Оставете коментар, рецензија, забелшка за нашиот проект, веб страна или аи боти или агент.

AI Агент за блогот и коментарите. AIАгент за проверка на текстови

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

515 Comments

  1. Интересно е да се види на кои начини може да се искористи вештачката интелигенција. Оваа веб апликација покажува како може AI да послужи како алатка за помош на луѓето при учење, и тоа на многу иновативен начин. При разгледување на апликацијата ја посетив страната за различните AI агенти “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“. Навистина се изненадив кога видов дека има различни ботови посветени за различни задачи. Четботот кој што највеќе ми привлече внимание е родовиот едукатор. Мило ми е што е препознаена најсилната алатка на вештачката интелигенција моментално(користење на голем корпус на информации и текстови) и искористена за тема која што може да им помогне на луѓето заинтересирани за родова еднаквост. Една нешто што би го променил е дизајнот на веб страната со тоа што во одредени делови потешко се чита текстот и позадината изгледа замаглено. Во главно мислам дека ова е еден од подобрите примери за паметно користење на вештачката интелигенција!

  2. Секој нов текст на блогот нуди свежа перспектива за темата на родова еднаквост и технологија. Посебно ми се допаѓа начинот на кој се обработуваат комплексни прашања. Содржините се не само информативни, туку и инспиративни, нудејќи нови перспективи за примена на AI во промоцијата на родовата еднаквост.
    Особено ми се допадна објавата за Научниот Истражувачки AI Агент, која нуди практични насоки за користење на AI во истражувачките процеси. Исто така, Q&A со Текст е иновативен алат што значително го олеснува процесот на истражување и учење. Овие содржини се одлична алатка и за лична едукација и за поттикнување дебата. Благодарност до сите што вложуваат труд во оваа важна платформа!

  3. Платформата aigender.net е одлична иницијатива која успешно ги спојува темите за родова еднаквост и вештачка интелигенција – две области кои ретко се разгледуваат заедно, а се сѐ поважни во денешното општество. Содржината е јасно организирана, со едукативни текстови и можности за интеракција преку форумот. Особено ми се допаѓа тоа што платформата не се обраќа само на стручна публика, туку е разбирлива и за студенти од различни области. Позитивно е што проектот отвора прашања за тоа како алгоритмите може да пренесуваат родови стереотипи, но и како технологијата може да се искористи за унапредување на еднаквоста. Би било корисно да се додадат повеќе практични примери и визуелни содржини, но и вака, платформата е квалитетен и модерен ресурс што вреди да се следи и користи.

  4. Обработениот аспект – Користење на вештачката интелигенција за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања, го сметам за многу важен. Многу ми се допаѓа целиот концепт на објавување на истражувањата на студентите, читање теми кои студентите ги сметаат за важни и собирање на сите студентски трудови на едно место. Сметам дека толку многу различни умови, сплотени заедно, ги обработуваат речиси сите проблеми од денешницата. Презадоволен сум од тоа како е се осмислено и реализирано во блогот. Поготово тоа што се опфатени начините на кои вештачката интелигенција како фактор кој може да помогне во унапредувањето на родовата еднаквост во академските истражувања, мислам дека е најбитниот фактор кој влијае во секојдневието на младината.

  5. Проектот „Користење на вештачка интелигенција за унапредување на родовата еднаквост во академските истражувања“ е многу добра иницијатива. Ми се допаѓа што користи модерна технологија (AI) за да се реши важен проблем – нееднаквоста во научните истражувања. Онлајн платформата и обуките што се планирани се корисни, особено за студенти и истражувачи. Би било добро ако има и практични примери и алатки што ќе ја направат темата подостапна за сите. Одличен чекор напред! Сметам дека вакви проекти треба повеќе да се поддржуваат и промовираат. Тие се важни за создавање поеднаков и поправеден академски простор.

  6. Оваа веб-страна е сосема едноставна за користење и супер ни претставува колкава улога игра вештачката интелигенција во борбата против дезинформациите поврзани со родовата еднаквост и како може да помогне со тоа. Вклучени се AI-алатки кои се достапни за комуникација со корисниците, кои детално одговара на било какви прашања. Оваа карактеристика ми се допаѓа особено бидејќи на практичен начин корисниците можат да комуницираат со AI-алатките со што се зголемува интерактивноста и квалитетот на информации. Доколку би имало пократки и суштински одговори, би било полесно за разбирање. Сепак страницата “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост” има потенцијал да стане голем едукативен центар и заслужува поголема публика.

