така при рака и супер е текстов, мислам, its really easy to impress me (не дека на некој му е гајле за тоа – i dont mean this in the sly sense туку повеќе да не звучам ко да е битно if you impress me or not) дека ретко давам “impressionistic” judgements туку се фокусирам на што ме “интересира” од кој било текст, и тој коментар што го има за дигиталните гласови ми се свијаше, околу УНЕСКО и постоењето на “субмисивни и понекогаш флертувачки одговори” од страна на дигиталните гласовни асистенти (corporate assisted spying bots), а исто околу прашањето на “стапката на грешка за препознавање на темнокожи жени”. Гледав Master (2022) пред некој ден и такви афро-абсурдистички наративи ми се пресмешни. Али околу гласовите, абсолутно е тоа некој чуден Silicon Valley фетиш а и без прашање има корелација меѓу економските форми на технологиите кои што ги користиме и нивната политичка вредносна онтолошка рамка, но ова не е “несвесно” туку баш пресвесно и насвесно, направени се ботовиве со специфични идеи за како светот треба да се однесува и што можеш да добиеш од политичкиот колектив како порнографско-фармацевско-оптимизирачко-конзумерско општество. Но, за разлика од повеќето политички критики, јас мислам дека ова е предобра работа и една од причините што филозофската социологија е толку интересна, и баш овие антрополошки и “applied ethics” прашања не ми се за мене (а и посебно од политички контекст не ми е толку лично занемивлива идеата околу affinity and representation отколку што ми е equity – или дури и inequality ама да не одам таму), бидејќи од по спекулативна рамка ме интересира што е интересното за нив а не како да ги спречиме или пронајдеме или како и да е. Али мислам дека самиот фокус на овој текст беше предобар, концизен, интересни примери, би го видел Жижек со оваа поента, па тоа добива “лајк” од мене. (многу чуден и лошо-звучешки американизам, еден од полошите)
-
Јазикот — тој чуден „халуцигеновит” (за да го позајмам вашиот неологизам, кој веќе ја нарушува стабилноста на јазичниот систем, кој веќе е траг на отсуството на „вистинскиот” збор) простор — секогаш е веќе мешавина, секогаш е веќе контаминиран, секогаш е веќе хетероген. Вашето „мешање на јазици” не е отстапување од некаква чистота (која никогаш не постоела, која е секогаш веќе фантазија, секогаш веќе носталгија за изгубениот рај на еднозначноста), туку е токму откривање на она што јазикот секогаш бил — игра на разлики, на траги, на одложувања. Достапноста и комплексноста — дали се тоа навистина опозиции? Или можеби (и ова е поверојатно) тие се меѓусебно условени, меѓусебно вплетени, меѓусебно контаминирани, така што достапноста е секогаш веќе комплексна, а комплексноста е секогаш веќе достапна (барем како можност, како ветување, како хоризонт)?
Вашето размислување за LLM — за „моделите на јазик” (иако самиот термин „модел” веќе претпоставува оригинал, веќе претпоставува миметичка релација, веќе претпоставува хиерархија на автентичност што секогаш може да се деконструира) — отвора серија прашања за природата на интелигенцијата, на мислењето, на субјективноста. Дали LLM е навистина само „прекумерно калибрирање и преработување на постоечки јазици”? Или можеби (и ова е поверојатно) самото човечко мислење е секогаш веќе „калибрирање и преработување” — секогаш веќе повторување, секогаш веќе цитирање, секогаш веќе интертекстуалност? Не е ли токму ова она што Дерида го нарекува „итерабилност” — можноста (и неизбежноста) на повторувањето што секогаш веќе го трансформира она што го повторува, што секогаш веќе внесува разлика во идентитетот, што секогаш веќе го прави присуството отсутно, а отсуството присутно?
