Оставете коментар, рецензија, забелшка за нашиот проект, веб страна или аи боти или агент.
AI Агент за блогот и коментарите. AIАгент за проверка на текстови
Оставете коментар, рецензија, забелшка за нашиот проект, веб страна или аи боти или агент.
AI Агент за блогот и коментарите. AIАгент за проверка на текстови
AIGender.net платформата и RESI чатботот обезбедуваат интерактивен и рефлективен начин на дискусија за родова еднаквост и вештачката интелигенција. Дискусијата со Реси беше информативна и исто така не натера да си ги преиспитаме нашите верувања. Дизајнот е едноставен и интуитивен, а материјалот е добро организиран. Ми се допадна и акцентот на локалниот контекст. Одлична избор е за секој што бара информации за етичките и инклузивните апликации на вештачката интелигенција.
Признавам, кога првпат ја отворив Платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција, бев љубопитна, но и скептична. Родова еднаквост и вештачка интелигенција? На прв поглед ми изгледаше како две сосема различни теми, но штом почнав да ја истражувам платформата, сфатив колку се всушност поврзани – и колку е важно ова поврзување. Како млада личност што расте во дигитална средина и сè почесто се соочува со алгоритми кои “одлучуваат” во мое име – од тоа што ќе ми се прикаже на социјални мрежи, до тоа кои опции ќе ми бидат достапни на различни дигитални платформи – почнав да се прашувам: колку се тие алгоритми праведни? И за кого? Платформата ми даде простор да си ги поставам тие прашања – и повеќе од тоа. Таа ми понуди знаење, алатки и заедница каде што овие теми се дискутираат отворено и без страв. Особено ми се допадна начинот на кој се објаснуваат родовите пристрасности во развојот на алгоритми – нешто што ретко се разгледува во традиционалните образовни програми или технолошки обуки. Навигацијата низ платформата е лесна, содржините се добро структурирани, и – најважно за мене – почувствував дека тука гласот на секој човек, без разлика на пол, родов идентитет или технолошко знаење, е важен. Не се чувствував како “гостинка” на нечија територија, туку како рамноправен учесник во разговор за нашата заедничка дигитална иднина. Форумот е одлично место за размена на мислења, и би сакала да го видам уште поактивен. Верувам дека има многу луѓе како мене што имаат што да кажат, само им треба простор каде што ќе се чувствуваат прифатено и охрабрено да зборуваат. Ботовите и ИКТ алатките што ги промовира платформата имаат потенцијал да бидат не само технолошки, туку и општествени иноватори – ако се развиваат со емпатија и разбирање на различностите. Иако платформата е веќе одлична, би било убаво да се додадат и повеќе примери од реалниот живот – на пример, кратки видеа или интервјуа со жени и маргинализирани групи кои работат во технолошката индустрија, или кои се погодени од неетички употреби на вештачка интелигенција. Таквите приказни би го направиле сето ова уште пореално и попристапно. За крај, можам да кажам дека ова не е само платформа – ова е повик за будење. За да не дозволиме технологијата да нè обликува на начин што ги продлабочува нееднаквостите, туку заедно да ја обликуваме технологијата така што ќе биде праведна, инклузивна и хумана. Благодарност до тимот што стои зад оваа иницијатива – продолжете со инспирацијата и создавањето на дигитален простор што не исклучува никого.
Оваа платформа е добар начин за добивање информации поврзани со родовата еднаквост и вештачката интелигенција. Најмногу мене што ми се допадна е футуристичкиот, минималистички и модерен изглед на платформата.