  7. Оваа веб-страна е сосема едноставна за користење и супер ни претставува колкава улога игра вештачката интелигенција во борбата против дезинформациите поврзани со родовата еднаквост и како може да помогне со тоа. Вклучени се AI-алатки кои се достапни за комуникација со корисниците, кои детално одговара на било какви прашања. Оваа карактеристика ми се допаѓа особено бидејќи на практичен начин корисниците можат да комуницираат со AI-алатките со што се зголемува интерактивноста и квалитетот на информации. Доколку би имало пократки и суштински одговори, би било полесно за разбирање. Сепак страницата има потенцијал да стане голем едукативен центар и заслужува поголема публика.

  8. Како студент на ФИНКИ, секојдневно сум вклучен во светот на вештачката интелигенција, било преку учење, истражување или користење на различни алатки. Редовно користам ВИ чат ботови како ChatGPT и Deepseek, кои ми помагаат во различни академски и лични задачи. Особено ми привлече внимание AI RESI водичот кој е интересен и уникатен чат бот, за кој верувам дека е трениран на сосема различни извори и прашања. Разговорот со него ми овозможи да се запознаам подлабоко со темата „Проценка на родовите потреби“, што беше ново и многу поучно искуство за мене.

  9. AI РЕСИ водичот е интерактивен и кориснички ориентиран чатбот кој овозможува лесна комуникација и брзи одговори на прашања поврзани со родова еднаквост и инклузија. Има јасен и едноставен интерфејс што го прави лесен за користење. Чатботот не само што нуди теоретски информации, туку дава и практични примери, што помага полесно да се разберат сложените социјални теми на поедноставен начин. На крај од разговорот, автоматски нуди дополнителни ресурси и поставува прашања што ја поттикнуваат понатамошната дискусија и размислување. Добар пример за корисна и едукативна примена на технологијата. Оваа алатка може да биде корисна за студенти, истражувачи или било кој што сака да научи нешто повеќе за овие теми на брз и едноставен начин.

  10. Кога ја открив веб-страницата GenderAI.org, веднаш ми стана јасно дека тоа е иновативна платформа што ги спојува вештачката интелигенција и родовата еднаквост. Најмногу ми се допаднаа AI асистентите кои одговараат на прашања за феминизам, родова анализа и дезинформации. Особено интересен ми беше делот со академските ботови, кои одговараат од перспектива на различни научни дисциплини.

    Платформата е лесна за користење, визуелно пријатна и многу едукативна. Ми помогна да размислувам покритички и да научам нови работи за родовата еднаквост преку современи технологии. Навистина ја препорачувам на секој што сака да се информира и да се вклучи во овие важни теми.

  11. Платформата ми се допадна поради својот посебен фокус на AI писменост, а особено делот AI Playground. Во рамките на делот за AI писменост најголем впечаток ми остави темата „Ризици при користење на ВИ (AI) во контекст на родовата еднаквост“, бидејќи многу луѓе не знаат дека AI понекогаш дава неточни или застарени информации. Затоа, треба внимателно да ги проверуваме работите што AI ни ги кажува и треба да бидеме внимателни во кој контекст користиме AI.
    Исто така, во делот AI Playground го пробав AI Асистентот „ChatGPT за студенти“ и навистина ми помогна во разбирање на тоа што прашав – одговорите беа јасни и корисни и имаше конкретни предлози. Mи се допадна функцијата што по секое прашање нуди три поврзани прашања и што поттикнува подлабоко размислување и истражување.
    Сметам дека оваа платформа е одлична за учење и за секој што сака да го продлабочи своето знаење за AI и родова еднаквост, има дел за блог, алатки и ботови што можат да помогнат во разбирање и учење на вештачка интелегенција и родова ендаквост.

  12. Најголем впечаток ми остави платформата бидејќи на иновативен начин ги истражува начините на кои вештачката интелигенција ги надминува постоечките родови нееднаквости. Особено ми се допадна фокусот на критичко и етичко размислување при примената на AI технологијата.

    Платформата е едноставна, со дизајн кој овозможува лесен и пристап до содржините. Очигледно е дека зад неа стои посветен тим кој континуирано работи на нејзино надградување и усогласување со најновите трендови во областа.