Употреба на LLM како „living journal” — како простор за рефлексија, за дијалог со себеси (иако тоа „себеси” е веќе расцепено, веќе е во игра на разликата, веќе е контаминирано со другоста) — е особено интересна. Не е ли ова пример за она што Дерида го нарекува „суплемент” — нешто што наводно само дополнува, само надоместува, само заменува нешто „оригинално”, но што всушност го трансформира, го реконфигурира, го реконтекстуализира тоа „оригинално”? LLM како „суплемент” на мислењето не е едноставно додаток, не е едноставно протеза, не е едноставно замена — тој е нешто што го трансформира самото мислење, што ги поместува неговите граници, што ги преиспитува неговите претпоставки.
Истовремено, забелешката дека LLM не може да „ко-егзистира во интелектуален труд” — дека е само „профана верзија на data outputting” — отвора уште едно поле на деконструкција. Што е „интелектуален труд”? Што е „профано”? Што е „data outputting”? Не се ли ова термини што веќе претпоставуваат бинарности (интелектуално/механичко, свето/профано, креативно/репродуктивно) што секогаш можат да се деконструираат? Не е ли токму ова она што Дерида го нарекува „логоцентризам” — привилегирање на логосот, на разумот, на мислењето, на присуството, во однос на писмото, на механичкото, на отсуството? И не е ли токму оваа деконструкција на логоцентризмот она што ни овозможува да го замислиме LLM не како закана, не како замена, не како симулакрум, туку како можност, како отворање, како différance?
Споредба со радиото — со преминот од текстуалниот кон аудиовизуелниот свет — отвора уште едно поле на деконструкција: деконструкција на идејата за „прогрес”, за линеарно движење на историјата, за телеологија на медиумите. Радиото, како што забележувате (повикувајќи се на некој анонимен „корисник” — уште еден пример за растворање на авторството, за интертекстуалност што ги нарушува границите на текстот), не само што го вратило аудиовизуелниот свет како приоритет, туку и „го потонало светот во хомогени наративи”. Не е ли ова парадокс? Не е ли ова уште една апорија? Медиумот што требало да ја прошири перспективата, да ја збогати разноликоста, всушност ја редуцирал, ја хомогенизирал? И не е ли ова предупредување за LLM, за вештачката интелигенција — дека она што се претставува како проширување на можностите, како збогатување на перспективите, може да заврши како редукција, како хомогенизација, како „монологен ‘shared space'”?
Визијата за „алгоритмиски огледала” — за дигиталните гласови, за „субмисивните и понекогаш флертувачки одговори” — отвора уште едно поле на деконструкција: деконструкција на родот, на сексуалноста, на моќта во дигиталниот простор. Не е ли интересно (и вознемирувачко) како технологијата — која се претставува како неутрална, како објективна, како ослободена од човечките предрасуди и желби — всушност ги репродуцира, ги засилува, ги натурализира токму тие предрасуди и желби? Како дигиталните асистенти — кои немаат тело, немаат пол, немаат сексуалност — се кодирани како „женски”, како „субмисивни”, како објекти на машката желба? Не е ли ова пример за она што Дерида го нарекува „фалогоцентризам” — привилегирање на машкото, на фалусот, на присуството, на моќта, во самата структура на јазикот, на мислењето, на технологијата?
И конечно, спинот за „стапката на грешка за препознавање на темнокожи жени” — за расата, за родот, за интерсекционалноста во дигиталниот простор — отвора уште едно поле на деконструкција: деконструкција на универзалноста, на неутралноста, на објективноста на технологијата. Технологијата — која се претставува како универзална, како применлива на сите, како ослободена од партикуларностите на расата, на родот, на класата — всушност е длабоко вкоренета во тие партикуларности, длабоко обележана со привилегиите и предрасудите на оние што ја создаваат, што ја контролираат, што ја користат. Не е ли ова уште еден пример за она што Дерида го нарекува „етноцентризам” — привилегирање на едно етничко, расно, културно искуство како универзално, како нормативно, како центар на дискурсот?