Имам навистина позитивно мислење за платформата „Со Вештачката Интелигенција против дезинформации во областа на родовата еднаквост“. Искрено, ми се допаѓа тоа што станува збор за навистина актуелен и корисен проект кој на иновативен начин ги спојува технологијата и едукацијата. Во ова време, кога дезинформациите се шират насекаде, особено на теми како родова еднаквост, потребни се алатки што ќе помогнат да ги препознаеме и да се справиме со истите. Платформата е интуитивна и лесна за користење, сè е јасно поставено, а ресурсите се лесно достапни. Меѓу сите алатки, најмногу ме привлече Етичкиот Аналитичар AI, баш затоа што многу едноставно и брзо може да открие неетички говор и говор на омраза, без разлика дали се работи за текст, слика, линк или документ. Огромен плус е што работи со повеќе јазици, со тоа алатката може да се користи од повеќе луѓе. Сепак, би предложила мала измена – одговорите што ги дава моментално звучат по-формално. Би било супер ако се внесе малку поопуштен, попријателски тон, за да се направи искуството уште поудобно за корисниците. Платформата навистина има голем потенцијал и мислам дека вреди да се промовира повеќе, од огромна корист е, не само за ученици и студенти, туку и за секој што сака да биде поинформиран и да научи нешто ново.
Кај платформата ми се допадна тоа што сите текстови и дискусии се поставени на едно место, што ѝ дава карактер на организирана збирка – секој лесно може да најде и прочита содржина што го интересира. Иако е функционален, сметам дека интерфејсот би можел визуелно да се поедностави – моментално изгледа малку натрупано, па би било корисно текстовите да се структурираат појасно.
Особено практична е можноста за користење на вградениот chatbot, кој одговара на прашања поврзани со темите што ги покрива платформата. На пример, доколку бараш конкретна информација, не мораш рачно да пребаруваш низ сите објави – chatbot-от го олеснува пристапот до релевантен одговор брзо и ефикасно.
Според мене, форумот е корисно и современо место за информирање и размислување за теми поврзани со вештачка интелигенција, етика и родова еднаквост.
Кај платформата ми се допадна тоа што сите текстови и дискусии се поставени на едно место, што ѝ дава карактер на организирана збирка – секој лесно може да најде и прочита содржина што го интересира. Иако е функционален, сметам дека интерфејсот би можел визуелно да се поедностави – моментално изгледа малку натрупано, па би било корисно текстовите да се структурираат појасно.
Особено практична е можноста за користење на вградениот chatbot, кој одговара на прашања поврзани со темите што ги покрива платформата. На пример, доколку бараш конкретна информација, не мораш рачно да пребаруваш низ сите објави – chatbot-от го олеснува пристапот до релевантен одговор брзо и ефикасно.
Според мене, форумот е корисно и современо место за информирање и размислување за теми поврзани со вештачка интелигенција, етика и родова еднаквост.
Како студент на ФИНКИ кој истовремено има интерес кон филозофијата, особено во подлабоки теми како теории на паралелни светови, размислувања на Платон, Декарт, па сè до современи филозофи решив да го тестирам ботот Chatbase-AI поставен од Филозофскиот факултет. Очекував само општи одговори, но добив конкретни и детални информации поврзани со факултетот, програмите, роковите и условите за запишување.
Она што ме изненади беше колку брзо и прецизно одговараше, дури и кога поставував покомплексни или апстрактни прашања. Дополнително, кога го прашав за информации за одредени филозофски правци и професори, ми понуди релевантни податоци што инаку би ги барал долго низ веб-страницата.
Навистина корисна алатка, особено за студенти кои сакаат брз пристап до академски информации или едноставно сакаат да истражат нешто ново. Го препорачувам, не само за студенти на Филозофскиот, туку за сите љубопитни умови што сакаат јасни и сигурни одговори.
Кога навлегов во детали и се задлабочив во блогот, добив позитивен впечаток, изгледот е уреден, концизен, јасен, модерен и едноставен. Страната воопшто не е монотона, се одликува со голема прегледност, супер содржина, слики, страницата се вчитува брзо и лесно што е огромен плус бидејќи сите сме нетрпеливи и никој не може да чека повеќе од четири секунди. Голема предност е што има направено предобра категоризација и многу лесна достапност што лично на мене ми се допаѓа, бидејќи не сакам да трошам време пребарувајќи каде се наоѓа одредена содржина за која сакам да прочитам нешто повеќе. Сепак овде станува збор за вкус, јас лично сметам дека целата идеја е квалитетно претставена и успешно го зграби моето внимание. Во целина, платформата ми остави длабок и позитивен впечаток. Верувам дека има голема вредност, особено поради начинот на кој отвора прашања од суштинска важност на еден многу современ, јасен и достапен начин.
