Оставете коментар, рецензија, забелeшка за нашиот проект, веб страна или аи бот или агент.
ФОРУМ

813 Comments
-
По мое мислење мислсм дека платформата успешно ја истакнува значајноста на родовата рамноправност и ја нагласува улогата на вештачката интелигенција како современа алатка за поттикнување на општествената свест, еднаквите можности и правичниот третман на сите поединци.
-
Сметам дека платформата успешно ја истакнува значајноста на родовата рамноправност и ја нагласува улогата на вештачката интелигенција како современа алатка за поттикнување на општествената свест, еднаквите можности и правичниот третман на сите поединци.
-
Сметам дека е одлично што платформата обработува значајна општествена тема и на интересен начин покажува како вештачката интелигенција може да помогне во создавање поправедно и порамноправно општество.
-
Сметам дека AI Gender е одлична иницијатива која ја покажува позитивната страна на вештачката интелигенција и нејзината примена во промовирањето на родовата еднаквост. Особено ми се допаѓа што преку AI агентите се овозможува полесен пристап до информации и подобро разбирање на важни општествени теми. Верувам дека ваквите платформи се особено корисни за младите и студентите, бидејќи поттикнуваат учење, критичко размислување и развивање на дигитални вештини. Важно е вештачката интелигенција да ја користиме свесно, одговорно и етички, со критички однос кон информациите што ги добиваме.
-
Ми се допаѓа што платформата отвора важна тема за родовата еднаквост и покажува како вештачката интелигенција може да придонесе за поголема свесност и правичност во општеството.
-
При разгледување на платформата AI Gender, мојот иницјален впечаток е дека станува збор за интересна и корисна иницијатива која на современ начин ги поврзува вештачката интелигенција и родовата еднаквост.
Особено ми се допаѓа можноста за користење на AI агенти, преку кои може полесно да се дојде до потребните и корисни информации и многу полесно да се разберат темите поврзани со родовата еднаквост, медиумската писменост и препознавање на дезинформациите.
Сметам дека ваквите платформи имаат огромен потенцијал особено кај младите и студентите, и особено сега со поголемата застапеност на вештачката интелигенција во секојдневието, мораме да научиме како да ја користиме за да можеме да го збогатиме своете знаење од секоја сфера и ги усовршуваме своите вештини притоа користијќи ја одговорно и етички.
Особено значајно е и што институтот за родови студии при Филозофскиот факултет, ја препознава вештачката интелигенција како алатка која може да придонесе за академски истражувања, образование и полесен пристап до релевантни информации и што препознава дека на AI може да се гледа и како можност за општествен напредок, а не исклучиво како само технолошка иновација.
За крај, би рекла дека секој еден од нас треба да ја проследи вештачката интелигенција со критичко размислување, транспарентност и етнички принципи имајќи ги во предвид можните пристрасности во AI системите и потребата од човечки надзор. -
Сметам дека оваа платформа е одлична можност за стекнување нови знаења и полесно разбирање на теми поврзани со родовата еднаквост. Преку вештачката интелигенција учењето станува поедноставно, а истовремено се поттикнуваат свесноста и почитувањето на еднаквите можности за сите.
-
Платформа за вештачка интелигенција и родова еднаквост е многу значајна и корисна поради тоа што родовите стереотипи се нешто со кое можеме да се соочиме во секојдневниот живот, оваа платформа е важен чекор напред и корисна е за сите студенти.
-
Оваа платформа е доста интересна и практична, најпрво затоа што е лесно достапна и уште полесна за користење од страна на студентите. Сметам дека овој брз начин е многу добар, особено затоа што се добиваат веродостојни информации со кои студентите можат да располагаат, а и затоа што со овој лесен пристап љубопитноста и заинтересираноста за откривање нови информации се повеќе расте. Според мене, исто така е многу важно што преку оваа платформа можеме да научиме многу повеќе за родовата еднаквост, стереотипите, и со самото тоа би се намалиле предрасудите во општеството.