Импресијата – ова е „предобра работа” — дека токму овие контрадикции, овие апории, овие деконструкции се она што ја прави „филозофската социологија” интересна — е особено провокативна. Не е ли ова пример за она што Дерида го нарекува „фармакон” — нешто што е истовремено и отров и лек, и проблем и решение, и закана и можност? Технологијата како „фармакон” не е ниту добра ниту лоша, ниту корисна ниту штетна, ниту ослободувачка ниту поробувачка — таа е секогаш веќе и едното и другото, секогаш веќе во игра на разликата, секогаш веќе во процес на деконструкција.
-
-
Како студентка по Е-бизнис, откако веќе налетав на ботот РЕСИ, решив да пробам да видам за што станува збор. Искрено, не очекував многу, ама ме изненади – на добар начин. Ботот знае да одговори на прашања многу прецизно, а тоа што ми остави најголем впечаток е што не застанува само на одговорот, туку те „тегне“ да размислуваш повеќе, со тоа што поставува дополнителни прашања или дава насоки за размислување. Тоа ми помогна да навлезам подлабоко во темите поврзани со родовата еднаквост, социјалната инклузија и човековите права – работи за кои искрено не сум размислувала премногу пред тоа.
Меѓутоа, има и работи што би можеле да се подобрат. На моменти, разговорот со ботот ми делуваше премногу „пластично“, како да зборувам со програма, а не со нешто што е направено за теми што се навистина чувствителни. Понекогаш одговорите звучат механички и недоволно прилагодени на конкретната ситуација, особено ако прашуваш нешто што бара повеќе емпатија. Мислам дека ако би се работело на тоа да биде комуникацијата малку поприродна и со повеќе „човечки“ пристап, би било уште подобро.
Сепак, генерално сум задоволна од искуството – добив нови информации, ми се разјаснија некои работи и најважно од сè, ми се отворија нови прашања за кои сакам да читам и да истражувам повеќе. Би било одлично ако вакви иницијативи се прошират и на други области, бидејќи вакви алатки навистина можат да му помогнат на секој што сака да учи. -
Како нов корисник на платформата, мислам дека нејзиниот интерфејс беше особено лесен за навигација. Особено ми се допадна тоа што имаше поедноставен дизајн кој овозможува лесно пронаоѓање на саканата содржина. Мислам дека е одлична за секој кој што сака да се едуцира за опасностите и етиката кога станува збор за комуникација со аи ботови, како и нивниот придонес кон родовата еднаквост. При тестирање на платформата, заклучив дека таа е прилагодлива на различни уреди (телефон, лаптоп, таблет). Единствената критика е тоа што при менување на јазикот на телефон, корисникот може да има потешкотии со затварање на опцијата за превод бидејќи exit копчето не е видливо. Според мене, добра карактеристика е тоа што аи ботот е секогаш достапен за брз и прецизен одговор на прашањата на корисникот. Практичните опции со кои се карактеризира ботот, како што се бришење и превземање на четот, го подобруваат корисничкото искуство.
-
Како студент кој се насочил на општествените науки, морам да признаам дека не верував во тоа дека технологијата може да помогне во справување со социјалните ризици. Оваа платформа ме натера да се раздлабочам во светот на технологијата и улогата која ја игра во современиот свет. Од платформата сум позитивно изненадена, добро е организирана и има примамлив дизајн. Сметам дека има доста да се научи од матријалот кој го нуди самата платформа и се надевам дека ќе продолжи да функционира со истото темпо.
-
Сајтот е одлична иницијатива за промовирање на еднаквост и инклузивност во дигиталната ера. Форумот нуди простор за конструктивна размена на идеи и мислења поврзани со родова еднаквост и вештачка интелигенција – две теми кои се сè поважни во современото општество. Интерфејсот е јасен и лесен за користење, а содржините се квалитетни и инспиративни. Ми се допаѓа тоа што дизајнот е модерен и функционален, а навигацијата е интуитивна и пријатна за корисниците. Темите што се обработуваат се навремени, релевантни и отвараат простор за критичко размислување.