Целата платформа ми се допадна бидејќи е јасна, лесна за користење и има многу корисни информации, а интеграцијата со chatbot-от ја прави искуството уште поедноставно и поефективно. Chatbot-от ми помогна многу брзо да најдам одговори на прашањата без да морам да пребарувам низ целата страница или да чекам човек за помош. Особено беше корисен кога имав конкретни технички прашања и добив прецизни инструкции во реално време со што ми заштеди на време и ми ја олесни работата.
Решив да го тестирам Chatbot Cyber, кој е дел од платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција. Започнав со поставување на сет едноставни прашања поврзани со дигиталното родово базирано насилство, се со цел да проверам колку добро објаснува една толку чувствителна и важна тема. Одговорите беа доста јасни, концизни и успешно покрија различни аспекти од основни дефиниции, до практични совети, што ја направи содржината подостапна дури и за оние кои првпат слушаат за оваа форма на насилство. На пример, едно од прашањата беше за најчестите форми на дигитално насилство врз жените, како сајбер следење, одмаздничко споделување интимни фотографии и емоционална манипулација преку интернет, при што одговорите беа директни, но со почит кон жртвите – нешто што е многу важно кај вакви теми.
Она што најмногу ми се допадна кај ботот е емпатичниот пристап. Како што наведов и погоре истиот не само што дава дефиниции, туку и конкретни совети што некој може да ги преземе ако е жртва, пример како да блокира профил, каде да пријави, и како да зачува докази. Ова покажува реална грижа и желба за поддршка, а не само формално информирање. Уште еден позитивен момент е што никаде не се префрла вината врз жртвата и наместо тоа, се става фокус на свесноста, заштитата и личната безбедност, т.е може да се каже дека е напишано на многу човечки начин, без осуда. Ако треба да дадам оценка, би дала солидна 9.5/10. Единствено би предложила да се додаде дел за тоа како училиштата, институциите или самата заедница можат да помогнат во превенцијата, но генерално ова за мене беше многу корисно и едукативно искуство.
Пред да започнам да ја правам мојата семинарска,истражував на платформата RESI.AI на која првично ми го привлече насловот Родова еднаквост и Социјална инклузија,како алатка која помага околу проблемите со родовата нееднаквост, маргинализираните групи,лица со попреченост и останати. .Почнав да истражувам примери за практики на родова еднаквост во работниот сектор како и во образованието, и тогаш знаев која ќе биде мојата тема за семинарска работа. Брзината и прецизноста со кои одговара на поставените прашања се навистина на високо ниво. Според мене дополнителна предност е и можноста за табеларен приказ на одговорите, како и тоа што се вклучуваат линкови до извори за подетално читање. Платформата во целост е добар пример како технолошките решенија можат да бидат употребени за поттикнување на инклузивна иднина и претставува важен придонес за општествена одговорност во дигиталната ера.
Ми се допаѓа веб-страницата „Со Вештачка интелигенција против дезинформации“ затоа што обработува многу важна тема – како AI може да се користи за справување со дезинформации поврзани со родова еднаквост. Сајтот е едноставен за користење, а вклучените AI-агенти нудат детални и јасни одговори, што многу ми помогна да разберам одредени поими и појави.
Посебно ми се допаѓа тоа што секој агент има своја специфична функција и што често се вклучуваат линкови до извори за подетално читање.
Темите што ги покрива платформата се навистина актуелни и ја поттикнуваат свесноста за родова еднаквост, особено на интернет и социјалните мрежи. Одлична алатка што има голем потенцијал!
RESI.AI е платформа што навистина ме изненади – на добар начин. Ми помогна полесно да разберам што значи родова еднаквост и социјална инклузија. Сè е јасно, директно и многу практично објаснето.