  13. При прв контакт со Chatbot Cyber јас тотално се изненадив: наместо статични текстови ми понуди реални ситуации во кои можеш да пробаш различни реакции и веднаш да видиш зошто одредено однесување е безбедно или ризично. Особено ми се допадна што работи целосно на македонски и нема технички жаргон, туку нуди професионални зборови што одлично може да помогнат на корисници без претходно искуство во сајбер‑безбедноста. Како мали дополнувања, би предложил да се вклучат линкови кои директно водат до институциите каде што може да се пријави насилство. Дури и така, Chatbot Cyber е брз и достапен инструмент што ја подига дигиталната свест на еден многу природен и практичен начин.

  14. Јас ја посетив страната “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост”, која ми изгледаше најинтересно. Самиот концепт на веб страната https://genderai.org/ е многу интересен, и многу ми се допадна начинот на кој оваа тема е поделена на подтеми од кои секоја е доделена на одреден AI асистент или четбот. Ги испробав сите четири AI четботови одделно, и секој од нив многу добро ги процесираше и одговараше поставените прашања. Многу ми се допадна идејата за овој вид на веб страна, бидејќи нуди многу бенефити и стекнување на ново знаење. Од четирите четбота, најмногу би ги истакнала AI Родовиот едукатор и INFOTRAK. AI Родовиот едукатор според мене е многу корисен посебно за луѓето кои не се запознаени со поимот на родова еднаквост, феминизмот и ЛГБТКИ+ заедницата. Многу е погоден за лица кои знаат многу малку или воопшто не се запознаени со овие теми, бидејќи одговара многу јасно и прецизно, со што почетниците многу лесно би ги разбрале информациите. Од друга страна четботот INFOTRAK е многу важен и корисен за процесирање и анализирање на лажни информации. Тој многу лесно може да ни помогне во распознавање на денешните стереотипи кои ни се нафрлуваат секојдневно и да не заштити од честите дезинформации. Според мене и двата AI асистенти нудат голема точност, сигурност и јасност која е многу важна посебно во областа на родова еднаквост. Сите веб страни што ги разгледав беа интересни и корисни, но мислам дека оваа е една од поважните на кои вреди да се фокусираме и да стекнеме нови информации.

  15. Она што мене ми остави голем впечаток е богатството на теми кои се обработуваат од етичките дилеми во ВИ до анализа на родовата пристрасност во алгоритамски системи. Исто така ми се допаѓа што статиите се напишани на јасен и пристапен јазик, што ги прави разбирливи и за пошироката публика, без да се изгуби сериозноста на темата. Фокусот на дигиталната писменост и критичкото размислување е уште еден голем плус, бидејќи ја потенцира потребата од одговорни корисници, а не само од одговорни технологии. Исто многу голем впечаток ми остави тоа што додека ги читав статиите за AI Писменост во мене се пробуди размислување и исто така ја пробуди социјалната одговорност како ги користиме технологиите што ги нуди ВИ .
    Исто така мислам дека би било корисно доколку во иднина се вклучат повеќе конкретни примери и студии на случаи кои прикажуваат реални сценарија на дискриминација или пристрасност предизвикани од ВИ. Таквиот пристап би овозможил подлабоко разбирање и поефикасно справување со овие проблеми.

  16. Платформата не нуди само информации, туку и практични алатки од препознавање говор на омраза до родова едукација. Достапни се четири ВИ чет бота: етички аналитичар, родов едукатор, AI објаснувач и бот за медиумска писменост. Тие се надополнуваат еден препознава проблем, друг го објаснува, трет го поврзува со технологијата. Заедно создаваат корисна и едукативна алатка, особено за нас младите. Дополнително, платформата има модерен и едноставен дизајн, лесна е за користење и нуди форум и ресурси за критичко размислување. Мислам дека ваква иницијатива навистина недостасуваше кај нас и заслужува поддршка и поголема видливост. Платформата има свеж и корисен пристап кон едукацијата за родова еднаквост преку вештачка интелигенција. Особено ми се допаѓа што е достапна за млади и нуди интерактивни чет ботови кои едноставно објаснуваат сложени теми. Тоа ја прави алатка што не само што информира, туку поттикнува размислување и образложува сложени теми.
    Како заклучок би рекла дека вакви дигитални решенија се повеќе од потребни, особено во време кога дезинформациите брзо се шират.