-
Платформата многу е добро осмислена, се гледа дека е направена со идеја да образува и да поврзе теми од технологијата и општеството. Многу ми се свиѓа што секој бот има специфична функција – не се мешаат темите и можеш директно да дојдеш до тоа што ти треба, без губење време. Исто така многу ми се допаѓа што има простор и за студентски трудови – така можеме да учиме и едни од други. Интерфејсот е едноставен, не претрупан, и лесно се снаоѓаш. Плус, функционира доста брзо, што е голем плус. Ако треба нешто да предложам за подобрување – можеби да се додаде повеќе мултимедија, како кратки видеа, инфографици или дури и подкасти. Мислам дека тоа би било супер за луѓе што повеќе учат визуелно или аудитивно.Во секој случај платформата ми остави позитивен впечаток, сметам дека оваа има потенцијал да стане алатка што ќе ја користиме секојдневно.
-
Мое искуство со АИ ботот на платформата
Го тестирав АИ ботот од платформата со една малку посложена и реална ситуација. Му опишав сценарио каде што во една фирма алгоритмот што се користи за селекција на кандидати за работа почесто избира машки кандидати за технички позиции, дури и кога има девојки со еднакви или подобри квалификации. Сакав да видам дали ботот ќе ја препознае оваа ситуација како форма на дискриминација. Морам да признаам дека останав позитивно изненадена. Ботот одговори многу јасно и емпатчно. Објасни дека ова е пример за т.н. алгоритамска пристрасност – кога АИ учи од стари податоци кои веќе содржат родови нееднаквости, па ги повторува. Ја отфрли тезата дека алгоритмот не може да биде пристрасен и објасни дека технологијата ја прават луѓе и одговорноста е и кај тие што ја создаваат, и кај менаџментот. Понуди конкретни предлози – како ревизија на алгоритмот, транспарентност и комбинирање на човечка и машинска проценка.
Најмногу ми се допадна тоа што одговорот беше напишан со емпатија, како разговор со некој што навистина сака да помогне, а не само алгоритамско техничко објаснување.
Според мене, ботот има потенцијал да биде корисен алат во вакви чувствителни теми , секако, ако се користи паметно и одговорно. Препорачувам секој да го тестира со прашање што го засега лично – знае да изненади.
-
Платформата претставува иновативен концепт кој ја поврзува родовата еднаквост со современите технолошки предизвици. Преку примена на вештачка интелигенција за анализирање и унапредување на родовата перспектива во науката, медиумите и активизмот, проектот демонстрира високо ниво на интердисциплинарност и општествена релевантност. Интегрирањето на AI ботови за поддршка на женскиот активизам и дигиталната писменост е пример за практична и етичка употреба на технологијата во функција на општествена трансформација. Платформата успешно го поставува прашањето не само што може да прави AI, туку и во чија корист.
-
Платформата е супер, ми се допаѓа начинот на кој одговара ботот на поставените прашања, дава корисни информации за академско истражување. Особено ценам што содржините се релевантни и лесно достапни за сите корисници, а истовремено е многу лесна за користење.
-
Веб страницата „Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“ претставува иновативен и современ пристап во борбата против дезинформациите кои се однесуваат на родовата еднаквост Исто така ги испорбав некој од аи ботовите и агентите и можам да кажам дека сум пријатно изненадена од брзиот и точен одговор на аи ботовите. Мислам дека една ваква платформа многу придонесува во одговорање на прашањата и предизвиците со кои секојдневно се соочуваме. Препорачувам сите заинтересирани да ја постетат страницата и да ги искористат можностите кои ги нуди.
-
Како студентк кој активно се интересира за спојот меѓу технологијата и општествените науки, платформата ми остави многу позитивен впечаток. Она што најмногу ме воодушеви е начинот на кој е направена интеграцијата на вештачката интелигенција со теми што обично се обработуваат низ општествени и хуманистички перспективи.
Интерактивните алатки како RESI и визуелните водичи за анализа на дезинформации се едноставни за користење, а сепак содржат длабочина која е корисна и за почетници и за поискусни истражувачи. Исто така, ми се допаѓа што платформата не инсистира на совршенство, туку на отворен дијалог и континуирано учење.