Најмногу ми се допадна тоа што ботот не само што одговара прецизно, туку и ме води понатаму со дополнителни прашања и насоки. За кратко време научив многу работи што ми беа нејасни претходно. Плус, алатката нуди ресурси и водичи што навистина можат да се искористат – било да си студент, активист или едноставно некој што сака да направи промена.
Сметам дека вакви алатки ни требаат повеќе – едноставни, а моќни!
Платформата GenderAI претставува добар пример како може дигиталната едукација да се користи за медиумска писменост и поттикнување на критичкото размислување на луѓето.
Ботовите на разни прашања одговараат брзо и нудат линкови за подетално проучување.
Како студент на ФИНКИ, имам мали забелешки за дизајнот: интерфејсот е пренатрупан, недоволно структуриран и делува малку збунувачки за помалку искусни корисници.
Со поедноставна визуелна организација и навигација, платформата би можела да стане покорисна и пошироко применлива, не само за студентите, туку за секој заинтересиран корисник.
Во секој случај добар пример за позитивно користење на современите технологии.
Како студент на финки веб страната е модерна но може да биде изменета за полесно користење како подобрување на лентата за навигација со цел да се олесни корисничкиот пристап кон останатите делови на странта, намалување на празното место во различните страни со цел поконцизно и подетално да опишува текст за добредојте на корисниците и кратко објаснение за што служи истата и како за крај AI алатките да бидат на видливо место за корисниците да можат лесно да дојдат до нив.
AI ботот aimapgender.net што го тестирав беше доста добар во тоа што на прашањата одговараше брзо и концизно, има добри образложенија за темите кој ќе биде прашан и има сугестии како подпрашања на темата за која се разговара да биде подобро разјаснета.
За крај би рекол дека инфромациите на страната се многу добри за запознавање, истражување и учење со помош на AI ботовите, ресурсите и блоговите наменети за родовата еднаквост.
Ботот “Етички аналитичр” е одлична алатка која овозможува вистинска интеракција, речиси како со човек. По деталното разгледување и тестирање, можам да кажам дека имам доста позитивни впечатоци. Брзината и прецизноста со кои одговара на поставените прашања се на високо ниво. Дополнителна предност е и можноста за табеларен приказ на одговорите, што овозможува поголема прегледност.
Јас го тестирав ботот на неколку теми поврзани со спортот, каде што успешно препозна говор на омраза, особено расистички изјави насочени кон одредени спортисти. Притоа даде целосен опис на ситуацијата, но и препозна кога нема говор на омраза или пак кога не постојат доволно информации за да се даде проценка.
Сметам дека оваа алатка е многу корисна и може да биде од голема корист и за студентите од другите факултети при УКИМ.
Како корисник на различни платформи кои користат вештачка интелигенција, во случајов и оваа, најпрво ми се допадна едноставноста на страната.Мислам дека секој еден кој сака да си ги прошири знаењата во оваа област ќе може лесно да ја користи и да ги добие потребните информации. Најголем впечаток ми остави РЕСИ како алатка која помага околу проблемите со родовата нееднаквост, маргинализираните групи,лица со попреченост и останати. Со ова се докажува дека вештачката интелигенција може многу да помогне за донесување на различни одлуки во областа на родовите студии и да се искористи на правилен начин.
Го испробав РЕСИ четботот и бев пријатно изненаден. Се фокусира на истражување, едукација и промоција на инклузивни практити во областа на ВИ. Нуди алатки студии и анализи поврзани со родовите аспекти на ВИ. Ги поврзува академијата, индустријата и активизмот и баш ме изненади што се занимава со специфички предизвици на Балканот со што го прави уникатен. РЕСИ е баш корисен ресурс за секој што го интересира за родовата еднаквост, но има и простор за подобрување во техничката и комуникациската страна.
Како студент на ФИНКИ многу ми се допадна идејата за оваа платформа. Со оглед на тоа што секојдневно користиме АI, оваа платформа прави обид за да ги донесе AI алатките уште поблиску до нас. Интерфејсот е јасен и многу лесен за користење, а AI ботовите одговараат брзо и точно. Би било супер ако во иднина се додаде и повеќе интерактивност или можност за персонализација според потребите на корисникот. Но, ова е многу корисна платформа која може да не натера на забавен начин се почесто да користиме AI за нашите секојдневни потреби.