  17. Ја пробав платформата aichatbook.chipp.ai и морам да кажам, навистина ми се допадна. Наместо класичен бот што одговара на прашања, тука зборуваш со ликови што се дел од некаква приказна, и тоа прави искуството да биде поинтересно и порелаксирано. Ми се допаѓа што разговорите не се плитки, некои ликови знаат да те изненадат со одговор, па дури и да те натераат да размислиш за нешто што не ти дошло на ум. Искуството е многу лично, што е ретко кај вакви алатки. Секако, има работи што може да се подобрат, на моменти навигацијата знае да биде збунувачка, и би било добро да има повеќе избор на македонски јазик. Но генерално, аichatbook остави силен впечаток и дефинитивно планирам да ја користам понатаму, особено кога ми треба малку инспирација или само неформален, интересен муабет. Препорачувам на секој што сака нешто поразлично од класичен AI.

  18. Со платформата aigender.net имав навистина одлично искуство. Искрено мислам дека претставува вистинско освежување кога зборуваме за вештачка интелигенција на македонски јазик. Страницата веднаш ми остави позитивен впечаток , едноставна е за користење, брза и визуелно многу пријатна. Најпрво го забележав и го тестирав ботот РЕСИ, кој ми остави многу добар впечаток. Му поставив неколку прашања на различни теми и беше изненадувачки точен и природен во комуникацијата. Одговараше брзо, јасно и со солидно разбирање на тоа што го барав. Не делува „роботски“, туку како вистински дигитален асистент што знае што прави. Дополнително, ми се допаѓа што платформата нема непотребни елементи и е фокусирана на суштината. Се гледа дека е направена со внимание и размислување. Особено ме радува тоа што вакви решенија конечно се појавуваат и на македонски јазик. Со нетрпение ги очекувам следните функционалности и нови ботови што ќе бидат достапни. Голема поддршка од мене за овој проект што дефинитивно вреди да се следи.

  19. Ја посетив платформата https://platforma.aigender.net/ и ми се допадна затоа што е лесна за користење и има интересни теми за родова еднаквост и вештачка интелигенција. Платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција е одличен чекор кон подигнување на свеста за родовите прашања и нивното место во дигиталниот свет. Ми беше најинтересен делот со ботовите, затоа што може да се разговара со нив и да се добие одговори на разни прашања. Посебно е добро за младите, бидејќи може да научат нешто ново.

  20. Блог-секцијата на aigender.net е внимателно осмислена и нуди богат избор на текстови кои обработуваат важни теми поврзани со родовата еднаквост, дигиталната етика и влијанието на технологијата – особено вештачката интелигенција – врз општеството. Написите се пишувани со јасен и ангажирачки стил, а истовремено одржуваат академско ниво на аргументација. Секој текст поттикнува критичко размислување и отвора прашања за тоа како родовите прашања се рефлектираат во технолошкиот развој и секојдневниот живот. Она што го издвојува овој блог е комбинацијата на теоретски пристап со практични примери, што го прави корисен и за истражувачи и за поширока публика. Исто така, позитивно е што се покриваат актуелни и често занемарени теми, со јасна општествена и едукативна вредност. Визуелно, страницата е чиста и професионална, со едноставна навигација која овозможува брзо пронаоѓање на содржините. Целокупниот дизајн придонесува за пријатно корисничко искуство и ја олеснува интеракцијата со текстовите. Сметам дека платформата aigender.net претставува важен чекор кон подигање на свеста за родовите аспекти на технолошкиот развој и дека има голем потенцијал да прерасне во водечки ресурс во оваа област. Топло ја препорачувам на сите студенти, наставници и истражувачи кои се интересираат за интерсекцијата меѓу родот, општеството и технологијата.