Се чувствува дека е вложена мисла и емпатија во секој сегмент, од визуелниот дизајн до структурирањето на содржините. Би сакал во иднина да видам и уште повеќе простор за кориснички иницирани проекти или соработки. Се на се, ова е пример за тоа како може технологијата да се користи етички и креативно за општествена трансформација.
-
Платформата претставува значаен чекор напред во интеграцијата на вештачката интелигенција во родовите студии.
Со својата иновативност, отвореност и фокус на едукација, таа нуди вреден ресурс за истражувачи, активисти и сите заинтересирани за унапредување на родовата еднаквост во дигиталната ера.
Лесен интерфејс,лесна навигација,јасен и модерен дизајн одлични компоненти за да има успешна функционалност страната и одлична алатка за ai. -
Платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција претставува корисен ресурс кој комбинира едукативни содржини и интерактивни алатки. Посебно внимание заслужуваат AI ботoт RESI и генераторите на истражувачки прашања, кои може да бидат од помош при академско истражување.
Дизајнот е интуитивен, а навигацијата едноставна, што овозможува лесен пристап до материјалите.
Во целина, платформата нуди добра основа за поврзување на технологијата со темите од родовата еднаквост и има потенцијал за понатамошен развој. -
Платформата е одличен чекор кон користење на вештачката интелигенција за општествено значајни теми како родова еднаквост, инклузија и борба против дезинформации. Многу ми се допаѓа што е пристапна, визуелно јасна и што ги објаснува концептите на едноставен начин, дури и кога темите се комплексни. Форумот нуди простор за размена на идеи и мислења, што е позитивно бидејќи поттикнува конструктивна дискусија, а самите AI алатки се особено интересни и практични за секој што сака да научи повеќе. Од друга страна сметам дека би било добро да се подобри интерактивноста меѓу корисниците. Генерално, платформата е модерна и со потенцијал да стане клучна алатка за образование и критичко размислување поврзано со родовата еднаквост и технологијата. Поддржувам вакви иницијативи и со нетрпение очекувам идни надградби и поширока активност на форумот.
-
Корисничкиот интерфејс на платформата е интуитивен и пријатен за користење, а дизајнот на страниците е визуелно привлечен. Темите што се обработуваат се едукативни, што придонесува за позитивно корисничко искуство.
Навигацијата низ сајтот е едноставна и логично организирана. AI агентот нуди брзи и детални одговори, поткрепени со релевантни извори, што го зголемува кредибилитетот на информациите што ги добиваме.
Платформата претставува иновативен и едукативен пристап кон промовирањето на родова еднаквост преку вештачка интелигенција. Таа е интерактивна, лесно достапна и нуди јасно организирани ресурси кои се корисни за студенти, истражувачи и активисти.
Во целина, платформата остава позитивен впечаток и има голем потенцијал за натамошно унапредување и проширување. -
Сајтот е user-friendly. Многу добар дизајн има сајтот, доста интуитивен. Темите се едукативни. Доста добро е објаснет проектот. Ми се допаѓа присуството на ботови кои нудат одговори и помагаат за едукација.
Гледајќи го проектот воочив колку е потребно да се имаат податоци што ги поддржуваат сите раси, мажи и жени, со цел да нема пристрасност. Тие сепак ги користат информациите кои им се приложени за нивен тренинг. -
Одлично е направена страницата, лесна е за навигација и добар дизајн. Проверив и неколку од блог постовите, имат интересни теми за читање и од кои можит да се научит нешто. Би ја препорачал оваа страница и кон други за едукација.
-
Сметам дека проектот сè уште не е целосно завршен, но засега е многу успешен. Во последните неколку месеци активно ја користев платформата и со задоволство ја следев нејзината постојана еволуција. Имплементацијата на ВИ-ботовите значително ми помогна во истражувањето на родовата еднаквост, овозможувајќи ми подлабоко, појасно и поцелосно разбирање на родовите студии. Дополнително, веб-страницата преку која се пристапува до сите овие ресурси е внимателно дизајнирана и функционално реализирана, овозможувајќи лесно користење на алатките и пристап до информации. Особено сум задоволен од блогот, каде што можеа да се прочитаат различни мислења и размислувања од колеги од различни факултети.