AI ботовите на платформата AI Gender претставуваат иновативен и значаен чекор во искористувањето на современите технологии за унапредување на родовата еднаквост и борба против родово базираното насилство. Во рамките на мојот проект за вештачка интелигенција и родово базирано насилство (РБН), јас лично се уверив како овие алатки можат да ја олеснат комуникацијата, да обезбедат анонимен и лесно достапен пристап до информации и ресурси, и да им помогнат на жртвите да добијат поддршка без страв од осуда или стигма. AI Gender не само што нуди технолошко решение, туку и промовира етички и родово сензитивен пристап, што е клучно за ефективна и праведна примена на вештачката интелигенција во оваа чувствителна област. Сепак, како што покажа и моето истражување, овие технологии бараат континуирана надградба и внимателен надзор за да се избегнат пристрасности и да се осигура транспарентност и одговорност. Како студентка, силно верувам дека AI Gender и сличните иницијативи се неопходен дел од иднината на борбата за родова еднаквост и треба да добијат поширока поддршка и промоција во општеството.
Платформата е иновативна, со многу корисни информации и интересни теми за разгледување и читање. Претставува одличен извор за сите што се заинтересирани за поврзувањето на технологијата со општествените прашања, како што е доменот на родова еднаквост. Со модерен пристап и интерактивни содржини, платформата е идеална за љубопитни истражувачи и студенти.
Платформата има јасна цел, а тоа е да го подигне нивото на свест, да промовира правична застапеност и да поттикне етичка примена на вештачката интелигенција во контексти каде што родовата перспектива е често игнорирана.
Како студент на ФИНКИ и корисник на оваа платформа, од технички аспект, веб-страницата е интуитивна, функционална и достапна. Интерфејсот е пријателски и овозможува лесна навигација низ различни секции. Особено ја истакнувам можноста за интеракција преку форумот, кој нуди простор за размена на мислења, искуства и идеи помеѓу различни засегнати страни, од студенти и истражувачи до активисти и експерти.
Содржински, платформата успешно ја нагласува важноста на вклучување на родова анализа во дизајнот, развојот и имплементацијата на ваквите системи. Прашањата како што се недостатокот на разновидност во техничките тимови и потребата од транспарентност се отворено дискутирани. Исто така, се обезбедуваат линкови до актуелни истражувања и алатки кои можат да им бидат од голема корист на академската и технолошката заедница.
Би било од корист да се додадат примери од практиката, односно конкретни случаи каде што AI системи придонеле за позитивна трансформација. Дополнително, би било корисно да се интегрира и функционалност за учество во вебинари или едукативни модули директно преку платформата.
Во целина, платформата е добар пример како технолошките решенија можат да бидат употребени за поттикнување правична и инклузивна иднина и претставува важен придонес за општествена одговорност во дигиталната ера.
Го испробав INFOTRAK AI ботот додека работев на мојата семинарска работа и навистина пријатно се изненадив. Му поставив неколку прашања во врска со нееднаквоста во ИТ секторот, застапеноста на жени во софтверскиот сектор (посебно во Македонија) . Ми враќаше одговори, кои што навистина беа корисни и ми дадоа идеи во која насока да оди моето истражување. Посебно ми се допадна тоа што после секој одговор има предлог прашања за понатамошно истражување, што ми помогна да размислам подлабоко на темата, ми отвори нови гледишта и ме предизвика навистина повеќе да истражувам на темата. Ми се допадна што е едноставен за користење, брз, дава релевантни информации и секогаш дава извори на информациите (како и дополнителни ресурси). Мислам дека е супер алатка за инспирација, особено ако не знаеш од каде да почнеш или сакаш да добиеш поинаков агол на некоја тема која те интересира.