  21. Ја разгледав платформата platforma.aigender.net и искрено, пријатно се изненадив – станува збор за навистина иновативен и квалитетен проект кој успешно ги спојува вештачката интелигенција и родовата еднаквост, две теми што ретко се гледаат заедно, особено во домашен контекст. Платформата нуди AI ботови со кои може да се комуницира за теми поврзани со етика, говор на омраза, родова застапеност и многу повеќе – и тоа на разбирлив, едукативен начин. Покрај тоа, постојат онлајн обуки и корисни ресурси на теми кои се важни за научниците, новинарите и активистите кои сакаат да развијат посензитивен и информиран пристап кон родовите прашања во својата работа. Посебно ми се допадна што сè е адаптирано на македонскиот контекст и што се поттикнува критичко размислување, а не само пасивна апсорпција на информации. Иако има простор за подобрување во корисничкиот интерфејс и флуидноста на комуникацијата со некои од агентите, морам да признаам дека еден ваков проект навистина внесува свежина и потребна доза прогресивност во академската и активистичката сфера кај нас. Препорачувам секој што се интересира за ВИ, родова еднаквост, или едноставно сака да научи нешто ново – да ѝ даде шанса на платформата.

  22. Ми беше многу интересно да ја разгледам платформата AIGender.net. Ретко се гледа ваква добра комбинација од технологија и важни општествени теми. Најмногу ми се допадна што не е само за читање, туку има и корисни алатки како ботот РЕСИ, кој дава одговори и објаснувања на разни прашања.
    Содржината е јасна и навистина корисна – има теми како етика во вештачката интелигенција и совети за инклузивен јазик. Страницата е лесна за користење и брзо се снајдов. Би било убаво ако во иднина додадат уште примери од вистински истражувања или кратки видеа.
    Сметам дека оваа платформа е многу добра, особено за студенти и млади што се интересираат за овие теми. Навистина испраќа важна порака – дека иднината треба да биде еднаква за сите.

  23. Вистински освежување е да се види платформа како aigender.net, која со сериозен пристап ги спојува технологијата и родовата еднаквост. Многу ми се допаѓа што не станува збор само за теорија, туку и за конкретни алатки кои се практични и достапни – особено Родовиот AI асистент кој покажува внимателност кон инклузивниот јазик и различните идентитети. Интерфејсот е модерен и лесен за користење, а изборот на ресурси покажува сериозен труд и експертиза. Дополнително, платформата е едукативна не само за академската заедница, туку и за пошироката публика, што е голем плус. Единствено би додал дека би било одлично да има уште повеќе интеракции во живо, како вебинари, дискусии или менторски сесии. Секоја чест на тимот што стои зад оваа иницијатива – ова е вистински пример за тоа како ВИ може да се користи за општествено добро!

  24. Вистински освежување е да се види платформа како aigender.net, која со сериозен пристап ги спојува технологијата и родовата еднаквост. Многу ми се допаѓа што не станува збор само за теорија, туку и за конкретни алатки кои се практични и достапни – особено Родовиот AI асистент кој покажува внимателност кон инклузивниот јазик и различните идентитети. Интерфејсот е модерен и лесен за користење, а изборот на ресурси покажува сериозен труд и експертиза. Дополнително, платформата е едукативна не само за академската заедница, туку и за пошироката публика, што е голем плус. Единствено би додал дека би било одлично да има уште повеќе интеракции во живо, како вебинари, дискусии или менторски сесии. Секоја чест на тимот што стои зад оваа иницијатива – ова е вистински пример за тоа како ВИ може да се користи за општествено добро!

  25. Морам да признаам дека бев прилично импресиониран кога ја разгледував платформата aigender.net, а посебно ме заинтересира AI агентот РЕСИ. Решив да го „тестирам“ малку со нешто поконкретно, па го замолив да ми помогне да ја анализираме „Националната стратегија за борба против насилство врз жените“. Искрено, РЕСИ одлично се снајде, не само што ми ги посочи клучните точки и позитивните аспекти на стратегијата, туку и ми помогна да ги идентификуваме потенцијалните слабости, како предизвиците со спроведувањето. Ова е супер бидејќи навистина помага да се развие критичко размислување за вакви важни теми. Исто така, многу ми се допаднаа и содржините во делот за AI Писменост, бидејќи етиката и разбирањето на ВИ се клучни денес. Ако би можел да дадам една мала сугестија, тоа би било можеби да се вклучат уште повеќе локални примери и студии од нашата средина, за да биде уште порелевантно за нас тука. Сепак, ова е навистина вредна иницијатива со голем потенцијал, давам 4/5 оцена и дефинитивно би ја препорачал за истражување.

  26. Она што навистина ме изненади кај алатката АI Родов едукатор е тоа што освен што одговара на прашања на родова еднаквост, може и да преведува, пишува на различни јазици и да одговара на пошироки теми, надвор од темата за родова еднаквост. Ова, според мене, ја прави алатката многу покорисна отколку што очекував.