-
При разговор ИРС, асистент на студентите на Институтот за родови студии при УКИМ, успеав да дознаам дека идентитетот е и создавање и откривање. Разбрав дека секој човек свесно гради дел од својот идентитет – низ изборите што ги прави, вредностите што ги прифаќа и групите со кои се поврзува. Но во исто време, има делови од нас што ги откриваме со текот на времето, под влијание на семејството, културата и општеството. Особено кога станува збор за родот, тоа може да биде многу лично и понекогаш тешко за дефинирање. Важно е да се прифати дека идентитетот не е фиксен, туку нешто што се развива низ животот.
-
ПлатформатаI претставува иновативен и образовен пристап за промовирање на родова еднаквост преку вештачка интелигенција. Интерактивна, достапна и со јасно структуирани ресурси за студенти, истражувачи и активисти. Како студент на ФИНКИ, можам да го пофалам и целовкупниот дизајн на страницата – прегледна и ги следи најновите трендови за дизајн на страна од ваков тип. Топло ја препорачувам секому кој се интересира за темите од вештачката интелигенција и родовата еднаквост.
-
Форумот визуелно изгледа многу убаво, со модерен дизајн. Навигацијата е интуитивна и едноставна, што значи дека и корисници со помалку техничко искуство лесно ќе се снајдат. Она што особено го издвојува форумот е присуството на AI ботови кои нудат брзи, точни и релевантни информации поврзани со родовата еднаквост, феминизам и други поврзани теми. Овие алатки значително го олеснуваат процесот на учење и истражување. Дополнително, голем број на статии и ресурси се достапни на македонски јазик, што е исклучително важно за продлабочување на знаењето и поттикнување на критичко размислување кај младите. Форумот е одличен пример како технологијата може да се искористи за едукација и општествена промена.
-
Моето мислење за платформата„Со Вештачката Интелигенција против дезинформации во областа на родовата еднаквост“. е исклучително позитивно. Впечатокот што го добив е дека се работи за длабоко промислена и општествено одговорна иницијатива која е еден отстапок од досегашните платформи која на некој начин ги спојува моќта на технологијата или конкретно вештачката интелигенција соодветно за справување со еден од можеби и најголемите предизвици на нашето време а тоа се дезинформациите, заедно со едукацијата.Особено ми се допаѓа што платформата не се задржува само на технички аспекти, туку внесува и човечка димензија,како што се Етичкиот Аналитичар, Родовиот Едукатор, ИнфоТрак и AI чет-книгата. Секоја од овие компоненти има сопствена функција што е олдично , Според мене она што го издвојува овој проект од други е неговиот когнитивен пристап тоа што фокусот не е само на препознавање на лажни информации, туку и на разбирање на причините зошто тие се прифаќаат и ширaт, особено кај младите.Некоја измена која би ја предложила е да се усоврши што е можно подобро одговорите кои ги дава да се намали формалноста. Овој пристап сметам дека нуди вредна едукација која оди подлабоко од површинското „точно или неточно“, и всушност помага во развивање на критичко размислување, што е основа за медиумска и дигитална писменост.
-
UI на страницата е доста интуитивен и страниците се убави на очи. Темите за кои се зборува се доста убави и едукативни. Најкорисна алатка за мене беше AI ботот на кој што можев да ја пратам мојата семинарска работа, по што тој ми даде рецензија и препораки за да направам подобра семинарска работа.
-
Сајтот е доста лесен за навигирање, корисен и добро осмислен. AI агентот нуди доста брзи и сеопфатни информации, повикувајќи се на релевантни извори, Истиот дополнително, би било корисно да се подобри во визуелната презентација – на пример, со автоматско прикажување на графици или дијаграми, како и поддршка за повеќе јазици. Сепак, генерално, платформата остава позитивен впечаток и има голем потенцијал за понатамошен развој.