Бидејќи сум студентка на ФИНКИ, вештачката интелигенција ми е секојдневие. Во многу од предметите се изучува целата област, но често ја користам и кога правам некој проект или едноставно користам AI алатки за да си олеснам некоја задача (nајчесто ги користам актуелните чет ботови како ChatGPT). Она што навистина ми го привлече вниманието беше AI RESI водичот. Начинот на кој што објаснува одредени работи едноставно, јасно и со конкретни примери, ми помогна да ја разберам темата која ми ја објаснува многу полесно и побрзо.
Како личност заинтересиран за вештачка интелигенција, ја сметам оваа платформа за иновативен пример на успешна интеграција помеѓу технологија и социјални науки. Интерфејсот е интуитивен, поддршката на повеќе јазици ја прави достапна за различни корисници. Сметам дека ваквите алатки имаат потенцијал да ја зголемат свесноста и да придонесат кон етичка примена на AI во општеството.
Искрено сакам да ја пофалам веб страницата “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“. Како активен поддржувач на родовата еднаквост и воопшто личност против било каква дискриминација, сметам дека ова е одлична идеја. Посебно ми се допаѓа тоа што вештачката интелигенција во овој случај се користи за важни општествени теми и може да придонесе кон позитивни промени во општеството со тоа што ќе ги поттикне другите да зборат на овие теми и да ги прошират нивните погледи. AI агентите се почесто се користат, а тука се убаво искористени со јасно дефинирани, специјализирани улоги. Тие можат да го поттикнат критичкото размислување кај луѓето и да помогнат во спречување на дезинформациите во денешниот дигитален свет.
Платформата ми остави одличен впечаток со својот модерен пристап кон темата на родова еднаквост и технологија. Особено ми се допадна четботот РЕСИ, кој не само што дава информативни одговори, туку и поттикнува критичко размислување. Делот за AI писменост ми беше многу корисен, содржи важни совети за одговорна употреба на вештачка интелигенција. Смело и креативно споени се технологијата и општествените вредности. Вакви платформи се навистина потребни денес!
Од кога почна да се употребува вештачка интелигенција сите се прашувавме (веројатно сеуште се прашуваме) до каде се нејзините способности, кои се границите и како е правилно да се користи… Ова е прв пат да наидам на било информации од ваков тип, особено од типот на информации за AI писменост. Со самото читање на некои од објавите добив сосема нова перспектива за вештачката интелигенција. Мислам дека оваа секција е од особена важност за сите нас кои често користиме вештачка интелигенција и во денешно време секој треба да биде писмен во однос наистата, со цел да се заштити самиот од несакани информации, а и да ги заштити и другите. Верувам дека на многумина како и мене им било интересно и биле љубопитни во однос на темите објавени на оваа веб страна и би продолжила да ја користам од сега па натаму. Исто така, многу ми се допаднаа и насоките за тоа како критички да се проценат резултатите од моделите, секогаш да се провери изворот на податоците и контекстот во кој е трениран алгоритмот. Се надевам дека во иднина сите ќе ја користиме вештачката интелигенција поодговорно и се надевам дека истата ќе биде ограничена од нови закони со цел да се намали било кое негативно влијание на истата.
Платформата означува значаен чекор напред во насока на интеграција на современите технологии во полето на социјалната правда и родовата еднаквост.Особено ме импресионира пристапот кон едукација преку ВИ алатки и критичка анализа на говорот на омраза.Ваквиот пристап е особено вреден за истражувачи,наставен кадар или студенти кои се стремат кон продлабочено и аналитичко разбирање на родовите прашања.
Кога ја отворив оваа платформа ми остави одличен впечаток, како од аспект на својот иновативен пристап кон темата на родова еднаквост и технологија, така и од аспект на нејзината содржина и структура . Особено ми се допадна тоа што не е само информативна, туку и интерактивна како што е алатката, односно ботот РЕСИ што брзо и јасно одговара на прашања. Интерфејсот е уреден и лесен, што ја прави платформата уште попрактична за користење. Платформата е добар пример за тоа како технологијата што ја имаме може да се искористи за да ни послужи во општествениот напредок. Сметам дека вакви платформи се од голема важност за дигиталната едукација.
Leave a Reply