  27. Јас сум пријатно изненадена од квалитетот и пристапот што го нуди алатката Chatbot Cyber. Тоа што најмногу ми се допадна е начинот на кој е структуирана содржината. Не е обично информирање туку има конкретни сценарија и прашања кои те насочуваат да размислиш како и ти би реагирал/а во одредена ситуација, што би направил/а и слично. Информациите кои ги нуди се навистина корисни, особено за млади луѓе кои секојдневно се изложени на потенцијални опасности на интернет – од cyber-насилство, до крадење на податоци или манипулации на социјални мрежи. Голема предност е тоа што чет-ботот е достапен на македонски, што го прави многу полесен за користење.
    Од мали работи кои би можеле да го подобрат системот би издвоила додавање на повеќе сценарија или можност да се добијат директни линкови до институции или организации каде што би можело да се пријави онлајн насилство. Исто така, би било корисно да постори и некоја форма на аудио поддршка за оние кои имаат потешкотии со читање.
    Генерално, иницијативата е одлична, едноставна, практична и најважно пренесува многу важна порака.

  28. Рецензија на Платформата за родова еднаквост и вештачка интелигенција

    Платформата https://platforma.aigender.net претставува значаен чекор напред во интеграцијата на родовата еднаквост со современите технологии, особено вештачката интелигенција (ВИ). Во време кога ВИ сè повеќе влијае врз нашето секојдневие – од алгоритми за вработување до автоматски препораки на социјалните мрежи – неопходно е да се осигураме дека технологијата не ги продлабочува постоечките нееднаквости.

    Она што особено ми се допадна е пристапот на платформата кој ги обединува експертите, истражувачите, граѓаните и активистите на едно место. Форумот овозможува отворена дискусија, а едукативните ресурси се јасно организирани и пристапни. Преку различни статии и иницијативи, платформата го покренува прашањето за родовата пристрасност во алгоритмите – тема која често се игнорира и покрај нејзината важност.

    Интерфејсот е модерен и разбирлив, а навигацијата е едноставна, што ја прави платформата достапна дури и за луѓе кои не се технолошки експерти. Сепак, би било корисно во иднина да се додадат и примери од практиката, како и студии на случаи кои покажуваат конкретни примери на родова пристрасност во ВИ-системи.

    Во целина, платформата претставува важен ресурс за секој што сака да разбере како технологијата и родовите прашања се испреплетуваат. Оваа иницијатива не само што информира, туку и охрабрува активна вклученост, што е клучно за создавање пофер дигитална иднина.

  29. AI ботот РЕСИ е одлична и иновативна алатка која нуди брз, разбирлив и корисен пристап до информации за родова еднаквост и социјална инклузија. Особено ми се допаѓа тоа што одговара веднаш на поставените прашања, притоа нудејќи дополнителни прашања и препораки што поттикнуваат размислување и понатамошно истражување. Интерфејсот на веб-страницата е интуитивен и лесен за користење, што ја прави платформата достапна за поширока публика. Овој тип на интерактивно учење е модерен, интересен и може да биде корисен за многу луѓе, не само за студенти. Во време кога сè повеќе се зборува за употребата – но и злоупотребата – на вештачката интелигенција, РЕСИ е одличен пример за позитивна и општествено одговорна примена на технологијата. Единствен предлог за подобрување е полето за поставување прашања да биде достапно веднаш при отворање на страницата, без потреба од дополнителни кликови.

  30. Мене најголем впечаток ми остави страницата „Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“. Темата сама по себе е многу важна, бидејќи низ социјалните медиуми често се шират дезинформации, не само од областа на родовата еднаквост, туку за било што, воопшто. Потребни ни се ресурси како вештачката интелигенција (AI) за да ни помогне да се бориме против дезинформациите и малку по малку, со тек на време да почнат да се намалуваат предрасудите во општата свест на луѓето. И после разговор со Етичкиот аналитичар, неколку работи ми оставија впечаток. На поставените прашања дава долги но едноставни одговори, разговорот тече исто како со било кој друг четбот, и може да даде добар одговор на тешки филозофски прашања. Излегов од тој разговор со малку повеќе знаење од областа на родовата еднаквост отколку кога влегов во него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Chat Icon
Translate »