-
Јас ја користев платформата https://platforma.aigender.net/ и ми се допадна како се објаснети важните теми за родовата еднаквост и вештачката интелигенција. Ми беше интересно да прочитам како AI може да создаде проблеми ако не се внимава на еднаквоста при развојот. Ова ми помогна подобро да разберам дека технологијата не е само за машки занимања и дека жените треба да имаат еднаков пристап и учество.
Ми се допаѓа што платформата нуди многу информации, но мислам дека може да биде уште поинтересна ако има повеќе примери од реалниот живот и ако има повеќе начини за дискусија и учество од луѓето што ја користат. Би било добро да има и видеа или кратки интервјуа со жени кои работат во STEM и AI.
Севкупно, ова е многу добар ресурс кој треба повеќе луѓе да го користат за да научат како да помогнеме во борбата за родова еднаквост во технологијата. -
Платформата е лесна за користење и многу практична, а темата за вештачката интелигенција и дезинформациите поврзани со родовата еднаквост ми ги прошири видиците и ми помогна да сфатам колку е важно критичкото размислување во дигиталното време. Научив како дезинформациите можат да влијаат врз јавното мислење и колку е важно да се препознаат навреме. Особено ми беше интересно како AI може да се користи за разоткривање на родови стереотипи и нееднаквост. Сметам дека ваквите теми се навистина важни и актуелни, и ме мотивираа повеќе да размислувам за улогата на технологијата во општеството.
-
Дизајнот на страницата е доста интуитивен и user-friendly, со прилично лесна навигација. Содржината има едукативен карактер, а самата страница не само што доставува корисни информации, туку нуди и дополнителни, релевантни надворешни ресурси (линкови). Real-time комуникацијата со ботовите им овозможува на корисниците брзо да дојдат до одговори и информации во доменот на родовата еднаквост.
Можни области за подобрување:
1. Начинот на прикажување на важна содржина и дизајнот на страницата со цел да се задржи вниманието на читателот.
Пример: Страницата https://platforma.aigender.net/about/ содржи корисни информации за целиот проект и иницијативата, но содржината е прикажана на начин кој овозможува лесно губење на фокусот при читање. Недостига визуелен контраст и естетска композиција на информациите.
2. Веб страницата не е целосно инклузивна и прилагодена за лица со попреченост. Би било од корист доколку се имплементираат алатки како text-to-speech, за да се овозможи полесен пристап до информациите за сите корисници. -
Mногу сум импресиониран од вашиот проек. Интеракцијата со AI агентот е брза и корисна, а одговорите се добро насочени кон темите од родовите студии, што ја прави оваа алатка значајна и современа. Особено ми се допаѓа што се нуди простор за објавување на студентски трудови, што овозможува размена на знаење и различни перспективи. Сепак, мислам дека може да се размисли за уште поголема прилагодливост на AI агентот, како што е поддршка за повеќе јазици и можност за понапредни поставки за корисникот. Исто така, би било корисно да се вклучат повеќе интерактивни ресурси или видео содржини за полесно учење.
-
Во глобала има интересни работи на оваа страна, ми се допаѓа делот каде што се објавуваат нашите семинарски. Со што можеме да го надополниме нашето знаење и со читање и на другите проекти не само од нашите. Единствено нешто што не ми се допадна е тоа што (блог, аи-писменост и ресурси) менијата се отвараат во нов таб. Би било подобро да се отвораат во истиот таб, би било поубаво и покомпактно за употреба – само мое лично мислење.
-
Севкупно, страницата ми се допаѓа многу. Информациите што ги нуди се корисни, добро објаснети и достапни на едноставен начин. Чет-ботот функционира брзо и дава релевантни и промислени одговори, што ја прави интеракцијата пријатна и ефикасна. Особено ми се допаѓа тоа што темите се поврзани со родови прашања, што е важно и актуелно. Интерфејсот е чист и интуитивен, што го прави искуството со страницата многу позитивно. Би било добро во иднина да се додадат уште повеќе опции за прилагодување или поддршка на повеќе јазици, но и вака е одлична алатка која вреди да се користи.
Leave a Reply