-
Ми се допаѓа идејата за примена на вештачката интелигенција во образованието. Мислам дека ова може многу да ни помогне во студирањето, со тоа што полесно ќе разбереме нешто или пронајдеме дополнителни информации. Со оваа платформа можеме да научиме повеќе за родовата еднаквост , разбирајќи колку е важно секој да има еднакви можности. Ова е многу корисна алатка која нуди одлична основа за понатамошно академско и практично усовршување.
-
Сметам дека оваа платформа за вештачка интелигенција и родова еднаквост е многу значајна и корисна иницијатива. Како вонреден студент на смерот Безбедност, одбрсна и мир и веќе вработена личност, оваа тема ми е особено важна, бидејќи прашањата за еднаквите можности, правичниот третман и родовите стереотипи се нешто со кое можеме да се соочиме во секојдневниот живот и на работното место. Верувам дека платформата може да помогне во подигнувањето на свеста, препознавањето на дискриминацијата и промовирањето на поголема родова еднаквост. Сепак, сметам дека е многу важно вештачката интелигенција да се користи одговорно и да биде под соодветен човечки надзор, бидејќи може да содржи пристрасности или да донесе погрешни заклучоци кои дополнително би ја продлабочиле нееднаквоста. Затоа, според мене, оваа платформа е важен чекор напред, но нејзината вистинска вредност зависи од тоа колку правилно, внимателно и одговорно ќе се применува вештачката интелигенција во корист на сите луѓе. Голема предност во оваа Платформа е што е достапна за секој!
-
Платформата ми остави добар впечаток бидејќи на едноставен начин ја поврзува вештачката интелигенција со родовата еднаквост. Како студент по телекомуникации, сметам дека е важно што е на македонски и бесплатна, бидејќи така е достапна за повеќе луѓе. Корисна е за студентите и им помага да ги препознаат лажните информации.
-
Веб-страницата “Со Вештачката интелигенција (AI) против дезинформации во областа на родовата еднаквост“ ми остави позитивен впечаток, бидејќи обработува актуелна и значајна тема. Ми се допаѓа што преку AI агентите може на едноставен начин да се добијат информации за родовата еднаквост, дискриминацијата и препознавањето дезинформации. Особено е корисно што платформата поттикнува критичко размислување и им помага на младите да разликуваат точни информации од лажни тврдења што се шират на социјалните мрежи. Сметам дека ваквите алатки придонесуваат за поголема информираност и намалување на предрасудите во општеството. Верувам дека оваа платформа може да им помогне на младите да бидат посвесни за проблемите поврзани со родовата еднаквост и повнимателни при проценувањето на информациите што ги среќаваат секојдневно.
-
Многу ми се допаѓа идејата за примена на вештачката интелигенција во образованието. Платформата е интересна и практична, а можноста за користење различни AI агенти може многу да им помогне на студентите во учењето, истражувањето и подготовката на академски трудови. Особено е позитивно што се создаваат современи алатки кои го олеснуваат пристапот до информации и го поттикнуваат развојот на дигиталните вештини. Се надевам дека платформата ќе продолжи да се развива и да нуди уште повеќе корисни можности!
-
Platformata mi osravi mnogu dobar vpecatok.Denes vestackata inteligencija moze mnogu da im pomogne na site studebti za da staknat novi znaenja.Jas sum student so posebni potrebi iinvaliditet i za mene ova e prednost za da se sbajdam so matarijalot i da mozam podobro da go sovladam.So ovaa platforma site imaat ednakvi moznosti i da ima rodova ednakvost.
-
Платформата ми остави убав впечаток бидејќи нуди можност за учење на еден поинаков и интересен начин. Сметам дека вештачката интелигенција може многу да ни помогне во студирањето, особено кога сакаме полесно да разбереме нешто или да пронајдеме дополнителни информации. Ми се допаѓа што преку оваа платформа можеме да научиме повеќе за родовата еднаквост и да разбереме колку е важно секој да има еднакви можности. Верувам дека ваквите програми се корисни за младите и можат да ни помогнат да стекнеме нови знаења кои ќе ни користат и во иднина.
-
Платформата ми остави одличен впечаток поради нејзината едноставност, прегледност и квалитетот на информациите што ги нуди. Особено ми се допадна можноста за добивање брзи и точни одговори преку AI-агентите. Сметам дека ваквите дигитални алатки имаат голем потенцијал да го поттикнат учењето, да ја зголемат информираноста и да придонесат кон поголемо разбирање и промовирање на родовата еднаквост во современото општество.
-
Како студентка, сметам дека оваа платформа е многу корисна и ми претставува голема поддршка во текот на студирањето. Ми се допаѓа тоа што ми овозможува полесно да учам, да ги проширам моите знаења и да стекнувам нови информации. Сметам дека ваквите можности се многу важни за студентите, бидејќи го олеснуваат учењето и придонесуваат за подобри резултати. Исто така, верувам дека користењето на современите технологии може многу да ни помогне во академскиот развој. Според мене, оваа платформа е одлична можност за секој студент кој сака да напредува и да стекнува нови знаења.
-
Откако ја разгледав веб страната , прочитав неколку од објавените извештаи лично платформата ми се допаѓа и мислам дека е многу интересна и корисна, особено AI агентите. Сепак, постојат неколку работи што би можеле да се подобрат. Понекогаш агентите даваат различни одговори или оценки за иста работа, па би било добро да бидат поконкретни јасни и попрецизни. Исто така, навигацијата би можела да биде малку поедноставна и попрегледна. Некои одговори се и предолги, па би било подобро да бидат пократки и директно да го дадат тоа што го бара корисникот. Инаку, платформата има супер идеја и мислам дека со неколку вакви подобрувања би била уште полесна и поубава за користење. Исто така при пребарување може да се користи клучен збор каде ќе дава повеќе информации и објаснување на истиот.
-
Бидете поконкретни за да можеме да ги подобриме
-
-
Платформата претставува корисен едукативен ресурс кој на современ начин ја поврзува вештачката интелигенција и родовата еднаквост. Иновативна и едноставна платформа за користење, каде вештачката интелигенција нуди неутрален пристап и корисна поддршка.Интерактивните алатки овозможуваат брза и објективна анализа на текстовите.
-
Содржините на платформата ми оставија позитивен впечаток бидејќи на интересен и практичен начин ја поврзуваат вештачката интелигенција со теми како родова еднаквост, социјална инклузија и борба против дезинформации. Особено ми се допадна тоа што AI алатките не се претставени само како технологија, туку и како средство за едукација, информирање и поттикнување критичко размислување. Сметам дека платформата е корисен ресурс за студенти и сите кои сакаат подобро да ги разберат овие теми и начинот на кој вештачката интелигенција може да придонесе кон поинклузивно општество.
-
Иновативна и едноставна за користење, платформата нуди брза поддршка и информации за студентите и наставниот кадар, правејќи го студирањето подеднакво достапно за сите.
-
Платформата претставува извонреден и современ едукативен ресурс кој на иновативен начин ги поврзува вештачката интелигенција и родовата еднаквост. Вклучувањето на интерактивните AI агенти значително го олеснува разбирањето на комплексите теми, иако има простор за понатамошно подобрување на динамиката на самиот форум и визуелниот интерфејс. Генерално, ова е многу корисна алатка за студенти која нуди одлична основа за понатамошно академско и практично усовршување.
-
Агентот за проверка на семинарски воопшто не е корисен, бидејки за исти семинарски во различни чатови дава различни одговори/оцени. Критериумите што ги користи за да дојде до некој оценка, понекогаш не се ни исполнети, иако вели дека се. На пример вели дека има 5 параграфи во секоја точка, а има само 2. Секоја порака ја завршува со “Во меѓувреме, би сакале ли и виц за студенти од ФЕИТ, ФИНКИ или Филозофски за пишување семинарски?” што станува многу досадно, многу брзо.
Leave a Reply